OPEL COMBO E 2020 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2020, Model line: COMBO E, Model: OPEL COMBO E 2020Pages: 317, PDF Size: 28.98 MB
Page 181 of 317

Возење и ракување179Рачен менувач
За да ставите во рикверц на 5-
степен менувач, притиснете ја
педалата за куплунгот, па
поместете ја рачката на менувачот
надесно и назад.
За да ставите во рикверц на 6-
степен менувач, притиснете ја
педалата за куплунгот, подигнете
го прстенот под рачката на
менувачот, па поместете ја рачката на менувачот целосно налево и
напред.
Ако менувачот не се стави во
рикверц, ставете ја рачката на
менувачот во лер, отпуштете го
куплунгот и повторно притиснете
го. Потоа повторете го изборот на
брзината.
Не нагазнувајте го куплунгот
непотребно.
Кога ракувате со него, притиснете
го куплунгот целосно. Не одморајте
ја ногата на педалот.
Кога ќе се открие лизнување на
куплунгот за одредено време,
моќноста на моторот ќе се намали. Во Информативниот центар за
возачот се прикажува
предупредување. Отпуштете го
куплунгот.Внимание
Не е препорачливо да се вози со раката легната на рачката на
менувачот.
Показател за менување брзини
3 116.
Систем за сопирање-поаѓање
3 167.
Page 182 of 317

180Возење и ракувањеСопирачки
Системот на сопирачки се состои од две независни кола за
сопирање.
Ако откаже едно коло за сопирање, возилото се уште може да се сопре
со употреба на другото коло за
сопирање. Меѓутоа, дејството на
сопирањето се постигнува само
кога педалот на сопирачките е
притиснат цврсто. Значително
повеќе сила треба за тоа.
Растојанието за сопирање се
зголемува. Побарајте помош од
автомеханичар пред да
продолжите со патувањето.
Кога моторот не работи,
поддршката на серво уредот за
сопирачките ја снемува штом
педалот за сопирачките ќе се
притисне еднаш или двапати.
Дејството на сопирањето не е
намалено, но за сопирање е
потребна значајно поголема сила.
Тоа е особено важно да се има на
ум кога се влече.
Контролна сијаличка m 3 115.Систем за деблокирање
на сопирачките
Системот за деблокирање на
сопирачките (ABS) ги спречува
тркалата да се блокираат.
ABS почнува да го регулира
притисокот на сопирачките штом
некое тркало покажува тенденција
да се блокира. Возилото осанува
управливо, дури при јако
сопирање.
Контролата на ABS станува
очигледна преку пулсирање во
педалот на сопирачките и звукот на
процесот за регулирање.
За оптимално сопирање, држете го педалот за сопирачките целосно
притиснат за време на целиот
процес на сопирањето, иако
педалот ќе пулсира. Не
намалувајте го притисокот врз
педалот.
Кога сопирате во итен случај,
предупредувачките трепкачи се
вклучуваат автоматски во
зависност од силата назабавувањето. Тие се исклучуваат
автоматски првиот пат кога ќе
забрзате.
По палењето, системот врши
самоиспитување што може да биде
бучно.
Контролна сијаличка u 3 116.
Дефект
9 Предупредување
Ако има дефект во ABS,
тркалата може да бидат склони
да се блокираат поради такво
кочење што е посилно од
обичното. Предностите на ABS
веќе не функционираат. При
Page 183 of 317

Возење и ракување181силно сопирање, со возилото неможе веќе да се управува и
може да скршне.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Сопирачка за паркирање
9 Предупредување
Пред да го напуштите возилото,
проверете го статусот на
рачната сопирачка.
Контролната сијаличка j
свети постојано кога е
активирана електричната
сопирачка за паркирање.
Рачна сопирачка за паркирање9 Предупредување
Секогаш затегнувајте ја рачната
сопирачка цврсто без да
ракувате со копчето за
ослободување, и на удолнини
или угорнини затегнете ја
истата колку е можно поцврсто.
За да ја отпуштите рачната
сопирачка, малку повлечете ја
рачката нагоре, притиснете го
копчето за ослободување и
спуштете ја рачката целосно.
За да се намалат работните
сили на рачната сопирачка,
истовремено притискајте ја
ножната сопирачка.
Контролна сијаличка R 3 115.
Електрична сопирачка за
паркирање
Page 184 of 317

182Возење и ракувањеСе применува кога возилото е во
мирување9 Предупредување
Повлечете го прекинувачот m
за минимум една секунда се
додека контролниот индикатор
m свети постојано и електрична
сопирачка за паркирање се
применува 3 115. Електричната
сопирачка за паркирање работи
автоматски со соодветна сила.
Пред да го напуштите возилото, проверете го статусот на
електрична сопирачка за
паркирање. Контролна
сијаличка m 3 115.
Електричната сопирачка за
паркирање може да се активира
секогаш, дури ако палењето е
исклучено.
Не ракувајте со системот на
електричната сопирачка за
паркирање пречесто без да работи
моторот, тоа ќе го испразни
акумулаторот.
Ослободување
Вклучете го палењето. Држете го
педалот на ножната сопирачка
притиснат и потоа притиснете го
прекинувачот j.
Функција за поаѓање
Возила со рачен менувач:
Притискање на куплунгот, па мало
отпуштање на куплунгот и мало
притискање на гаста автоматски ја
ослободува електричната
сопирачка за паркирање. Ова е
можно само ако е активирана
автоматската работа на
електричната сопирачка за
паркирање. Тоа не е можно кога
прекинувачот j се повлекува
истовремено.
Возила со автоматски менувач:
Активирање на D, па притискање
на гаста автоматски ја ослободува
електричната сопирачка за
паркирање. Ова е можно само ако
е активирана автоматската работа
на електричната сопирачка за
паркирање. Тоа не е можно кога
прекинувачот j се повлекува
истовремено.Сопирање кога возилото се движи
Кога возилото се движи и
прекинувачот j се држи
повлечен, системот на
електричната сопирачка за
паркирање ќе го забави возилото.
Штом прекинувачот j ќе се
ослободи, сопирањето ќе
престане.
Системот за деблокирање на
сопирачките и Електронската
контрола на стабилноста го
стабилизираат возилото додека се
држи повлечен прекинувачот j.
Ако се случи грешка со
електричната сопирачка за
паркирање, во Информативниот
центар за возачот се прикажува
порака за предупредување. Ако
системот за деблокирање на
сопирачките и Електронската
контрола на стабилноста не се
активираат, едната или двете
сијалички i и J светнуваат во
групата инструменти. Во овој
случај, стабилноста може да се
обезбеди само ако неколку пати го
Page 185 of 317

Возење и ракување183повлечете и го притиснете
прекинувачот j додека возилото
не запре.
Автоматска работа
Автоматската работа опфаќа
автоматско активирање и
автоматско отпуштање на
електричната сопирачка за
паркирање.
Електричната сопирачка за
паркирање може да се активира
или отпушти и рачно со користење
на прекинувачот j.
Автоматско активирање: ● Електричната сопирачка за паркирање се активира
автоматски кога возилото не се движи и палењето е исклучено.
● j светнува во групата
инструменти и се прикажува
скок-порака за да се потврди активирањето.Автоматско отпуштање:
● Сопирачката за паркирање се отпушта автоматски кога ќе
тргнете.
● j се исклучува во групата
инструменти и се прикажува
скок-порака за да се потврди отпуштањето.
Ако возилото е опремено со
автоматски менувач и сопирачката
не се отпушти автоматски,
проверете дали предните врати се
затворени правилно.Деактивирање на автоматското
ракување 1. Запалете го моторот.
2. Ако сопирачката за паркирање е отпуштена, активирајте ја со
повлекување на прекинувачот
j .
3. Тргнете ја ногата од педалата на сопирачките.
4. Притиснете го прекинувачот j најмалку 10 сек. и најмногу
15 сек.
5. Отпуштете го прекинувачот j.6. Притиснете ја и задржете ја
педалата на сопирачките.
7. Повлечете го прекинувачот j
2 сек.
Деактивирањето на автоматската
работа на електрична сопирачка за паркирање се потврдува со
светнување на o во групата
инструменти 3 115. Електричната
сопирачка за паркирање може да
се активира или отпушти само
рачно.
За да ја активирате повторно
автоматската работа, повторете ги
чекорите опишани погоре.
Проверка на функционалноста
Кога возилото не се движи,
електричната сопирачка за
паркирање може да се активира
автоматски. Ова се прави за да се
провери системот.
Дефект
На дефектен режим на
електричната сопирачка за
паркирање укажува контролната
сијаличка j и порака за возилото
Page 186 of 317

184Возење и ракувањешто е прикажана на
Информативниот центар за
возачот.
Пораки за возилото 3 128.
Контролната сијаличка j трепка:
електричната сопирачка за
паркирање не е целосно
активирана или отпуштена. Кога
трепка постојано, отпуштете ја
електричната сопирачка за
паркирање и обидете се да ја
активирате повторно.
Серво кочење
Ако педалата на сопирачките се
притисне брзо и силно, автоматски
се применува максимална сила на
сопирање.
Работењето на серво сопирањето
може да се забележи по пулсирање во педалата за сопирачките и
поголем отпор кога се притиска
педалата.
Одржувајте постојан притисок врз
педалата на сопирачката додека е
потребно целосно сопирање.Максималната сила на сопирањето автоматски се намалува кога ќе се
отпушти педалата на сопирачките.
Помош при поаѓање на угорници
Системот помага да се спречи
несакано движење кога се вози по стрмнини.
Кога ќе ја отпуштите педалата за
сопирање откако ќе запрете на
стрмнина, сопирачките остануваат
активирани дополнителни 2 сек.
Сопирачките се ослободуваат
автоматски штом возилото ќе
почне да забрзува.Системи за контрола
на возењето
Електронска контрола на стабилноста и Систем законтрола напролизгувањето
Електронската контрола на
стабилноста (ESC) ја подобрува
стабилноста при возењето кога е
потребно, без оглед на видот на
површината на патот или
прилепувањето на гумите.
Штом возилото почне да занесува
(недоволно вртење / нагло
свртување), излезната сила на
моторот се намалува и тркалата се
закочуваат посебно.
ESC работи во комбинација со
систем за контрола на
пролизгувањето. Го спречува
шлајфувањето на погонските
тркала.
TC е компонента на ESC.
Контролата на пролизгувањето ја
подобрува стабилноста при
возењето кога е потребно, без
Page 187 of 317

Возење и ракување185оглед на видот на површината на
коловозот или прилепувањето на гумите, со спречување на
шлајфувањето на погонските
тркала.
Штом погонските тркала почнат да шлајфуваат, излезната силата на
моторот се намалува и тркалото
кое најмногу шлајфува поединечно
се сопира. Тоа значително ја
подобрува стабилноста при
возење на возилото на лизгави
површини.
ESC и TC функционираат по секое
стартување на моторот штом ќе се
изгасне контролната сијаличка b.
Кога ESC и TC работат, b трепка.
9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Контролна сијаличка b 3 116.
Деактивирање
ESC и TC може да се деактивира
секогаш кога е потребно:
притиснете a.
Светнува LED-сијаличката во
копчето a.
Кога ESC и TC ќе се деактивираат,
во Информативниот центар за
возачот се појавува порака за
статус.
ESC и TC повторно се активираат
со повторно притискање на
копчето a, со притискање на
сопирачката или ако возилото се
вози побрзо од 50 км/ч.
Кога ESC и TC ќе се активираат
повторно, LED-сијаличката во
копчето a се исклучува.
ESC и TC исто така се активираат повторно следниот пат кога ќе се
вклучи палењето.
Дефект Ако има дефект на системот,
контролната сијаличка b постојано
свети и на Информативниот
центар за возачот се појавува
порака. Системот не функционира.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Page 188 of 317

186Возење и ракувањеСистем за контрола наспуштањето
Системот за контрола на
спуштањето овозможува возилото
да патува со мала брзина без
притискање на педалата за
сопирачките. Возилото автоматски ќе ја намали брзината и ќе остане
на таа брзина кога е активен
системот. Може да има бучава или
вибрации од сопирачките кога е
активен системот.Внимание
Користете го само кога се
спуштате по стрмнини додека
возите надвор од патишта. Не
користете го кога возите по
нормални патни површини.
Непотребното користење на
функцијата DCS, како при
возење по нормални патишта,
може да ги оштети системот на
сопирачките и функцијата ESC.
Активирање
Забелешка
Ако е активна контролата за
спуштање по надолнина,
активното итно сопирање
автоматски се деактивира.
Системот е достапен само за
нагиби поголеми од 5%.
При брзини помали од околу
50 км/ч, притиснете ò. Системот
може да се активира и кога
возилото стои во место, а моторот
работи. Контролната сијаличка
ò во групата инструменти свети
зелено за да прикаже дека
системот е активиран.
Кога возилото започнува со
спуштање, системот ја контролира
брзината на возилото; педалите за
гаста и сопирачките може да се
отпуштат.
● Ако менувачот е во прв или втор степен на пренос,
брзината се намалува и
контролната сијаличка во
групата инструменти трепка
многу брзо.
● Ако менувачот е во лер и педалата за сопирачките сеотпушти, брзината се
намалува и контролната
сијаличка во групата
инструменти трепка бавно.
Ако системот работи, сијаличките
за сопирачките се вклучуваат
автоматски.
Ако брзината надмине 30 км/ч,
регулирањето е паузирано.
Сијаличката ò во групата
инструменти се променува во сива. Сепак , LED-сијаличката на копчето
ò сè уште свети. Регулирањето
автоматски продолжува ако
брзината се намали под 30 км/ч,
Page 189 of 317

Возење и ракување187нагибот е поголем од 5% и се
исполнети условите за отпуштање на педалата.
Деактивирање
Притиснете ò повторно додека
LED-сијаличката во копчето не се исклучи. Се исклучува и зелената
контролна сијаличка u во групата
инструменти.
Притискање на педалата на
сопирачката или на гасот исто ќе го
исклучи системот.
Ако брзината надмине 70 км/ч,
системот автоматски се
деактивира. LED-сијаличката во
копчето се исклучува.
Дефект
Ако зелената контролна сијаличка
ò не светне или не трепка откако
ќе се притисне копчето, системот
има дефект.
Побарајте помош од
автомеханичар.Контрола за избор на
возењеВнимание
Возилото е направено за
возење главно по патишта, но
овозможува и повремено
возење надвор од патиштата.
Сепак, не возете на терен каде
што возилото може да се
оштети од пречки, како што се
камења, меѓу другото, и на
терен со стрмни нагиби и лош
контакт со подлогата.
Не поминувајте преку вода.
Внимание
Кога возите надвор од патиштата, нагли движења и
маневри може да предизвикаат
судир или губење на
контролата.
Контролата за избор на возење е
направена за да го оптимизира
триењето во услови на лош контакт
со подлогата (снег, кал и песок).
Се приспособува на теренот со
контрола на предните тркала и на
тој начин ја задржува тежината што вообичаено се поврзува со
поконвенционалниот погон на
четири тркала.
Контролата за избор на возење
дозволува избор од пет режими на
возење:
● Режимот ESC е исклучен 9
● стандарден режим 2
Page 190 of 317

188Возење и ракување●режим за снег 3
● режим за кал 4
● режим за песок 1
Со вртење на контролата може да
се активираат неколку режими.
Светнува LED-сијаличка и се
појавува порака за статус во
Информативниот центар за
возачот за да се потврди
избраниот режим.
Режимот ESC е исклучен 9
Во овој режим, ESC и Контролата
на пролизгувањето се
деактивирани.
Светнува LED-сијаличка во
копчето a.
ESC и Контролата на
пролизгувањето се активираат
повторно автоматски од 50 км/ч
или секогаш кога ќе се вклучи
палењето.
Стандарден режим 2
Овој режим е калибриран за ниско ниво на вртење на тркалата, врз
основа на различни типови контактсо подлогата што вообичаено се
среќаваат во секојдневното
возење.
Секогаш кога ќе се исклучи
палењето, системот автоматски се
поставува на овој режим.
Режим за снег 3
Овој режим се приспособува на
условите за контакт со подлогата
со кои се среќава секое тркало при тргнувањето.
Откако ќе тргнете, системот го
оптимизира вртењето на тркалата
за да гарантира најдобро
забрзување врз основа на
достапното триење. Се
препорачува во случаи на длабок снег и стрмни наклони.
Овој режим е активен при брзини
до 50 км/ч.
Режим за кал 4
Овој режим дозволува значително
вртење на тркалата при тргнување
за тркалото со најмал контакт соподлогата. Ја отстранува калта и
повторно го воспоставува
триењето.
Истовремено, тркалото со најголем контакт со подлогата добива
најголем можен вртежен момент.
Овој режим е активен при брзини
до 80 км/ч.
Режим за песок 1
Овој режим овозможува мало
количество истовремено вртење
на тркалата на двете погонски
тркала и на тој начин овозможува
возилото на напредува и го
намалува ризикот од потонување.
Овој режим е активен при брзини
до 120 км/ч.Внимание
Не користете ги другите режими на песок затоа што возилото
може да заглави.