OPEL CASCADA 2015.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015.5, Model line: CASCADA, Model: OPEL CASCADA 2015.5Pages: 291, PDF Size: 7.64 MB
Page 241 of 291

Нега на возилото239
Зависност од температуратаПритисокот во гумата зависи од
нејзината температура. За време
на возењето, температурата и
притисокот на гумите се
зголемуваат.
Вредноста на притисокот во гумата
прикажана во DIC го покажува
фактичкиот притисок во гумите.
Затоа е важно да се проверува
притисокот во гумите со ладни
гуми.
Длабочина на шаратаРедовно проверувајте ја
длабочината на шарите.
Гумите треба да се заменат од
безбедносни причини ако
длабочината на шарите падне под 2-3 мм (4 мм за зимските гуми).
Од безбедносни причини, се
препорачува длабочината на
шарите на гумите на една оска да
не се разликува повеќе од 2 мм.
Законски дозволената минимална
длабочина на шарата (1,6 мм) е
достигната кога шарата е изабена
до една од ознаките за изабеност
( TWI). Нивната положба е означена
со обележувања од страните на
гумата.
Ако има поголемо абење напред отколку назад, повремено
заменувајте ги предните и задните тркала. Уверете се дека насоката
на вртењето на тркалата е иста
како порано.
Гумите стареат, дури ако не се
употребуваат. Препорачуваме
замена на гумите на 6 години.
Менување на
големината на гумите и
тркалата
Ако се употребуваат гуми со
различна големина од оние
монтирани во фабриката, може да
биде потребно да се програмираат брзиномерот како и номиналниот
притисок во гумите повторно и да
се извршат други преиначувања на
возилото.
По префрлувањето на гуми со
друга големина, нека Ви ја заменат
етикетата со притисоци за гумите.9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или тркала може да доведе
до незгоди и ќе го анулира
одобрението на видот на
возилото.
Раткапни
Раткапните и гумите што се
одобрени од фабриката за
соодветното возило и ги
Page 242 of 291

240Нега на возилото
исполнуваат сите соодветни
барања за комбинирање на
тркалата и гумите, можат да се
користат.
Ако раткапните и гумите кои се
користат не се фабрично
одобрени, гумите не смеат да
имаат заштитно ребро на работ.
Раткапните не смеат да му пречат
на ладењето на сопирачките.9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или раткапни може да
доведува до нагло губење на
притисок и притоа несреќи.
Возила со челични тркала: Кога
користите навртки за заклучување
на тркалата, не ставајте раткапни.
Синџири за гуми
Користете синџири за гуми само на предните тркала.
Синџири за гуми се дозволени на
гумите со големина 225/55 R17.
Секогаш користете синџири со ситна мрежа што не додаваат
повеќе од 10 мм на шарата на
гумата и внатрешните страни
(вклучително и бравата на
синџирот).
9 Предупредување
Оштетувањата може да
доведат до пукање на гумата.
Употребата на синџири за гуми не се дозволува на привременото
резервно тркало.
Комплет за поправање
гуми Помалите оштетувања на шаратана гумата може да се поправат со
комплетот за поправање гуми.
Не ги вадете туѓите предмети од
гумите.
Оштетувањата на гумите што
надминуваат 4 мм или што се на
страничниот ѕид од гумата не може
да се поправат со комплетот за поправање гуми.
Page 243 of 291

Нега на возилото2419Предупредување
Не возете побрзо од 80 км/ч.
Не го користете за подолг
период.
Управувањето со воланот и
ракувањето може да станат
поинакви.
Ако имате издишна гума:
Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва брзина, рикверц
или P.
Комплетот за поправање гуми е во
кутија под покривката на подот во
товарниот простор.
Во друга верзија, торбата со
комплетот за поправање гуми е
фиксирана за левата задна алка за
врзување во товарниот простор.
1. Земете го комплетот за поправање гуми од товарниот
простор.
2. Извадете го компресорот.
3. Извадете го кабелот за поврзување со струја и цревотоза воздух од преградите за
складирање на долната страна
на компресорот.
Page 244 of 291

242Нега на возилото
4. Зашрафете го цревото завоздух од компресорот наприклучокот на шишето со
заптивната смеса.
5. Наместете го шишето со заптивната смеса во држачот
на компресорот.
Поставете го компресорот
близу до гумата така што
шишето со заптивна смеса ќе
биде исправено.6. Одвртете ги капаците на вентилите од дефектната гума.
7. Зашрафете го цревото за полнење на вентилот на гумата.
8. Прекинувачот на компресорот мора да биде поставен на J.
9. Приклучете го приклучникот на компресорот во штекерот за
струја или во приклучокот на
запалката.
За да се избегне испразнување
на акумулаторот, Ви
препорачуваме да го оставите моторот да работи.10. Поставете го преклопникот на компресорот на I. Гумата се
полни со заптивната смеса.
11. Мерачот за притисок на компресорот накратко се
покачува до 6 бари додека
шишето за заптивната смеса се празни (околу 30 секунди).
Потоа притисокот почнува да
опаѓа.
12. Целата заптивна смеса се пумпа во гумата. Потоа гумата
се надува.
13. Пропишаниот притисок за гумата би требало да се
достигне во рок од 10 минути.
Page 245 of 291

Нега на возилото243
Притисок во гумите 3 274. Кога
ќе се постигне правилниот притисок, исклучете го
компресорот.
Ако пропишаниот притисок за
гумите не се достигне во рок од
10 минути, извадете го
комплетот за поправање гуми. Помрднете го возилото за едно
вртење на гумата. Повторно
закачете го комплетот за
поправање гуми и продолжете
со постапката за полнење за
10 минути. Ако пропишаниот
притисок за гумите се уште не е достигнат, гумата е премногу
оштетена. Побарајте помош од
автомеханичар.
Исцедете го вишок притисокот од гумата со копчето над
индикаторот за притисок.
Не работете со компресорот
подолго од 10 минути.
14. Откачете го комплетот за поправање гуми. Притиснете ја
спојката на рамката за да го
извадите шишето со заптивна
смеса од рамката. Зашрафете го цревото за пумпање на гуми
на слободниот приклучок на
шишето со заптивната смеса.
Тоа ја спречува заптивната
смеса да истече. Чувајте го
приборот за поправка на гумите во багажниот простор.
15. Извадете ја излишната заптивна смеса користејќи
ткаенина.
16. Земете ја налепницата која ја покажува најголемата
дозволена брзина од шишето
со заптивната смеса, и закачете
ја во видното поле на возачот.17. Продолжете со возењето веднаш за да се распространисредството рамномерно во
гумата. По возење околу 10 км
(но не повеќе од 10 минути),
застанете и проверете го
притисокот во гумата.
Притегнете го цревото на
воздухот директно врз вентилот на гумата и за тоа време нека
работи компресорот.
Ако притисокот во гумата е
поголем од 1,3 бари, поставете
го до правилната вредност.
Повторете ја оваа поставка
додека веќе нема губење на
притисокот.
Page 246 of 291

244Нега на возилото
Ако притисокот во гумата
паднал под 1,3 бари, возилото
не смее да се користи.
Побарајте помош од
автомеханичар.
18. Чувајте го комплетот за поправање гуми во товарниот
простор.
Забелешка
Возните карактеристики на
поправената гума значително се
сменети, затоа нека Ви ја заменат таа гума.
Ако се слушне необичен шум или
компресорот се загрее, исклучете
го компресорот најмалку
30 минути.
Вградениот сигурносен вентил се отвора при притисок од 7 бари.
Проверете го рокот на траење на
комплетот. По тој датум
способноста за затнување веќе не
се гарантира. Внимавајте на
информациите за чување на
шишето со заптивна смеса.Заменете го користеното шише со
заптивната смеса. Отфрлете го
шишето како што е пропишано од
соодветните закони.
Компресорот и заптивната смеса
може да се користат од околу
-30 °C.
Приложените адаптери може да
се користат за пумпање на други
предмети, на пр. фудбалски
топки, воздушни душеци, гумени
чамци, итн. Тие се наоѓаат на
долната страна од компресорот.
За да се извади, притегнете го
цревото за воздух на компресорот и извлечете го адаптерот.
Менување тркала
Некои возила се опремени со
комплет за поправање гуми
наместо резервно тркало 3 240.
Сторете ги следниве подготовки и
запазете ги следните информации:
■ Паркирајте го возилото на рамна,
тврда и нелизгава површина.
Предните тркала треба да бидат
наместени право.■ Затегнете ја рачната сопирачка и
ставете во прва брзина, рикверц
или P.
■ Извадете го резервното тркало 3 247.
■ Не менувајте повеќе од едно тркало одеднаш.
■ Дигалката користете ја само за менување на тркала во случај на
продупчување, а не за сезонски
зимски или летни менувања на
гумите.
■ Дигалката не бара одржување.
■ Ако тлото на коешто стои возилото е меко, треба да сестави тврда штица (дебела
најмногу 1 см) под дигалката.
■ Извадете ги тешките предмети од возилото пред да го кревате.
■ Во возилото не смее да има луѓе
или животни кога се дига.
■ Не пикајте се под возило што е кренато со дигалка.
Page 247 of 291

Нега на возилото245
■ Не го палете возилото кога екренато со дигалката.
■ Исчистете ги навртките за тркалото и навојот со чиста крпа
пред да го монтирате тркалото.9 Предупредување
Не подмачкувајте ги навртката,
завртката и конусот на
завртката на тркалото.
1. Откачете ги капачињата на навртките на тркалото со
шрафцигер и извадете ги.
Извлечете ја раткапната.
Прирачен алат 3 232.
Лесни бандажи: Откачете ги
капачињата на навртките на
тркалото со шрафцигер и
извадете ги. За да се заштити
тркалото, ставете мека
ткаенина помеѓу шрафцигерот
и лесната бандажа.Лесни бандажи со средишно
капаче на завртките на
тркалото: Одглавете го
капачето со вметнување и
влечење на клучот 3 232 во
процепот на амблемот на
брендот.2. Ставете го клучот за тркалата уверувајќи се дека е наместенцврсто и олабавете ја секоја
навртка на тркалото за
половина вртење.
Тркалата може да се заштитени
со навртки за заклучување на
тркалата. За да ги разлабавите
овие специфични завртки,
првин ставете го адаптерот на
главата на завртката пред да го наместите клучот за тркалата.
Адаптерот се наоѓа во касетата.
Page 248 of 291

246Нега на возилото
3. Уверете се дека дигалката еправилно наместена под
соодветната точка на возилото
за дигање.
4. Поставете ја дигалката на потребната височина.
Наместете ја непосредно под
точката за дигање, на тој начин што ќе се спречува лизгањето.
Закачете го клучот за тркалото
и при правилно порамнета
дигалка, вртете го клучот се
додека тркалото не се крене од земјата.
5. Отшрафете ги навртките на тркалото.
6. Сменете го тркалото. Резервно тркало 3 247.
7. Зашрафете ги навртките на тркалото.
8. Спуштете го возилото.
9. Ставете го клучот за тркалата уверувајќи се дека е наместенбезбедно и стегнете ја секоја
навртка по вкрстен редослед.
Затезниот момент е 140 Nm.
10. Наместете го отворот за вентилот во раткапната до
вентилот на гумата пред да ја
монтирате.
Ставете ги капачињата на навртките на тркалото.
Ставете го капачето на лесните
бандажи.
11. Складирајте ги заменетото тркало 3 247, прирачниот алат
3 232 и адаптерот за
заклучување на завртките на
тркалото 3 78.
12. Проверете го притисокот на монтираната гума и
затегнатоста на навртките на
тркалото колку е можно
поскоро.
Нека Ви ја обноват или поправаат
неисправната гума колку е можно
поскоро.
Page 249 of 291

Нега на возилото247
Положба за дигање за
дигалката со платформа за дигање
Положбата за задната рачка на
платформата за дигање е
средишно под жлебот на прагот.
Положбата за предната рачка на
платформата за дигање е кај
подвозјето.
Резервно тркало
Некои возила се опремени со
комплет за поправање гуми
наместо резервно тркало.
Кога монтирате резервно тркало
кое се разликува од другите
тркала, тоа може да се смета за привремено тркало за кое важат
соодветните ограничувања на
брзината, иако ова не е наведено
на ниедна етикета. Побарајте
помош во сервис за да проверите
колкаво е ограничувањето на
брзината.
Резервното тркало има челична
рамка.Внимание
Употребата на резервно тркало
кое е помало од другите тркала
или во комбинација со зимски
гуми може да повлијае врз
возната состојба. Заменете ја
неисправната гума колку е
можно поскоро.
Отстранување на резервното
тркало и одложување на
оштетено тркало во
товарниот простор
Резервното тркало е сместено во вдлабнатината за резервно тркало
под прекривката на подот.
Дупката на резервното тркало не е
конструирана за други големини на гуми освен на резервното тркало.
Page 250 of 291

248Нега на возилото
За да го извадите:1. Затворете го мекиот покрив и преклопете ја преградата на
товарниот простор со туркање
во празниот простор нагоре кон
внатре 3 81.
2. Извадете ја прекривката на
подот.
3. Резервното тркало еприцврстено со навртка со
крилца во отворот. Одвртете ја
навртката, извадете го конусот
и извадете го резервното
тркало.Под резервното тркало има
кутија и торба со прирачен алат.
4. Сменете го оштетеното тркало 3 244 и вратете ги алатите во
кутијата за алати и во торбата.
Тргнете го каишот од кутијата и ставете го настрана.
5. Обезбедете ја кутијата со алати
така што со конус веднаш ќе ја
заштрафите навртката со
крилца. Ставете ја торбата во
вдлабнатината.
6. Сместете го оштетеното тркало
во вдлабнатината.