OPEL CORSA E 2019 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2019, Model line: CORSA E, Model: OPEL CORSA E 2019Pages: 261, PDF Size: 6.79 MB
Page 71 of 261

Инструменти и контроли69Повеќе информации се достапни
во прирачникот за Инфозабавниот
систем.
Волан со греење
Активирајте го греењето со
притискање на *. Активирањето се
означува со сијаличката во
копчето.
Означените предели за
зграпчување на воланот се
загреваат побрзо и до повисока
температура отколку другите
предели.
Греењето функционира кога
работи моторот и за време на
Autostop.
Систем за сопирање-поаѓање
3 135.
Сирена
Притиснете го j.
Page 72 of 261

70Инструменти и контролиБришач и перач нашофершајбната
Бришач на шофершајбнатаHI:брзоLO:бавноINT:периодично бришење
или
автоматско бришење со
сензор за дождOFF:исклучено
За единечно бришење кога
бришачот на шофершајбната е
исклучен (off), притиснете ја
рачката надолу до положбата 1х.
Не го употребувајте ако
шофершајбната е замрзната.
Исклучете ги во перални за
автомобили.
Приспособлив период на
бришењето
Рачката за бришачот е во
положбата INT.
Свртете го тркалцето за местење
за да ја наместите зачестеноста на бришењето.
Приспособлива чувствителност на
сензорот за дожд
Рачката за бришачот е во
положбата INT.
Свртете го тркалцето за местење
за да ја наместите чувствителноста
за сензорот за дожд.
Сензорот за дожд ја мери
количината на водата на
шофершајбната и автоматски ја
регулира зачестеноста и брзината
на бришењето.
Ако нема бришење 20 секунди,
бришачот се движи малку подолу
до паркирната положба.
Page 73 of 261

Инструменти и контроли71
Чувајте го сензорот да биде чист одпрашина, нечистотија и мраз.
Миење на шофершајбната
Повлечете ја рачката. Течноста за
миење се прска врз
шофершајбната и бришачот брише неколку пати.
Течност за миење 3 180
Бришач и перач на задните прозорци
Бришач на задното стакло
Притиснете го преклопникот за да
се активира бришачот на задното
стакло:
ON:непрекинато работењеOFF:исклученоINT:прекинато работењеНе употребувајте го ако задното
стакло е замрзнато.
Исклучете ги во перални за
автомобили.
Бришачот на задното стакло се
вклучува автоматски кога е вклучен бришачот на шофершајбната и
менувачот е ставен во рикверц.
Активирањето или
деактивирањето на оваа функција
може да се смени во изборникот
Settings (Поставки) на
Инфо-екранот.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 101.
Миење на задното стакло
Page 74 of 261

72Инструменти и контролиПритиснете ја рачката. Течноста замиење се прска врз задното стакло
и бришачот брише неколку пати.
Течност за миење 3 180
Надворешна температура
Падот во температурата се
прикажува веднаш, а
покачувањето на истата со
временско доцнење. Температури
под 3 °C трепкаат на екранот.
Илустрацијата прикажува
Сликовен инфо-екран.
Илустрацијата прикажува
Информативен екран во боја.
Екран од високо ниво
Ако надворешната температура
падне до 3 °C, во Информативниот
центар за возачот се прикажува
предупредувачка порака.9 Предупредување
Површината на патот може да
биде веќе подмрзната иако
екранот означува неколку
степени над 0 °C.
Часовник
Сликовен инфо-екран
Притиснете CONFIG за да се
отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Листајте низ листата и изберете ја
ставката Time Date (Време Датум)
за да се прикаже соодветниот подизборник.
Page 75 of 261

Инструменти и контроли73Забелешка
Детален опис на ракувањето со
изборникот побарајте во
прирачникот за инфозабавата.
Set time (Постави време)
Притиснете го копчето
MENU-TUNE за да влезете во
подизборникот Set time (Постави
време) .
Свртете го копчето MENU-TUNE за
да ја смените моменталната
вредност на првата поставка.
Притиснете го копчето
MENU-TUNE за да ја потврдите
наместената вредност.
Потоа покажувачот се префрлува
на следната вредност. Ако се
постават сите вредности,
автоматски се враќате на следното
повисоко ниво на изборникот.
Set date (Постави датум)
Притиснете го копчето
MENU-TUNE за да влезете во
подизборникот Set date (Постави
датум) .
Свртете го копчето MENU-TUNE за
да ја смените моменталната вредност на првата поставка.
Притиснете го копчето
MENU-TUNE за да ја потврдите
наместената вредност.
Потоа покажувачот се префрлува
на следната вредност. Ако се
постават сите вредности,
автоматски се враќате на следното
повисоко ниво на изборникот.
Set time format (Постави формат на времето)
За да се префрлувате меѓу
достапните опции, притискајте го
копчето MENU-TUNE повеќе пати.
Set date format (Постави формат на
датумот)
За да се префрлувате меѓу достапните опции, притискајте го
копчето MENU-TUNE повеќе пати.
RDS clock synchronization
( Синхронизација на часовник RDS)
Сигналот RDS од најмногу VHF
предаватели автоматски го мести
времето. Синхронизацијата на
RDS времето може да потрае
неколку минути. Некои
предаватели не испраќаат точeн
временски сигнал. Во таков случај
се препорачува да се исклучи
автоматската синхронизација на
времето.
За да се префрлувате меѓу опциите On (Вкл.) и Off (Искл.) ,
притискајте го копчето
MENU-TUNE повеќе пати.
Информативен екран во боја
Притиснете ;, па изберете го
екранот Settings (Поставки) .
Изберете Time and Date (Време и
датум) за да се прикаже односниот
подизборник.
Page 76 of 261

74Инструменти и контроли
Set Time Format (Поставете
формат на времето)
За да изберете формат на
времето, притиснете го екранското копче 12 ч или 24 ч.
Set Date Format (Поставете
формат на датумот)
Да го изберете саканиот формат на
датум, изберете Set Date Format
(Поставете формат на датумот) и
изберете некоја од достапните
опции во подизборникот.
Auto Set (Автоматско поставување)
За да изберете дали времето и
датумот ќе се постават автоматски или рачно, одберете Auto Set
(Автоматско поставување) .
За времето и датумот да бидат
поставени автоматски, одберете
On - RDS (Вкл. RDS) .
За времето и датумот да бидат
поставени рачно, одберете Off -
Manual (Искл. - Рачно) . Ако Auto Set
(Автоматско поставување) е
поставено на Off - Manual (Искл. -
Рачно) , елементите Set Time
(Местење на часовникот) и Set
Date (Местење на датумот) стануваат достапни во
подизборникот.
Поставување на време и датум
За да го прилагодите времето и датумот, изберете Set Time
(Местење на часовникот) или Set
Date (Местење на датумот) .
Допрете + или - за да ги
приспособите поставките.Штекери за напојување
Во средишната конзола се наоѓа
штекер за струја од 12 V.
Не надминувајте ја максималната
потрошувачка од 120 W.
При исклучено палење штекерот за напојување е деактивиран. Освен
тоа, штекерот за струја се
деактивира во случај на низок
напон во акумулаторот.
Приклучените електрични апарати
треба да ги задоволуваат
барањата за електромагнетна
соодветност одредени со
DIN VDE 40 839.
Page 77 of 261

Инструменти и контроли75Не приклучувајте апарати што
произведуваат електрична струја,
на пр. електрични уреди за
полнење или акумулатори.
Не оштетувајте го штекерот со
користење на несоодветни
приклучоци.
Систем за сопирање-поаѓање
3 135.
Запалка
Запалката е во средишната
конзола.
Притиснете ја запалката навнатре. Таа се исклучува автоматски кога
спиралата ќе се зажари. Извлечете ја запалката.
ПепелнициВнимание
Се користат само за пепел, а не за запално ѓубре.
Преносливиот пепелник може да
се стави во држачите за чаши.
Предупредувачки
светла, мерачи и
индикатори
Група инструменти Стрелките на инструментите
накратко се вртат до крајната
положба кога ќе се вклучи
палењето.
Брзиномер
Ја покажува брзината на моторот.
Page 78 of 261

76Инструменти и контролиКилометража
Долната линија го прикажува
забележаното растојание во km.
Дневна километража Се прикажува снименото
растојание од последното
препоставување.
Дневната километража брои до
9999 км, а потоа пак почнува од 0.
Екран од средно ниво
За ресетирање, притиснете го
копчето SET/CLR на рачката
неколку секунди 3 91.
Екран од високо ниво
Можно е да се изберат две
страници за дневни километражи
за различни патувања.
Изберете го изборникот ; со
притискање на Menu на рачката.
Свртете го тркалцето на рачката и изберете ;1 или ;2. Секоја
страница за дневна километража
може да се ресетира посебно со
притискање неколку секунди на
SET/CLR на рачката на
соодветниот изборник.
Page 79 of 261

Инструменти и контроли77Вртежомер
Ја прикажува брзината на моторот.Возете со мал број вртежи на
моторот за секоја брзина колку е
можно подолго.
Внимание
Ако стрелката е во црвената предупредувачка зона,
надмината е максимално
дозволената брзина на моторот. Моторот е во опасност.
Мерач за гориво
Го прикажува нивото на горивото
или содржината на гасот во
резервоарот во зависност од
режимот на работа.
Бројот на LED-сијалички што се
прикажани го покажува нивото на
соодветниот резервоар за гориво.
8 LED-сијалички значат дека
резервоарот е полн.
При работа на течен гас, се
прикажува нивото во резервоарот за гас.
Показател за ниско ниво на
гориво
Една LED-сијаличка што свети
бело покажува дека нивото на
гориво е ниско.
Ако LED-сијаличката стане црвена и Y свети жолто, наполнете го
резервоарот наскоро.
Ако LED-сијаличката свети црвено
и Y трепка жолто, наполнете го
веднаш.
Никогаш не дозволувајте
резервоарот за гориво да се
испразни докрај.
Стрелката ја покажува страната на возилото каде се наоѓа вратичката
на резервоарот за гориво.
Поради останатото гориво во
резервоарот, количината н
аполнењето може да биде помалку од назначената зафатнина.
За време на работата на течен гас,
системот автоматски се
префрлува на работа на бензин
кога резервоарите за гас се празни 3 78.
Page 80 of 261

78Инструменти и контролиСелектор на гориво
Со притискање на LPG се
префрлува меѓу работа на бензин
и на течен гас штом ќе се достигнат
потребните параметри
(температура на течноста за
ладење, температурата на гасот и
минималната брзина на моторот).
Барањата обично се достигнуваат
по околу 60 секунди (зависно од
надворешната температура) и
првото цврсто притискање на
педалата за гас. Состојбата на
сијаличката го покажува тековниот
режим на работа.
Сијаличката е
изгасната:работа на бензинСијаличката
трепка:проверка на
условите за
ракување со
претворањето на
горивото во
течен гас. Свети
ако се исполнети
условите.Сијаличката
светнува:ребота на течен
гасСијаличката
трепка пет
пати и се гасне:резервоарот за
течен гас е
празен или има
неправилност во
системот за
течен гас. Во
Информативниот
центар за
возачот се
прикажува
порака.
Избраниот режим на гориво е зачуван и се активира повторно во следниот циклус за палење, ако
дозволуваат условите.
Штом резервоарот за течен гас ќе
се испразни, автоматски се
активира работата на бензин
додека не се исклучи палењето.
Кога се врши автоматско
префрлање помеѓу работа на
бензин или гас, може да се
забележи кратко одложување во
моќноста на моторот.
Кога резервоарот за бензин е
празен, моторот нема да стартува.
Секои шест месеци испразнете го
резервоарот за бензин додека не
светне контролната сијаличка Y, па
наполнете го. Тоа помага да се
одржи квалитетот на горивото и функционирањето на системот за
работа на бензин.
Редовно полнете го резервоарот
целосно за да се избегне
формирањето на корозија во
резервоарот.
Дефекти и поправки Ако режимот на гас не е можен,
проверете дали има доволно течен гас или бензин за стартување.