OPEL CASCADA 2015 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015, Model line: CASCADA, Model: OPEL CASCADA 2015Pages: 301, PDF Size: 7.79 MB
Page 41 of 301

Клучеви, врати и прозорци39ПрозорциШофершајбна
Шофершајбна што ја одбива
топлината
Шофершајбната што ја одбива
топлината има облога што го
одбива сончевото зрачење. Може
да се одбиваат и податочни
сигнали, на пр. од станици за
патарина.
Означните подрачја на
шофершајбната не се премачкани
со облогата. Уредите за снимање
електронски податоци и плаќање
мора да се стават во овие
подрачја. Инаку, може да се
појават дефекти во снимањето
податоци.
Налепници на
шофершајбната Не ставајте налепници како вињети
за патарина или слични на
шофершајбната во подрачјето на
ретровизорот. Инаку, зоната за
откривање на сензорот и погледот на камерата во куќиштето на
ретровизорот може да бидат
ограничени.
Електрични прозорци9 Предупредување
Внимавајте кога ракувате со
електричните прозорци. Ризик
од повреда, особено за децата.
Внимавајте на прозорците кога
ги затворате. Внимавајте да не
приклештат ништо додека се
движат.
Работат кога прекинувачот за
палење е во позиција 1 или 2
(вклучено палење) 3 158.
Задржано исклучување 3 159.
Управувајте со прекинувачот за
соодветниот прозорец со
притискање за отворање и со
повлекување за затворање.
Нежно притискање или
повлекување до првиот степен: прозорецот се движи нагоре или
надолу се додека се управува со
прекинувачот.
Page 42 of 301

40Клучеви, врати и прозорци
Цврсто притискање или
повлекување до вториот степен и
потоа отпуштање: прозорецот се
движи автоматски нагоре или
надолу при вклучена безбедносна
функција. За да се запре
движењето, ракувајте со
прекинувачот уште еднаш во иста
насока.
Централен прекинувач ,
Прекинувач во централната
конзола за ракување со сите
прозорци.
Кратко притиснете го
прекинувачот , за да ги отворите
сите прозорци автоматски.
Кратко повлечете го
прекинувачот , за да ги затворите
сите прозорци автоматски.
Безбедносна функција
Ако стаклото на прозорецот наиде
на отпор во горната половина на
прозорецот за време на
автоматското затворање, веднаш
застанува и повторно се отвора.
Безбедносна функција за
потиснување Во случај на тешкотии при
затворањето поради мраз или
слично, вклучете го палењето, па
повлечете го прекинувачот до
првиот степен и држете го.
Прозорецот се крева со исклучена
безбедносна функција. За да се
запре движењето, отпуштете го
прекинувачот.Удобно ракување со
далечински управувач Со прозорците и мекиот покрив
може да се ракува со далечинки
управувач надвор од возилото.
Отворање
■ Еднаш кратко притиснете го копчето c: вратите се отклучени.
■ Уште еднаш притиснете го копчето c две секунди:
прозорците автоматски се
симнуваат. Подолго притиснете
го копчето c: се отвора мекиот
Page 43 of 301

Клучеви, врати и прозорци41
покрив. Држете го копчето
притиснато додека мекиот
покрив целосно да се отвори.
Отпуштете го копчето додека се
отвора мекиот покрив: движењето
сопира 10 секунди, притиснете го
копчето уште еднаш и покривот
продолжува да се отвора.
Затворање ■ Еднаш кратко притиснете го копчето e: вратите се заклучени.
■ Уште еднаш подолго притиснете го копчето e: мекиот покрив и
прозорците ќе се затворат.
Држете го копчето притиснато
додека мекиот покрив целосно
да се затвори.
Отпуштете го копчето додека се
затвора мекиот покрив:
движењето сопира 10 секунди,
притиснете го копчето уштееднаш и покривот продолжува да се затвора.
■ Ако мекиот покрив е веќе затворен, но прозорците се
отворени: прозорците ќе се
затворат со притискање на
копчето e две секунди.
Потврдување
Целосното отворање или
затворање на мекиот покрив се
потврдува со предупредувачките
трепкачи.
Преоптоварување
Ако со прозорците повеќе пати се
ракуваат со кратки паузи,
работењето со прозорците се
блокира за неколку време.
Иницијализирање на
електричните прозорци
Ако прозорците не може да се
затворат автоматски (на пр. по откачување на акумулаторот на
возилото), во Информативниот
центар за возачот се прикажува
предупредувачка порака.
Пораки за возилото 3 121.Активирајте ја електрониката за
прозорците за секој прозорец
посебно, почнувајќи од задните, на
следниов начин:
1. Мекиот покрив мора да биде затворен.
2. Затворете ги вратите.
3. Вклучете го палењето.
4. Повлечете го прекинувачот до вториот степен додека
прозорецот не почне да се
затвора и држете го повлечен
уште 4 секунди.
5. Притиснете го прекинувачот до вториот степен додека
прозорецот не почне да се
спушта автоматски.
6. Повторете го истото за секој прозорец.
Page 44 of 301

42Клучеви, врати и прозорциГреење на задното
стакло
Со него се ракува со притискање на
копчето Ü.
Сијаличката во копчето покажува
дека е вклучено.
Греењето работи додека работи
моторот и се исклучува автоматски по кратко време.
Греењето на задното стакло се исклучува кога ќе се отвори мекиот покрив.
Штитници за сонце
Штитниците за сонце може да се
преклопат надолу или свртат
настрана да се спречи отсјајот.
Ако штитниците за сонце имаат
вградени огледала, капаците на
огледалата треба да бидат
затворени за време на возењето.
На задната страна од штитникот за сонце се наоѓа држач за билети.Покрив
Мек покрив9 Предупредување
Внимавајте кога ракувате со
мекиот покрив. Ризик од
повреда. Надгледувајте ја
горенаведената зона на
активност, од страната на
возилото и зад него, за време на
ракувањето со покривот.
Проверете никакви делови или
предмети од каросеријата да не
можат да се приклештат.
Проверете да нема луѓе во
зоната на активност на мекиот покрив и капакот за мекиот
покрив. Ризик од повреда.
Проверете ги височината,
должината и широчината на
достапниот простор пред да
ракувате со мекиот покрив,
на пр. во гаража, гаража за
паркирање или кога се монтира носач за велосипед.
Page 45 of 301

Клучеви, врати и прозорци43Треба да се известат патницитена возилото соодветно.
Пред да го напуштите возилото, извадете го клучот за палење за
да се спречи неовластено
ракување со прозорците и
мекиот покрив.
Ракување со прекинувачот во
централната конзола
Работат кога прекинувачот за
палење е во позиција 1 или 2
(вклучено палење) 3 158.
Мекиот покрив може да се отвори
или затвори додека се вози со
брзина до 31 mph.
Мекиот покрив може да се отвори
или затвори додека се вози со
брзина до 50 км/ч.
Отворен мек покрив
Држете го прекинувачот притиснат
додека мекиот покрив сосема да се
отвори и капакот за мекиот покрив
да се затвори. Во текот на оваа
операција сите прозорци ќе бидат
отворени.
За да ги затворите сите прозорци
повлечете го прекинувачот ,.
Затворен мек покрив
Држете го прекинувачот притиснат
додека мекиот покрив сосема да се
спушти и капакот за мекиот покрив
сосема да се затвори. Кога
прозорците ќе почнат да се креваат отпуштете го прекинувачот,
прозорците автоматски ќе се
затворат.
Во текот на оваа операција на
почетокот сите прозорци ќе бидат
отворени.
Page 46 of 301

44Клучеви, врати и прозорци
Потврдување на операцијата
Целосно отворање или затворање на мекиот покрив со прекинувачотод централната конзола се
потврдува со огласување на
акустичен сигнал.
Ракување со далечинскиотуправувач
Отворен мек покрив
Држете го копчето c притиснато
додека мекиот покрив сосема да се
отвори и капакот за мекиот покрив
да се затвори. Во текот на оваа
операција сите прозорци ќе бидат
отворени.
Затворен мек покрив
Држете го копчето e притиснато
додека мекиот покрив, капакот за
мекиот покрив и прозорците
сосема да се затворат. Во текот на оваа операција на почетокот сите
прозорци ќе бидат отворени.
Потврдување на операцијата
Целосно отворање или затворање
на мекиот покрив со далечински
управувач се потврдува со
предупредувачките трепкачи.
Безбедносно сопирање на мекиот покрив
Копчето на далечинскиот
управувач или прекинувачот во
централната конзола мора да биде активиран додека мекиот покрив дадојде во соодветната крајна
позиција. Ако го отпуштите копчето или прекинувачот за време на
ракувањето, мекиот покрив веднаш
ќе престане да се движи. Мекиот
покрив останува во меѓупозиција
само одредено време. Потоа, ќе се
огласи предупредувачки звук,
хидрауличниот притисок во
системот се намалува и мекиот
покрив може да се придвижи сам
од себе. Со повторно активирање
на копчето или прекинувачот
операцијата продолжува.
Page 47 of 301

Клучеви, врати и прозорци45
Услови за ракување■ Возилото стои или се движи со брзина до 31 mph.
Возилото стои или се движи со
брзина до 50 км/ч.
■ Преградата на товарниот простор е одвиткана, вратичката
е затворена 3 87.
■ Капакот за мекиот покрив е во позиција затворено.
■ Капакот на багажникот е целосно
затворен.
■ Надворешната температура не е
пониска од -7 °C за отворање и
-10 °C за затворање.
■ Напонот во акумулаторот е доволен.
■ Системот не е преоптоварен со повторување на операцијата
(најмногу 5 комплетни циклуси
едно по друго).
Ако некој од овие услови не е
исполнет, се огласува
предупредувачка мелодија и се
појавува порака во
Информативниот центар за
возачот кога прекинувачот е
активиран, а мекиот покрив не се отвора или затвора.
■ Не смее да има предмети пред задното стакло или во пределот
на движењето на мекиот покрив
и капакот за мекиот покрив.
Ако автоматското возење не е во
функција кога е отворен мекиот
покрив, затворањето направете го
рачно, следејќи ги упатствата од
„Рачно затворање во случај на
дефект на системот“.
Општи практични совети Забелешка■ Секогаш активирајте го прекинувачот за ракување
додека не се огласи звучен
сигнал или не светнат
предупредувачките трепкачи
како потврда дека мекиот
покрив е целосно отворен или
затворен.
■ Мекиот покрив може да стои во меѓупозиција за да овозможи
чистење на просторот на
хаубата и дихтунзите.
Отпуштете го прекинувачот во
Page 48 of 301

46Клучеви, врати и прозорци
централната конзола за времена ракувањето за да го сопрете
движењето на мекиот покрив во
средна положба најмногу
7 минути, кога палењето е
вклучено. По истекот на ова
време ќе се огласи
предупредувачка мелодија, ќе
се намали хидрауличниот
притисок во системот и мекиот
покрив ќе почне сам да се
движи.
■ Не отворајте го мекиот покрив ако е мокар, замрзнат или
нечист.
■ Активирање на мекиот покрив на нерамен терен може да
предизвика неисправно
работење или штета.
■ Грижа за возилото 3 262.
Рачно затворање во случај на дефект на системот Во случај на грешка во
активирањето на електро-
хидрауличниот систем, отворениот
мек покрив може рачно да се
затвори.
Се огласува предупредувачка
мелодија и се појавува порака во
Информативниот центар за
возачот.
Внимание
Советуваме рачното затворање на мекиот покрив да го вршат
двајца.
Рачно ракување со мекиот
покрив е дозволено само за
затворање на покривот.
Внимателно прочитајте го
следниот опис пред да
започнете со ракувањето.
Не почнувајте рачно затворање
на мекиот покрив кога возилото
е паркирано на надолнина или стрмнина.
Извадете го големиот
ветроодбојник пред да почнете
со работа.
По затворањето, однесете го
мекиот покрив на поправка во
сервис.
Подгответе ги следниве алати што
се потребни за рачното ракување:
Page 49 of 301

Клучеви, врати и прозорци47
■ Имбус со шестоаголник од 4 ммна долгата и 6 мм на кратката
страна - се наоѓа во касетата,
■ двe врвки - се наоѓаат во касетата,
■ штрафцигер, што се наоѓа во кутијата со алати во товарниот
простор 3 238.
1. Исклучете го палењето.
2. Отоворете ја задната врата и земете го штрафцигерот од
кутијата со алати.3. Од внатрешната страна на
горниот раб на товарниот
простор има рачка за
ослободување на капакот за
мекиот покрив. Најдете ја
рачката и слободете ја вртејќи
ја надолу.
Забелешка
Од следниот чекор натаму
капакот на багажникот не може да
се отвори.
Извадете ја одвртката од кутијата со алати за понатамошната
работа. Може да се случи
товарниот простор да не може да
се отвори додека возилото е на
сервис. Затоа извадете ги сите
потребни предмети од товарниот
простор.
4. Затворете го капакот на багажникот.
5. Кренете го капакот за мекиот покрив од двете страни
истовремено, некаде до
половина крената позиција.
Page 50 of 301

48Клучеви, врати и прозорци
6. Ставете го шестоаголниот клучод 4 мм во обележаната
позиција за отклучување.
Вртете го францускиот клуч во
правец на стрелките на
часовникот се до крај, така што
страничните јазичиња да се
завртат.
7. Отворете го капакот за мекиот покрив до неговата крајна
позиција.8. Тргнете ги пластичните капачиња од двете страни со
притискање и лизгање наназад, видете на сликата.
9. Кај шарките од двете страни има видливи ознаки.
10. Навлечете ги закачените врвки околу обележаната положба на
шарките од двете страни и
повлечете го крајот на врвката
низ јамката, како што е
прикажано на сликата.