OPEL ASTRA K 2020 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2020, Model line: ASTRA K, Model: OPEL ASTRA K 2020Pages: 349, PDF Size: 27.42 MB
Page 171 of 349

Контрола на климатизацијата169Фиксни отвори за
проветрување
Дополнителни отвори за
проветрување се наоѓаат под
шофершајбната и прозорците на вратите и во пределите на нозете.Одржување
Довод на воздухот
Доводот за воздух пред
шофершајбната во моторниот
простор мора да се чува слободен
за да се овозможи довод на
воздухот. Извадете ги лисјата,
нечистотијата или снегот.
Обично работење на
климатизацијата
За да се обезбедат постојано
ефикасни перформанси, ладењето мора да се вклучува неколку
минути еднаш месечно, без оглед на времето и годишната доба. Не е
возможно ракувањето со ладењето кога надворешната температура е
прениска.
Сервис За оптимални перформанси на
ладењето, се препорачува
системот за контрола на
климатизацијата да се проверува
годишно, почнувајќи три години по
првата регистрација на возилото,
вклучувајќи ги следните:
● тестирање на функционалноста и притисокот
● функционалноста на греењето
● проверка за протекување
● проверка на погонските ремени
Page 172 of 349

170Контрола на климатизацијата● чистење на одводот накондензаторот и испарувачот
● проверка на перформансите
Page 173 of 349

Возење и ракување171Возење и
ракувањеПрактични совети за возење ..172
Контрола над возилото .........172
Управување ............................ 172
Поаѓање и ракување ................172
Разработување на новото возило .................................... 172
Положби на прекинувачот за палење .................................. 172
Копче за вклучување .............173
Задржано исклучување .........175
Палење на моторот ...............176
Исклучување на пребрзувањето .....................178
Систем за сопирање- поаѓање ................................. 178
Паркирање ............................. 181
Издувни гасови од моторот .....183
Филтер за издувни гасови .....183
Катализатор ........................... 184
AdBlue ..................................... 185
Автоматски менувач ................188
Екран на менувачот ...............188
Избор на степен на пренос ...189Рачен режим .......................... 190
Електронски програми за возење ................................... 190
Дефект .................................... 191
Прекин на напојувањето .......191
Рачен менувач ......................... 192
Сопирачки ................................. 193
Систем за деблокирање на сопирачките .......................... 193
Сопирачка за паркирање ......194
Серво кочење ......................... 196
Помош при поаѓање на угорници ................................ 196
Системи за контрола на
возењето ................................... 196
Систем за контрола на пролизгувањето ....................196
Електронска контрола на стабилноста .......................... 197
Системи за помош на возачот 199 Контрола на патувањето .......199
Ограничувач на брзината .....202
Приспособлива контрола на патувањето ........................... 204
Предупредување за преден судир ...................................... 213
Показател за растојание однапред ............................... 215
Активно итно сопирање ......... 216Предна заштита за пешаци ..220
Помош за паркирање ............222
Известување за странична слепа точка ........................... 231
Ретровизорска камера ..........232
Помошник за сообраќајни знаци ...................................... 235
Помош за задржување на лента ...................................... 240
Гориво ....................................... 242
Гориво за бензински мотори . 242
Гориво за мотори на дизел ...243
Полнење гориво ..................... 244
Кука за приколки ......................247
Општи информации ...............247
Возни карактеристики, совети за влечење ............................ 247
Влечење на приколка ............247
Опрема за влечење ...............248
Помош за стабилноста на приколката ............................ 252
Page 174 of 349

172Возење и ракувањеПрактични совети за
возење
Контрола над возилото Никогаш не оставајте го
возилото да оди со изгаснат
мотор
Многу системи нема да
функционираат во оваа ситуација
(на пр. серво уредот на
сопирачките, серво
управувањето). Таквото возење е
опасно за Вас и за други.
Сите системи функционираат при
Autostop.
Систем за сопирање-поаѓање
3 178.
Засилување во празен од
Ако е потребно акумулаторот да се
полни поради неговата состојба,
мора да се зголеми излезната
моќност на генераторот. Ова се
постигнува со засилување на
работата во празен од што може да биде чујно.Во Информативниот центар за
возачот се појавува порака.
Педали За да се обезбеди непречен од на
педалите, не смее да има
подлошки во пределот на
педалите.
Користете само патосници кои се
вклопуваат добро и се
зацврстуваат од држачите на
страната на возачот.
Управување
Ако се изгуби помошта за
хидраулично управување бидејќи
моторот сопрел или поради дефект
на системот, со возилото може да
се управува, но може да треба поголем напор.Поаѓање и ракување
Разработување на новотовозило
Не сопирајте непотребно силно
при првите неколку патувања.
За време на првото возење може
да се јави чад поради
испарувањето на восокот и
маслото на системот за издувни
гасови. Паркирајте го возилото на отворено место за извесно време
по првото возење за да не ги
вдишувате пареите.
За време на периодот за
разработување потрошувачката на
гориво и моторно масло може да
биде поголема.
Освен тоа, постапката за чистење
на филтерот за издувни гасови
може да се врши почесто.
Филтер за издувни гасови 3 183.
Положби на прекинувачот
за палење
Свртете го клучот:
Page 175 of 349

Возење и ракување1730:исклучено палење: Некои
функции остануваат активни
додека не се извади клучот или
не се отвори возачката врата,
под услов палењето да било
вклучено претходно1:режим за помошно напојување:
Заклучувањето на воланот се
отпушта, некои електрични
функции работат, палењето е
исклучено2:режим за напојување со
вклучено палење: Палењето е
вклучено, дизел моторот се
предзагрева. Контролните
сијалички светат и може да се
ракува со повеќето електрични
функции. За да го свртите
клучот од положба 2 во 1 или
0 , прво притиснете го клучот до
крај кон управувачкиот столб.3:стартување на моторот:
Отпуштете го клучот откако ќе
почне стартувањето
Заклучување на воланот
Извадете го клучот од
прекинувачот за палење и вртете
го воланот додека да се заглави.
9 Опасност
Не вадете го клучот од
прекинувачот за палење при
возење затоа што тоа ќе го
блокира воланот.
Копче за вклучување
Електронскиот клуч мора да е
внатре во возилото.
Режим за помошно напојување
Притиснете Engine Start/Stop
еднаш без да ракувате со
куплунгот или педалата на
сопирачката. Жолтата сијаличка во
копчето се пали. Заклучувањето на воланот се отпушта и некои
електрични функции работат,
палењето е исклучено.
Page 176 of 349

174Возење и ракувањеРежим за напојување со вклучено
палење
Притиснете и држете
Engine Start/Stop за 6 секунди без
да ракувате со куплунгот или
педалата на сопирачката.
Зелената сијаличка во копчето се
пали, дизел моторот се
предзагрева. Контролните
сијалички светат и може да се
ракува со повеќето електрични
функции.Стартување на моторот
Кратко притиснете
Engine Start/Stop додека:
● рачен менувач: го притискате куплунгот,
● автоматски менувач: ја притискате педалата за
сопирачките, а рачката на
менувачот е во P или N.
Палење на моторот 3 176.Исклучено палење
Кратко притиснете
Engine Start/Stop кога е активиран
Autostop или кога моторот работи и
возилото е во мирување.Автоматски менувач: активирајте
ја рачната сопирачка и ставете во P .
Притиснете Engine Start/Stop
кратко без да притискате на
педалата за куплунгот или
сопирачките во режим за
напојување.
Некои функции остануваат активни
додека не се отвори возачката
врата, под услов палењето да било
вклучено претходно.Итно исклучување при возење
Притиснете Engine Start/Stop
подолго од 2 секунди или
притиснете двапати кратко во рок
од 5 секунди 3 176.
Заклучување на воланот
Заклучувањето на воланот се
активира автоматски кога:
● Возилото е во мирување.
● Палењето е исклучено.
● Возачката врата е отворена.
За да се отклучи воланот, отворете ја и затворете ја возачката врата и
вклучете го режимот за додатоци
или директно стартувајте го
моторот.9 Предупредување
Ако акумулаторот е испразнет,
возилото не смее да се влече,
да се пали со влечење
однапред или со туркање
одзади бидејќи бравата на
воланот не може да се
ослободи.
Ракување кај возилата со
систем на електронски клуч во случај на дефект
Ако некој од електронските клучеви потфрли или батеријата на
електронскиот клуч е слаба,
Информативниот центар за
возачот може да прикаже No
Remote Detected (Не е откриен
далечински управувач) или
Replace Battery in Remote Key
Page 177 of 349

Возење и ракување175(Заменете ја батеријата во клучот
со далечинско) кога сакате да го
стартувате возилото.
Поставете го електронскиот клуч
единствено центриран во областа
на предавателот во надолжната
насока рамен со копчиња превртен
како што е прикажано на сликата.
Илустрациите покажуваат
различни верзии.
Други предмети, на пр, други
клучеви, транспондер, тагови,
монети итн. мора да бидат
отстранети од средишната
конзола.
Притиснете го куплунгот (рачен
менувач) или педалата на
сопирачките (автоматски менувач)
и притиснете Engine Start/Stop .
За да го изгаснете моторот,
притиснете Engine Start/Stop
повторно. Извадете го
електронскиот клуч од средишната
конзола.
Оваа опција е наменета само за
хаварии. Заменете ја батеријата на електронскиот клуч што е можно
поскоро 3 23.
За отклучување или заклучување на вратите, видете во дефект на
уредот на далечинскиот управувач или на системот на електронскиот
клуч 3 26.
Задржано исклучување
Следниве електронски системи
можат да работат додека се отвори
возачката врата или десет минути
откако ќе се исклучи палењето:
● електричните прозорци
● подвижен покрив
● штекери за напојување
Page 178 of 349

176Возење и ракувањеПалење на моторотВозила со прекинувач за
палење
Свртете го копчето во положба 1 за
да се ослободи бравата на
воланот.
Рачен менувач: нагазнете ги
педалите на куплунгот и
сопирачките.
Автоматски менувач: нагазнете ја
педалата на сопирачката и ставете
ја рачката на менувачот во P или N.
Не нагазнувајте го педалот за гас.
Мотори на дизел: свртете го клучот во положба 2 за предзагревање и
почекајте да се изгасне
контролната сијаличка !.
Свртете го клучот накратко во
положбата 3 и отпуштете го:
анласерот го пушта автоматска
постапка со кратка пауза додека
моторот не проработи, видете под
„Автоматска контрола на
анласерот“.
Рачен менувач: за време на
Autostop, моторот може да се
запали со притискање на педалата на куплунгот 3 178.
Автоматски менувач: за време на
Autostop, моторот може да се
запали со отпуштање на педалата
за сопирачките 3 178.Возила со копче за вклучување
Рачен менувач: нагазнете ги
педалите на куплунгот и
сопирачките.
Автоматски менувач: нагазнете ја
педалата на сопирачката и ставете
ја рачката на менувачот во P или N.
Не нагазнувајте го педалот за гас.
Кратко притиснете
Engine Start/Stop : анласерот го
активира автоматска постапка со
кратка пауза додека моторот не
проработи, видете го делот за
автоматска контрола на анласерот.
Page 179 of 349

Возење и ракување177За да го исклучите моторот додека
возилото е во мирување, кратко
притиснете Engine Start/Stop .
Автоматски менувач: активирајте
ја рачната сопирачка и ставете во
P .
За да го стартувате моторот за
време на Autostop:
● Рачен менувач: за време на Autostop, моторот може да се
запали со притискање на
педалата на куплунгот 3 178.
● Автоматски менувач: за време на Autostop, моторот може да
се запали со отпуштање на
педалата за сопирачките
3 178.
Итно исклучување на моторот
при возење
Ако моторот треба да се исклучи
при возење во итен случај, држете
го Engine Start/Stop подолго од
2 секунди или притиснете го
двапати кратко во рок од
5 секунди.9 Опасност
Исклучување на моторот за
време на возењето може да
предизвика губење поддршка за системите за сопирање и за
управување. Системите за
помош и на воздушни
перничиња се исклучуваат.
Светлата за осветлување и на
сопирачките се гасат. Затоа
гасете го моторот и
исклучувајте го палењето при
возење само кога е потребно
при итен случај.
Палење на моторот при ниски
температури
Палењето на моторот без
дополнителни грејачи е можно до
-25 °C за мотори на дизел и до
-30 °C за бензински мотори.
Потребно е моторно масло со
правилна вискозност, правилно
гориво, редовно извршени сервиси и доволно наполнет акумулатор.При температури под -30 °C, на
автоматскиот менувач му треба
загревање од околу 5 минути.
Рачката на менувачот мора да
биде во положбата P.
Автоматска контрола на
анласерот
Функцијава ја контролира
постапката за палење на моторот. Возачот не треба да го држи клучот во положба 3 или да го држи
Engine Start/Stop притиснато. Штом
се применува, системот ќе
продолжи да запали автоматски
додека не проработи моторот.
Поради постапката за
проверување моторот
проработува по кратка пауза.
Page 180 of 349

178Возење и ракувањеВозможни причини за непалење на
моторот:
● куплунгот не е притиснат (рачен менувач)
● педалата на сопирачките не е притисната или рачката на
менувачот не е во P или N
(автоматски менувач)
● дојде до надминување на времето
Загревање на турбо мотор По палењето, достапниот вртежен
момент на моторот може да биде
ограничен за краток временски
период, особено кога
температурата на моторот е ниска. Ограничувањето овозможува
системот за подмачкување
целосно да го заштити моторот.
Исклучување на пребрзувањето
Доводот за гориво се затвора
автоматски за време на
пребрзувањето, т.е. кога возилото
се вози во некоја брзина, но
педалата за гас е отпуштена.Во зависност од условите за
возење, исклучувањето на
пребрзувањето може да се
деактивира.
Систем за сопирање- поаѓање
Системот за сопирање-поаѓањепомага да се заштеди гориво и да
се намали испуштањето издувни
гасови. Кога дозволуваат условите,
го исклучува моторот штом
возилото е во мала брзина или
стои, на пр. на семафор или во
сообраќаен метеж. Палењето
останува вклучено.
Моторот се вклучува автоматски
кога важат одредени услови или
кога возачот ќе го активира
рестартирањето.
Активирање Системот за сопирање-поаѓање е
достапен штом ќе се запали
моторот, возилото ќе појде и
условите како што се опишани
подолу во овој дел се исполнети.Деактивирање
Исклучете го системот за
сопирање-поаѓање со притискање на D. Исклучувањето е прикажано
со осветлување на сијаличката во
копчето.
Autostop
Возила со рачен менувач
Во зависност од моторот, две
верзии на Autostop се достапни.
Видете ги податоците за моторот
за да го идентификувате
идентификациониот код на
моторот на Вашето возило 3 319.
Конвенционален Autostop