OPEL CORSA E 2019 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2019, Model line: CORSA E, Model: OPEL CORSA E 2019Pages: 261, PDF Size: 6.79 MB
Page 61 of 261

Складирање59
Џебовите на вратите се направени
да држат шишиња.
Дополнителни држачи за шишиња
се наоѓаат на задните странични
панели.
Еластичен ремен за држач за
чаши
Подвижен гумен ремен се наоѓа во
складишната преграда пред
рачката на менувачот. Извлечете
го ременот за да прицврстите чаша или пепелник.
Page 62 of 261

60СкладирањеПредна складишнапреграда
Просторите за складирање се
наоѓаат под прекинувачот за
светлата, во централната конзола
и во вратите.
Дополнителни простори за
складирање се наоѓаат во
страничните панели покрај задните седишта.
Складишна преграда под
седиштето
Кренете го за работ со процеп и
извлечете го. Максимална
оптовареност: 1,5 кг . За затворање
притиснете ја навнатре и заглавете
ја.
Товарен простор
Проширување на товарниот
простор
Задниот потпирач за грб може дасе заглави во две положби. Кога
превезувате кабасти предмети,
заглавете го во исправена
положба.
Поделен потпирач за грб
Повлечете го лостот за
ослободување на односната
страна, повлечете го потпирачот за грб нанапред до вертикалната
положба и заглавете го.
Page 63 of 261

Складирање61Единечен потпирач за грб
Повлечете го лостот за
ослободување на двете страни, повлечете го потпирачот за грбнанапред до вертикалната
положба и заглавете го.
Кога се отклучува, до лостот за
ослободување се појавува црвена
ознака. Потпирачот за грб е
правилно заглавен кога црвените
ознаки на двете страни близу до
рачката за ослободување веќе не
се гледаат.
Преклопување на задните
потпирачи за грб надолу
Извадете го капакот на товарниот
простор ако е потребно.
Турнете ги потпирачите за глава
надолу со притиснување на патент бравата.
Водете ги безбедносните ремени
преку страничните потпирачи за да
ги заштитите од оштетување. Кога
го преклопувате потпирачот за грб, повлечете ги безбедносните
ремени заедно со него.
Поделен потпирач за грб
Повлечете ја рачката за
ослободување на односната
страна и склопете го на седалото.
Единечен потпирач за грб
Повлечете ја рачката за
ослободување од двете страни и
склопете го на седалото.Ако возилото треба да се
натоварува преку задната врата,
извадете го безбедносниот ремен
од водичот на потпирачот за грб и
ставете ја плочката на копчата во
процепот што е покажано на
илустрацијата.
За да ги испраите, кренете ги
потпирачите за грб и доведете ги
во исправена положба додека не
се наместат чујно.
Уверете се дека безбедносните
ремени на бочните седишта се
наместени во соодветните шини за
ремени.
Page 64 of 261

62Складирање
Потпирачот за грб е правилно
заглавен кога црвените ознаки на двете страни близу до рачката за
ослободување веќе не се гледаат.
9 Предупредување
Возете го возилото само кога
потпирачите за грб се цврсто
закочени во положбата. Инаку
има ризик од лична повреда или оштетување на товарот или на
возилото во случај на силно
сопирање или судир.
Безбедносниот ремен на
средишното седиште може да се блокира кога потпирачот за грб се
преклопува премногу брзо. За да
се откочи механизмот за
вовлекување, турнете го
безбедносниот ремен навнатре
или извлечете го околу 20 мм, па
отпуштете.
Капак на товарниот простор
Не ставајте предмети врз капакот.
Со 3 врати / хечбек со 5 врати
Вадење
Откачете ги врвците за држење од
задната врата.
Кренете го капакот на задниот дел
и турнете го нагоре на предниот
дел.
Извадете го капакот.
Складирање
Кога складишната преграда е
целосно наполнета, ставете го
капакот на преградата на задните седишта или извадете го од
возилото.
Page 65 of 261

Складирање63Монтирање
Заглавете го капакот во
страничните шини и преклопете го
удолу. Закачете ги врвците за
држење за задната врата.
Капак на задната преграда за складирање под подот
Заден капак на подот
Подигнете ја задната патосница за да пристапите до опремата за
итност во случај на дефект.
Алатки 3 197.
Кај моделите со комплет за
поправање гуми во десната страна
на товарниот простор, отворот за
резервното тркало може да се
користи како дополнителна
складишна преграда.
Комплет за поправање гуми 3 207.
Под со двојна товарна шуплина Подот со двојна товарна шуплина
може да се вметне во товарниот
простор во две положби:● непосредно над капакот за отворот на резервното тркалоили капакот на подот
● или во горните отвори во товарниот простор
За вадење, подигнете го подот со
товарната шуплина користејќи го прицепот и повлечете го наназад.
За вметнување, турнете го подот
со товарната шуплина нанапред во
соодветната шина, па спуштете го.
Ако е монтиран во горната
положба, просторот помеѓу подот
со товарната шуплина и капакот на
процепот за резервното тркало
може да се користат како
складишна преграда.
Во таа положба, ако потпирачите
за грб на задните седишта се
преклопени нанапред, се креира
една речиси сосема рамна товарна шуплина.
Подот со двојна товарна шуплина
може да издржи товар од не повеќе
од 100 кг. Во долната положба,
подот со двојна товарна шуплина
може да го издржи максималното
дозволено оптоварување.
Page 66 of 261

64СкладирањеАлки за врзувањеСо 3 врати / хечбек со 5 врати
Алките за врзување се предвидениза обезбедување на предметите
против лизгање, на пр. користење
на каишеви за врзување или мрежа за багаж.
Предупредувачки
триаголник
Предупредувачкиот триаголник е
складиран во складишната
преграда под задната врата.
Прибор за прва помош
Складирајте го приборот за прва
помош во преградата во левиот
ѕид на товарниот простор.
За отворање на преградата,
ослободете го капакот и отворете
го.
Page 67 of 261

Складирање65Систем на багажници
за на покрив
Багажник за на покрив Поради безбедносни причини и да
се избегне оштетувањето на
пчокривот се препорачуваат
системи на багажници одобрени за возилото. За повеќе информации
контактирајте со автомеханичар.
Следете ги упатствата за
монтирање и кога не е во употреба
извадете го багажникот за на
покрив.Турнете ги капачињата што ги
кријат држачите за багажникот за
на покрив и турнете ги наназад.
Закачете го багажникот за на
покрив кај соодветните точки,
видете ги приложените упатсва за системот на багажникот за на
покрив.Информации за
товарење
● Тешките предмети во товарниот простор треба да се
местат до потпирачите за грб.
Уверете се дека потпирачите
за грб се безбедно заглавени.
Ако предметите можат да се
стават еден врз друг,
потешките предмети треба да
се стават долу.
● Спречете лизгање на предмети така што ќе ги врзете
со каиши прицврстени за
алките за врзување 3 64.
Page 68 of 261

66Складирање●Користете ја куката кај десниот
страничен ѕид на товарниот
простор за закачување кеси.
Максимална оптовареност:
5 кг.
● Не дозволувајте товарот да се наѕира над горниот раб на
потпирачите за грб.
● Не ставајте предмети врз капакот на багажниот простор
или на таблата со
инструменти.
● Не покривајте го сензорот што се наоѓа во горниот дел од
таблата со инструменти.
● Товарот не смее да пречи при ракување со педалите,
рачната сопирачка и рачката
на менувачот, или да го спречи слободното движење на
возачот. Не ставајте
неприцврстени предмети во
внатрешноста.
● Не возете со отворен товарен простор.9Предупредување
Секогаш проверувајте дали
товарот во возилото е безбедно складиран. Инаку предметите
може да се расфрлат по
возилото и да предизвикаат
телесни повреди или
оштетувања на товарот или
возилото.
● Дозволената оптовареност е
разликата помеѓу дозволената
бруто тежина на возилото
(видете на идентификациската табличка 3 231) и
максималната тежина според
ЕС.
За да ја пресметате
дозволената оптовареност,
внесете ги податоците за
вашето возило во табелата за
тежини на почетокот на
прирачникот.
Максималната тежина според
ЕЗ ги вклучува тежините на
возачот (68 кг), багажот (7 кг) и
сите течности (со 90% полн
резервоар за гориво).
Опционалните опреми и
апарати ја зголемуваат својата тежина.
● Возењето со товар на покривот
ја зголемува чувствителноста на возилото на странични
ветрови и има неповолно
влијание врз управувањето на возилото поради
повишувањето на тежиштето
на возилото. Распределете го
товарот рамномерно и
прицврстете го правилно со
каишеви за држење.
Приспособете го притисокот во
гумите според оптовареноста.
Често проверувајте ги и
презатегнувајте ги каишите.
Не возете побрзо од 120 км/ч.
Дозволената оптовареност на
покривот е 75 кг.
Оптовареноста на покривот е
комбинираната тежина на
багажникот за на покрив и на
товарот.
Page 69 of 261

Инструменти и контроли67Инструменти и
контролиКонтроли ..................................... 68
Местење на воланот ...............68
Контроли на воланот ...............68
Волан со греење ......................69
Сирена ...................................... 69
Бришач и перач на шофершајбната ......................70
Бришач и перач на задните прозорци .................................. 71
Надворешна температура ......72
Часовник ................................... 72
Штекери за напојување ...........74
Запалка ..................................... 75
Пепелници ................................ 75
Предупредувачки светла,
мерачи и индикатори .................75
Група инструменти ..................75
Брзиномер ................................ 75
Километража ............................ 76
Дневна километража ...............76
Вртежомер ................................ 77
Мерач за гориво ....................... 77
Селектор на гориво .................78Мерач за температурата на
течноста за ладење на
моторот .................................... 79
Екран за сервисирање ............80
Контролни сијалички ...............81
Трепкачи ................................... 84
Потсетник за безбедносниот ремен ....................................... 84
Воздушно перниче и затегнувачи на ремените .......85
Деактивирање на воздушното перниче ................................... 85
Систем за полнење .................85
Индикаторско свтело за дефект ..................................... 86
Наскоро сервисирајте го возилото .................................. 86
Течност за системите на сопирачките и куплунгот ........86
Ракување со педалата ............86
Систем за деблокирање на сопирачките (ABS) ..................86
Менување брзини ....................87
Серво управување ...................87
Предупредување за напуштање лента ...................87
Помош за паркирање ..............87
Електронска контрола на стабилноста и Систем за
контрола на превртувањето ..87Филтер за издувни гасови .......88
Систем за контрола на притисокот во гумите .............88
Притисок на моторното масло ....................................... 88
Ниско ниво на гориво ..............89
Имобилизатор .......................... 89
Намалена моќност на моторот .................................... 89
Autostop .................................... 89
Надворешно светло ................. 89
Долго светло ............................ 90
Предни фарови за магла ........90
Заден фар за магла .................90
Контрола на патувањето .........90
Откриено е возило напред ......90
Ограничувач на брзината .......90
Помошник за сообраќајни знаци ........................................ 90
Отворена врата ........................ 90
Екрани ......................................... 91
Информативен центар за возачот .................................... 91
Инфо екран .............................. 96
Пораки за возилото ....................98
Предупредувачки мелодии ...100
Напон во батериите ............... 101
Приспособување на возилото
кон индивидуалните потреби ..101
Page 70 of 261

68Инструменти и контролиУслуга за телематика..............105
OnStar ..................................... 105Контроли
Местење на воланот
Отклучете ја рачката, наместете го
воланот, па заглавете ја рачката и
уверете се дека истата е целосно
закочена.
Само тогаш местете го воланот ако
возилото е во мирување и бравата на воланот била ослободена.
Контроли на воланот
Со контролата на патувањето и
ограничувачот на брзината се
управува преку контролите на
левата страна од воланот.
Дополнително, предупредувањето
за преден судир може да се
постави преку контролите на
левата страна од воланот.
Со Инфозабавниот систем може да
се управува преку контролите на
десната страна од воланот.
Системи за помош на возачот
3 150.