OPEL CORSA F 2020 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2020, Model line: CORSA F, Model: OPEL CORSA F 2020Pages: 259, PDF Size: 20.54 MB
Page 11 of 259

Клучеви, врати и прозорци9Бројот на шифрата за адаптерот за
завртките за заклучување на
тркалата е наведен на картичка.
Треба да се наведе кога се
нарачува резервен адаптер.
Менување на тркалата 3 210.
Клуч со дел што се преклопува
Притиснете го копчето за да се
извлече. За да се преклопи клучот,
прво притиснете го копчето.
Далечински управувач
Овозможува ракување со следниве функции со користење на
копчињата на далечинскиот
управувач:
● централната брава 3 12
● системот за заштита од кражба
3 18
● системот за тревожење при кражба 3 19
● отклучување и отворање на задната врата
● електричните прозорци 3 24
● преклопување на ретровизорите 3 21
● осветлување за лоцирање на
возилото 3 97
● периферно осветлување 3 97
Далечинскиот управувач има опсег
до 100 м, но може да биде и многу
помалку поради надворешни
влијанија. Предупредувачките
трепкачи го потврдуваат
работењето.
Ракувајте со него внимателно,
штитете го од влага и високи
температури и избегнувајте
непотребно ангажирање.
Замена на батеријата во
далечинскиот управувач
Заменете ја батеријата штом
системот веќе не работи правилно
или опсегот е намален.
Ако батеријата е празна, C свети
во групата инструменти, а во
Информативниот центар за
возачот се прикажува порака за
предупредување.
Информативен центар за возачот
3 84.
Page 12 of 259

10Клучеви, врати и прозорци
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
1. Отстранете го задниот капак од
далечинскиот управувач.
2. Извадете ја рамната батерија од локацијата.
3. Заменете ја батеријата со друга
од истиот тип. Обрнете
внимание на положбата на
инсталирањето.
4. Вратете го капакот.
Дефект Ако со централната брава не може
да се ракува со далечинскиот
управувач, причината може да
биде следното:
● Дефект во далечинскиот управувач.
● Напонот на акумулаторот е слаб.
● Преоптоварување на системот на централната брава поради
често ангажирање, тогаш
напојувањето се прекинува
накратко.
● Пречки од посилни радио бранови од други извори.
Рачно отклучување 3 12.Систем на електронскиот
клуч
Овозможува, во зависност од
верзијата, ракување без клуч со
следниве функции:
● централната брава 3 12
● вклучување на палењето и палење на моторот 3 114
Електронскиот клуч просто треба
да биде со возачот.
Освен тоа, електронскиот клуч има функција и на далечински
управувач 3 9.
Page 13 of 259

Клучеви, врати и прозорци11Ракувајте со него внимателно,
штитете го од влага и високи
температури и избегнувајте
непотребно ангажирање.
Заменување на батеријата во
електронскиот кчуч
Заменете ја батеријата штом
системот веќе не работи правилно
или опсегот е намален.
Ако батеријата е празна, C свети
во групата инструменти, а во
Информативниот центар за
возачот се прикажува порака за
предупредување.
Информативен центар за возачот
3 84.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
1. Извадете го капакот.
2. Извадете ја рамната батерија од локацијата.
3. Заменете ја батеријата со друга
од истиот тип. Обрнете
внимание на положбата на
инсталирањето.
4. Вратете го капакот.
Дефект
Ако со централната брава не може
да се работи или моторот не може
да се запали, причината може да
биде следното:
● Дефект на електронскиот клуч.
● Електронскиот клуч е надвор од опсегот на прием.
● Напонот на акумулаторот е слаб.
● Преоптоварување на системот на централната брава поради
често ангажирање, тогаш
напојувањето се прекинува
накратко.
● Пречки од посилни радио бранови од други извори.
За да се отстрани причината на
дефектот, сменете ја положбата на
електронскиот клуч.
Рачно отклучување 3 12.
Page 14 of 259

12Клучеви, врати и прозорциСистем на централнатабрава
Ги отклучува и заклучува вратите,
товарниот простор и вратичката на резервоарот за гориво.
Едно повлекување на внатрешната
рачка од некоја врата ја отклучува
односната врата. Повлекувањето
на рачката уште еднаш ја отвора
вратата.
Забелешка
Во случај на сообраќајка во
којашто се активираат воздушни
перничиња или затегнувачи на
ремените, возилото автоматски
се отклучува.Ракување со далечинскиот
управувач
Отклучување
Притиснете го a.
Забелешка
За кратко време по
отклучувањето со далечинскиот
управувач, вратите се
заклучуваат автоматски ако не се
отворила ниедна врата.
Предуслов за ова е
поставувањето да се активира во приспособување на возилото кониндивидуалните потреби 3 85.
Режимот за отклучување може да
се постави во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби во Инфо-
екранот. Две поставки може да се
изберат:
● Сите врати, товарниот простор
и вратичката на резервоарот
за гориво ќе бидат отклучени
со притискање на a еднаш.
● Само вратата на возачот и вратичката на резервоарот за
гориво ќе бидат отклучени со
едно притискање на a. За
отклучување на сите врати,
товарниот простор и
вратничката за полнење
гориво, притиснете a еднаш.
Изберете ја соодветната поставка
во Приспособување на возилото
кон индивидуалните потреби.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 85.
Отклучување на задната врата
Притиснете ? за да се отклучи
само задната врата.
Отклучување и отворање на
задната врата 3 18.
Page 15 of 259

Клучеви, врати и прозорци13Заклучување
Затворете ги вратите, товарниот
простор и вратичката на
резервоарот.
Притиснете го b.
Ако возилото не е правилно
затворено, системот на
централната брава нема да
работи.
Потврдување
Ракувањето со системот на централната брава се потврдува
со предупредувачките трепкачи.
Предуслов за ова е дека
поставувањето се активира во
приспособување кон
индивидуалните потреби 3 85.
Ракување со системот на
електронскиот клуч
Системот овозможува автоматско
заклучување и отклучување на
возилото едноставно преку
откривање на електронскиот клуч.
Електронскиот клуч мора да е
надвор од возилото.● Зона 1: вклучување на осветлувањето при влегување
● Зона 2: автоматско заклучување при излегување
од возилото
● Зона 3: автоматско отклучување при
приближување до возилото
Забелешка
Кратко време по автоматското
отклучување, возилото повторно
се заклучува ако не се отвори ниту една врата.
Ако палењето е исклучено подолго
од девет дена или акумулаторот на
возилото нема доволно напон,
автоматската функција ќе се
оневозможи. Поминете со раката
зад рачката од вратата на возачот
за да го отклучите возилото или
притиснете го копчето на задната
врата.
Отклучување
Режимот за отклучување може да
се постави во изборникот за
приспособување на возилото кон
Page 16 of 259

14Клучеви, врати и прозорцииндивидуалните потреби во Инфо-
екранот. Две поставки може да се
изберат:
● Само вратата на возачот и вратничката на резервоарот загориво ќе бидат отклучени.
● Сите врати, товарниот простор
и вратничката на резервоарот
за гориво ќе бидат отклучени.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 85.
Ракување со копчињата на
електронскиот клучСистемот на централната брава
исто така може да се ракува со копчињата на електронскиот клуч.
Притиснете a за да отклучите.
Притиснете b за да заклучите.
Притиснете ? за да ја
отклучите само задната врата.
Ракување со далечинскиот
управувач 3 12.
Потврдување
Ракувањето со системот на
централната брава се потврдува
со предупредувачките трепкачи.
Предуслов за ова е дека
поставувањето се активира во
приспособување кон
индивидуалните потреби 3 85.
Паметен пристап Со таа функција, паметен телефонможе да се користи како
електронски клуч. Возилото се
контролира преку апликација.
Кога се приближувате до возилото,
потврдете ја пораката на
паметниот телефон за да го
отворите возилото.Копче за централната брава
Ги заклучува или отклучува сите
врати, товарниот простор и
вратичката за полнење на
резервоарот од внатрешноста на
патничкиот простор.
Притиснете b за да заклучите.
Светнува LED-сијаличката во
копчето.
Притиснете b повторно за
отклучување. LED-сијаличката во
копчето се исклучува.
Page 17 of 259

Клучеви, врати и прозорци15Ракување со клучот во случај на
дефект на системот на
централната брава
Во случај на дефект, на пример,
испразнет акумулатор или
батерија на далечинскиот
управувач или електронскиот клуч,
предната врата може да се заклучи или отклучи со механичкиот клуч.
Рачно отклучување
Електронски клуч: притиснете го
копчето за да се извлече
вметнатиот клуч.
Рачно отклучете ја предната врата
така што ќе го ставите и ќе го
свртите клучот во цилиндарот на
бравата.
Другите врати можат да се отворат со повлекување на внатрешната
квака. Товарниот простор и
вратичката на резервоарот
веројатно нема да се отклучат.
Кога ќе се вклучи палењето, се
исклучува системот за заштита од
кражба.
Рачно заклучување
Рачно заклучете ја предната врата
така што ќе го ставите и ќе го
свртите клучот во цилиндарот на
бравата.
Page 18 of 259

16Клучеви, врати и прозорци
За да ги заклучите другите врати,
отстранете го црното капаче со
клучот.
Внимателно ставете го клучот и
поместете го кон внатрешната
страна од вратата без да го вртите клучот.
Потоа, извадете го клучот и
вратете го црното капаче.
Вратичката на резервоарот за
гориво и задната врата
најверојатно не се заклучени.
Автоматско заклучување
Автоматско заклучување по
поаѓање
Системот дозволува автоматско
заклучување на вратите и задната
врата штом возилото ќе надмине
одредена брзина.
Ако една од вратите или задната
врата е отворена, автоматското централно заклучување нема да се
активира. На тоа се укажува со
звукот на отклучување на бравите,
придружено со осветлување на P
на групата инструменти, звучен
сигнал и прикажување порака за
предупредување.
Оваа функција може да се
активира или деактивира во секое
време. Со вклучено палење,
притискајте b додека не започне
да се емитува звучен сигнал и не се
прикаже соодветна порака.
Состојбата на системот останува
во меморијата кога ќе го исклучите палењето.
Автоматско повторно
заклучување по отклучувањето
Оваа функција автоматски ги
заклучува сите врати, товарниот
простор и вратичката на
резервоарот за гориво автоматски
кратко по отклучувањето со
Page 19 of 259

Клучеви, врати и прозорци17далечинскиот управувач или
електронскиот клуч ако ниту една
врата не била отворена.
Детски брави9 Предупредување
Користете ги детските брави
кога и да седат деца на задните
седишта.
Механички детски брави
Свртете ја црвената детска брава
во задната врата кон внатре во
хоризонтална положба со
користење на клуч. Вратата не
може да се отвори однатре.
За деактивирање, свртете ја
детската брава во вертикална
положба.
Електрични детски брави
Користете го системот од далечина
за да избегнете отворање на
задните врати преку внатрешните
рачки и користењето на
електричните задни прозорци.
Вклучување
Притиснете >. Се вклучува
индикаторското светло во копчето, придружено со порака за
потврдување. Ова индикаторско
светло останува вклучено додека
не се исклучат детските брави.
Исклучување
Притиснете го > повторно.
Индикаторското светло се
исклучува, придружено со порака
за потврдување.
Page 20 of 259

18Клучеви, врати и прозорциВрати
Товарен простор
Задна врата
Отворање
По отклучувањето, притиснете го
копчето на задната врата под
амблемот и отворете ја задната врата.
Затворање
Користете ја внатрешната рачка.
Не притискајте ја подлогата за
допир додека затворате бидејќи
така повторно ќе ја отклучите
задната врата.
Централна брава 3 12.
Безбедност на
возилото
Систем за заштита од кражба9 Предупредување
Не користете го системот ако
има луѓе во возилото! Вратите
не може да се отклучат однатре.
Системот ги блокира сите врати.
Сите врати треба да се затворат,
инаку системот не може да се
активира.
Отклучувањето на возилото го
исклучува механичкиот систем за
заштита од кражба. Тоа не е
возможно со копчето на
централната брава.