OPEL COMBO E 2019.1 Прирачник за инфозабавата
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2019.1, Model line: COMBO E, Model: OPEL COMBO E 2019.1Pages: 139, PDF Size: 2.54 MB
Page 81 of 139

Радио81Радио податочен систем
Радиоподаточен систем (RDS) е
услуга на FM станиците која
значително го олеснува наоѓањето на саканата станица и приемот за
неа без грешка.
Предности на RDS ● На екранот се појавуваат името на програмата на
станицата наместо
фреквенцијата.
● При барање станици, Инфозабавниот систем мести
само станици со RDS.
● Инфозабавниот систем секогаш ја пушта
фреквенцијата со најдобар
прием на наместената станица
со помош на AF (алтернативна
фреквенција).
● Зависно од станицата што се прима, инфозабавниот систем
прикажува радио текст што може да содржи, на пример,информации за актуелната
програма.Активирање RDS
Во главниот изборник за радио,
изберете OPTIONS (ОПЦИИ) и
активирајте RDS.
Ако е активирано RDS, во долниот
ред од главниот изборник за радио
се прикажува RDS.
Радио текст
Ако е активирано RDS,
информациите за радио
програмата што е активна во
моментот или музичката нумера
што се репродуцира во моментот
се прикажуваат под името на
програмата.
За да ја прикажете или скриете информацијата, одете до
изборникот OPTIONS (ОПЦИИ) и
активирајте или деактивирајте
Information (Информации) .
Сообраќајни соопштенија
Многу станици со RDS емитуваат
сообраќајни вести. Ако е
активирана функцијата за
сообраќајни соопштенија,репродукцијата на радио или
медиуми се прекинува во текот на сообраќајните соопштенија.
За да активирате сообраќајни
соопштенија, одете до изборникот
OPTIONS (ОПЦИИ) и активирајте
TA .
Ако е активирано TA, во долниот
ред од главниот изборник за радио
се прикажува TA.
Дигитална аудио дифузија
Дигиталната аудиодифузија (DAB)
емитува радиостаници дигитално.
Станици со DAB се означуваат со името на програмата наместо
фреквенцијата на емитувањето.
Општи информации ● Со DAB може да се емитуваат повеќе радиопрограми
(сервиси) на еден ансамбл.
● Покрај висококвалитетните дигитални аудио услуги, DAB
исто така е способен да
предава податоци поврзани со
програмите и мноштво други
Page 82 of 139

82Радиоподаточни услуги вклучувајќи
информации за патувањето и
за сообраќајот.
● Се додека еден даден DAB приемник може да го фати
сигналот испратен од некоја
станица за дифузија (дури ако
сигналот е многу слаб),
репродукцијата на звукот е
обезбедена.
● Во случај на лош прием, гласноста се намалува
автоматски за да се избегне емитување бучава.
Ако DAB сигналот е премногу
слаб за дешифрирање со
приемникот, приемот се
прекинува целосно. Овој
инцидент може да се избегне
со активирање на автоматско
следење DAB-FM, видете
подолу.
● Пречење предизвикано од станиците кои се на блиски
фреквенции (појава која е
типична за приемот AM и FM)
не се појавува со DAB.● Ако DAB сигналот го одбиваат природни пречки или згради,
квалитетот на приемот на DAB
се подобрува, додека AM или
FM приемот значително се
влошува во таквите случаи.
● Кога е вклучен прием DAB, FM-
приемникот на инфозабавниот
систем останува активен во
заднина и постојано ги бара
FM-станиците со најдобар
прием. Ако е вклучено Traffic
announcement (Сообраќајно
соопштение) 3 81, се
емитуваат сообраќајните
соопштенија на FM-станицата со најдобар прием. Исклучете
го Traffic announcement
(Сообраќајно соопштение) ако
не сакате приемот DAB да се
прекинува со сообраќајни
соопштенија FM.
Поврзување FM-DAB
Оваа функција овозможува
префрлање од станица FM на
соодветна станица DAB и обратно.Префрлањето од FM на DAB се
случува штом е достапна
соодветна станица DAB. Затоа, се
препорачува да ги зачувате
омилените станици како станици
DAB за да се намали честото
префрлање.
Префрлањето од DAB на FM се
случува ако сигналот е премногу слаб за да може приемникот да го
прими.
Активирање
Предуслов е да биде активирана RDS пред да може да се активира
Поврзување FM-DAB.
За да активирате Поврзување FM-
DAB, изберете OPTIONS (ОПЦИИ)
во главниот изборник за радиото,
па активирајте FM-DAB Follow-up
(Следење FM-DAB) .
Кога е активирано Поврзување FM-
DAB, се прикажува следниов
симбол:
Page 83 of 139

Радио83
Деактивирање
За да деактивирате Поврзување
FM-DAB, изберете OPTIONS
(ОПЦИИ) во главниот изборник за
радиото, па откажете го изборот на
FM-DAB Follow-up (Следење FM-
DAB) .
Поврзувањето FM-DAB ќе се
деактивира автоматски кога ќе се
деактивира RDS.
Page 84 of 139

84ЦД-уредЦД-уредОпшти информации...................84
Употреба ..................................... 84Општи информации
CD-плеерот за репродуцирање
аудио CD и MP3 CD се наоѓа во
просторот за складирање до Инфо-
екранот.Внимание
Никогаш не ставајте ДВД-а,
сингл ЦД-а со пречник од 8 см
или ЦД-а со посебен облик во аудио плеерот.
Не ставајте налепници на ЦД- ата. Тие дискови може да се
заглават во погонот за ЦД и да
го уништат плеерот. Тогаш ќе
мора да се замени уредот.
Употреба
Започнување репродукција од
ЦД
Вметнете аудио или MP3 ЦД со
страната со етикетата свртена
нагоре во отворот за ЦД додека не
се вовлече.
Репродукцијата на ЦД-то почнува
автоматски и се прикажува
главниот изборник за ЦД.
Ако веќе има ставено ЦД, но
главниот изборник за ЦД не е
активен:
Притиснете b, изберете SOURCES
(ИЗВОРИ) , па изберете ЦД.
Репродуцирањето на ЦД-то
започнува.
Ракување
За детален опис на функциите за репродуцирање на музички нумери
3 86.
Вадење на ЦД
Притиснете R. ЦД-то се турка
надвор од процепот за ЦД.
Ако ЦД-то не се извади по
исфрлувањето, истото ќе се
повлече повторно назад по неколку секуди.
Page 85 of 139

Надворешни уреди85Надворешни
уредиОпшти информации ...................85
Репродукција на звук .................86
Прикажување слики ...................87
Користење апликации за
паметни телефони .....................88Општи информации
На контролната табла има USB-
приклучок. Друг USB-приклучок
може да се наоѓа во просторот за
складирање до Инфо-екранот.Внимание
За да заштитите системот, не
користете USB-разделник.
Забелешка
USB-приклучоците секогаш треба
да се чуваат чисти и суви.
USB-приклучоци
Во секој USB-приклучок може да се
приклучат МP3-плеер, USB-уред, SD-картичка (преку приклучок /
адаптер за USB) или паметен
телефон.
Инфозабавниот систем може да
репродуцира аудиодатотеки или
да прикажува слики што се
зачувани на USB-уреди.
Кога се поврзани со USB-
приклучок, со разни функциите на
уредите може да се ракува преку
контролите и изборниците на
Инфозабавниот систем.
Забелешка
Инфозабавниот систем не ги
поддржува сите помошни уреди.
Забелешка
Ако се достапни два USB-
приклучоци: за да ја користите
карактеристиката за проекција на
телефонот 3 88 на
Инфозабавниот систем,
паметниот телефон треба да биде
поврзан преку USB-приклучокот
на контролната табла. USB-
приклучокот во просторот за
складирање не може да се
користи за Apple CarPlay.
Поврзување / откачување уред
Поврзете еден од горенаведените
уреди во приклучок за USB. Ако е
потребно, користете соодветен
кабел за поврзување. Музичката
функција почнува автоматски.
Page 86 of 139

86Надворешни уредиЗабелешка
Ако се поврзе уред USB што не
може да се прочита, се појавува
соодветна порака за грешка и
Инфозабавниот систем
автоматски се префрлува на
претходната функција.
За да ја прекинете врската со
уредот USB, изберете друга
функција, па отстранете го уредот USB.Внимание
Не откачувајте го уредот за
време на репродукција. Така
може да се оштети уредот или
Инфозабавниот систем.
Пренесување аудио преку
Bluetooth
Пренесувањето ви овозможува да слушате музика од паметниот
телефон.
За детален опис за
воспоставување поврзување
Bluetooth 3 93.
Ако репродуцирање аудио не
започне автоматски, можеби ќе
биде потребно да ја стартувате
репродукцијата од паметниот
телефон.
Прво приспособете ја гласноста на паметниот телефон (на високо
ниво). Потоа приспособете ја
гласноста на Инфозабавниот
систем.
Формати на фајлови Аудио опремата поддржува
различни формати на датотеки.
Репродукција на звук Активирање на функцијата за
музика
Поврзување уред USB или
Bluetooth 3 85.
Ако уредот е веќе поврзан, но
репродуцирањето на зачуваните
музички датотеки не е активно:
Притиснете b, изберете SOURCES
(ИЗВОРИ) , па изберете го
соодветниот извор.Репродукцијата на звучните записи
почнува автоматски.
Функции за репродуцирање
Прекинување и продолжување на
репродукцијата
Допрете = за да го прекинете
репродуцирањето. Екранското
копче се менува во l.
Допрете l за да го продолжите
репродуцирањето.
Репродуцирање на претходната
или следната нумера
Допрете < или >.
Брзо напред и брзо назад
Допрете и задржете < или >.
Отпуштете за да се вратите во
нормален режим на репродукција.
Или може да го движите лизгачот
што ја покажува моменталната
положба на записот налево или
надесно.
Page 87 of 139

Надворешни уреди87Произволна репродукција на
записите
Изберете OPTIONS (ОПЦИИ) и
допрете ја иконата Random (По
случаен избор) неколку пати:
j : се пуштаат нумерите од
моментално избраниот список
(албум, изведувач и др.) по
случаен редослед.
k : се пуштаат нумерите од
моментално избраниот список
(албум, изведувач и др.) по
нормален режим за
репродуцирање.Повторување нумери
Изберете OPTIONS (ОПЦИИ) и
допрете ја иконата Repeat
(Повтори) n неколку пати за да
изберете една од следниве опции:
● ги повторува нумерите од моментално избраниот список
(албум, изведувач и др.)
● ги повторува нумерите од моментално избраниот список
(албум, изведувач и др.) еднаш
● се пуштаат нумерите од моментално избраниот список
(албум, изведувач и др.) по
нормален режим за
репродуцирање
Прикажување слики
Може да гледате слики зачувани на уред USB.
Активирање на прегледникот
на слики
Поврзување уред USB 3 85.
Ако уредот е веќе поврзан, но
прегледникот на слики не е
активен:Притиснете d, изберете Photos
(Фотографии) и изберете ја
саканата папка и слика.
Допрете го екранот за да се
прикаже лентата за избор.
Гледање на претходната или
следната слика
Допрете l или m.
Почнување или прекинување
на приказ на слајдови
Изберете l за да ги гледате
сликите зачувани на уредот USB
како слајдови.
Page 88 of 139

88Надворешни уредиДопрете / за да го прекинете
приказот на слајдовите.
Користење апликации за паметни телефони
Проекција на телефонот Апликациите за проекција на
телефонот , Apple CarPlay и Android
Auto, прикажуваат избрани
апликации од паметниот телефон
на Инфо-екранот и овозможуваат
управување директно преку
контролите за инфозабава.
Проверете кај производителот на
уредот дали оваа функција е
компатибилна со вашиот паметен
телефон и дали оваа апликација е
достапна во земјата во која се
наоѓате.
Подготвување на паметниот
телефон
iPhone ®
: уверете се дека Siri ®
е
активирано на телефонот.Телефон со Android: Преземете ја
апликацијата Android Auto на
телефонот од продавницата
Google Play™.
Поврзување на паметниот
телефонiPhone
Поврзете го телефонот со USB-
приклучокот 3 85.
Ако телефонот веќе е поврзан
преку Bluetooth, по поврзувањето
со USB-приклучокот и активирање
на Apple CarPlay, поврзувањето
преку Bluetooth ќе се исклучи.
Откако ќе го исклучите
поврзувањето преку USB,
телефонот повторно ќе се поврзе
преку Bluetooth.Телефон Android
Поврзете го телефонот преку
Bluetooth 3 93, па поврзете го
телефонот преку USB-приклучок
3 85.Вклучување на проекцијата на
телефонот
Ако проекцијата на телефонот не
започнува автоматски, притиснете
a , па допрете Apple CarPlay или
Android Auto .
Прикажаниот екран за проекција на
телефонот зависи од паметниот
телефон и верзијата на софтверот.
Враќање на Инфозабавниот екран
Притиснете го, на пример, копчето
b на контролната плоча.
Page 89 of 139

Препознавање говор89Препознавање
говорОпшти информации ...................89
Користење .................................. 90Општи информации
Вградена функција за
препознавање говор
Вградената функција за
препознавање говор на
инфозабавниот систем
овозможува ракување со различни
функции на инфозабавниот систем со глас. Таа приметува наредби и
нумерички низи независо од
односниот говорник. Наредбите и
низа на броеви може да се кажат
без пауза во зборувањето помеѓу
поединечните зборови.
Во случај на неправилно ракување
или наредби, препознавањето
говор дава визуелна и / или звучна повратна информација и бара
повторно да ја внесете саканата
наредба. Покрај тоа, контролата на
гласот потврдува важни наредби и
ќе се распраша ако е потребно.
Во основа, постојат три различни
начини за изговарање наредби за
да може да се извршат саканите
активности.Забелешка
За да не доведат разговорите во
возилото до ненамерно
активирање на системските
функции, препознавањето говор
не се вклучува додека не се
активира.
Важни информацииПоддршка за јазици ● Не сите достапни јазици за приказ на Инфозабавниот
систем се достапни и за
препознавање говор.
● Доколку моментално избраниот јазик за приказ не е
поддржан од функцијата за препознавање говор, тогаш
препознавањето говор не е
достапно.
Во тој случај, треба да
изберете друг јазик за приказ
ако сакате да го контролирате
Инфозабавниот систем преку
говорно внесување. За да го
промените јазикот на екранот
3 75.
Page 90 of 139

90Препознавање говорАпликација за пренесување на
гласот
Апликацијата за пренесување на
гласот на инфозабавниот систем
овозможува пристап до наредбите
за препознавање говор на вашиот
смартфон.
Апликација за пренесување на
гласот е достапна преку
апликациите за проекција на
телефонот Apple CarPlay и Android
Auto 3 88.
Користење Вградена функција за
препознавање говор
Активирање на контролата на
гласот
Забелешка
Препознавањето говор не е
достапно за време на повик.Активирање преку копчето w на
воланот
Притиснете w на воланот.Аудио системот се стишува,
говорна порака ви кажува да
кажете наредба, а изборниците за
помош со најважните достапни
команди се прикажуваат на
екранот.
Препознавањето говор е
подготвено за внесување говор
откако ќе се слушне звук.
Сега може да кажете говорна
наредба за да вклучите некоја
функција на системот (пр. пуштање
претходно поставена
радиостаница).
Прилагодување на гласноста на
говорните потсетници
Притиснете го копчето за гласност
на воланот нагоре (зголемување
на гласноста) À или надолу
(намалување на гласноста) Á.
Прекинување говорен потсетник Како искусен корисник, може да
прекинете говорен потсетник со
кусо притискање на w на воланот.
Или може да речете „Постави го
режимот за дијалог како експерт“.Веднаш се слуша писок и
наредбата може да се каже без
чекање.
Откажување дијалошка низа
За да откажете дијалошка низа и да го деактивирате препознавањето
на говорот, притиснете v на
воланот.
Ако не изговорите наредба
одреден временски период или ако изговорите наредби кои системот
не ги препознава, дијалошката
низа автоматски се откажува.
Работа со говорни наредби
Следете ги упатствата од
говорните насоки и оние
прикажани на екранот.
За најдобри резултати: ● Слушнете го говорниот потсетник и почекајте писок
пред да кажете наредба или да одговорите.
● Прочитајте ги наредбите за пример што се прикажани на
екранот.