OPEL CORSA F 2020 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2020, Model line: CORSA F, Model: OPEL CORSA F 2020Pages: 259, PDF Size: 20.54 MB
Page 131 of 259

Возење и ракување129Сопирачки
Систем за деблокирање на сопирачките
Antilock Brake System -от (ABS)
(Систем за деблокирање на
сопирачките) не дозволу тркалата
да се блокираат.
ABS почнува да го регулира
притисокот на сопирачките штом
некое тркало покажува тенденција
да се блокира. Возилото останува
управливо, дури при јако
сопирање.
Контролата на ABS станува
очигледна преку пулсирање во
педалот на сопирачките и звукот на
процесот за регулирање.
За оптимално сопирање, држете го педалот за сопирање докрај
притиснат за време на целиот
процес на сопирањето, иако
педалот ќе пулсира. Не
намалувајте го притисокот врз
педалот.
Кога сопирате во итен случај,
предупредувачките трепкачи се
вклучуваат автоматски возависност од силата на
забавувањето. Тие се исклучуваат
автоматски првиот пат кога ќе
забрзате.
По палењето, системот врши
самоиспитување што може да биде
чујно.
Контролна сијаличка i 3 76.
Дефект
9 Предупредување
Ако има дефект во ABS,
тркалата може да бидат склони
да се блокираат поради такво
кочење што е посилно од
обичното. Предностите на ABS
веќе не функционираат. При
силно сопирање, со возилото не може веќе да се управува и
може да скршне.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Сопирачка за паркирање9 Предупредување
Пред да го напуштите возилото,
проверете го статусот на
рачната сопирачка.
Контролната сијаличка j
свети постојано кога е
активирана електричната
сопирачка за паркирање.
Рачна сопрачка за паркирање
Page 132 of 259

130Возење и ракување9Предупредување
Секогаш затегнувајте ја рачната
сопирачка цврсто без да
ракувате со копчето за
ослободување, и на удолнини
или угорнини затегнете ја
истата колку е можно поцврсто.
За да ја отпуштите рачната
сопирачка, малку повлечете ја
рачката нагоре, притиснете го
копчето за ослободување и
спуштете ја рачката целосно.
За да се намалат работните
сили на рачната сопирачка,
истовремено притискајте ја
ножната сопирачка.
Контролна сијаличка h 3 75.
Електрична сопирачка за
паркирање
Се применува кога возилото е во
мирување
9 Предупредување
Повлечете го прекинувачот m
најмалку 1 секунда сè додека
контролниот индикатор m не
свети постојано и електричната
сопирачка за паркирање е
активирана 3 75. Електричната
сопирачка за паркирање работи автоматски со соодветна сила.
Пред да го напуштите возилото,
проверете го статусот на
електрична сопирачка за
паркирање.
Контролна сијаличка m 3 75.
Електричната сопирачка за
паркирање може да се активира
секогаш, дури ако палењето е
исклучено.
Не ракувајте со системот на
електричната сопирачка за
паркирање пречесто без да работи
моторот, тоа ќе го испразни
акумулаторот.
Ослободување
Вклучете го палењето. Држете го
педалот на ножната сопирачка
притиснат и потоа притиснете го
прекинувачот j.
Функција за поаѓање
Возила со рачен менувач:
Притискање на куплунгот, па мало
отпуштање на куплунгот и мало
притискање на гаста автоматски ја
ослободува електричната
сопирачка за паркирање. Ова е
Page 133 of 259

Возење и ракување131можно само ако е активирана
автоматската работа на
електричната сопирачка за
паркирање. Тоа не е можно кога прекинувачот j се повлекува
истовремено.
Возила со автоматски менувач:
Активирањето на R, D или M, па
притискање на педалата за гас автоматски ја ослободува
електричната сопирачка за
паркирање. Ова е можно само ако
е активирана автоматската работа
на електричната сопирачка за
паркирање. Тоа не е можно кога
прекинувачот j се повлекува
истовремено.
Сопирање кога возилото се движи
Кога возилото се движи и
прекинувачот j се држи
повлечен, системот на
електричната сопирачка за
паркирање ќе го забави возилото.
Штом прекинувачот j ќе се
ослободи, сопирањето ќе
престане.Системот за деблокирање на
сопирачките и Електронската
контрола на стабилноста го
стабилизираат возилото додека се
држи повлечен прекинувачот j.
Ако се случи грешка со
електричната сопирачка за
паркирање, во Информативниот
центар за возачот се прикажува
порака за предупредување. Ако
системот за деблокирање на
сопирачките и Електронската
контрола на стабилноста не се
активираат, едната или двете
сијалички i и J светнуваат во
групата инструменти. Во овој
случај, стабилноста може да се
обезбеди само ако неколку пати го
повлечете и го притиснете
прекинувачот j додека возилото
не запре.
Автоматска работа
Автоматската работа опфаќа
автоматско активирање и
автоматско отпуштање на
електричната сопирачка за
паркирање.Електричната сопирачка за
паркирање може да се активира
или отпушти и рачно со користење
на прекинувачот j.
Автоматско активирање: ● Електричната сопирачка за паркирање се активира
автоматски кога возилото не се движи и палењето е исклучено.
● j светнува во групата
инструменти и се прикажува
скок-порака за да се потврди активирањето.
Автоматско отпуштање: ● Сопирачката за паркирање се отпушта автоматски кога ќе
тргнете.
● j се исклучува во групата
инструменти и се прикажува
скок-порака за да се потврди отпуштањето.
Ако возилото е опремено со
автоматски менувач и сопирачката
не се отпушти автоматски,
проверете дали предните врати се
затворени правилно.
Page 134 of 259

132Возење и ракувањеДеактивирање на автоматското
ракување 1. Запалете го моторот.
2. Ако сопирачката за паркирање е отпуштена, активирајте ја со
повлекување на прекинувачот
j .
3. Тргнете ја ногата од педалата на сопирачките.
4. Притиснете го прекинувачот j најмалку 10 секунди и
најмногу 15 секунди.
5. Отпуштете го прекинувачот j.
6. Притиснете ја и задржете ја педалата на сопирачките.
7. Повлечете го прекинувачот j
2 секунди.
Деактивирањето на автоматската
работа на електрична сопирачка за паркирање се потврдува со
светнување на o во групата
инструменти 3 75. Електричната
сопирачка за паркирање може да
се активира или отпушти само
рачно.За да ја активирате повторно
автоматската работа, повторете ги
чекорите опишани погоре.
Проверка на функционалноста
Кога возилото не се движи,
електричната сопирачка за
паркирање може да се активира
автоматски. Ова се прави за да се
провери системот.
Дефект
На дефектен режим на
електричната сопирачка за
паркирање укажува контролната
сијаличка k и порака за возилото
што е прикажана на
Информативниот центар за
возачот.
Пораки за возилото 3 84.
Контролната сијаличка j трепка:
електричната сопирачка за
паркирање не е целосно
активирана или отпуштена. Кога
трепка постојано, отпуштете ја
електричната сопирачка за
паркирање и обидете се да ја
активирате повторно.Серво кочење
Ако педалата на сопирачките се
нагазне брзо и силно, автоматски
се применува максимална сила на сопирање.
Работењето на помошта на
сопирањето може да се забележи
по пулсирање во педалата за
сопирачките и поголем отпор кога
се нагазнува педалата.
Одржувајте постојан притисок врз
педалата на сопирачката додека е
потребно целосно сопирање.
Максималната сила на сопирањето автоматски се намалува кога ќе се
отпушти педалата на сопирачките.
Помош при поаѓање на угорници
Системот помага во спречување на
несакани движења при возење на
коса површина.
При отпуштање на педалата за сопирање по застанување на
стрмнина, сопирачките остануваат
активни уште 2 секунди.
Page 135 of 259

Возење и ракување133Сопирачките се отпуштаат
автоматски штом возилото почне
да забрзува.Системи за контрола
на возењето
Електронска контрола на стабилноста и Систем законтрола на
пролизгувањето
Електронската контрола на
стабилноста ја подобрува
стабилноста при возењето кога е
потребно, без оглед на видот на
површината на патот или
прилепувањето на гумите.
Штом возилото почне да занесува
(недоволно вртење / нагло
свртување), излезната сила на
моторот се намалува и тркалата се
закочуваат посебно.
Електронската контрола на
стабилноста работи во
комбинација со системот за
контрола на пролизгувањето. Го спречува шлајфувањето на
погонските тркала.Системот за контрола на
пролизгувањето е компонента на
електронската контрола на
стабилноста.
Системот за контрола на
пролизгувањето ја подобрува
стабилноста при возењето кога е
потребно, без оглед на видот на површината на површината на
патот или прилепувањето на
гумите, така што го спречува
пролизгувањето на погонските
тркала.
Штом погонските тркала почнат да
шлајфуваат, излезната силата на
моторот се намалува и тркалото
кое најмногу шлајфува поединечно се сопира. Тоа значително ја
подобрува стабилноста при
возење на возилото на лизгави
површини.
Page 136 of 259

134Возење и ракувањеЕлектронската контрола на
стабилноста и системот за
контрола на пролизгувањето
функционираат по секое
стартување на моторот, штом ќе се
исклучи контролната сијаличка J.
Кога електронската контрола на
стабилноста и системот за
контрола на пролизгувањето
работат, J трепка.9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Контролна сијаличка b 3 76.
Деактивирање
Електронската контрола на
стабилноста и системот за
контрола на пролизгувањето може
да се деактивираат во Инфо-
екранот.
Инфо-екран 3 82.
Светнува K и во Информативниот
центар за возачот се прикажува
порака.
Електронската контрола на
стабилноста и системот за
контрола на пролизгувањето се
активираат повторно при секое
вклучување на палењето или ако
возилото се вози побрзо од
50 км/ч. Исто така, може да се
активираат повторно преку Инфо-
екранот.
K се исклучува кога електронската
контрола на стабилноста и
системот за контрола на
пролизгувањето се активираат
повторно.
Дефект
Ако има дефект на системот,
контролната сијаличка J
постојано свети, на
Информативниот центар за
возачот се појавува порака и се
слуша предупредувачка мелодија.
Системот не функционира.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.Системи за помош на
возачот9 Предупредување
Системите за помош на возачот
се конструирани да го
поддржуваат возачот, а не да го заменат вниманието на возачот.
Возачот има целосна
одговорност кога го вози
возилото.
Кога се користат системите за
помош за возачот, секогаш
внимавајте на моменталната
сообраќајна ситуација.
Контрола на патувањето
Контролата на патувањето може
да зачува и да одржува брзини
поголеми од 40 км/ч.
Дополнително, мора да биде
избран најмалку трет степен на
пренос кај некои рачни менувачи.
Кај автоматски менувач, мора да
Page 137 of 259

Возење и ракување135биде избрано D или втор или
повисок степен на пренос во
положба M.
Може да дојде до отстапувања од снимените брзини кога се вози по
угорници или удолнини.
Системот ја одржува брзината на
возилото на брзината определена
од возачот без притискање на
педалата за гас.
Претходно поставената брзина
може да се надмине привремено со
силно притискање на педалата за
гас.
Статусот и претходно поставената
брзина се прикажуваат во
Информативниот центар за
возачот.
Не ја користите контролата на
патувањето ако не е препорачливо да се одржи постајана брзина.Вклучување на системот
Притиснете го v.
Во Информативниот центар за
возачот се прикажува симболот v и порака. Системот сè уште не
е активен.
Активирање на
функционалноста
Поставување на брзината од
возачот
Page 138 of 259

136Возење и ракувањеЗабрзајте до саканата брзина и
поместете го вртливото копче
еднаш кратко до SET/-.
Моменталната брзина се снима и одржува. Педалот за гас може дасе отпушти.
Потоа, претходно поставената
брзина може да се промени со
вртење на вртливото копче на
RES/+ за зголемување или на
SET/- за намалување на брзината.
Поместете го вртливото копче
неколку пати за да ја променувате
брзината во мали чекори.
Поместете го и задржете го за да ја
променувате брзината во големи
чекори.Вредноста на брзината е наведена
во Информативниот центар за
возачот.
Преземање брзина од
препознавањето ограничување на
брзина
Интелигентното приспособување
на брзината го информира возачот
кога препознавањето
ограничување на брзина ќе открие
ограничување на брзината.
Откриеното ограничување на
брзината може да се користи како
нова вредност за контролата на
патувањето.
Со користење на камерата во
горниот дел од шофершајбната,
овој систем го открива и го чита ограничувањето на брзината и
завршувањето на ограничувањето
на брзината.
Ако контролата на патувањето е
активна, препознаеното
ограничување на брзината ќе се
прикаже во Информативниот
центар за возачот и MEM светнува
ако разликата помеѓу поставената
брзина и ограничувањето на
брзината е поголема од 9 км/ч.Притиснете MEM на воланот за да
побарате зачувување на
предложената брзина.
Притиснете MEM на воланот уште
еднаш за да ја потврдите и
зачувате новата поставка за
брзината.
Оваа брзина е новата вредност за
контролата на патувањето.
Функцијата може да се деактивира
или активира во
приспособувањето на возилото кон индивидуалните потреби 3 85.
Надминување на поставената
брзина
Брзината на возилото може да сезголеми со нагазување на
педалата за гас. Кога ќе се отпушти
педалот за гас, се продолжува со
претходно зачуваната брзина.
Деактивирање на
функционалноста
Притиснете i, контролата на
патувањето е во режим на пауза и
се прикажува порака. Возилото се
вози без контрола на патувањето.
Page 139 of 259

Возење и ракување137Контролата на патувањето е
деактивирана, но не е исклучена.
Последната зачувана брзина
останува во меморијата за да може
повторно да се активира подоцна.
Контролата на патувањето се
деактивира автоматски во
следниве случаи:
● Педалата на сопирачките е притисната.
● Брзината на возилото е под 40 км/ч.
● Работи системот за контрола на пролизгувањето или
електронската контрола за стабилност.
● Рачката на менувачот е во N
(автоматски пренос) или во прв или втор степен на пренос (на
некои рачни менувачи).
● Веднаш откако педалата за куплунгот ќе се притисне или
неколку секунди откако
педалата за куплунгот ќе се
притисне (во зависност од
рачниот менувач).Продолжување со снимената
брзина
Поместете го вртливото копче наRES/+ при брзина над 40 км/ч.
Снимената брзина ќе се постигне.
Исклучување на системот Притиснете v и режимот за
контрола на патувањето ќе се
исклучи, а во Информативниот
центар за возачот ќе се исклучи и
показателот за контролата на
патувањето.
Со притискање на 5 за
активирање на ограничувачот на
брзината се деактивира
контролата на патувањето.
Исклучувањето на палењето ги
откажува сите програмирани
вредности за брзина.
Дефект Во случај на дефект на контролата
на патувањето, брзината се брише и цртичките почнуваат да трепкаат.
Препознавањето на ограничување
на брзина може да не работи
правилно ако сообраќајните знацине се во согласност со Виенската
конвенција за сообраќајни знаци и
сигнали.
Ограничувач на брзината Ограничувачот на брзината го
спречува возилото да надмине
претходно поставена максимална
брзина.
Максималната брзина може да се
постави при брзини над 30 км/ч.
Возачот може да го забрза
возилото до претходно
поставената брзина. Може да дојде
до отстапувања од ограничената
брзина само при возење надолу.
Претходно поставената брзина
може да се надмине привремено со силно притискање на педалата за
гас.
Статусот и претходно поставеното
ограничување на брзината се
прикажуваат во Информативниот
центар за возачот.
Page 140 of 259

138Возење и ракувањеВклучување на системот
Притиснете го 5.
Во Информативниот центар за
возачот се прикажува 5 и порака.
Системот сè уште не е активен.
Активирање на
функционалноста
Поставување на брзината од
возачот
Претходно поставената
максимална брзина може да се
постави со притискање на
вртливото копче на RES/+ за
зголемување или на SET/- за
намалување на саканата
максимална брзина. Поместете го
вртливото копче неколку пати за да
ја променувате брзината во мали
чекори. Поместете го и задржете го
за да ја променувате брзината во
големи чекори.
Вредноста на брзината е наведена во Информативниот центар за
возачот.