OPEL CORSA F 2020 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2020, Model line: CORSA F, Model: OPEL CORSA F 2020Pages: 259, PDF Size: 20.54 MB
Page 161 of 259

Возење и ракување159Зависно која страна на возилото е
поблиску до пречка, од таа страна
ќе слушате предупредувачки
звучни сигнали во возилото.
Периодот помеѓу звуците се
скусува додека возилото
наближува до пречката. Кога е
оддалеченоста помала од околу
30 см, звукот е постојан.
Освен тоа, оддалеченоста до
пречките назад и напред се
прикажува со променливи линии за оддалеченост на Инфо-екранот
3 82.
Ако возилото запре подолго од
3 секунди во брзина за движење
напред, ако автоматскиот менувач
е во положба P или ако не се
откриени други пречки, не се
даваат звучни сигнали за
предупредување.
Деактивирање
Системот се деактивира
автоматски кога брзината на
возилото надмине 10 км/ч, со
активирање на електричната
сопирачка за паркирање или со
притискање на копчето за помош за паркирање e.
Кога системот е деактивиран
рачно, LED-сијаличката во копчето
свети.
Ако системот е деактивиран рачно, нема да се активира автоматски
при следното вклучување на
палењето.
Ограничувања на системот
Во случај на дефект или ако
системот привремено не работи,
на пример, поради голема бучава
надвор или други фактори што
пречат, во групата инструменти
светнува C. Се прикажувапорака во Информативниот центар
за возачот и се слуша звук за
предупредување.9 Предупредување
Во одредени услови, сјајните
површини на разни предмети
или на облека, како и
надворешните извори на
бучава, може да предизвикаат системот да не ги открие
пречките.
Треба да се обрне посебно
внимание на ниските пречки
што може да го оштетат долниот дел на браникот.
Внимание
Перформансите на системот
може да бидат намалени кога
сензорите се прекриени, на пр.
со мраз или снег.
Перформансите на системот за помош при паркирање може да
се намалат поради голема
оптовареност.
Page 162 of 259

160Возење и ракувањеВажат посебни услови ако во
близина има повисоки возила
(на пр. теренски возила,
комбија, камионети).
Идентификацијата на предмети
и правилното укажување на
оддалеченоста во горните
делови од такви возила не може
да се гарантира.
Системот може да не открие
предмети со многу мала
површина за одразување,
на пр. тесни предмети или меки
материјали.
Системите за помош за
паркирање не откриваат
предмети надвор од опсегот за
откривање.Напредна помош за
паркирање9 Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за прифаќање на местото за паркирање
предложено од системот и
маневрот за паркирање.
Секогаш проверувајте ја
околината во сите насоки кога ја
користите напредната помош за паркирање.
Напредната помош за паркирање
мери соодветно место за
паркирање при поминување, ја
пресметува патеката и автоматски
го наведува возилото при
паркирање.
Напредната помош за паркирање
помага за следниве маневри:
● влегување во паралелно место
за паркирање
● влегување во напречно место за паркирање
● излегување од паралелно место за паркирање
Возачот треба да ги контролира
забрзувањето, сопирањето и
менувањето брзини, додека
управувањето се врши автоматски.
Возачот може да ја преземе
контролата во секое време така
што ќе го фати воланот.
Можеби ќе биде потребно да се
движи напред и назад повеќе од
еднаш.
Упатствата се дадени на Инфо-
екранот 3 82.
Напредната помош за паркирање
може да се активира само при
возење напред.
Page 163 of 259

Возење и ракување161
Напредната помош за паркирање
секогаш е во спој со предно-
задната помош за паркирање.
Системот има шест ултрасонични
сензори за паркирање и во задниот и во предниот браник.
Влегување во паралелно место за паркирање
Активирање
Намалете ја брзината на возилото
под 30 км/ч.
За да пребарате за место за
паркирање, активирајте го
системот во Инфо-екранот 3 82.
Изберете го изборникот за
паралелно место за паркирање.
Изберете ја страната за паркирање
со вклучување на трепкачот на
соодветната страна.
Дозволеното паралелно
растојание меѓу возилото и
паркираните автомобили е помеѓу
0,5 м и 1,5 м.
Системот нема да идентификува места кои се јасно помали или
поголеми од возилото.
Кога ќе се открие слободно место,
се даваат визуелни информации
на Инфо-екранот и прв звучен
сигнал. Возете бавно напред. Кога
ќе се даде вториот звучен сигнал,
запрете го возилото, ставете во
рикверц, пуштете го воланот и
почнете да се движите бавно. На
Инфо-екранот се дава визуелен
приказ.
Движете се напред и назад и
почитувајте ги предупредувањата
на помошта за паркирање додека
не се означи крајот на
маневрирањето.
Влегување во напречно место
за паркирање
Активирање
Намалете ја брзината на возилото
под 30 км/ч.
За да пребарате за место за
паркирање, активирајте го
системот во Инфо-екранот 3 82.
Изберете го изборникот за
напречно место за паркирање.
Page 164 of 259

162Возење и ракувањеИзберете ја страната за паркирање
со вклучување на трепкачот на
соодветната страна.
Дозволеното паралелно
растојание меѓу возилото и
паркираните автомобили е помеѓу
0,5 м и 1,5 м.
Кога ќе се најдат неколку
последователни места, возилото
ќе се насочи кон последното.
Кога ќе се открие слободно место,
се даваат визуелни информации
на Инфо-екранот и звучен сигнал.
Запрете го возилото, ставете во
рикверц, пуштете го воланот и
почнете да се движите без да
надминете 7 км/ч.
Движете се напред и назад според
упатствата, почитувајте ги
предупредувањата на помошта за
паркирање и внимавајте на
звучните сигнали додека не се
означи крајот на маневрирањето.
При маневрирањето за паркирање, системот се деактивира
автоматски штом задниот дел од
возилото се приближи на 50 см од
некоја пречка.
Излегување од паралелно
место за паркирање
Активирање
Кога излегувате од паралелно
место за паркирање, активирајте го
системот во Инфо-екранот 3 82.
Изберете го изборникот за
излегување од паралелно место за паркирање.
Изберете ја страната за
излегување со вклучување на
соодветниот трепкач.
Ставете во рикверц, пуштете го
воланот и почнете да се движите
без да надминете 5 км/ч.
Page 165 of 259

Возење и ракување163Движете се напред и назад и
почитувајте ги предупредувањата на помошта за паркирање додека
не се означи крајот на
маневрирањето.
Маневарот е завршен кога
предните тркала на возилото ќе
излезат од местото за паркирање.
По деактивирањето, проверете
дали ја имате контролата над
возилото.
Индикации на екранот Упатствата на екранот покажуваат: ● општи практични совети и пораки за предупредување
● барањето за запирање на возилото кога се приметува
паркирно место
● насоката на возењето за време
на маневрите за паркирање
● барање да се стави во рикверц
или во прва брзина● барање да се застане или да се
вози побавно
● успешно завршување на маневарот паркирање на
коешто укажува појавен
симбол и тон
● откажување на маневар за паркирање
Деактивирање
Тековниот маневар од помошта за
паркирање се откажува преку
копчето за враќање на почетниот
екран на Инфо-екранот. За да го
деактивирате системот целосно,
притиснете e во средишната
конзола.
Системот се деактивира
автоматски:
● ако се исклучи палењето
● ако моторот работи во место
● ако не се започне со маневрирање во рок од
5 минути откако ќе се изберете
типот на маневрирањето
● по подолго стоење во место на
возилото за време на
маневрирање● кога ќе се активира трепкачот на спротивната страна од
страната на маневарот
● ако се вклучи електронската контрола на стабилноста
● ако брзината на возилото го надмине наведеното
ограничување
● кога возачот ќе го прекине движењето на воланот
● по десет маневри за влегување или излегување од
паралелно место за паркирање или по седум маневри за
влегување во напречно место
за паркирање
● со отворање на возачката врата
● ако некое од предните тркала наиде на пречка
● маневрата за паркирање заврши успешно
Деактивирањето од возачот или од системот за време на
маневрирањето ќе се прикаже на
екранот. Дополнително, ќе се
слушне мелодија.
Page 166 of 259

164Возење и ракувањеСистемот се исклучува автоматски
кога се влече електрично поврзана
приколка, носач за велосипеди и
др.
Контактирајте со продавачот за да
го исклучите системот на подолго
време.
Дефект
Во случај на дефект, во
Информативниот екран во боја се
прикажува порака и се слуша
звучен сигнал.
Во случај на дефект на серво
управувањето, светнува C и се
прикажува порака во
Информативниот центар за
возачот.9 Предупредување
Во одредени услови, сјајните
површини на разни предмети
или на облека, како и
надворешните извори на
бучава, може да предизвикаат системот да не ги открие
пречките.
Треба да се обрне посебно
внимание на ниските пречки
што може да го оштетат долниот дел на браникот.Внимание
Перформансите на системот
може да бидат намалени кога
сензорите се прекриени, на пр.
со мраз или снег.
Перформансите на системот за
помош при паркирање може да
се намалат поради голема
оптовареност.
Важат посебни услови ако во
близина има повисоки возила
(на пр. теренски возила,
комбија, камионети).
Идентификацијата на предмети
и правилното укажување на
оддалеченоста во горните
делови од такви возила не може да се гарантира.
Системот може да не открие
предмети со многу мала
површина за одразување, на пр.
тесни предмети или меки
материјали.
Системите за помош за
паркирање не откриваат
предмети надвор од опсегот за
откривање.
Забелешка
Можно е сензорот да открие
предмет што не постои поради
ехо-пречките од надворешна
бучава или механичко
непорамнување (повремено може да се појават лажни
предупредувања).
Внимавајте предната регистерска
табличка да е правилно
монтирана (да не е свиткана и да
нема процеп до браникот од
левата или десната страна) и
сензорите да се цврсто вглавени
на своите места.
Системот на напредна помош за
паркирање може да не реагира на
промени на достапното паркирно
место откако ќе почне маневар за
Page 167 of 259

Возење и ракување165паркирање. Системот може да
препознае влез, порта, двор, па дури и крстосница како место за
паркирање. Откако ќе ставите во
рикверц, системот ќе почне
маневар за паркирање.
Внимавајте на достапноста на
предложеното место за
паркирање.
Системот не открива
неправилности на тлото, на пр. во
градежни зони. Возачот е
одговорен за тоа.
Известување за странична слепа точка
Известувањето за странична слепа
точка ви помага да избегнете
судари предизвикани од
ненамерно напуштање на лентата
кога ќе се открие предмет во
рамките на одредена зона за
откривање слепи точки.
Системот прикажува визуелно
предупредување во секој
страничен ретровизор кога открива
објекти што може да не се видливи во внатрешниот и страничните
ретровизори.Известувањето за странична слепа точка користи дел од сензорите за
напредна помош за паркирање што се наоѓаат на предниот и задниот
браник од двете страни на
возилото.9 Предупредување
Системот за помошник за
странична слепа точка е само
помош за менување ленти и не
ја заменува внимателноста на возачот.
Помошникот за странична
слепа точка не открива:
● Возила вон страничните слепи зони што може да сеприближуваат брзо.
● Пешаци или животни.
● Статични предмети, на пример, статични возила,
семафори, сообраќајни
знаци и др.
Ако не се внимава при возењето менувањето ленти, може да
дојде до оштетување на
возилото, повреда или смрт.
Секогаш проверувајте ги
надворешните ретровизори и внатрешниот ретровизор,
погледнете преку рамо и
користете го трепкачот пред да
менувате ленти.
Активирање
Системот може да се активира
преку изборникот за поставки на
возилото во Инфо-екранот.
Инфо-екран 3 82.
Функционалност
Page 168 of 259

166Возење и ракувањеКога системот ќе открие возило во
страничната слепа зона додека
возите напред, ќе светне LED-
сијаличка во соодветниот
страничен ретровизор.
LED-сијаличката се вклучува
веднаш кога возилото ќе биде
претекнато.
LED-сијаличката се вклучува по
кратко време кога бавно
претекнувате друго возило.
Услови за работа
Следниве услови мора да бидат
исполнети за правилна работа:
● сите возила се движат во ист правец и во соседни ленти
● во зависност од конфигурацијата на возилото,
брзината на вашето возило е
помеѓу 12 или 33 и 140 км/ч
● претекнување возило со разлика во брзината помала од
10 км/ч
● друго возило претекнува со разлика во брзината помала од25 км/ч
● сообраќајот е нормален● возење на прав пат или пат со мали кривини
● возилото не влече приколка ● сензорите не се покриени со кал, мраз или снег
● зоните за предупредување во ретровизорите или зоните за
откривање на предниот и
задниот браник не се покриени
со налепници или други
предмети
Нема да се даде предупредување во следниве ситуации:
● во присуство на објекти што не
се движат, на пример,
паркирани возила, пречки,
улични сијалици, сообраќајни
знаци
● со возила што се движат во спротивен правец
● при возење на пат со многу кривини или со остар агол
● кога претекнувате или ве претекнува многу долго
возило, на пример, камион,
шлепер, коешто во исто време
е откриено назад во аголот одслепата точка и е присутно во
предното видно поле на
возачот
● во многу густ сообраќај, возилата откриени напред и
назад се мешаат со камион или објект што не се движи
● кога претекнувате многу брзо
Деактивирање
Системот може да се активира
преку изборникот за поставки на
возилото во Инфо-екранот.
Инфо-екран 3 82.
Состојбата на системот се
меморира кога ќе го исклучите палењето.
Системот се деактивира
автоматски кога се влече
електрично поврзана приколка.
Поради лоши временски услови,
како што е пороен дожд, може да се
случај погрешни откривања.
Page 169 of 259

Возење и ракување167ДефектВо случај на дефект, на таблата со
инструменти светнува C заедно
со порака на екранот.
Контактирајте со продавач или
автомеханичар за да се изврши
проверка на системот.
Активно откривање странични
слепи точки
Покрај стандардното известувањеза странична слепа точка,
активното откривање странични слепи точки ја коригира патеката на
движење на возилото така што
нежно го врти воланот за да го
врати возилото во лентата кога ќе
се открие објект во рамките на
одредена зона за слепа точка.
Системот е активен само кога се
активирани и известувањето за
странична слепа точка и помошта
за задржување на лентата.
Помош за задржување на лентата
3 172.Активното откривање странични
слепи точки работи кога брзината
на возилото е помеѓу 65 и
140 км/ч.
Функционалност Кога ќе се обидете да го насочите
вашето возило кон откриеното
возило, возачот ќе забележи
вртење на воланот кон
спротивната страна. Вртете го
воланот во истата насока ако
системот не го врти доволно.
Системот интервенира дури и ако
се активирани трепкачите.
Систем за панорамски поглед
Овој систем овозможува приказите
на околината на возилото да се
прикажуваат речиси како слика од
180° на Инфо-екранот, како поглед од птичја перспектива.Системот користи:
● задна камера, монтирана во задниот браник
● ултрасонични сензори за паркирање во задниот браник
Екранот на Инфо-екранот е
поделен на два дела. На десната
страна има приказ од горе, а на
левата има приказ од назад.
Сензорите за паркирање ги
комплетираат информациите за
приказот од горе на возилото.
Page 170 of 259

168Возење и ракувањеАктивирањеСистемот за панорамски поглед се
активира кога:
● ќе се избере рикверц
● се вози до 13 км/ч
Функционалност Во левиот дел од екранот може да
се изберат различни прикази.
Променете го типот на приказот во
секое време при маневрирање со
притискање на полето за допир во
левата долна зона од екранот и со
избирање на приказ од изборникот
за избор на приказ:
● Стандарден приказ
● Автоматски режим
● Зумиран приказ
● Приказ од 180°
Екранот се ажурира веднаш со
типот на избраниот приказ.
Автоматскиот режим е активиран
стандардно. Во овој режим,
системот го избира најдобриот
приказ за прикажување,стандарден или зумиран, според
информациите од сензорите за
паркирање.
Состојбата на системот не
останува во меморијата кога ќе се
исклучи палењето.
Стандарден приказ
На екранот се прикажува областа
зад возилото. Вертикалните линии
ја претставуваат ширината на
возилото со отворени ретровизори. Насоката на линиите се променува
со положбата на воланот.
Првата хоризонтална линија
претставува растојание од околу
30 см од работ на задниот браник
на возилото. Горните
хоризонтални линии
претставуваат растојание од околу 1 м и 2 м.
Овој приказ е достапен во
автоматскиот режим или во
изборникот за избор на приказ.
Автоматски режим
Овој режим е активиран
стандардно. Со користење на
сензорите во задниот или предниот
браник, автоматскиот приказ се
променува од заден или преден
приказ на приказ од горе, како што
некоја пречка се приближува во
текот на маневрирањето.