OPEL CORSA E 2019 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2019, Model line: CORSA E, Model: OPEL CORSA E 2019Pages: 261, PDF Size: 6.79 MB
Page 21 of 261

Накратко19Систем за сопирање-поаѓање
Ако возилото оди со мала брзина
или е сопрено и одредени услови
се исполнети, вклучете го Autostop
на следниов начин:
Возила со рачен менувач: ● Притиснете ја педалата за куплунг.
● Ставете во лер.
● Отпуштете ја педалата за куплунг.
На Автостоп укажува контролната сијаличка D.
За повторно палење на моторот,
притиснете ја педалата за
куплунгот уште еднаш.
Контролната сијаличка D се гаси.
Паркирање9 Предупредување
● Не го паркирајте возилото
врз лесно запалива
површина. Високата
температура на издувниот
систем може да ја запали
површината.
● Секогаш затегнувајте ја рачната сопирачка.
Затегнувајте ја рачната
сопирачка без да го
притиснете копчето за
ослободување. Затегнувајте
ја колку е можно поцврсто на
удолници или угорници.
Притиснете ја педалата за кочење истовремено за да се
намалат работните сили.
● Изгаснете го моторот.
● Ако возилото е на рамна површина или на нагорнина,
ставете во прва брзина или
ставете ја рачката на
менувачот во положба P
пред да го извадите клучот за
палење. Ако возилото е на
угорница, свртете ги
предните тркала од работ на
тротоарот.
Ако возилото е на надолнина,
ставете во рикверц или
ставете ја рачката на
менувачот во положба P
пред да го извадите клучот за палење. Свртете ги предните
тркала кон работ на
тротоарот.
● Затворете ги прозорците.
● Извадете го клучот за палење од бравата за
палење. Завртете го воланот додека не се почувствува
дека бравата на воланот се
заглавила.
Кај возилата со автоматски
менувач, клучот може да се
извади само кога рачката на менувачот е во положба P.
● Заклучете го возилото со
притискање на e на
далечинскиот управувач за радиото.
Page 22 of 261

20НакраткоАктивирајте го системот затревожење при кражба 3 28.
● Вентилаторите на ладилникот може да работат и по
гаснењето на моторот 3 176.Внимание
По возење со голема брзина на
моторот или при големо
оптоварување на моторот,
оставете го моторот да работи
кусо време со мало
оптоварување или во лер околу
30 секунди пред да го изгаснете
за да го заштитите
турбополначот.
Клучеви, брави 3 21.
Оставање на возилото да стои подолго време 3 175.
Page 23 of 261

Клучеви, врати и прозорци21Клучеви, врати и
прозорциКлучеви, заклучување ...............21
Клучеви ..................................... 21
Далечински управувач ............22
Меморизирани поставки .........23
Систем на централната брава ....................................... 23
Автоматско заклучување ........26
Детски брави ............................ 26
Врати ........................................... 27
Товарен простор ......................27
Безбедност на возилото ............28
Систем за заштита од кражба ..................................... 28
Систем за тревожење при кражба ..................................... 28
Имобилизатор .......................... 30
Странични ретровизори ............30
Конвексен облик ......................30
Електрично местење ...............30
Преклопни прозорци ................ 31
Ретровизори со греење ...........31Ретровизори ............................... 32
Рачна заштита од отсјај ..........32
Автоматско намалување на отсјај ........................................ 32
Прозорци .................................... 32
Шофершајбна .......................... 32
Механички прозорци ...............33
Електрични прозорци ..............33
Греење на задното стакло ......34
Греење на шофершајбната ....34
Штитници за сонце ..................35Клучеви, заклучување
КлучевиВнимание
Не закачувајте тешки или
обемни елементи на клучот за
палење.
Резервни клучеви
Бројот на клучот е даден на етикета
која се вади.
Бројот на клучот треба да се
наведе кога се нарачуваат
резервни клучеви бидејќи тој е
компонента на системот на
имобилизаторот.
Брави 3 222.
Бројот на шифрата за адаптерот за
навртките за заклучување на
тркалата е наведен на картичка.
Треба да се наведе кога се
нарачува резервен адаптер.
Менување на тркалата 3 213.
Page 24 of 261

22Клучеви, врати и прозорциКлуч со дел што се преклопува
Притиснете го копчето за да се
извлече. За да се преклопи клучот,
прво притиснете го копчето.
Далечински управувач
Се користи за ракување со:
● централната брава
● системот за заштита од кражба
● системот за тревожење при кражба
Далечинскиот управувач има опсег
од околу 20 м. Овој опсег може да биде намален од надворешни
влијанија. Предупредувачките
трепкачи го потврдуваат
работењето.
Ракувајте со него внимателно,
штитете го од влага и високи
температури и избегнувајте
непотребно ангажирање.
Дефект
Ако со централната брава не може да се работи со далечинскиот
управувач, причината може да
биде следното:
● Опсегот е надминат.
● Напонот на акумулаторот е слаб.
● Често, повеќекратно работење
со далечинскиот управувач
додека не е во опсегот, што ќе
побара повтроно
синхронизирање.
● Преоптоварување на системот на централната брава поради
често ангажирање, тогаш
напојувањето се прекинува
накратко.
● Пречки од посилни радио бранови од други извори.
Отклучување 3 23.
Page 25 of 261

Клучеви, врати и прозорци23Основни поставкиНекои поставки може да се
променат во Инфо-екранот.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 101.
Замена на батеријата на
далечинскиот управувач
Заменете ја батеријата штом се
намалува опсегот.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Извлечете го клучот и отворете го
уредот странично. Заменете ја
батеријата (вид на батеријата
CR 2032), обрнувајќи внимание на положбата на инсталирањето.
Затворете го уредот и
синхронизирајте го.
Меморизирани поставки Секогаш кога ќе се исклучи
палењето, некои функции од
следниве поставки може
автоматски да се меморираат во
далечинскиот управувач:
● светла
● електронска контрола на климатизацијата
● претходни поставки за инфозабавниот систем
● централната брава
● поставки за удобност
Зачуваните поставки автоматски
се користат следниот пат кога
меморираниот клуч ќе се вметне во
бравата за палење и ќе се сврти во
положбата 1 3 134.
Предуслов е дека Personalization
by driver (Персонализација од
возачот) е активирано во личните
поставки на Инфо-екранот. Ова мора да се постави за секој
користен клуч.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 101.
Систем на централната
брава
Ги отклучува и заклучува вратите,
товарниот простор и вратичката на резервоарот за гориво.
Page 26 of 261

24Клучеви, врати и прозорциКога вратите се заклучени, од
внатрешноста на возилото
повлечете некоја рачка за да ја
отворите соодветната врата.
Забелешка
Во случај на сообраќајка во
којашто се активираат воздушни
перничиња или затегнувачи на
ремените, возилото автоматски се отклучува.
Забелешка
Три минути по отклучувањето со
далечинскиот управувач, вратите
се заклучуваат повторно
автоматски ако не се отворила
ниту една врата.Отклучување
Притиснете го c.
Може да изберете две поставки од
Инфо-екранот:
● За отклучување само на возачката врата и вратничката
за полнење гориво, притиснете
c еднаш. За отклучување на
сите врати и товарниот
простор, притиснете го копчето
c двапати.
● Притиснете c еднаш за да се
отклучат сите врати, товарниот простор и вратичката за
полнење гориво.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 101.
Поставката може да се сними за клучот кој се употребува.
Меморизирани поставки 3 23.
Отклучување и отворање на
задната врата 3 27.
Заклучување
Затворете ги вратите, товарниот
простор и вратичката на
резервоарот.
Притиснете го e.
Page 27 of 261

Клучеви, врати и прозорци25Ако возачката врата не е правилно
затворена, системот на
централната брава нема да
работи.
Копчиња за централната брава Ги заклучува или отклучува
вратите, товарниот простор и
вратичката на резервоарот од
внатрешноста на патничкиот
простор.
Притиснете e за да заклучите.
Притиснете c за да отклучите.
Одложено заклучување на вратите
Изгаснете го моторот и извадете го
клучот од бравата. Притиснете e
кога е отворена барем една врата
и ќе се огласат три мелодии. Кога
ќе се затвори последната врата,
возилото ќе ги заклучи сите врати
автоматски по 5 секунди и се дава
сигнал.
По 10 минути, возилото ќе ги
заклучи сите врати автоматски
дури и ако има отворена врата.
Функцијата може да се активира
или деактивира од Инфо-екранот.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 101.Дефект во ситемот на
далечинскиот управувач
Отклучување
Рачно отклучете ја возачката врата
со вртење на клучот во бравата.
Вклучете го палењето и
притиснете го копчето на
централна брава c за да се
отклучат сите други врати,
товарниот простор и вратичката на резервоарот.
Кога ќе се вклучи палењето, се
исклучува системот за заштита од
кражба.
Page 28 of 261

26Клучеви, врати и прозорциЗаклучување
Рачно заклучете ја возачката врата
со вртење на клучот во бравата.
Дефект во централната брава
Отклучување
Рачно отклучете ја возачката врата
со вртење на клучот во бравата.
Другите врати можат да се отворат
со повлекување на внатрешната
квака. Товарниот простор и
вратичката на резервоарот за
гориво не може да се отворат.
За да го деактивирате системот за
заштита од кражба, вклучете го
палењето 3 28.
Заклучување
Притиснете ги навнатре копчињата за заклучување на сите врати
освен на возачката. Потоа
затворете ја возачката врата и
заклучете ја однадвор со клучот.
Вратичката на резервоарот за
гориво и задната врата не може да
се заклучат.Автоматско заклучување
Оваа безбедносна функција може да се намести автоматски да се
заклучат вратите, товарниот
простор и вратичката за полнење
гориво штом ќе се надмине извесна брзина.
Дополнително, може да се
конфигурира да ја отклучува
возачката врата или сите врати откако ќе се исклучи палењето и ќе
се извади клучот (рачен менувач)
или рачката на менувачот ќе се
стави во положбата P (автоматски
менувач).
Поставките може да се променат
во Инфо-екранот.
Приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 101.
Поставките може да се снимат за клучот кој се употребува 3 23.Детски брави9 Предупредување
Користете ги детските брави
кога и да седат деца на задните
седишта.
Користејќи клуч или соодветен
шрафцигер, свртете го
прекинувачот на бравата на
задната врата во хоризонталната
положба. Вратата не може да се
отвори однатре.
Page 29 of 261

Клучеви, врати и прозорци27Врати
Товарен простор
Задна врата Отворање
За да ја отворите задната врата,
притиснете го допирниот
прекинувач под амблемот.
Затворање
Користете ја внатрешната рачка.
Не притискајте го допирниот
прекинувач додека затворате
бидејќи така повторно ќе ја
отклучите задната врата.
Централна брава 3 23.
Општи практични совети за
ракување со задната врата9 Опасност
Не возете со отворена или
подотворена задна врата,
на пр. кога превозувате кабасти
предмети, бидејќи во возилото
може да навлезат отровни
издувни гасови што не можат да
се видат или намирисаат. Тоа
може да предизвика несвест и
дури смрт.
Внимание
Пред да ја отворите задната врата, проверете дали има
пречки во горниот дел, на пр.
врата од гаража, со цел да се избегне оштетување на задната
врата. Секогаш проверувајте ја
движечката површина над и зад задната врата.
Page 30 of 261

28Клучеви, врати и прозорциЗабелешка
Инсталирањето на определени
тешки додатоци врз задната
врата може да повлијае врз
нејзината способност да остане
отворена.Безбедност на
возилото
Систем за заштита одкражба9 Предупредување
Не користете го системот ако
има луѓе во возилото! Вратите
не може да се отклучат однатре.
Системот ги блокира сите врати.
Сите врати треба да се затворат,
инаку системот не може да се
активира.
Ако палењето беше вклучено,
возачката врата мора да се отвори и затвори еднаш за да се обезбеди
возилото.
Отклучувањето на возилото го
исклучува механичкиот систем за заштита од кражба. Тоа не е
возможно со копчето на
централната брава.
Активирање
Притиснете го e на далечинскиот
управувач двапати во рок од
5 секунди.
Систем за тревожење прикражба
Системот за тревожење при
кражба е комбиниран со системот
за заштита од кражба.
Ги надгледува: ● вратите, задната врата, хаубата
● палењето