OPEL CASCADA 2014 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014, Model line: CASCADA, Model: OPEL CASCADA 2014Pages: 283, PDF Size: 7.43 MB
Page 181 of 283

Возење и ракување179
Ако нема возило напред или
возилото напред е вон опсегот, ќе бидат прикажани две црти: -.- s.
Помош за паркирање9 Предупредување
Меѓутоа, возачот носи целосна
одговорност за маневрот за
паркирање.
Секогаш проверувајте ја
околината кога возите назад
или напред додека го користите системот за помош за
паркирање.
Задна помош за паркирање
Задната помош за паркирање го
олеснува паркирањето со мерење
на растојанието помеѓу возилото и
пречките назад. Го известува и
предупредува возачот давајќи
акустични сигнали.
Системот има четири
ултрасонични сензори за
паркирање во задниот браник.
Активирање
Кога се става во рикверц, системот
е подготвен за работа автоматски.
Запалена сијаличка во копчето на
помош за паркирање r означува
дека системот е подготвен да
работи.
Показател
Системот го предупредува возачот со акустични сигнали за
потенцијално опасни пречки зад
возилото. Периодот помеѓу
звуците се скусува додека
возилото наближува до пречката. Кога е оддалеченоста помала од
околу 30 см, звукот е постојан.
Покрај тоа, оддалеченоста до
пречките може да се прикажува во
Информативниот центар за
возачот.
Деактивирање
Системот се исклучува автоматски
кога ќе се извади од рикверц.
Можно е и рачно деактивирање со
притискање на копчето за помош за
паркирање r.
Page 182 of 283

180Возење и ракување
И во двата сличаја, светлото во
копчето се гаси и се појавува
порака во Информативниот центар за возачот.
Дефект
Во случај на дефект на системот или ако системот не работи поради
привремени услови како сензори
покриени со снег, се прикажува
порака во Информативниот центар за возачот.
Предно-задна помош за паркирање
Предно-задната помош за
паркирање ја мери оддалеченоста
меѓу возилото и пречките пред и
зад возилото. Системот дава
акустични сигнали и прикажува пораки.
Системот има четири
ултрасонични сензори за
паркирање во задниот и предниот
браник.
Користи два различни акустични
предупредувачки сигнали за
предната и задната област за
следење, секоја со различна
фреквенција на тонот.
Копче за помош за паркирање и
логика за ракување
Предно-задната помош за
паркирање има копче r. Ако
возилото дополнително е
опремено со напредна помош за паркирање, погледнете го
посебниот опис што следи, а
системот е опрмен со копчето D.
Во тој случај, со двата системи се
ракува со копчето D.
Кусо притискање на копчето r
или D ја активира или деактивира
помошта за паркирање.
Page 183 of 283

Возење и ракување181
Долго притискање на копчето D
(околу една секунда) ја активира или деактивира напредната помош за паркирање.
Логиката на копчето ги ракува
системите со притискање на
следниот начин:
■ Активна е предно-задната помош
за паркирање: кусо притискање
ја деактивира предно-задната
помош за паркирање.
■ Активна е предно-задната помош
за паркирање: долго притискање ја активира напредната помош за паркирање.
■ Активна е напредната помош за паркирање: кусо притискање ја
активира предно-задната помош
за паркирање.
■ Активна е напредната помош за паркирање: долго притискање ја
деактивира напредната помош за паркирање.
Активирање
Кога е во брзина за назад,
предната и задната помош за
паркирање е подготвена за работа.Запалена сијаличка во копчето за
помош за паркирање r или D
означува дека системот е
подготвен да работи.
Кога возите нанапред со мала
брзина предната помош за
паркирање може да се активира и
со кратко притискање на копчето за
помош за паркирање r или D.
Ако копчето се притисне при циклус на палење, предната помош за
паркирање секогаш повторно се
активира кога брзината на
возилото ќе опадне под одредена
вредност.
Показател
Системот го предупредува возачот
со акустични сигнали за
потенцијално опасни пречки зад
возилото и пред возилото. Зависно која страна на возилото е поблиску
до пречката, од таа страна ќе
слушате предупредувачки звучни
сигнали во возилото. Периодот
помеѓу звуците се скусува додека
возилото наближува до пречката.
Кога е оддалеченоста помала од
околу 30 см, звукот е постојан.
Покрај тоа, оддалеченоста до
пречките се прикажува во
Информативниот центар за
возачот.
Page 184 of 283

182Возење и ракување
Прикажувањето на оддалеченоста
на Информативниот центар за
возачот може да се потисне од од
пораки за возилото со повисок
приоритет. Откако ќе се одобри
пораката со притискање на копчето SET/CLR на рачката за трепкачот,
показателот на оддалеченоста се
појавува пак.
Деактивирање
Системот се деактивира
автоматски кога ќе се надмине
извесна брзина додека возите
напред.
Можно е и рачно деактивирање со
кратко притискање на копчето за
помош за паркирање r или D.
Кога ќе се деактивира системот, светлото во копчето се гаси и во
Информативниот центар за
возачот се појавува Park Assist Off
(помошта при паркирање е
исклучена) .
Дефект
Во случај на дефект на системот
или ако системот не работи поради
привремени услови како сензори
покриени со снег, се прикажува
порака во Информативниот центар за возачот.Напредна помош за
паркирање
Системот на напредна помош за
паркирање го маневрира возачот
на паркирното место со давање упатства на Информативниот
центар за возачот и звучни
сигнали. Возачот мора да го
контролира забрзувањето,
кочењето, управувањето со
воланот и менувањето брзини.
Системот ги користи сензорите на
предно-задната помош при
паркирање во комбинација со два
Page 185 of 283

Возење и ракување183
дополнителни сензора од двете
страни на предниот и на задниот
браник.
Копче D и логика на работењето
Со напредната помош за
паркирање и со предно-задната
помош за паркирање, види опис
погоре, се ракува преку копчето
D .
Кусо притискање на копчето D ја
активира или деактивира помошта
за паркирање.
Долго притискање на копчето D
(околу една секунда) ја активира
или деактивира напредната помош за паркирање.
Логиката на копчето ги ракува
системите со притискање на
следниот начин:
■ Активна е предно-задната помош
за паркирање: кусо притискање
ја деактивира предно-задната
помош за паркирање.
■ Активна е предно-задната помош
за паркирање: долго притискање ја активира напредната помош за паркирање.■ Активна е напредната помош за паркирање: кусо притискање ја
активира предно-задната помош
за паркирање.
■ Активна е напредната помош за паркирање: долго притискање ја
деактивира напредната помош за паркирање.
Активирање
Кога барате место за паркирање,
системот е подготвен за ракување со притискање на копчето D
околу една секунда.
Системот може да се активира
само при брзини до 30 км/ч и
системот бара место за паркирање
при брзини до 30 км/ч.
Најголемото дозволено паралелно
растојание помеѓу возилото и
редот на паркираните автомобили
е 1,8 метри.
Функционалност
Кога возилото поминува ред на
автомобили и системот е
активиран, системот на напредна помош за паркирање почнува дабара соодветно паркирно место.
Кога ќе се открие прикладно место,
Page 186 of 283

184Возење и ракување
се даваат визуелни информации
на Информативниот центар за
возачот и звучен сигнал.
Ако возачот не го запре возилото
за помалку од 10 метри откако ќе се
предложи паркирно место,
системот почнува да бара друго
соодветно паркирно место.
Предлогот на системот за
паркирно место се прифаќа кога
возачот ќе го запре возилото до
10 метри откако ќе се даде
пораката за сопирање. Системот ја пресметува оптималната
маршрута до паркирното место.
Потоа го маневрира возачот до
местото со давање детални
упатства.
Упатствата на екранот покажуваат:
■ навестување кога се вози побрзо
од 30 км/ч,
■ барање за запирање на возилото
кога се забележува паркирно место,
■ насоката на возењето за време на маневрите за паркирање,
■ положбата на воланот за време на паркирањето,
■ за некои од упатствата се покажува линија за прогрес.
На успешен маневар за паркирањеукажува симболот за крајна
положба.
Секогаш внимавајте на звукот на
предно-задната помош за
паркирање. Постојан звук значи
дека оддалеченоста до пречка е
помала од околу 30 см.
Менување на страната на
паркирањето
Системот е конфигуриран да
открива места за паркирање од
совозачката страна. За да се
откриваат места за паркирање од
Page 187 of 283

Возење и ракување185
возачката страна, вклучете го
трепкачот од возачката страна за
време на барањето.
Штом ќе се исклучи трепкачот,
системот повторно бара места за
паркирање од совозачката страна.
Приоритети за прикажувањето
По активирањето на напредната
помош за паркирање, во
Информативниот центар за
возачот се појавува порака.
Показателот за напредна помош за паркирање на Информативниот
центар за возачот може да се
потисне од од пораки за возилото
со повисок приоритет. Откако ќе ја
одобрите пораката со притискање
на копчето SET/CLR на рачката за
трепкачите, повторно се
покажуваат упатствата за
напредната помош за паркирање и маневарот за паркирање може да
се продолжи.Деактивирање
Системот се деактивира со:
■ држење на копчето D околу
една секунда
■ маневрата за паркирање заврши
успешно
■ возење побрзо од 30 км/ч
■ исклучување на палењето
На деактивирањето од страна на
возачот или на системот за време
на маневрирањето ќе укаже
Parking Deactivated (паркирањето е
деактивирано) во
Информативниот центар за
возачот.Дефект
На Информативниот центар за
возачот се појавува порака кога:
■ има дефект во системот,
■ возачот не ја заврши маневрата за паркирање успешно,
■ системот не функционира.
Page 188 of 283

186Возење и ракување
Ако се открие предмет за време наупатствата за паркирање, се
појавува Stop (застанете) на
Информативниот центар за
возачот. Отстранувањето на
предметот ќе ја продолжи
маневрата за паркирање. Ако не се отстрани предметот, системот ќе
се деактивира. Држете го копчето
D околу една секунда за да се
активира системот и да се бара
ново паркирно место.
Основни белешки за
системите за помош за
паркирање9 Предупредување
При одредени околности,
разните сјајни површини на
предмети или облеки, како и
надворешните извори на бучава
може да предизвикаат системот
да не ги открие пречките.
Треба да се обрне посебно
внимание на ниските пречки кои може да го оштетат долниот дел на браникот.
Внимание
Перформансите на системот
може да бидат намалени кога
сензорите се прекриени, на пр.
со мраз или снег.
Перформансите на системот за
помош при паркирање може да
се намалат поради голема
оптовареност.
Посебни услови важат ако има
повисоки возило на местото за
паркирање (на пр. теренски
возила, минибуси, комбиња,
кампери, приколки и камиони).
Идентификацијата на предмети
и правилното укажување на
оддалеченоста во горните
делови од такви возила не може да се гарантира.
Предмети со многу мал пресек за отсликување, како и тесните
предмети или меките
материјали, не може да ги
открие системот.
Помошта за паркирање и
напредната помош за
паркирање нема да откријат
предмети што се надвор од
опсегот за откривање.
Забелешка
Системот за помош при
паркирање автоматски ја
приметува фабрично
Page 189 of 283

Возење и ракување187
монтираната опрема за влечење.
Се деактивира кога е приклучен
штекерот.
Можно е сензорот да открие
непостоечки предмети (ехо
пречење), што е предизвикано од
надворешни звучни или
механички пречки.
Системот на напреднатата помош за паркирање може да не реагира
на промени на паркирното место
откако ќе се почне паралелен
маневар за паркирање.
Забелешка
По производство, напредната
помош за паркирање треба да се
калибрира. За оптимално
наведување при паркирање,
потребно е да се извозат барем 10 км со многу свиоци.
Известување за
странична слепа точка Системот за известување за
странична слепа точка открива и
пријавува предмети од двете
страни на возилото, во одредена
„мртва“ зона. Системот известувавизуелно во секој ретровизор кога
открива објекти што може да не се
видливи во внатрешниот и
страничните ретровизори.
Сензорите на системот се наоѓаат
во браникот од левата и десната
страна на возилото.9 Предупредување
Известувањето за странична
слепа точка не го заменува
видот на возачот.
Системот не открива: ■ Возила вон страничните слепи зони што може да се
приближуваат брзо.
■ Пешаци, велосипедисти или животни.
Пред менување лента, секогаш
проверувајте ги сите
ретровизори, погледнете преку
рамо и користете го трепкачот.
Кога системот ќе открие возило во
страничната слепа зона додека се
вози нанапред, независно дали се
претекнува возило или Ве
претекнуваат, портокалов
предупредувачки симбол B ќе се
запали на соодветниот страничен ретровизор. Ако возачот тогаш го
вклучи трепкачот,
предупредувачкиот симбол B
почнува да трепка портокалово
како предупредување да не се
менува лентата.
Известувањето за странична слепа
точка е активно од брзини од
10 км/ч до 140 км/ч. Ако се вози
побрзо од 140 км/ч, системот се исклучува, на што укажуваат слаби светлосни предупредувачки
симболи B во двата странични
Page 190 of 283

188Возење и ракување
ретровизори. Со повторно
намалување на брзианта,
предупредувачките симболи ќе се
изгаснат. Ако потоа се открие
возило во слепата зона,
предупредувачките симболи B ќе
светнат како што е нормално, на
соодветната страна.
Кога ќе се стартува возилото,
екраните на двата странични
ретровизори накусо ќе светнат за
да укажат дека системот работи.
Системот може да се активира или деактивира во изборникот Settings
(поставки) на Инфо-екранот,
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 115.
На исклучувањето укажува порака
во Информативниот центар за
возачот.
Зони на откривање
Сензорот на системот покрива
зона од околу 3 метри од двете
страни на возилото. Оваа зона
почнува кај секој од страничните
ретровизори и има опсег наназадоколу 3 метри. Висината на зоната
е приближно околу 0,5 метри и
2 метри од тлото.
Системот се исклучува ако
возилото влече приколка.
Известувањето за странична слепа
точка е конструирано да игнорира
статични објекти како банкини,
столбови, рабници, ѕидови и греди. Паркирани или возила што доаѓаат од спротивната страна не се
откриваат.
Дефект Може да дојде до повременипропуштени известувања во
нормални околности и тие се
почести при влажни услови.
Известувањето за странична слепа
точка не работи кога левиот или
десниот агол на задниот браник е
прекриен со кал, нечистотија, снег, мраз, влажен снег, или при големо
невреме. Упатства за чистење
3 251.
Во случај на дефект на системот или ако системот не работи поради
привремени услови, се прикажувапорака во Информативниот центар за возачот. Побарајте помош од
автомеханичар.
Ретровизорска камера
Ретровизорската камера му помага
на возачот кога вози наназад со
прикажување поглед на подрачјето зад возилото.
Сликата од камерата се прикажува на информативниот екран во боја.9 Предупредување
Ретровизорската камера не го
заменува видот на возачот.
Имајте предвид дека предмети
што се надвор од полето на
видливост на камерата и на
сензорите за напредна помош