OPEL ASTRA K 2017 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2017, Model line: ASTRA K, Model: OPEL ASTRA K 2017Pages: 349, PDF Size: 9.1 MB
Page 211 of 349

Возење и ракување209На екранот од средно ниво,
зачуваното ограничување на
брзината се прикажува во загради.
На екранот од високо ниво, L се
променува во бела боја.
Освен тоа, се појавува и соодветна
порака.
Ограничувачот на брзината е
деактивиран, но не е исклучен.
Последната зачувана брзина
останува во меморијата за да може
повторно да се активира подоцна.
Продолжување на
ограничената брзина
Свртете го тркалцето на RES/+. Ќе
се добие зачуваното ограничување
на брзината и се прикажува без
загради во Информативниот
центар за возачот.
Исклучување Притиснете L, се гаси показателот
за ограничувањето на брзината во
Информативниот центар за
возачот. Зачуваната брзина се
брише.Со притискање на m за да се
активира контролата на
патувањето или приспособливата
контрола на патувањето, се
деактивира и ограничувачот на
брзината и зачуваната брзина се
брише.
Со исклучување на палењето се
деактивира и ограничувачот на
брзината, но ограничувањето на
брзината ќе се зачува за следното
активирање на ограничувачот на
брзината.
Приспособлива контрола на патувањето
Приспособливата контрола на
патувањето претставува
подобрување на
конвенционалната контрола на
патувањето со дополнителна
карактеристика на одржување
одредена оддалеченост зад
возилата напред.
Приспособливата контрола на
патувањето го забавува возилото
кога се приближува кон возило што
се движи побавно. Потоа јаприспособува брзината на
возилото да го следи возилото
напред со избраната оддалеченост за следење. Брзината на возилото
се зголемува или намалува за да го
следи возилото напред, но нема да ја надмине поставената брзина.
Може да примени ограничено
сопирање со активирани светла за
сопирачките.
Приспособливата контрола на
патување може да зачува и
одржува брзини поголеми од околу
25 км/ч. Ако следите возило што
пред вас вози побавно од 25 км/ч,
ќе се постави помалата брзина. Кај возилата со автоматски менувач,
системот може да сопира до
застанување.
Приспособливата контрола на
патувањето користи радарски
сензор за да открива возила
напред. Ако не се открие возило на
Page 212 of 349

210Возење и ракувањепатеката на возење,
приспособливата контрола на
патувањето ќе се однесува како
конвенционална контрола на
патувањето.
Поради безбедносни причини,
системот не може да се активира
пред да се притисне педалата за
сопирачките или педалата за
квачилото еднаш по вклучување на
палењето.
Се препорачува приспособливата контрола на патувањето да се
користи главно на долги прави
патишта како автопати или
регионални патишта со постојан
сообраќај. Не користете го
системот ако не е препорачливо да
се одржува постојана брзина.
Контролна сијаличка A 3 124, m
3 124, C 3 124.9 Предупредување
Секогаш е потребно целосно
внимание на возачот додека се
вози со приспособливата
контрола на патувањето.
Возачот има целосна контрола
врз возилото бидејќи педалата
на сопирачките, педалата на
гасот и прекинувачот за
откажување се поприоритетни
од кое било работење на
приспособливата контрола на
патувањето.
Вклучување
Илустрациите покажуваат
различни верзии.
Притиснете C за да ја вклучите
приспособливата контрола на
патувањето. Контролната
сијаличка m во групата
инструменти свети бело.
Дополнително, во
Информативниот центар за
возачот се појавува C.
Активирање со одредување на
брзината
Приспособливата контрола на
патувањето може да се активира помеѓу 25 км/ч и 180 км/ч.
Page 213 of 349

Возење и ракување211Забрзајте се до саканата брзина и
свртете го малото тркалце на
SET/- , актуелната брзина се
зачувува и одржува. Контролната
сијаличка m во групата
инструменти свети зелено.
Симболот за приспособливата
контрола на патувањето C,
поставката за оддалеченоста за
следење и одредената брзина се
прикажани во Информативниот
центар за возачот. На екранот од
високо ниво, C светнува зелено.
Педалата за гас може да се отпушти. Приспособливата
контрола на патувањето останува активирана при промена на
брзината.
Надминување на поставената
брзина
Секогаш е можно да се вози побрзо од избраната поставена брзина со
притискање на педалата на гасот.
Кога ќе се отпушти педалата на
гасот, возилото се враќа на
саканото растојание ако напред
има побавно возило. Инаку, се
враќа на зачуваната брзина.
Штом ќе се активира системот,
приспособливата контрола на
патувањето забавува или сопира
ако открие возило напред што е
побавно или поблиску од саканото
растојание за следење.9 Предупредување
Забрзување од страна на
возачот го исклучува
автоматското сопирање од
системот. На тоа укажува
појавно предупредување на
Информативниот центар за
возачот.
Зголемување на брзината
Со активна приспособлива
контрола на патувањето, држете го
тркалцето свртено на RES/+:
брзината се зголемува постојано
во големи чекори, или активирајте
го неколкупати RES/+: брзината се
зголемува во мали чекори.
Ако возилото се вози со активна
приспособлива контрола на
патувањето многу побрзо од
саканата брзина, на пр., по
притискање на педалата на гасот,
моменталнатата брзина може да
се зачува и одржува со вртење на
тркалцето на SET/-.
Намалување на брзината
Со активна приспособлива
контрола на патувањето, држете го тркалцето свртено на SЕТ/-:
брзината се намалува постојано во
големи чекори, или активирајте го
неколкупати SЕТ/-: брзината се
зголемува во мали чекори.
Ако возилото се вози со активна
приспособлива контрола на
патувањето многу побавно од
Page 214 of 349

212Возење и ракувањесаканата брзина, на пр., поради
побавно возило напред,
моменталнатата брзина може да
се зачува и одржува со вртење на
тркалцето на SET/-.
Продолжување со снимената
брзина
Ако системот е вклучен, но
неактивен, свртете го тркалцето
на RES/+ при брзина поголема од
25 км/ч за да продолжите со
зачуваната брзина.
Приспособлива контрола на
патувањето за целосен опсег
на брзината кај возила со
автоматски менувач
Приспособливата контрола на
патувањето за целосен опсег на
брзината ќе одржува растојание на следење зад откриено возило и ќе
го забави вашето возило до
застанување зад тоа возило.
Во случај на кратко запирање на
возилото напред, приспособливата контрола на патувањето ќе
продолжи автоматски без дејство
од возачот. Ако е потребно кајнекои верзии, притиснете RES/+
или педалата за гас за да продолжи
приспособливата контрола на
патувањето.
Ако запреното возило напред било
запрено подолго време и потоа
почне да се движи нанапред,
зелената контролна сијаличка за
возило напред A ќе трепка и ќе се
огласи предупредувачка мелодија
како потсетник да го проверите
сообраќајот пред да продолжите.
Кога возилото напред ќе тргне,
притиснете RES/+ или педалата за
гас за да продолжи
приспособливата контрола на
патувањето. Ако запрете подолго
од две минути или ако се отвори
врата од возачот и безбедносниот
ремен за возачот се ослободи,
автоматски се активира
електричната сопирачка за
паркирање за да го задржи
возилото. Ќе се вклучи m. За да ја
ослободите електричната
сопирачка за паркирање,
притиснете ја педалата за гас.
Електрична сопирачка за
паркирање 3 1999 Предупредување
Кога приспособливата контрола
на патувањето со целосен опсегна брзината е деактивирана,
возилото нема повеќе да биде запрено и може да започне дасе движи. Бидете секогаш
подготвени за рачно
вклучување на сопирачката за
да го задржите возилото
неподвижно.
Не напуштајте го возилото
додека е запрено со
приспособливата контрола на
патувањето со целосен опсег на брзината. Секогаш ставајте ја
рачката на менувачот во
позиција за паркирање Р и
исклучете го палењето пред
напуштање на возилото.
Поставување на растојанието
напред
Кога приспособливата контрола на патувањето ќе открие побавно
возило на возната патека, ќе ја
Page 215 of 349

Возење и ракување213приспособи брзината на возилото
за да го одржи растојанието напред
избрано од возачот.
Растојанието напред може да се
постави на блиску, средно или
далеку.
Притиснете E, моменталната
поставка се прикажува на
Информативниот центар за
возачот. Притиснете го E
повторно за да ја смените
оддалеченоста за следење.
Поставката е прикажана и на
Информативниот центар за
возачот.
Избраното растојание напред е
прикажано со наполнети ленти за растојание на страницата на
приспособливата контрола на
патувањето.
Имајте предвид дека поставката за
растојание напред е иста како и
поставката за чувствителноста на
предупредувањето за преден
судир 3 218.
Пример: Ако е избрана
поставката 3 (далеку), возачот се предупредува поскоро пред
можниот судир ако
приспособливата контрола на
патувањето е неактивна или
исклучена.
9 Предупредување
Возачот прифаќа целосна
одговорност за соодветно
растојание напред врз основа
на сообраќајните, временските
и условите на видливоста.
Оддалеченоста за следење
треба да се прилагоди или
системот треба да се исклучи кога бараат условите.
Откривање на возило напред
Зелената контролна сијаличка A
за возило напред се прикажува
кога системот ќе открие возило на
патеката за возење на
оддалеченост до околу 150 метри.
Предупредување за преден судир
3 218.
Page 216 of 349

214Возење и ракувањеДоколку овој симбол не се прикаже,
или доколку накратко се прикаже,
приспособливата контрола на
патувањето нема да реагира на
возилата напред.
Деактивирање Возачот ја деактивира
приспособливата контрола на
патувањето кога:
● Ќе се притисне y.
● Ќе се притисне педалата за сопирачките.
● Педалата на куплунгот е притисната подолго од
четири секунди.
● Рачката на менувачот на автоматскиот менувач е
ставена во N.
Системот се деактивира
автоматски и кога:
● Брзината на возилото се зголемува над 190 км/ч или се
намалува под 15 км/ч (кај
возила со автоматски менувач се намалува до запирање без
деактивирање во рок од
две минути).● Работи системот за контрола на превртувањето.
● Работи електронската контрола на стабилноста.
● Нема сообраќај и не е откриено
ништо од страните на патот
неколку минути. Во тој случај,
нема радарско ехо и сензорот
може да извести дека е
блокиран.
● Системот за активно итно сопирање ги активира
сопирачките.
● Возење на остри стрмнини.
● Радарскиот сензор е блокиран од мраз или слој вода.
● Откриен е дефект на радарот, моторот или системот на
сопирачките.
Освен тоа, системот автоматски се
деактивира кај возилата со
автоматски менувач
(приспособлива контрола на
патувањето за целосен опсег на
брзината) кога:● Електричната сопирачка за паркирање е активирана.
● Возилото е запрено од системот повеќе од
две минути.
● Возилото сопира, безбедносниот ремен на
возачот е одврзан и возачката
врата е отворена.
Кога приспособливата контрола на патувањето е деактивирана,
контролната сијаличка m во
Информативниот центар за
возачот од зелена станува бела и се прикажува скок-порака.
Зачуваната брзина се задржува.
На екранот од средно ниво,
зачуваната брзина се прикажува во
загради во Информативниот
центар за возачот кога системот е
деактивиран, но не е исклучен.
Page 217 of 349

Возење и ракување215На екранот од високо ниво,
симболот за приспособливата
контрола на патувањето C се
променува од зелена во бела боја
кога системот е деактивиран, но не
е исклучен.9 Предупредување
Кога ќе се деактивира
приспособливата контрола на
патувањето, возачот мора да ја
преземе целосната контрола
врз сопирачките и моторот.
Исклучување
Притиснете C за да ја исклучите
приспособливата контрола на
патувањето. Контролните
сијалички m и C во
Информативниот центар за
возачот се гасат. Зачуваната
брзина се брише.
Со исклучување на палењето се
исклучува и приспособливата
контрола на патувањето и се
брише зачуваната брзина.
Внимание на возачот
● Користете ја приспособливата контрола на патувањето
внимателно на свиоци или
планински патишта, бидејќи
може да го изгуби возилото
напред и потребно е време
повторно да го регистрира.
● Не користете го системот на лизгави патишта бидејќи може
да создаде брзи промени на
припивањето на гумите
(пролизгување на тркалата),
така што може да изгубите
контрола врз возилото.
● Не користете ја приспособливата контрола на
патувањето при дожд, снег или
многу прашина, бидејќи
радарскиот сензор може да се
прекрие со слој вода, земја,
мраз или снег. Тоа ја намалува
или сосема ја онеспособува
видливоста. Во случај на
блокирање на сензорот,
исчистете го капакот на
сензорот.Ограничувања на системот
● Автоматската сопирна сила на системот не дозволува нагло
сопирање и нивото на
сопирање може да не биде
доволно за да се избегне
судир.
● По ненадејно менување лента,
на системот му треба
одредено време да го
регистрира следното возило
напред. Затоа, ако се открие
ново возило, системот може да забрза наместо да сопре.
● Приспособливата контрола на патувањето го игнорира
сообраќајот од спротивната
страна.
● Приспособливата контрола на патувањето не сопира за
пешаци, животни, возење со
многу ниска брзина или
сопрени возила.
Page 218 of 349

216Возење и ракување● Не користете јаприспособливата контрола на
патувањето кога влечете
приколка.
● Не користете ја приспособливата контрола на
патувањето на остри
стрмнини.
Свиоци
Приспособливата контрола на
патувањето пресметува
предвидена патека врз основа на
центрифугалната сила. Оваа
предвидена патека ги зема
предвид својствата на
моменталниот свиок, но не може да земе предвид и следна промена на
свиокот. Системот може да го
изгуби возилото напред или да
земе предвид возило што не е во
истата лента. Тоа може да се случи
кога се влегува или излегува од
свиок или ако свиокот стане
поостар или поблаг. Ако веќе не
регистрира возило напред,
контролната сијаличка A ќе се
изгасне.
Ако центрифугалната сила е
преголема во свиок, системот го
забавува малку возилото. Тоа ниво
на сопирање не е конструирано да избегне излетување од свиокот.
Возачот е одговорен за
намалување на избраната брзина
пред да влезе во свиок и, општо
земено, да ја приспособи брзината на видот на патот и постојните
ограничувања на брзината.
Автопати
На автопати, прилагодете ја
поставената брзина според
ситуацијата и времето. Секогаш земајте предвид дека
приспособливата контрола на
патувањето има ограничен опсег
на видливост, ограничено ниво на
сопирање и одредено време за
реакција за да потврди дали има
возило на возната патека.
Приспособливата контрола на
патувањето можеби нема да може
да го сопре возилото навреме за да
избегне судир со многу побавно
возило или по менување лента.
Тоа е посебно опасно ако возите
брз или видливоста е намалена
поради временските услови.
Кога влегувате или излегувате од
автопат, приспособливата
контрола на патувањето може да го изгуби возилото напред и да
забрза до поставената брзина.
Поради тоа, намалете ја
поставената брзина пред излез или
пред влегување на автопат.
Менување на патеката на возилото
Page 219 of 349

Возење и ракување217Ако друго возило влезе на вашата
возна патека, приспособливата контрола на патувањето ќе го земе
предвид возилото кога ќе биде
целосно на вашата патека. Бидете
подготвени да реагирате и да ја
притиснете педалата на
сопирачката ако треба да сопрете
побрзо.
Проблеми на нагорнини и со
приколка9 Предупредување
Не користете ја
приспособливата контрола на
патувањето на стрмнини.
Перформансите на системот по
нагорнини зависат од брзината на
возилото, натовареноста на
возилото, сообраќајните услови и
степенот на стрмнината. Може да
не открие возило на вашата патека
додека возите по ридови. На
стрмнини, може ќе треба да ја
користите педалата на гасот за да
ја одржувате брзината на
возилото. Кога одите по
надолнини, може ќе треба да
сопирате за да ја одржите или намалите брзината.
Имајте предвид дека со
притискање на сопирачката го
деактивирате системот.
Радарска единицаРадарската единица е монтирана
зад решетката на ладилникот под
амблемот на брендот.9 Предупредување
Радарската единица е
порамнета внимателно за
време на производството.
Затоа, по преден судир, не
користете го веќе системот.
Предниот браник може да
изгледа неоштетен, меѓутоа
сензорот одзади може да е
изместен и да реагира
неправилно. По сообраќајка,
посоветувајте се со
автомеханичар за да ви ја
потврди и поправи положбата
на сензорот за
приспособливата контрола на
патувањето.
Поставки
Поставката може да се смени во
изборникот за приспособување на
возилото кон индивидуалните
потреби на инфо-екранот во боја.
Page 220 of 349

218Возење и ракувањеИзберете ја соодветната поставка
во Settings (Поставки) , I Vehicle
(Возило) на инфо-екранот во боја.
Информативен екран 3 132.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 136.
Дефект Ако приспособливата контрола на
патувањето не работи поради
привремени услови (на пр.
блокирање од мраз), или ако има
постојана грешка на системот, се
прикажува порака на
Информативниот центар за
возачот.
Пораки за возилото 3 134.
Предупредување за преден судир
Предупредувањето за преден
судир може да помогне да се
избегне или намали штетата
предизвикана од предни судири.
Ако возилото е опремено со
стандардна контрола на
патувањето, предупредувањето запреден судир ја користи предната камера во шофершајбната за да
открие возило директно напред, во вашата патека на движење.
Ако возилото е опремено со
приспособлива контрола на
патувањето, предупредувањето за преден судир го користи
радарскиот сензор за да открие
возило директно напред, во
вашата патека на движење.
Контролната сијаличка A
покажува кога има возило напред.
Ако се приближувате до возило
директно напред премногу бргу, се
огласува предупредувачка
мелодија и се дава
предупредување во
Информативниот центар за
возачот.
Дополнително возачот добива
известувања со запалена црвена
LED лента која е проектирана на
шофершајбната во видното поле
на возачот.
Предуслов е предупредувањето за преден судир со систем со предна
камера да не е деактивирано со
притискање на V на воланот или,
со радарски сензор, тој да не е
деактивиран во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 136.
Активирање Предупредувањето за преден
судир со предна камера открива
возила на растојание од околу 60 метри и работи автоматски на
секоја брзина поголема од брзина
на одење.
Предупредувањето за преден
судир со радарски сензор открива
возила на растојание од околу
150 метри и работи автоматски на
секоја брзина поголема од брзина
на одење.