OPEL ASTRA K 2017 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2017, Model line: ASTRA K, Model: OPEL ASTRA K 2017Pages: 349, PDF Size: 9.1 MB
Page 251 of 349

Возење и ракување249Дозволената оптовареност на
приколката е определена во
документите на возилото.
Воопшто, тие важат за стрмнини до
12%.
Дозволениот товар во приколката
се однесува на одредената
стрмнина и на надморската
височина. Бидејќи моќноста на
моторот се намалува со
зголемување на надморската
височина поради разретчување на
воздухот, со што се намалува и
способноста за искачување,
дозволената бруто влечна тежина
исто така се намалува за 10% на
секои 1000 метри надморска
височина. Бруто влечната тежина
не мора да се намалува кога се
вози по патишта со мала стрмнина
(помала од 8%, на пр. магистрални патишта).
Не смее да се пречекори
дозволената бруто тежина за
влечење. Таа тежина е наведена
на идентификациската табличка
3 314.Вертикална оптовареност на
влечната спојка
Вертикалната оптовареност на
влечната спојка е оптовареноста
којашто приколката ја врши врз
влечната топка. Таа може да се
менува со менување на
распределбата на тежината кога се товари приколката.
Максималната дозволена
вертикална оптовареност на
влечната спојка (75 кг) е наведена
на идентификациската табличка на
влечната опрема и во документите
на возилото. Секогаш трудете се за максималната оптовареност,
особено во случај на тешки
приколки. Вертикалната
оптовареност на влечната спојка
никогаш не смее да падне под 25 кг.Оптовареност на задната оска
Кога е прикачена приколка, а
влечното возило е докрај
натоварено, дозволената
оптовареност на задната оска
(видете ја идентификациската
табличка или документите на
возилото) може да се надмине за
40 кг. Ако се надмине дозволената
оптовареност на задната оска,
максималната брзина е 100 км/ч.
Опрема за влечењеВнимание
При работење без приколка извадете ја влечната кука со
топка.
Чување на влечната кука
Торбата со влечната кука е
поставена на капакот од подот во
задниот дел од товарниот простор.
Page 252 of 349

250Возење и ракувањеПоставете го ременот низ задната
десна алката за врзување,
завиткајте го околу неа двапати и
затегнете го ременот за да се
прицврсти торбата.
На илустрацијата е прикажан
хечбек со 5 врати.
На илустрацијата е прикажан
Sports Tourer.
Монтирање на топчестата
влечна кука
Кај Sports Tourer отстранете го
капакот од задниот браник со
туркање.
Откачете го и преклопете го
приклучникот. Извадете го
заптивниот клин од дупката за
влечната кука и складирајте го.
Page 253 of 349

Возење и ракување251Проверка на затегнатоста на
влечната кука
● Црвената ознака на вртливото
копче треба да посочува кон
зелената ознака на влечната
кука.
● Меѓупросторот помеѓу вртливото копче и влечната
кука мора да биде околу 6 мм.
● Клучот треба да биде во положбата c.
Инаку влечната кука треба да се
затегне пред да се вметне:
● Отклучете ја влечната кука со вртење на клучот во
положбата c.
● Извлечете го вртливото копче
и свртете го во правец на
стрелките на часовникот колку
што може.
Вметнување на влечната кука
Вметнете ја затегнатата шипка на
влечната кука во отворот и турнете
ја цврсто угоре додека не се
заглави чујно.
Вртливата рачка скокнува назад во
оригиналната положба, потпирајќи
се на влечната кука без расцеп.
Page 254 of 349

252Возење и ракување9Предупредување
Не ја допирајте вртливата рачка
за време на вметнувањето.
Заклучете ја влечната кука со
вртење на клучот во положбата e.
Извадете го клучот и затворете го
заштитното капаче.
Алка за кабелот за приврзување
Закачете го кабелот кој спречува
да се откачи приколката, за алката.
Проверете дали влечната кука е
правилно инсталирана
● Зелената ознака на вртливото копче треба да посочува кон
зелената ознака на влечната
кука.
● Не смее да има расцеп помеѓу вртливата рачка и шипката на
влечната кука.
● Влечната кука треба цврсто да
се заглави во отворот.
● Влечната кука треба да се заклучи и клучот да се извади.9Предупредување
Влечењето на приколка е
дозволена само ако влечната
кука е монтирана правилно. Ако влечната кука не е заглавена
правилно, побарајте помош од
автомехануичар.
Демонтирање на топчестата
влечна кука
Отворете ја заштитната вратичка и свртете го клучот во положбата c
за да се отклучи влечната кука.
Извлечете ја вртливата рачка и
свртете а во правец на стрелките
на часовникот колку што може.
Извлечете ја шипката на влечната
кука удолу.
Вметнете го заптивниот клин во
отворот.
Преклопете го приклучокот.
Page 255 of 349

Возење и ракување253
Кај Sports Tourer вметнете го
капакот на задниот браник, како
што е прикажано на илустрацијата.
Ставете ја влечната кука во
торбата и заклучете ја со
прицврстување на ременот низ
задната десна алка за врзување.
Завиткајте ја околу неа двапати и
затегнете го ременот за да се
прицврсти торбата.
Помош за стабилноста на приколката
Ако системот открие кривулести
движења, моќноста на моторот се
намалува и комбинацијата возила/
приколка селективно се сопира додека не престане кривулестото
движење. Додека системот работи, држете го воланот колку што може
помирно.
Помошта за стабилноста на
приколката е функција на
електронската контрола на
стабилноста 3 202.
Page 256 of 349

254Нега на возилотоНега на возилотоОпшти информации.................255
Додатоци и модификации на возилото ................................ 255
Чување на возилото ..............255
Демонтирање на возилото на крајот на работниот век .......256
Прверки на возилото ...............256
Вршење работа ...................... 256
Хауба ...................................... 257
Моторно масло ......................257
Ладилник ................................ 259
Течност за миење ..................259
Сопирачки .............................. 260
Течност за сопирачките ........260
Акумулатор ............................. 260
Цедење на системот со дизел гориво .................................... 262
Замена на четкичките на бришачите ............................. 263
Замена на сијалиците ..............263
Халогенски предни фарови ..263
Фарови за магла ....................266
Задни светла .......................... 266
Странични трепкачи ..............273Светло за регистарската
табличка ................................ 274
Внатрешни светла .................275
Осветлување на таблата со инструменти .......................... 275
Електричен систем ..................275
Осигурувачи ........................... 275
Кутија со осигурувачи во моторниот простор ...............276
Кутија со осигурувачи во таблата со инструменти .......278
Кутија со осигурувачи во товарниот простор ................281
Прирачен алат ......................... 283
Алати ...................................... 283
Тркала и гуми ........................... 284
Зимски гуми ............................ 284
Ознаки на гумите ...................285
Притисок на гумите ................ 285
Систем за следење на притисокот на гумите ...........287
Длабочина на шарата ...........291
Менување на големината на гумите и тркалата .................292
Раткапни ................................. 292
Синџири за гуми ..................... 293
Комплет за поправање гуми . 293
Менување тркала ................... 297
Резервно тркало ....................299Палење со кабли ......................302
Влечење ................................... 304
Влечење на возилото ............304
Влечење друго возило ..........305
Нега за изгледот ......................306
Нега на надворешноста ........306
Нега на внатрешноста ........... 309
Page 257 of 349

Нега на возилото255Општи информации
Додатоци и модификации на возилото
Го препорачуваме користењето на
оригинални делови и опрема, и
делови одобрени од фабриката
специфично за Вашиот вид на возило. Не можеме да оцениме или
гарантираме сигурност за други
производи - дури и да имаат
регулативно или поинаку дадено
одобрение.
Каква било измена, преиначување или други промени што се
направена на стандардните
спецификации на возилото
(вклучувајќи ги, без ограничување,
измените на софтверот, измените
на електронските контролни уреди) може да ја поништи гаранцијата
што ја нуди Opel. Дополнително,
таквите промени може да влијаат
врз потрошувачката на гориво,
испуштањето CO 2 и други
испуштања од возилото и да
предизвикаат возилото повеќе да
не го почитува одобрението натипот на возилото што ќе влијае
врз важноста на регистрацијата на
возилото.Внимание
При превезување на возилото
со воз или со возило за
влечење, калниците може да се
оштетат.
Чување на возилото
Складирање за долго времеАко возилото има да се складира за
повеќе месеци:
● Измијте го и полирајте го возилото.
● Нека Ви ја проверат заштитата
со восок во моторниот простор
и подвозје.
● Исчистете ги и намачкајте ги гумените кедери.
● Наполнете го резервоарот за гориво докрај.
● Сменете го моторното масло.
● Исцедете го садот за течноста за миење.
● Проверете ги течноста за ладење, антифризот и
заштитата од корозија.
● Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста
определена за полна
натовареност.
● Паркирајте го возилото на суво, добро проветрено место.
Ставете во прва брзина или
рикверц или рачката на
менувачот во P. Спречете
тркалање на возилото.
● Не затегнувајте ја рачната сопирачка.
● Отворете ја хаубата, затворете
ги сите врати и заклучете го
возилото.
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Внимавајте сите системи да
бидат исклучени, на пр.
системот за тревожење при
кражба.
Page 258 of 349

256Нега на возилотоВраќање во работна состојба
Кога возилото има да се врати в
работа:
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Активирајте ја електрониката
на електричните прозорци.
● Проверете го притисокот во гумите.
● Наполнете го садот за течноста за миење.
● Проверете го нивото на моторното масло.
● Проверете го нивото на течноста за ладење.
● Ставете ја регистарската табличка ако е потребно.Демонтирање на возилото
на крајот на работниот век
Информациите за центрите за
демонтирање и рециклирање на
возилата што се на крајот на
работниот век се наоѓаат на
нашата страница на интернет, каде што се бара со закон. Доверете му
ја работава само на овластен
центар за рециклирање.Прверки на возилото
Вршење работа9 Предупредување
Вршете проверки на моторниот
простор само кога е исклучено палењето.
Вентилаторот за ладење може
да проработи дури и ако е
исклучено палењето.
Page 259 of 349

Нега на возилото2579Опасност
Системот за палење користи
многу висок напон. Не допирајте ги.
Хауба
Отворање
Повлечете ја рачката за
ослободување и вратете ја во
својата оригинална положба.
Свртете ја безбедносната брава
настрана кон левата страна на
возилото и отворете ја хаубата.
Прицврстете го потпирачот на
хаубата.
Ако багажникот е отворен за време
на Autostop, моторот ќе се запали
повторно автоматски поради
безбедноста.
Затворање
Пред да ја затворите хаубата,
притиснете го потпирачот во
држачот.
Спуштете ја хаубата и оставете да
падне на резето од мала висина
(20-25 см). Проверете дали
хаубата е заглавена.Внимание
Не притискајте ја хаубата на
резето за да избегнете
вдлабнувања.
Моторно масло
Редовно проверувајте го нивото на
моторното масло рачно за да се
спречи оштетување на моторот.
Уверувајте се дека се користи
Page 260 of 349

258Нега на возилотомасло со правилната
спецификација. Препорачани
течности и средства за
подмачкување 3 311.
Максималната потрошувачка на
моторното масло е 0,6 л на
1000 км.
Проверувајте го со возилото на
рамна површина. Моторот треба
да биде на работна температура и
исклучен барем пет минути.
Извлечете ја прачката, исчистете
ја со бришење, вметнете ја до
запирот на рачката, извлечете ја и
отчитајте го нивото на моторното
масло.
Вметнете ја прачката докрај на
рачката и свртете ја за пола
вртење.
Различни прачки се употребуваат зависно од верзијата на моторот.
Кога нивото на моторното масло
паднало до ознаката MIN дотурете
моторно масло.
Препорачуваме употреба на
моторно масло од иста класа со
употребеното при последното
менување.
Нивото на моторното масло не
смее да ја надмине ознаката MAX
на прачката.
Внимание
Вишокот на моторното масло
треба да се исиса или да се
отстрани.
Зафатнини 3 326.
Наместете го капачето право и
затегнете го.