OPEL COMBO E 2019 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2019, Model line: COMBO E, Model: OPEL COMBO E 2019Pages: 313, PDF Size: 10.34 MB
Page 241 of 313

Нега на возилото239Прицврстете го потпирачот на
хаубата.
Затворање
Пред да ја затворите хаубата,
притиснете го потпирачот во
држачот.
Спуштете ја хаубата и оставете да
падне на резето од мала висина
(20-25 см). Проверете дали
хаубата е заглавена.Внимание
Не притискајте ја хаубата на
резето за да избегнете
вдлабнувања.
Моторно масло
Проверувајте го нивото на
моторното масло рачно за да нема
оштетувања на моторот.
Уверувајте се дека се користи
масло со правилната
спецификација.
Препорачаните течности и
средства за подмачкување 3 283.
Максималната потрошувачка на
моторното масло е 0,6 л на
1000 км.
Проверувајте го со возилото на
рамна површина. Моторот треба
да биде на работна температура и
исклучен најмалку 5 мин.
Извлечете ја прачката, избришете
ја, ставете ја повторно целосно,
извлечете ја и прочитате го нивото на моторното масло.
Различни прачки се употребуваат
зависно од верзијата на моторот.
Page 242 of 313

240Нега на возилотоКога нивото на моторното масло
паднало до ознаката MIN дотурете
моторно масло.
Ја препорачуваме употребата на
моторно масло од иста класа со тоа коешто беше употребено при
поселдното менување.
Нивото на моторното масло не
смее да ја надмине ознаката MAX
на прачката.Внимание
Вишокот на моторното масло
треба да се исиса или да се
отстрани. Ако маслото е над
максималното ниво, не
стартувајте го возилото и
контактирајте со
автомеханичар.
Зафатнини 3 293.
Наместете го капачето право и
затегнете го.
Ладилник
Течноста за ладење дава заштита
од замрзнување се до околу
-37 °C.Внимание
Употребувајте само одобрен
антифриз.
Течност за ладење и антифриз
3 283.
Ниво на течноста за ладење
Внимание
Прениското ниво на течноста за ладење може да предизвика
оштетување на моторот.
Ако системот за ладење е студен,
течноста за ладење треба да биде
над ознаката MIN. Дотурете ако
нивото е ниско.
9 Предупредување
Оставете моторот да се олади
пред да го отворите капачето. Внимателно отворајте го
капакот, ослободуваќи го вишок
притисокот полека.
За дотурање, користете 1:1
мешавина на купен концентрат од
течност за ладење мешан со чиста вода од чешмата. Ако не е
Page 243 of 313

Нега на возилото241достапен концентрат од течност за
ладење, користете чиста вода од
чешмата. Ставете го капакот
цврсто. Нека Ви ја провери
концентрацијата на течноста за
ладење и нека Ви ја отстрани
причината на губење на течноста
за ладење автомеханичар.
Течност за миење
Наполнете со чиста вода мешана
со соодветно количество одобрена течност за миење на
шофершајбната која содржи
антифриз.
Нивото на течноста за миење мора
да биде под ознаката MAX.Внимание
Само течностите за миење со
доволна концентрација на
антифриз даваат заштита при
ниски температури или нагол
пад во температурата.
Течност за миење 3 283.
Сопирачки Во случај на минимална дебелина
на плочките за сопирање, за време на сопирањето се слуша цвичење.
Можно е да се продолжи со
возењето, но нека Ви ги заменат
пакните на сопирачките колку е
можно поскоро.
Штом се ставени новите пакни, не
сопирајте непотребно силно при
првите неколку патувања.
Течност за сопирачките9 Предупредување
Течноста за сопирачките е
отровна и нагризува. Избегнете
контакт со очите, кожата,
текстил и бојадисани површини.
Нивото на течноста за сопирачките
мора да биде помеѓу ознаките
ОПАСНОСТ и MAX .
Ако нивото на течноста е под
ОПАСНОСТ , побарајте помош од
автомеханичар.
Page 244 of 313

242Нега на возилотоТечност за сопирачките и за
куплунгот 3 283.
Акумулатор
Акумулаторот на возилото не се сервисира под услов
карактеристиките на возењето да
овозможат доволно полнење на
акумулаторот. Возењето по кратки
растојанија и чести палења на
моторот можат да го испразнат акумулаторот. Избегнувајте ја
употребата на непотребни
електрични потрошувачи.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Паркирање на возилото подолго од четири седмици може да доведе до
празнење на акумулаторот.
Откачете го негативниот пол од
акумулаторот на возилото.
Уверете се дека палењето е
исклучено пред да го поврзете или откачите акумулаторот на
возилото.
Заштита на акумулаторот од
празнење 3 142.
Замена на акумулаторот Забелешка
Непочитувањето на упатствата
дадени во овој дел може да
доведе до привремено
деактивирање или попречување
на системот за сопирање-
поаѓање.
Кога се заменува акумулаторот,
проверете да нема отворени дупки
за проветрување во близина на
позитивната клема. Ако некоја
дупка за проветрување е отворена
во тој предел, таа треба да се
затвори со нешто што личи накапаче, а проветрувањето во
близина на негативната клема
треба да се отвори.
Акумулаторот секогаш треба да се
заменува со акумулатор од ист тип.
Акумулаторот треба да го замени
автомеханичар.
Систем за сопирање-поаѓање
3 164.
Полнење на акумулаторот9 Предупредување
Кај возила со систем за
сопирање-поаѓање, уверете се
дека потенцијалот на
полнењето не надминува
14,6 V кога се користи полнач за батерија. Во спротивно, може да
се оштети батеријата на
возилото.
Палење со кабли 3 272.
Page 245 of 313

Нега на возилото243Предупредувачки натпис
Значење на симболите:● Без искри, отворени огнови или
пушење.
● Секогаш заштитете ги очите. Експлозивните гасови може да
предизвикаат слепило или
повреда.
● Чувајте го акумулаторот вон дофат на деца.
● Акумулаторот содржи сулфурна киселина што може
да предизвика слепило или
тешки изгореници.
● Видете го упатството за сопственикот за понатамошни
информации.
● Може да има експлозивен гас во близина на акумулаторот.
Цедење на системот со дизел гориво
Ако резервоарот се испразнил
докрај, системот за дизел гориво
треба да се исцеди. Вклучувајте го
палењето трипати за 15 секунди
одеднаш. Потоа верглајте го
моторот најмногу 40 секунди.
Повторете го овој процес по не
помалку од пет секунди. Ако
моторот не се пали, побарајте
помош од автомеханичар.Замена на четкичките на
бришачите
Шофершајбна
Исклучете го палењето.
Во рок од една минута по
исклучувањето на палењето,
активирајте ја рачката за
бришачите за да ги поставите
бришачите вертикално на
шофершајбната.
Кренете го бришачот до исправена положба, притиснете го копчето за
да ја ослободите четкичката и
извадете ја.
Page 246 of 313

244Нега на возилотоПрицврстете ја четкичката на
бришачот на рачката на бришачот
и притиснете ја се додека не се
заглави.
Внимателно спуштете ја рачката на бришачот.
Заден прозорец
Подигнете ја рачката на бришачот.
Откачете ја четкичката на
бришачот како што е покажано на
илустрацијата и извадете ја.
Прицврстете ја четкичката на
бришачот под мал агол во однос на рачката на бришачот и притиснете
ја се додека не се заглави.
Внимателно спуштете ја рачката на бришачот.Замена на сијалиците
Исклучете го палењето и исклучетего соодветниот прекинувач или
затворете ги вратите.
Држете ги новите сијалици само кај базата. Не допирајте го стаклото на
сијалицата со голи раце.
Користете само исти вид на
сијалица за замена.
Заменете ги сијалиците на
фаровите од внатрешноста на моторниот простор.
Проверка на ламбите По замена на ламба, вклучете го
палењето, вклучете ги и проверете
ги светлата.
Халогенски предни фарови
Халогенски предни фарови со
посебни ламби за средно и долго светло.
Page 247 of 313

Нега на возилото245
Надворешна сијалица (1) за средно
светло
Внатрешна сијалица ( 2) за долго
светло
Средно светло (1)
1. Отстранете го заштитниот капак со повлекување на
влошката.
2. Повлечете ја фасонката од куќиштето на фарот.
3. Извадете ја сијалицата одфасонката и заменете ја.
4. Ставете ја фасонката во куќиштето на фарот.
5. Ставете го капакот.
Page 248 of 313

246Нега на возилотоДолго светло (2)
1. Отстранете го заштитниоткапак со повлекување.
2. Ослободете ја спојката со пружина од држачот така што ќе
ја поместите надесно. Завртете ја спојката со пружина надолу.
Повлечете ја фасонката од
куќиштето на фарот.
3. Извадете ја сијалицата од фасонката и заменете ја.
4. Ставете ја фасонката во куќиштето на фарот.
5. Ставете го капакот.
Странични светла / светла за
дневно возење со ламби
1. Завртете ја фасонката налево за да ја ослободите и извлечетеод фарот.
Page 249 of 313

Нега на возилото247
2. Извадете ја ламбата одфасонката влечејќи ја.
3. Заменете ја и ставете нова сијаличка во фасонката.
4. Вметнете ја фасонката во комплетот на фарот и завртете
надесно.
Странични / светла за дневно
возење со LED-ови
Во случај на дефектни LED диоди,
нека Ви ги заменат истите кај
автомеханичар.
LED предни фарови
Светлата за дневно возење се
направени како LED и не можат да
се заменат.
Во случај на дефект, светлата
треба да ги поправи
автомеханичар.
Предни фарови за магла
1. Завиткајте го врвот од рамен шрафцигер со крпа за да не ја
оштетите бојата. Ставете
шрафцигер во жлебот на работ
од капачето. Ослободете го
капачето со внимателно
подигнување.
2. Одвртете ги и извадете ги двете
завртки и извадете го
комплетот на светлото
нанапред.
Page 250 of 313

248Нега на возилото3. Свртете ја фасонката налево иизвадете ја од комплетот на
светлото.
4. Откачете го кабел штекерот така што ќе ја повлечете
спојката.
5. Извадете ја и заменете ја фасонката и приклучете го
кабел штекерот. Имајте
предвид дека сијаличката и
фасонката се една единица и
треба да се заменат заедно.
6. Ставете ја фасонката во комплетот на светлото вртејќија надесно и заглавете ја.
7. Монтирајте го комплетот на светлото така што ќе ги
затегнете двете завртки.
8. Ставете го и заглавете го капакот.
Предни трепкачи
1. Завртете ја фасонката налево за да ја ослободите и извлечетеод фарот.
2. Малку притиснете ја сијаличката, свртете ја налево
и извадете ја од фасонката.
3. Заменете ја и ставете нова сијаличка во фасонката така
што ќе ја свртите надесно.
4. Вметнете ја фасонката во фарот и завртете ја надесно.