OPEL COMBO E 2019 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2019, Model line: COMBO E, Model: OPEL COMBO E 2019Pages: 313, PDF Size: 10.34 MB
Page 231 of 313

Возење и ракување229Внимание
Веднаш избришете го горивото
што претекло.
За да го затворите, свртете го
капачето на резервоарот надесно
додека да кликне.
Затворете ја вратичката и оставете
да се заглави.
Капаче за полнење гориво
Користете само оригинални
капачиња за полнење гориво.
Возилата со мотори на дизел
имаат специјални капачиња за
полнење гориво.
Кука за приколки
Општи информацииУпотребувајте само таква опрема
за влечење која е одобрена за
Вашето возило.
Доверете му го отпослежното
монтирање на опремата за
влечење на автомеханичар. Може
да биде потребно да се извршат
измени кои делуваат врз системот
за ладење, топлоотпорните
обвивки или друга опрема.
Функцијата за откривање
откажување на сијаличките за
светлото на сопирачките на
приколката не може да открие
делумно откажување на
сијаличките, на пример, во случај
на четири сијалички со моќност од
5 W, открива откажување на
сијаличките само кога останала
само една или ниту една сијаличка
од 5 W.
Монтирањето на опрема за
влечење може да го прекрие
отворот на алката за влечење. Ако
е така, за влечење користете јавлечната кука. Секогаш чувајте ја
влечната кука во возилото за да ви
биде при рака ако е потребно.
Возни карактеристики,совети за влечење
Пред да закачите приколка,
подмачкајте ја влечната топка со мазиво. Меѓутоа, не го правите тоа ако за намалување на кривулести
движења се употребува
стабилизатор, којшто делува врз
влечната топка.
При влечење приколка не ја
надминувајте брзината од 80 км/ч.
Максималната брзина од 100 км/ч е соодветна само ако се користиамортизер за осцилациите и
дозволената бруто тежина на
приколката не ја надминува
тежината на возилото при
сопирање.
За приколки со ниска стабилност
при возење и караван-приколки, се
препорачува користење на
амортизер за осцилации.
Page 232 of 313

230Возење и ракувањеАко приколката почне да се извива,
возете пополека, не обидувајте се
да го исправите управувањето и
сопирајте нагло ако е потребно.
Кога возите по удолнина, возете во
иста брзина како да возевте по
угорница и возете со слична
брзина на возилото.
Дотерајте го притисокот во гумите
до вредноста определена за полна
натовареност 3 294.
Влечење на приколка
Товари на приколката Дозволената оптовареност на
приколката е максимална вредност која зависи од возилото и моторот
и не смее да се пречекори.
Фактичката оптовареност на
приколката е разликата помеѓу
фактичката бруто тежина на
приколката и фактичката
оптовареност на влечната спојка кога е приклучена приколката.Дозволената оптовареност на
приколката е определена во
документите на возилото.
Воопшто, тие важат за стрмнини до 12%.
Дозволениот товар во приколката
се однесува на одредената
стрмнина и на надморската
височина. Бидејќи моќноста на
моторот се намалува со
зголемување на надморската
височина поради разретчување на
воздухот, со што се намалува и
способноста за искачување,
дозволената бруто влечна тежина
исто така се намалува за 10% на
секои 1000 метри надморска
височина. Бруто влечната тежина
не мора да се намалува кога се
вози по патишта со мала стрмнина
(помала од 8%, на пр. магистрални патишта).
Не смее да се пречекори
дозволената бруто тежина за
влечење. Таа тежина е наведена
на идентификациската табличка
3 285.Вертикална оптовареност на
влечната спојка
Вертикалната оптовареност на
влечната спојка е оптовареноста
којашто приколката ја врши врз
влечната топка. Таа може да се
менува со менување на
распределбата на тежината кога се товари приколката.
Максималната дозволена
вертикална оптовареност на
влечната спојка е забележана на
идентификациската табличка на
влечната опрема и во документите на возилото.
Секогаш трудете се за
максималната вертикална
оптовареност на влечната спојка, особено во случај на тешки
приколки. Вертикалната
оптовареност на влечната спојка никогаш не смее да падне под25 кг.
Page 233 of 313

Возење и ракување231Оптовареност на задната оска
Кога е прикачена приколка, а
влечното возило е целосно
натоварено, дозволената
оптовареност на задната оска
(видете ја идентификациската
табличка или документите на
возилото) може да се надмине за
60 кг, а вредноста за бруто тежина
на возилото не смее да се надмине. Ако се надмине дозволената
оптовареност на задната оска, максималната брзина е 100 км/ч.
Опрема за влечење
Во зависност од верзијата,
возилото може да биде опремено
со топчеста влечна кука која може
да е фиксна или да се вади.
Тип АВнимание
При работење без приколка извадете ја влечната кука со
топка.
Монтирање на топчестата влечна
кука
1. Поместете ја рачката во задна
положба.
2.Исчистете ги точките за контакт
со мека и чиста крпа.
3. Ставете ја топчестата влечна кука во отворот и притиснете
посилно додека не запре.
Правилно обезбедете ја
топчестата влечна кука така
што ќе ја поместите рачката во
заклучена положба, како што е
покажано на сликата.
4. Поврзете ја приколката.
Page 234 of 313

232Возење и ракување
5. Поврзете го приклучокот наприколката со штекерот.
6. Поврзете го кабелот што госпречува откачувањето на
приколката за алката на
носачот.9 Предупредување
Влечењето на приколка е
дозволена само ако влечната
кука е монтирана правилно. Ако влечната кука не е заглавена
правилно, побарајте помош од
автомехануичар.
Демонтирање топчеста влечна
кука
1. Исклучете го приклучокот на приколката.
2. Отстранете го кабелот што го спречува откачувањето на
приколката.
3. Отстранете ја приколката.
4. Поместете ја рачката на топчестата влечна кука во
задна положба. Отстранете ја
топчестата влечна кука така
што ќе ја повлечете.
Page 235 of 313

Возење и ракување2335. Поместете ја рачката натопчестата влечна кука во
предна положба.
Тип B
1. Поврзете го приклучокот од приколката во штекерот и
поврзете го кабелот што го
спречува откачувањето на
приколката за алката на
носачот.
2. Поврзете ја приколката.
Тип C
1. Отстранете го безбедносниот имобилизатор.
2. Повлечете ја рачката иотворете го прстенот за
влечење.
3. Поврзете ја приколката, затворете го прстенот за
влечење и поставете го
имобилизаторот.
4. Поврзете го приклучокот од приколката во штекерот и
поврзете го кабелот што го
спречува откачувањето на
приколката за алката на
носачот.
Page 236 of 313

234Возење и ракувањеПомош за стабилноста наприколката
Ако системот открие занесувања,
моќноста на моторот се намалува и
комбинацијата возила / приколка се кочи селективно додека не
престане занесувањето. Додека
системот работи, држете го
воланот колку што може помирно.
Помошта за стабилноста на
приколката е функција на
електронската контрола на
стабилноста 3 182.
Page 237 of 313

Нега на возилото235Нега на возилотоОпшти информации.................236
Додатоци и модификации на возилото ................................ 236
Чување на возилото ..............236
Демонтирање на возилото на крајот на работниот век .......237
Прверки на возилото ...............238
Вршење работа ...................... 238
Хауба ...................................... 238
Моторно масло ......................239
Ладилник ................................ 240
Течност за миење ..................241
Сопирачки .............................. 241
Течност за сопирачките ........241
Акумулатор ............................. 242
Цедење на системот со дизел гориво .................................... 243
Замена на четкичките на бришачите ............................. 243
Замена на сијалиците ..............244
Халогенски предни фарови ..244
LED предни фарови ..............247
Предни фарови за магла ......247
Предни трепкачи ....................248
Задни светла .......................... 249Странични трепкачи ..............251
Светло за регистарската табличка ................................ 252
Внатрешни светла .................252
Електричен систем ..................253
Осигурувачи ........................... 253
Кутија со осигурувачи во моторниот простор ...............254
Кутија со осигурувачи во таблата со инструменти .......255
Прирачен алат ......................... 256
Алати ...................................... 256
Тркала и гуми ........................... 257
Зимски гуми ............................ 257
Ознаки на гумите ...................258
Притисок на гумите ................ 258
Систем за откривање на издишаноста на гумите ........259
Длабочина на шарата ...........261
Менување на големината на гумите и тркалата .................261
Раткапни ................................. 262
Синџири за гуми ..................... 262
Комплет за поправање гуми . 262
Менување тркала ................... 266
Резервно тркало ....................267
Палење со кабли ......................272Влечење................................... 273
Влечење на возилото ............273
Влечење друго возило ..........275
Нега за изгледот ......................276
Нега на надворешноста ........276
Нега на внатрешноста ........... 278
Page 238 of 313

236Нега на возилотоОпшти информацииДодатоци и модификациина возилото
Го препорачуваме користењето на
оригинални делови и опрема, и
делови одобрени од фабриката
специфично за Вашиот вид на возило. Не можеме да оцениме или
гарантираме сигурност за други
производи - дури и да имаат
регулативно или поинаку дадено
одобрение.
Каква било измена, преиначување или други промени што се
направена на стандардните
спецификации на возилото
(вклучувајќи ги, без ограничување,
измените на софтверот, измените
на електронските контролни уреди)
може да ја поништи гаранцијата
што ја нуди Opel. Дополнително,
таквите промени може да влијаат
врз системите за помош на
возачот, врз потрошувачката на
гориво, испуштањето CO 2 и други
испуштања на издувни гасови од
возилото и да предизвикаат
возилото повеќе да не ја почитувадозволата за работа што ќе влијае
врз важноста на регистрацијата на
возилото.Внимание
При превезување на возилото
со воз или со возило за
влечење, калниците може да се
оштетат.
Прекривки за заштита од студ
За да спречите наталожување снег
на вентилаторот за ладилникот, се
препорачува да ставите прекривки
за заштита од студ што можат да се
отстранат.
Заштитните капаци мора да се монтираат професионално и затоа
посоветувајте се со
автомеханичар.
Внимание
Заштитните капаци секогаш
мора да се отстрануваат кога ќе се случи нешто од следново:
● Амбиенталната температура е над 10 °C.
● Кога возилото се влече.
● Возилото се вози со брзина поголема од 120 км/ч.
Чување на возилото
Складирање за долго времеАко возилото има да се складира за
повеќе месеци:
● Измијте го и полирајте го возилото.
● Нека Ви ја проверат заштитата
со восок во моторниот простор
и подвозје.
● Исчистете ги и намачкајте ги гумените кедери.
● Наполнете го резервоарот за гориво целосно.
● Сменете го моторното масло.
● Исцедете го садот за течноста за миење.
● Проверете ги течноста за ладење, антифризот и
заштитата од корозија.
Page 239 of 313

Нега на возилото237● Дотерајте го притисокот вогумите до вредноста
определена за полна
натовареност.
● Паркирајте го возилото на суво, добро проветрено место.
Ставете во прва брзина или
рикверц или лостот на
менувачот во P. Спречете го
возилото од тркалење.
● Не затегнувајте ја рачната сопирачка.
● Отворете ја хаубата, затворете
ги сите врати и заклучете го
возилото.
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Внимавајте сите системи да
бидат исклучени, на пр.
системот за тревожење при
кражба.Враќање во работна состојба
Кога возилото има да се врати в
работа:
● Поврзете ја клемата со негативниот пол на
акумулаторот од возилото.
Активирајте ја електрониката
на електричните прозорци.
● Проверете го притисокот во гумите.
● Наполнете го садот за течноста за миење.
● Проверете го нивото на моторното масло.
● Проверете го новито на течноста за ладење.
● Ставете ја регистарската табличка ако е потребно.Демонтирање на возилото
на крајот на работниот век
Информациите за центрите за
демонтирање и рециклирање на
возилата што се на крајот на
работниот век се наоѓаат на
нашата страница на интернет, каде што се бара со закон. Доверете му
ја работава само на овластен
центар за рециклирање.
Page 240 of 313

238Нега на возилотоПрверки на возилото
Вршење работа9 Предупредување
Вршете проверки на моторниот
простор само кога е исклучено палењето.
Вентилаторот за ладење може
да проработи дури и ако е
исклучено палењето.
9 Опасност
Системот за палење користи
многу висок напон. Не допирајте ги.
Хауба
Отворање Отворете ја возачката врата.
Повлечете ја рачката за
ослободување и вратете ја во
првобитната положба.
Притиснете ја безбедносната
спојка нагоре и отворете ја
хаубата.