OPEL CROSSLAND X 2017.75 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2017.75, Model line: CROSSLAND X, Model: OPEL CROSSLAND X 2017.75Pages: 275, PDF Size: 7.54 MB
Page 191 of 275

Возење и ракување189За вредностите специфицирани за
вашето возило, видете го
Сертификатот за сообразност на
ЕК доставен со вашето возило или
другите национални документи за
регистрација.
Општи информации
Наведените бројки за
официјалната потрошувачка на
гориво и испуштањето CO 2 се
однесуваат на основниот модел за ЕУ со стандардна опрема.
Податоците за потрошувачка на
гориво и испуштање CO 2 се
одредуваат според прописот R
(EC) бр. 715/2007 (во верзијата што
е применлива), со земање предвид
на тежината на возилото кога
работи, како што е одредено со
прописот.
Бројките се дадени само за
споредба меѓу различните
варијанти на возилото и не треба
да се земаат како гаранција за
фактичката потрошувачка на
гориво на одредено возило.
Дополнителната опрема може да
резултира со повисоки резултатиод наведената потрошувачка и од
бројките за СО 2. Понатаму
потрошувачката на гориво зависи од личниот стил на возењето, како
и од условите на коловозот и
сообраќајот.Кука за приколки
Општи информации Фабрично монтираната влечна
опрема е преклопена под натписот
на задниот браник.
Доверете му го отпослежното
монтирање на опремата за
влечење на автомеханичар. Може
да биде потребно да се извршат
измени кои делуваат врз системот
за ладење, топлоотпорните
обвивки или друга опрема.
Употребувајте само таква опрема за влечење која е одобрена за
Вашето возило.
За да се избегне оштетување на
возилото, со електричната задна
врата не може да се ракува со
далечинскиот управувач кога е
приклучена приколка електрично.
Функцијата за откривање на
откажување на ламбите за
светлото на сопирачките на
приколката не може да открие
делумно откажување на ламбите,
на пр. во случај на четири пати пет
ватни ламби, открива откажување
Page 192 of 275

190Возење и ракувањена ламбите само кога останала
само една ламба од пет Вати или
нема ниедна.
Монтирањето на опрема за
влечење може да го прекрие
отворот на алката за влечење. Ако
е така, за влечење користете ја
влечната кука.
Возни карактеристики, совети за влечење
Пред да закачите приколка,
подмачкајте ја влечната топка со
мазиво. Меѓутоа, не го правите тоа ако за намалување на кривулести
движења се употребува
стабилизатор, којшто делува врз
влечната топка.
При влечење приколка не ја
надминувајте брзината од 80 км/ч.
Максималната брзина од 100 км/ч е соодветна само ако се користи
амортизер за осцилациите и
дозволената бруто тежина на
приколката не ја надминува
тежината на возилото при
сопирање.За приколки со ниска стабилност
при возење и караван-приколки, се
препорачува користење на
амортизер за осцилации.
Ако приколката почне да се извива,
возете пополека, не обидувајте се
да го исправите управувањето и
сопирајте нагло ако е потребно.
Кога возите по удолнина, возете во
иста брзина како да возевте по
угорница и возете со слична
брзина на возилото.
Дотерајте го притисокот во гумите
до вредноста определена за полна натовареност 3 255.
Влечење на приколка Товарење на приколката
Дозволената оптовареност на
приколките се максималните
вредности кои зависат од возилото
и од моторот и не смеат да се
пречекоруваат. Фактичната
оптовареност на приколката е
разликата помеѓу бруто тежинатана приколката и актуелната
оптовареност на влечната спојка кога е приклучена приколката.
Дозволената оптовареност за
товарот на приколките е
определена во документите на
возилото. Воопшто, тие важат за
стрмнини до 12%.
Дозволениот товар во приколката
се однесува на одредената
стрмнина и на надморската
височина. Бидејќи моќноста на
моторот се намалува со
зголемување на надморската
височина поради разретчување на
воздухот, со што се намалува и
способноста за искачување,
дозволената бруто влечна тежина
исто така се намалува за 10% на
секои 1000 метри надморска
височина. Бруто влечната тежина
не мора да се намалува кога се
вози по патишта со мала стрмнина
(помала од 8%, на пр. магистрални патишта).
Page 193 of 275

Возење и ракување191Не смее да се пречекори
дозволената бруто тежина на
оските. Оваа тежина е забележана
на идентификациската табличка
3 244.
Вертикална оптовареност на
влечната спојка
Вертикалната оптовареност на
влечната спојка е оптовареноста
со којашто приколката ја
оптоварува влечната кука. Може да
се менува со менување на
распоредот на тежината кога се
товари приколката.
Максималната дозволена
вертикална оптовареност на
влечната спојка од (60 кг) е
наведена на идентификациската
табличка на влечната опрема и во
документите на возилото. Секогаш
трудете се за максималната
оптовареност, особено во случај на
тешки приколки. Вертикалната
оптовареност на влечната спојка
никогаш не смее да падне под 25 кг.Натоварување на задната оска
Кога е прикачена приколка, а
влечното возило е целосно
натоварено, дозволената
оптовареност на задната оска
(видете ја идентификациската
табличка или документите на
возилото) може да се надмине за
60 кг, а вредноста за бруто тежина
на возилото не смее да се надмине.
Ако се надмине дозволената
оптовареност на задната оска,
максималната брзина е 100 км/ч.
Опрема за влечењеВнимание
При работење без приколкаизвадете ја влечната кука со
топка.
Чување на влечната кука
Торбата со влечната кука е
поставена на капакот од подот во
задниот дел од товарниот простор.
Поставете го ременот низ задната
десна алката за врзување,
завиткајте го околу неа двапати и
затегнете го ременот за да се
прицврсти торбата.
Page 194 of 275

192Возење и ракувањеМонтирање на топчестата
влечна кука
Свртете го приклучокот за
поврзување надолу. Извадете го
заптивниот клин од дупката за
влечната кука и складирајте го.
Проверка на затегнатоста на
влечната кука
● Црвената ознака на вртливото копче посочува кон зелената
ознака на влечната кука.
● Меѓупросторот помеѓу вртливото копче и влечнатакука мора да биде околу 6 мм.
● Клучот треба да биде во положбата c.
Инаку влечната кука треба да се
затегне пред да се вметне:
● Отклучете ја влечната кука со вртење на клучот во
положбата c.
● Извлечете го вртливото копче
и свртете го во правец на
стрелките на часовникот колку
што може.
Page 195 of 275

Возење и ракување193Вметнување на влечната кука
Вметнете ја затегнатата шипка на
влечната кука во отворот и турнете
ја цврсто угоре додека не се
заглави чујно.
Вртливата рачка скокнува назад во
основната положба, потпирајќи се
на влечната кука без расцеп.
9 Предупредување
Не ја допирајте вртливата рачка
за време на вметнувањето.
Заклучете ја влечната кука со
вртење на клучот во положбата e.
Извадете го клучот и затворете го
заштитното капаче.
Алка за кабелот за приврзување
Закачете го кабелот кој спречува
да се откачи приколката, за алката.
Проверете дали влечната кука е
правилно инсталирана
● Зелената ознака на вртливото копче мора да посочува кон
зелената ознака на влечната
кука.
● Не смее да има расцеп помеѓу вртливата рачка и шипката на
влечната кука.
● Влечната кука треба цврсто да
се заглави во отворот.
● Влечната кука треба да се заклучи и клучот да се извади.9Предупредување
Влечењето на приколка е
дозволена само ако влечната
кука е монтирана правилно. Ако влечната кука не е заглавена
правилно, побарајте помош од
автомехануичар.
Page 196 of 275

194Возење и ракувањеДемонтирање на топчестата
влечна кука
Отворете ја заштитната вратичка и свртете го клучот во положбата c
за да се отклучи влечната кука.
Извлечете ја вртливата рачка и
свртете ја во правец на стрелките
на часовникот колку што може.
Извлечете ја шипката на влечната
кука удолу.
Вметнете го заптивниот клин во
отворот.
Свртете го приклучокот за
поврзување нагоре.
Ставете ја влечната кука во
торбата и заклучете ја со
прицврстување на ременот низ
задната десна алка за врзување.
Завиткајте ја околу неа двапати и
затегнете го ременот за да се
прицврсти торбата.
Page 197 of 275

Нега на возилото195Нега на возилотоОпшти информации.................196
Додатоци и модификации на возилото ................................ 196
Чување на возилото ..............196
Демонтирање на возилото на крајот на работниот век .......197
Прверки на возилото ...............197
Вршење работа ...................... 197
Хауба ...................................... 198
Моторно масло ......................198
Ладилник ................................ 200
Течност за миење ..................200
Сопирачки .............................. 201
Течност за сопирачките ........201
Акумулатор ............................. 201
Цедење на системот со дизел гориво .................................... 203
Замена на четкичките на бришачите ............................. 203
Замена на сијалиците ..............204
Халогенски предни фарови ..204
LED предни фарови ..............207
Фарови за магла ....................207
Задни светла .......................... 207
Странични трепкачи ..............211Светло за регистарската
табличка ................................ 212
Внатрешни светла .................212
Осветлување на таблата со инструменти .......................... 212
Електричен систем ..................213
Осигурувачи ........................... 213
Кутија со осигурувачи во моторниот простор ...............214
Кутија со осигурувачи во таблата со инструменти .......215
Прирачен алат ......................... 218
Алати ...................................... 218
Тркала и гуми ........................... 219
Зимски гуми ............................ 219
Ознаки на гумите ...................219
Притисок на гумите ................ 219
Систем за откривање на издишаноста на гумите ........221
Длабочина на шарата ...........222
Менување на големината на гумите и тркалата .................223
Раткапни ................................. 223
Синџири за гуми ..................... 223
Комплет за поправање гуми . 224
Менување тркала ................... 227
Резервно тркало ....................230
Палење со кабли ......................232Влечење................................... 234
Влечење на возилото ............234
Влечење друго возило ..........235
Нега за изгледот ......................236
Нега на надворешноста ........236
Нега на внатрешноста ........... 238
Page 198 of 275

196Нега на возилотоОпшти информацииДодатоци и модификациина возилото
Го препорачуваме користењето на
оригинални делови и опрема, и
делови одобрени од фабриката
специфично за Вашиот вид на возило. Не можеме да оцениме или
гарантираме сигурност за други
производи - дури и да имаат
регулативно или поинаку дадено
одобрение.
Каква било измена, преиначување или други промени што се
направена на стандардните
спецификации на возилото
(вклучувајќи ги, без ограничување,
измените на софтверот, измените
на електронските контролни уреди)
може да ја поништи гаранцијата
што ја нуди Opel. Дополнително,
таквите промени може да влијаат
врз системите за помош на
возачот, врз потрошувачката на
гориво, испуштањето CO 2 и други
испуштања од возилото и да
предизвикаат возилото повеќе да
не го почитува одобрението натипот на возилото што ќе влијае
врз важноста на регистрацијата на
возилото.Внимание
При превезување на возилото
со воз или со возило за
влечење, калниците може да се
оштетат.
Чување на возилото
Складирање за долго времеАко возилото ќе се складира за
повеќе месеци:
● Измијте го и полирајте го возилото.
● Нека Ви ја проверат заштитата
со восок во моторниот простор и подвозје.
● Исчистете ги и намачкајте ги гумените кедери.
● Наполнете го резервоарот за гориво целосно.
● Сменете го моторното масло.
● Исцедете го садот за течноста за миење.
● Проверете ги течноста заладење, антифризот и
заштитата од корозија.
● Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста
определена за полна
натовареност.
● Паркирајте го возилото на суво, добро проветрено место.
Ставете во прва брзина или
рикверц или лостот на
менувачот во P. Спречете го
возилото од тркалење.
● Не затегнувајте ја рачната сопирачка.
● Отворете ја хаубата, затворете
ги сите врати и заклучете го
возилото.
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Внимавајте сите системи да
бидат исклучени, на пр.
системот за тревожење при
кражба.
Page 199 of 275

Нега на возилото197Враќање во работна состојба
Кога возилото има да се врати в
работа:
● Поврзете ја клемата со негативниот пол на
акумулаторот од возилото. Активирајте ја електрониката
на електричните прозорци.
● Проверете го притисокот во гумите.
● Наполнете го садот за течноста за миење.
● Проверете го нивото на моторното масло.
● Проверете го новито на течноста за ладење.
● Ставете ја регистарската табличка ако е потребно.Демонтирање на возилото
на крајот на работниот век
Информациите за центрите за
демонтирање и рециклирање на
возилата што се на крајот на
работниот век се наоѓаат на
нашата страница на интернет, каде што се бара со закон. Доверете му
ја работава само на овластен
центар за рециклирање.Прверки на возилото
Вршење работа9 Предупредување
Вршете проверки на моторниот
простор само кога е исклучено палењето.
Вентилаторот за ладење може
да проработи дури и ако е
исклучено палењето.
Page 200 of 275

198Нега на возилото9Опасност
Системот за палење користи
многу висок напон. Не допирајте ги.
Хауба
Отворање Отворете ја возачката врата.
Повлечете ја рачката за
ослободување и вратете ја во
првобитната положба.
Свртете ја безбедносната брава
настрана кон левата страна на
возилото и отворете ја хаубата.
Хаубата автоматтски се држи
отворена.
Ако багажникот е отворен за време
на Autostop, моторот автоматски ќе
се запали повторно поради
безбедноста.
Систем за сопирање-поаѓање
3 146.
Затворање
Спуштете ја хаубата и оставете да
падне на резето од мала висина
(20-25 см). Проверете дали
хаубата е заглавена.Внимание
Не притискајте ја хаубата на
резето за да избегнете
вдлабнувања.
Моторно масло
Проверувајте го нивото на
моторното масло рачно за да нема
оштетувања на моторот.
Уверувајте се дека се користи
масло со правилната
спецификација. Препорачаните течности и средства за
подмачкување 3 242.
Максималната потрошувачка на моторното масло е 0,6 л на
1000 км.
Проверувајте го со возилото на рамна површина. Моторот треба
да биде на работна температура и
исклучен барем пет минути.