OPEL CASCADA 2015 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015, Model line: CASCADA, Model: OPEL CASCADA 2015Pages: 301, PDF Size: 7.79 MB
Page 51 of 301

Клучеви, врати и прозорци49
11. Оставете ги краевите наврвките напред.
12. Извлечете го мекиот покрив кревајќи ја горната прачка ( 1)
истовремено со затегнувачката
прачка ( 2) од двете страни.
13. Поместете ја предната прачка
(1 ) кон рамката на
шофершајбната.
14. Отстранете го малото капаче од рамката на шофершајбната
со шрафцигер што треба да го
вметнете во жлебот на капачето.
15. Ставете го францускиот клуч од
6 мм во бравата и заклучете
така што францускиот клуч ќе го
вртите во правец на стрелките
на часовникот, додека не дојде
во крајна позиција.
Page 52 of 301

50Клучеви, врати и прозорци
16. Кренете ја прачката зазатегнување ( 2) на мекиот
покрив од двете страни.
Кревајте го капакот за мекиот
покрив полека туркајќи го до
половина крената позиција, а
потоа оставете го да се лизне
во затворената положба.
17. Спуштете ја прачката за затегнување ( 2) на мекиот
покрив.
Забелешка
Возилото може да го возите во
ваква положба до сервис за
поправка на мекиот покрив.
Мекиот покрив не е сосема
водоотпорен и не е заглавен на
задниот дел.
За целосно да го заглавите
мекиот покрив, направите ги
следните чекори.
18. Цврсто притиснете ги надолу двете страни од прачката за
затегнување. Истовремено
повлечете ја врвцата со
шрафцигер вметнат во ушето,
полека и континуирано кон
предниот дел. Ако е можно,
потпрете се на рамката на вратата со другата рака.
Направете го ова од двете
страни за да го затворите
мекиот покрив назад.
По последниот чекор, капакот на
багажникот повторно може да се
отвори. Врвките нека ги отстранат
во вашиот сервис.
Мекиот покрив може да не се
отвори со фиксирани врвки.
Дефлектор за ветер
Има два дефлектори за ветер што
се наоѓаат во торба позади
потпирачите за грб на задните седишта. Преклопете ги задните
Page 53 of 301

Клучеви, врати и прозорци51
потпирачи за грб 3 87, отворете
ги Velcro затварачите и извадете ја
торбата од процепот.
■ Малиот дефлектор за ветер може да се стави меѓу заднитепотпирачи за глава.
■ Големиот дефлекто за ветер може да се стави меѓу предните
седишта.
Не ставајте предмети на
дефлекторот за ветар.
За да се монтираат дефлекторите, мекиот покрив треба да биде
отворен.
Местење на малиот
дефлектор за ветер ■ Преклопете го левиот заден потпирач за грб 3 87.
■ Извадете го капакот на
водилката за дефлекторот штосе наоѓа меѓу задните потпирачи
за глава така што ќе го лизгате
настрана кон левата страна на
возилото.■ Вметнете го адаптерот на дефлекторот со накосување во
спротивниот жлеб на водилката.
■ Лизгајте го дефлекторот во водилката кон десната страна одвозилото додека добро да се
намести.
■ Кренете го задниот потпирач за грб.
Отстранете го дефлекторот по
обратен редослед.
Местење на големиотдефлектор за ветер ■ Извадете го дефлекторот од торбата.
Page 54 of 301

52Клучеви, врати и прозорци
■ Извлечете ги четирите јазичињаза заклучување на дефлекторот:
горните кои имаат пружина
искокнуваат со свртување на
јазичињата надвор од држачите
на двете страни, а долните
искокнуваат со кревање на
степените на шините од двете
страни.
■ Раширете го дефлекторот за ветер.■ Во шарката зад предните седишта вметнете ги десните
јазичиња за заклучување во
жлебовите на десната страна на
рамката во близина на задното
седиште. Малку преклопете го
дефлекторот на средината и
вметнете ги левите јазичиња за
заклучување во жлебовите на
рамката на левата страна.
Проверете дали сите јазичиња
се добро наместени. Притиснете го дефлекторот во средината.■ Свртете го горниот дел во вертикална позиција.
Задните седишта не смее да бидат
зафатени кога се монтира
големиот дефлектор за ветер.
Вертикалниот дел од дефлекторот
може да се спушти надолу кога не
се користи.
Дефлекторот за ветер може да
остане монтиран кога мекиот кров
е затворен.
За да го отстраните спуштениот
вертикален дел на дефлекторот, кренете го малку дефлекторот во
средината и извадете го од
жлебовите на двете страни.
Page 55 of 301

Клучеви, врати и прозорци53
Пакување на дефлекторот за
ветер
За да го спакувате дефлекторот, придвижете ги задните јазичиња за заклучување така што ќе ги турнете
наназад и ќе ги завртите во
држачите. Туркајте ги наназад
шините на предните јазичиња за
заклучување додека добро да се
наместат. Сколопете го
дефлекторот и спакувајте го во
торбата.
Преклопете ги задните потпирачи
за грб. Исправете ја тврдата
покривка на торбата во товарниот
простор. Поставете ја торбата од
долу нагоре странично во процепот
на горната рамка . Фиксирајте ја торбата со Velcro затворачи со
алки за врзување на двете страни.
Кренете ги задните потпирачи за
грб.
Систем за заштита од
превртување Системот за заштита од
превртување се состои од
зајакната рамка на
шофершајбната и покриени шипки
за заштита при превртување зад
задните потпирачи за глава.Во случај на превртување,
фронтален судир или страничен удар, шипките за заштита при
превртувањето се исправаат
нагоре за милисекунди. Тие исто
така се активираат заедно со
системите на предните и
страничните воздушни перничиња.
Забелешка
Не ставајте предмети на капаците
на шипките за заштита од
превртување зад потпирачите за
глава.
Контролната сијаличка за
воздушните перничиња v се пали
ако шипките против
превртувањето биле активирани.
Системот се активира кога мекиот
покрив е отворен или затворен.
Не смее да се ракува со мекиот
покрив ако шипките за заштита при превртување биле активирани. Ако
прекинувачот бил активиран, ќе се
огласи континуиран
предупредувачки звук и ќе се
појави порака во Информативниот
центар за возачот.
Page 56 of 301

54Седишта, потпирачиСедишта, потпирачиПотпирачи за глава .................... 54
Предни седишта ......................... 56
Безбедносни ремени .................64
Систем на воздушни перничиња .................................. 68
Системи за врзување на деца ..75Потпирачи за глава
Положба9 Предупредување
Возете само кога потпирачот за
глава е наместен во правилната
положба.
Горниот раб од потпирачот за
глава треба да биде на нивото на
горниот дел од главата. Ако тоа не
е возможно за особено високи луѓе, наместете го во највисоката
положба, а за пониски луѓе
наместете го во најниската
положба.
Местење Потпирачи за глава на предните
седишта
Местење на височината
Притиснете го копчето за
ослободување, наместете ја
височината, па заглавете го.
Page 57 of 301

Седишта, потпирачи55
Хоризонтално местење
Полека повлечете го перничето на
потпирачот за глава кон напред. Тој може да се заглави во неколку
положби.
За да се врати во својата најзадна положба, повлечете го целосно
нанапред и отпуштете го.
Потпирачи за глава на задните
седишта
Местење на височината
Повлечете го потпирачот за глава нагоре и оставете да се заглави. За да поместите надолу, притиснете
ја бравата за да се ослободи и
притиснете го потпирачот за
главата надолу.
Вадење на задниот потпирач за
главата
На пр., кога се користи систем за
врзување на деца 3 75.
Притиснете ги двете спојки,
повлечете го потпирачот за глава
угоре и извадете го.
Ставете го потпирачот за глава во
мрежеста торба и прицврстете го
долниот дел од торбата со
прицврстувачите велкро на подот
на товарниот простор. Погодна
мрежеста торба можете да
набавите кај сервисерот.
Page 58 of 301

56Седишта, потпирачиАктивни потпирачи заглава Во случај на удар одзади, предните
делови на активните потпирачи за
глава се движат малку нанапред. Затоа главата е поткрепена така
што ризикот од повреда на вратот е намален.
Забелешка
Одобрената дополнителна
опрема може да се прикачи само ако не се користи седиштето.Предни седишта
Положба на седиштата9 Предупредување
Возете само со правилно
наместено седиште.
■ Седете така да задникот да биде
колку е можно поназад до
потпирачот за грб. Наместете го
растојанието помеѓу седиштето
и педалите така што нозете ќе
бидат малку свиткани кога ги
притиснувате педалите. Лизнете
го совозачкото седиште колку е
можно поназад.
■ Седете така што рамениците ќе бидат колку е можно поназад до
потпирачот за грб. Наместете ја
накосеноста на потпирачот за
грб така што ќе може лесно да се дофати воланот со благо
свиткани лакти. Гледајте да има
контакт помеѓу рамениците и
потпирачот за грб кога го вртите
воланот. Не го навалувајте
потпирачот за грб премногу
назад. Препорачуваме
максимална накосеност од околу
25°.
■ Местење на воланот 3 93.
■ Наместете ја височината на седиштето доволно високо да
имате добра видливост од сите
страни и на сите инструменти на
екранот. Би требало да има
слободен простор од најмалку
една рака помеѓу главата и
рамката на покривот. Колковите
Page 59 of 301

Седишта, потпирачи57
би требало да лежат леко врз
седиштето без да го притискаат
него.
■ Наместете го потпирачот за глава 3 54.
■ Намастете го потпирачот за колковите така што ќе има
простор со ширина од околу два
прста помеѓу работ на седиштето и шуплината на коленото.
■ Наместете го потпирачот за половината така што ќе го
поткрепува природниот облик
на ’рбетот.
Местење на седиштата9 Опасност
Не седете поблиску од 25 см до
воланот за да се овозможи
безбедно отворање на
воздушното перниче.
9 Предупредување
Никогаш не ги местете
седиштата додека возите
бидејќи тие може да се движат
неконтролирано.
Возете само со заглавени седишта
и потпирачи за грб.
Местење на должината на
седиштата
Повлечете ја рачката, слизнете го
седиштето, отпуштете ја рачката.
Потпирач за грб на седиштето
Свртете ја рачката наназад,
наместете ја наваленоста и
отпуштете ја рачката. Нека се
заглави потпирачот за грб чујно.
Page 60 of 301

58Седишта, потпирачи
Височина на седиштето
Пумпање со рачката
угоре=седиштето
погореудолу=седиштето
подолуНавалување на седиштата
Пумпање со рачката
угоре=предниот крај
погореудолу=предниот крај
подолуПотпирач за половината
Дотерајте го потпирачот за
половината користејќи го
четиринасочниот прекинувач за да
им одговара на личните барања.
Местење на потпирачот нагоре и
надолу: притиснете го
прекинувачот угоре или удолу.
Зголемување и намалување на
потпирачот: притиснете го
прекинувачот нанапред или
наназад.