OPEL ASTRA K 2020 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2020, Model line: ASTRA K, Model: OPEL ASTRA K 2020Pages: 349, PDF Size: 27.42 MB
Page 191 of 349

Возење и ракување189Избор на степен на преносP:позиција за паркирање,
тркалата се заклучени,
изберете само кога возилото
стоиR:рикверц, ставајте во него само
кога возилото е во мирувањеN:лерD:автоматски режимM:рачен режим<:ставање во поголема брзина
во рачен режим]:ставање во помала брзина во
рачен режим
Рачката на менувачот е заклучена
во P и може да се помести само
кога палењето е вклучено, копчето
на рачка на менувачот е
притиснатo и педалот на
сопирачките е нагазнат.
Без нагазување на педалата на
сопирачките, контролната
сијаличка j свети.
Ако рачката на менувачот не е во
P кога палењето е исклучено,
трепка контролната сијаличка j.
За да ставите во P или R,
притиснете го копчето за
ослободување.
Моторот може да се запали само
кога рачката е во положбата P или
N . Кога е одбрана положбата N,
притиснете го педалот на
сопирачките или применете ја
сопирачката за паркирање пред да запалите.
Не давајте гас додека ставате во
брзина. Никогаш не ги нагазнувајте
педалот за гас и педалот за
сопирачките истовремено.
Кога е ставена некоја брзина,
возилото почнува полека да лази
кога се отпушта сопирачката.
Моторно сопирање За да се искористи дејството на
моторното сопирање, одберете
помала брзина навреме кога
возите по удолнини, видете под
„рачен режим“.
Page 192 of 349

190Возење и ракувањеНишање на возилото
Нишањето на возилото е
дозволено само ако возилото е
заглавено во песок, кал или снег.
Местете ја рачката на менувачот
помеѓу D и R повеќе пати. Не
турирајте го моторот и
избегнувајте нагли забрзувања.
Паркирање Затегнете ја рачната сопирачка иставете во P.
Клучот за палење може да се
извади само кога рачката на
менувачот е во положбата P.Рачен режим
Поместete ја рачката на менувачот
од положбата D кон лево во
положбата M.
Допрете ја рачката на менувачот
нагоре + за да се префрли во
поголема брзина.
Допрете рачката на менувачот
надолу - за да се префрли во
помала брзина.
Ако се одбере поголема брзина
кога брзината на возилото е
премала, или помала брзина кога
брзината на возилото е преголема, не се извршува менувањето на
брзина. Тоа може да предизвика
порака во Информативниот центар
за возачот.
Во рачниот режим не се остварува
автоматско префрлување во
поголема брзина при поголем број
на вртежи на моторот.
Показател за менување брзини Симболот R или S со бројка до
него се покажува кога се
препорачува менување брзина
заради штедење гориво.
Укажувањето за промена се
појавува само во рачниот режим.
Електронски програми завозење
● Специјални програми автоматски ги приспособуваат
точките за менување брзини
кога се вози по угорници или
удолнини.
● Во снежни или подмрзнати услови или на други лизгави
површини, контролата на
електронскиот пренос му
овозможува на возачот да
Page 193 of 349

Возење и ракување191избере рачно прва, втора или
трета брзина за поаѓање.
Освен за возила со постојан
променлив пренос.
Збоднување
Притискањето на педалата за гас
повеќе од жлебот за збоднување ќе предизвика максимално
забрзување без оглед на
избраниот режим на возење.
Преносот се префрла во помала
брзина во зависност од брзината
моторот, а во поголема брзина при
високи вртежи на моторот.
Дефект
Во случај на дефект, се прикажува
порака на Информативниот центар за возачот.
Пораки за возилото 3 136.
Електронската контрола на
менувачот овозможува само
четврта брзина. Менувачот веќе не
менува автоматски брзини.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.Прекин на напојувањето
Во случај на прекин на
напојувањето рачката на
менувачот не може да се извади од
положбата P. Клучот за палење не
може да се извади од бравата за
палење.
Ако е акумулаторот испразнет,
запалете го возилото користејќи
кабли за палење 3 300.
Ако акумулаторот не е причина за дефектот, отпуштете ја рачката на
менувачот.
1. Затегнете ја рачната сопирачка.2. Отпуштете го тапацирот на рачката на менувачот од
средишната конзола.
Притиснете со прстот во кожното лежиште под рачката
на менувачот и повлечете го
тапацирот нагоре. Свртете ја
облогата налево.
3. Вметнете мало стапче (на пример пенкало илиштрафцигер) во отворот во
близина на рачката на
менувачот. Притиснете го
вертикално надолу стапчето и
извадете ја рачката на
менувачот од P. Ако оваа
позиција се вклучи повторно,
Page 194 of 349

192Возење и ракувањерачката на менувачот ќе се
заклучи повторно. Нека Ви ја
елиминира причината на
прекинот на напојувањето
автомеханичар.
4. Монтирајте ја облогата на рачката на менувачот врз
средишната конзола и
наместете ја повторно.Рачен менувач
За да ставите во рикверц,
притиснете ја педалата на
куплунгот. па притиснете го
копчето за ослободување на
рачката на менувачот и ставете во
рикверц.
Ако менувачот не влезе во
рикверц, ставете ја рачката во лер, отпуштете го куплунгот и повторно
притиснете го; потоа повторете го ставањето во рикверц.
Не нагазнувајте го куплунгот
непотребно.
Кога ракувате со него, притиснете
го куплунгот целосно. Не одморајте
ја ногата на педалот.
Кога ќе се открие лизнување на
куплунгот за одредено време,
моќноста на моторот ќе се намали.
Во Информативниот центар за
возачот се прикажува
предупредување. Отпуштете го
куплунгот.Внимание
Не е препорачливо да се вози со раката легната на рачката на
менувачот.
Показател за менување брзини
3 122.
Систем за сопирање-поаѓање
3 178.
Page 195 of 349

Возење и ракување193Сопирачки
Системот на сопирачките се состои
од две независни кола за
сопирање.
Ако откаже едно коло за сопирање, возилото се уште може да се сопре
со употреба на другото коло за
сопирање. Меѓутоа, дејството на
сопирањето се постигнува само
кога педалата на сопирачките е
притисната цврсто. Значително
поголема сила треба за тоа.
Растојанието за сопирање се
зголемува. Побарајте помош од
автомеханичар пред да
продолжите со патувањето.
Кога моторот не работи,
поддршката на серво уредот за
сопирачките ја снемува штом
педалот за сопирачките ќе се
притисне еднаш или двапати.
Дејството на сопирањето не е
намалено, но за сопирање е
потребна значајно поголема сила.
Тоа е особено важно да се има на
ум кога се влече.
Контролна сијаличка R 3 120.Систем за деблокирање
на сопирачките
Системот за деблокирање на
сопирачките (ABS) ги спречува
тркалата да се блокираат.
ABS почнува да го регулира
притисокот на сопирачките штом
некое тркало покажува тенденција
да се блокира. Возилото останува
управливо, дури при јако
сопирање.
Контролата на ABS станува
очигледна преку пулсирање во
педалот на сопирачките и звукот на
процесот за регулирање.
За оптимално сопирање, држете го педалот за сопирачките целосно
притиснат за време на целиот
процес на сопирањето, иако
педалот ќе пулсира. Не
намалувајте го притисокот врз педалот.
По палењето, системот врши
самоиспитување што може да биде
чујно.
Контролна сијаличка u 3 121.
Приспособливо стоп-светло
При целосно сопирање, сите три
стоп-светла трепкаат за време на
примената на ABS контролата.
Дефект
9 Предупредување
Ако има дефект во ABS,
тркалата може да бидат склони
да се блокираат поради такво
кочење што е посилно од
обичното. Предностите на ABS
веќе не функционираат. При
силно сопирање, со возилото не
може веќе да се управува и
може да скршне.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Page 196 of 349

194Возење и ракувањеСопирачка за паркирање9Предупредување
Пред да го напуштите возилото,
проверете го статусот на
рачната сопирачка.
Контролната сијаличка R
(рачна сопирачка за паркирање) или m (електрична сопирачка
за паркирање) свети постојано
кога ќе се активира сопирачката
за паркирање.
Рачна сопирачка за паркирање
9 Предупредување
Секогаш затегнувајте ја рачната
сопирачка цврсто без да
ракувате со копчето за
ослободување, и на удолнини
или угорнини затегнете ја
истата колку е можно поцврсто.
За да ја отпуштите рачната
сопирачка, малку повлечете ја
рачката нагоре, притиснете го
копчето за ослободување и
спуштете ја рачката целосно.
За да се намалат работните
сили на рачната сопирачка,
истовремено притискајте ја
ножната сопирачка.
Контролна сијаличка R 3 120.
Електрична сопирачка за
паркирање
Се применува кога возилото е во
мирување
Повлечете го прекинувачот m. Ако
контролната сијаличка m светне,
електричната сопирачка за
паркирање е активирана.
Електричната сопирачка за
паркирање може да се активира
секогаш, дури ако палењето е
исклучено.
Page 197 of 349

Возење и ракување195Не ракувајте со системот на
електричната сопирачка за
паркирање пречесто без да работи
моторот, тоа ќе го испразни
акумулаторот.
Ослободување
Вклучете го палењето. Држете го
педалот на ножната сопирачка
притиснат и потоа притиснете го
прекинувачот m. Ако контролната
сијаличка m се изгасне,
електричната сопирачка за
паркирање е отпуштена.
Функција за поаѓање
Возила со рачен менувач:
Притискање на куплунгот, па мало
отпуштање на куплунгот и мало
притискање на гаста автоматски ја
ослободува електричната
сопирачка за паркирање. Тоа не е
возможно кога прекинувачот m се
повлекува истовремено.
Возила со автоматски менувач:
Активирање на D, па притискање
на гаста автоматски ја ослободува
електричната сопирачка запаркирање. Тоа не е возможно кога
прекинувачот m се повлекува
истовремено.
Динамично сопирање кога
возилото се движи
Кога возилото се движи и
прекинувачот m се држи повлечен,
системот на електричната
сопирачка за паркирање ќе го
забави возилото, но нема да се
активира статично.
Штом прекинувачот m ќе се
ослободи, динамичното сопирање ќе престане.
Автоматска примена
Ако возилото е опремено со
автоматски менувач и е активна
приспособливата контрола на
патувањето, електричната
сопирачка за паркирање се
активира автоматски кога возилото
е сопрено подолго од 2 минути.
Сопирачката за паркирање се
отпушта автоматски кога ќе
тргнете.Проверка на функционалноста
Кога возилото не се движи,
електричната сопирачка за
паркирање може да се активира
автоматски. Ова се прави за да се
провери системот.
Дефект
На дефектен режим на
електричната сопирачка за
паркирање укажува контролната
сијаличка j и порака за возилото
што е прикажана на
Информативниот центар за
возачот.
Пораки за возилото 3 136.
Контролната сијаличка m трепка:
електричната сопирачка за
паркирање не е целосно
активирана или отпуштена. Кога
трепка постојано, отпуштете ја
електричната сопирачка за
паркирање и обидете се да ја
активирате повторно.
Page 198 of 349

196Возење и ракувањеСерво кочењеАко педалата на сопирачките сенагазне брзо и силно, автоматски
се применува максимална сила на сопирање.
Работењето на помошта на
сопирањето може да се забележи
по пулсирање во педалата за
сопирачките и поголем отпор кога
се нагазнува педалата.
Одржувајте постојан притисок врз
педалата на сопирачката додека е
потребно целосно сопирање.
Максималната сила на сопирањето
автоматски се намалува кога ќе се
отпушти педалата на сопирачките.
Помош при поаѓање наугорници
Системот помага да се спречи
несакано движење кога се вози по
косини.
При отпуштање на педалата за
сопирање по застанување на
стрмнина, сопирачките се
активирани уште две секунди.Сопирачките се отпуштаат
автоматски штом возилото ќе
почне да забрзува.Системи за контрола
на возењето
Систем за контрола на пролизгувањето
Системот за контрола на
пролизгувањето (TC) е компонента
на Електронската контрола на
стабилноста (ESC).
TC ја подобрува стабилноста при
возењето кога е потребно, без
оглед на видот на површината на
коловозот или прилепувањето на
гумите, со спречување на
шлајфувањето на погонските
тркала.
Штом погонските тркала почнат да
шлајфуваат, излезната силата на
моторот се намалува и тркалото
кое најмногу шлајфува поединечно
се сопира. Тоа значително ја
подобрува стабилноста при
возење на возилото на лизгави
површини.
Page 199 of 349

Возење и ракување197
TC функционира по секое палење
на возилото, штом ќе се изгасне
контролната сијаличка b.
Кога TC работи, b трепка.
9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Контролна сијаличка b 3 122.
Деактивирање
TC може да се исклучи кога е
потребно вртење на погонските
тркала во место: притиснете
кратко b.
Контролна сијаличка k се пали.
Порака за статус се појавува во
Информативниот центар за
возачот кога TC ќе се деактивира.
Кога TC е деактивирана, ESC
останува активен, но со повисок праг на контрола.
TC повторно се активира со
повторно притискање на b. Порака
за статус се појавува во
Информативниот центар за
возачот кога TC ќе се активира
повторно.
TC исто така се активира повторно
следниот пат кога ќе се вклучи
палењето.
Дефект Ако има дефект на системот,
контролната сијаличка b постојано
свети и на Информативниот
центар за возачот се појавува
порака. Системот не функционира.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Електронска контрола настабилноста
Електронската контрола на
стабилноста (ESC) ја подобрува
стабилноста при возењето кога е
Page 200 of 349

198Возење и ракувањепотребно, без оглед на видот на
површината на патот или
прилепувањето на гумите.
Штом возилото почне да занесува
(недоволно вртење / нагло
свртување), излезната сила на
моторот се намалува и тркалата се
закочуваат посебно.
ESC работи во комбинација со
систем за контрола на
пролизгувањето. Го спречува
шлајфувањето на погонските
тркала.
Распределбата на силата на
вртење е посебна одлика што ја
распоредува силата на возење на
тркалата пред да се активира ESC. При вртење, тркалата од
внатрешната страна на кривината
сопираат одвоено. Исто така,
силата на вртење на моторот може да се распредели на тркалата од
надворешната страна на
кривината. Ова ја намалува
тенденцијата на подуправување и го подобрува влечењето при брзо
возење на кривина.
ESC функционира по секое палење
на возилото, штом ќе се изгасне
контролната сијаличка b.
Кога ESC работи, b трепка.
9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Контролна сијаличка b 3 122.
Деактивирање
ESC и TC можат да бидат
деактивирани:
● Држете го притиснато b
најмалку пет секунди: ESC и TC
се деактивирани. Светнуваат
k и n, а во Информативниот
центар за возачот се
појавуваат пораки за статусот.