OPEL COMBO 2016 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2016, Model line: COMBO, Model: OPEL COMBO 2016Pages: 213, PDF Size: 4.54 MB
Page 151 of 213

Нега на возилото149Нега на возилотоОпшти информации.................150
Додатоци и модификации на возилото ................................ 150
Чување на возилото ..............150
Демонтирање на возилото на крајот на работниот век .......151
Прверки на возилото ...............151
Вршење работа ...................... 151
Хауба ...................................... 151
Моторно масло ......................152
Ладилник ................................ 153
Течност за серво управување ........................... 154
Течност за миење ..................154
Сопирачки .............................. 154
Течност за сопирачките ........155
Акумулатор ............................. 155
Замена на четкичките на бришачите ............................. 156
Замена на сијалиците ..............157
Халогенски предни фарови ..158
Фарови за магла ....................160
Задни светла .......................... 160
Странични трепкачи ..............161Средишно високо монтирано
стоп-светло ........................... 161
Светло за регистарската табличка ................................ 161
Внатрешни светла .................162
Осветлување на таблата со инструменти .......................... 163
Електричен систем ..................163
Осигурувачи ........................... 163
Кутија со осигурувачи во моторниот простор ...............165
Кутија со осигурувачи во
таблата со инструменти .......166
Прирачен алат ......................... 167
Алати ...................................... 167
Тркала и гуми ........................... 168
Зимски гуми ............................ 168
Ознаки на гумите ...................168
Притисок на гумите ................ 169
Систем за следење на притисокот на гумите ...........169
Длабочина на шарата ...........171
Менување на големината на гумите и тркалата .................172
Раткапни ................................. 172
Синџири за гуми ..................... 173
Комплет за поправање гуми . 173
Менување тркала ................... 176
Резервно тркало ....................178Палење со кабли ......................181
Влечење ................................... 182
Влечење на возилото ............182
Влечење друго возило ..........183
Нега за изгледот ......................184
Нега на надворешноста ........184
Нега на внатрешноста ........... 186
Page 152 of 213

150Нега на возилотоОпшти информацииДодатоци и модификациина возилото
Го препорачуваме користењето на
оригинални делови и опрема, и
делови одобрени од фабриката
специфично за Вашиот вид на возило. Не можеме да оцениме или
гарантираме сигурност за други
производи - дури и да имаат
регулативно или поинаку дадено
одобрение.
Не вршете преиначувања на
електричниот систем, на пр.
измени на електронските
контролни уреди (чип тјунинг).Внимание
При превезување на возилото
со воз или со возило за
влечење, калниците може да се
оштетат.
Чување на возилото
Складирање за долго времеАко возилото има да се складира за
повеќе месеци:
● Измијте го и полирајте го возилото.
● Нека Ви ја проверат заштитата
со восок во моторниот простор
и подвозје.
● Исчистете ги и намачкајте ги гумените кедери.
● Наполнете го резервоарот за гориво целосно.
● Сменете го моторното масло.
● Исцедете го садот за течноста за миење.
● Проверете ги течноста за ладење, антифризот и
заштитата од корозија.
● Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста
определена за полна
натовареност.● Паркирајте го возилото на суво, добро проветрено место.
Ставете го возилото во прва
брзина или во рикверц за да не се движи.
● Не затегнувајте ја рачната сопирачка.
● Отворете ја хаубата, затворете
ги сите врати и заклучете го
возилото.
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Внимавајте сите системи да
бидат исклучени, на пр.
системот за заштита при
кражба.
Враќање во работна состојба
Кога возилото има да се врати в
работа:
● Поврзете ја клемата со негативниот пол на
акумулаторот од возилото.
Активирајте ја електрониката
на електричните прозорци.
● Проверете го притисокот во гумите.
Page 153 of 213

Нега на возилото151● Наполнете го садот затечноста за миење.
● Проверете го нивото на моторното масло.
● Проверете го новито на течноста за ладење.
● Наместете ги регистарските таблички ако е потребно.
Демонтирање на возилото
на крајот на работниот век
Информациите за центрите за
демонтирање и рециклирање на
возилата што се на крајот од својот
работен век се наоѓаат на нашата
веб страна. Доверете му ја оваа
работа само на овластен центар за рециклирање.
Возилата на природен гас мора да
ги рециклира сервисен центар
овластен за возила на природен
гас.Прверки на возилото
Вршење работа9 Предупредување
Вршете проверки на моторниот
простор само кога е исклучено палењето.
Вентилаторот за ладење може
да проработи дури и ако е
исклучено палењето.
9 Опасност
Системот за палење користи
крајно висока волтажа. Не
допирајте го.
Хауба
Отворање
Повлечете ја рачката за
ослободување и вратете ја во
својата оригинална положба.
Page 154 of 213

152Нега на возилото
Притиснете ја безбедносната
спојка и отворете ја хаубата.
Прицврстете го потпирачот на
хаубата.
Ако багажникот е отворен за време
на Autostop, моторот ќе се запали
повторно автоматски поради
безбедноста.
Систем за сопирање-поаѓање
3 125.
Затворање
Спуштете ја хаубата и оставете да
падне на бравата од мала висина
(приближно 20 см). Проверете
дали хаубата е заглавена.
Моторно масло
Проверувајте го нивото на
моторното масло рачно за да нема
оштетувања на моторот.
Уверувајте се дека се користи
масло со правилната
спецификација. Препорачаните
течности и средства за
подмачкување 3 189.
Контролна сијаличка S за ниско
ниво на моторното масло 3 93.
Проверувајте го со возилото на
рамна површина. Моторот треба
да биде со работна температура и
изгаснат за најмалку 5 минути.Извлечете ја прачката, исчистете
ја со бришење, вметнете ја до
запирот на рачката, извлечете ја и
отчитајте го нивото на моторното
масло.
Вметнете ја прачката докрај на
рачката и свртете ја за пола
вртење.
Кога нивото на моторното масло
паднало до ознаката MIN дотурете
моторно масло.
Page 155 of 213

Нега на возилото153
Ја препорачуваме употребата на
моторно масло од иста класа со тоа коешто беше употребено при
поселдното менување.
Нивото на моторното масло не
смее да ја надмине ознаката MAX
на прачката.
Внимание
Вишокот на моторното масло
треба да се исиса или да се
отстрани.
Зафатнини 3 200.
Наместете го капачето право и
затегнете го.
Ладилник
Средството за ладење овозможува
заштита од замрзнување до околу
-28 °C. Во северните земји со многу ниски температури фабрички
наполнетото средство за ладење
овозможува заштита од
замрзнување до околу -37 °C.Внимание
Употребувајте само одобрен
антифриз.
Ниво на течноста за ладење
Внимание
Прениското ниво на течноста за
ладење може да предизвика
оштетување на моторот.
Ако системот за ладење е студен,
течноста за ладење треба да биде
меѓу ознаката MIN и MAX . Дотурете
ако нивото е ниско.
9 Предупредување
Оставете моторот да се олади
пред да го отворите капачето. Внимателно отворајте го
капакот, ослободуваќи го вишок
притисокот полека.
За дотурање користете 1:1
мешавина на купен концентрат од
течност за ладење мешан со чиста вода од чешмата. Ако не е
Page 156 of 213

154Нега на возилотодостапен концентрат од течност заладење, користете чиста вода од
чешмата. Ставете го капакот
цврсто. Нека Ви ја провери
концентрацијата на течноста за
ладење и нека Ви ја отстрани
причината на губење на течноста
за ладење автомеханичар.
Течност за серво
управување
Ако нивото на течноста во
резервоарот падне под ознаката
MIN , посоветувајте се со
автомеханичар.
Во случај на невообичаен звук за
време на управувањето или ако
серво управувањето реагира
сомнително, побарајте помош во
сервис.
Течност за миење
Наполнете со чиста вода мешана
со соодветно количество течност
за миење на шофершајбната која
содржи антифриз.
Внимание
Само течностите за миење со
доволна концентрација на
антифриз даваат заштита при
ниски температури или нагол
пад во температурата.
Користењето течност за миење
што содржи изопропанол може
да ги оштети надворешните
ламби.
Сопирачки
Шкрипењето или светнувањето на
контролниот индикатор за
изабеноста на пакните на
сопирачките F означува дека
дебелината на пакните е на
минимум.
Можно е да се продолжи со
возењето, но нека Ви ги заменат
пакните на сопирачките колку е
можно поскоро.
Штом се ставени нови пакни, не
сопирајте непотребно силно при
првите неколку патувања.
Индикатор за изабеноста на
пакните на сопирачките F 3 89.
Page 157 of 213

Нега на возилото155Течност за сопирачките9Предупредување
Течноста за сопирачките е
отровна и нагризува. Избегнете
контакт со очите, кожата,
текстил и бојадисани површини.
Нивото на течноста за сопирачките
мора да биде помеѓу ознаките MIN
и MAX .
Кога дотурате, уверете се дека течноста е сосема чиста бидејќи
загадената течност за сопирачките може да доведе до неисправности
во системот на сопирачки. Нека Ви
ја отстрани причината на губењето
на течноста за сопирачките
автомеханичар.
Користете течност за сопирачките
само со високи перформанси
одобрена за возилото.
Течност за сопирачките и за
куплунгот 3 189.
Акумулатор
Акумулаторот на возилото не се
сервисира под услов
карактеристиките на возењето да
овозможат доволно полнење на
акумулаторот. Возењето по кратки растојанија и чести палења на
моторот можат да го испразнат
акумулаторот. Избегнувајте ја
употребата на непотребни
електрични потрошувачи.Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Паркирањето на возилото за
подолго од 4 недели може да
доведе до празнење на
акумулаторот. Откачете го
негативниот пол од акумулаторот
на возилото.
Уверете се дека палењето е
исклучено пред да го поврзете или
откачите акумулаторот на
возилото.
Заштита на акумулаторот од
празнење 3 113.
Замена на акумулаторот Забелешка
Непочитувањето на упатствата
дадени во овој пасус може да
доведе до привремено
исклучување на системот за
сопирање-поаѓање.
Page 158 of 213

156Нега на возилотоКај возилата со систем за
сопирање-поаѓање, внимавајте да
се користи соодветен акумулатор
за замена. Препорачуваме
акумулаторот да Ви го замени
автомеханичар.
Систем за сопирање-поаѓање
3 125.
Полнење на акумулаторот9 Предупредување
Кај возилата со систем за
сопирање-поаѓање, внимавајте потенцијалот за полнење да не
надмине 14,6 волни кога
користите полнач на
акумулатори. Инаку,
акумулаторот може да се
оштети.
Палење со кабли 3 181.
Предупредувачки натпис
Значење на симболите:
● Без искри, отворени огнови или
пушење.
● Секогаш заштитете ги очите. Експлозивните гасови може да
предизвикаат слепило или
повреда.
● Чувајте го акумулаторот вон дофат на деца.
● Акумулаторот содржи сулфурна киселина што може
да предизвика слепило или
тешки изгореници.
● Видете го упатството за сопственикот за понатамошни
информации.
● Може да има експлозивен гас во близина на акумулаторот.
Замена на четкичките на бришачите
Кренете го бришачот до исправена положба, притиснете го копчето за
да ја ослободите четкичката и
извадете ја.
Прицврстете ја четкичката на
бришачот под мал агол во однос на рачката на бришачот и притиснете
ја се додека не се заглави.
Page 159 of 213

Нега на возилото157Спуштете ја рачката на бришачот
внимателно.
Четкичка на бришач на задна
нелизгачка врата
Кренете ја четичката на бришачот,
притиснете го и држете ја спојката
и откачете ја четкичката.
Прицврстете ја четкичката на
бришачот под мал агол во однос на рачката на бришачот и притиснете
ја се додека не се заглави.
Спуштете ја рачката на бришачот
внимателно.
Четкичка на бришач на задна
врата
Подигнете ја рачката на бришачот,
притиснете ги држачите за да
излезе четкичката на бришачот.
Прицврстете ја четкичката на
бришачот на рачката на бришачот
и притиснете ја се додека не се
заглави.
Спуштете ја рачката на бришачот
внимателно.
Замена на сијалиците
Исклучете го палењето и исклучетего соодветниот прекинувач или
затворете ги вратите.
Држете ги новите сијалици само кај
базата! Не допирајте го стаклото на
сијалицата со голи раце.
Користете само ист вид сијаличка
за замена.
Заменете ги сијалиците на
фаровите од внатрешноста на моторниот простор.
Проверка на ламбите
По замена на ламба, вклучете го
палењето, вклучете ги и проверете ги светлата.
Page 160 of 213

158Нега на возилотоХалогенски преднифарови
Предните фарови имаат одделни
системи за средно/странично
светло 1 (надворешна ламба),
долго светло/светло за дневно
возење 2 (внатрешна ламба).
За да пристапите до сијалиците,
извадете ги заштитните капаци.
Средно светло 1. Извадете го заштитниот капак.
2. Одвојте го приклучокот од сијалицата.
3. Одвојте ја спојката иотстранете ја сијалицата од
фарот.
4. Вметнете нова сијалица во фарот така што јазичето за
лоцирање на сијалицата ќе се
поклопува со процепот на
фарот.
5. Закачете го приклучокот за сијалицата.
6. Ставете ја спојката.
7. Монтирајте го заштитниот капак.
Долги светла 1. Извадете го заштитниот капак.
2. Одвојте го приклучокот од сијалицата.
3. Одвојте ја спојката и отстранете ја сијалицата од
фарот.
4. Вметнете нова сијалица во фарот така што сијалицата ќе
се поклопува со процепот на
фарот.
5. Закачете ја жицата и приклучете го приклучокот на
ламбата.
6. Монтирајте го заштитниот капак.