OPEL CROSSLAND X 2018 Прирачник за инфозабавата
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2018, Model line: CROSSLAND X, Model: OPEL CROSSLAND X 2018Pages: 147, PDF Size: 2.71 MB
Page 11 of 147
Вовед11УпотребаКонтролни елементи
Со Инфозабавниот систем се
ракува со функциските копчиња,
допирниот екран и изборниците
што се прикажуваат на екранот.
Внесувањата се вршат опционално преку:
● централниот контролен уред на контролната табла 3 8
● екранот на допир 3 15
● контролите за звук на воланот 3 8
● препознавање говор 3 49
Вклучување или исклучување
на Инфозабавниот систем
Притиснете X. По вклучувањето на
Инфозабавниот систем, се
активира последниот избран
извор.
Забелешка
Некои функции на
Инфозабавниот систем се
достапни само ако палењето е
вклучено или ако моторот работи.Автоматско исклучување
Ако Инфозабавниот систем бил
вклучен со притискање X додека
палењето било исклучено, ќе се
исклучи повторно автоматски кога
ќе се активира режимот ECO.
Местење на гласноста
Свртете X. Актуелната поставка се
покажува на екранот.
Кога ќе се вклучи Инфозабавниот
систем, последно избраната
гласност се мести.
Гласност со надоместување
според брзината
Кога ќе се активира гласноста со
надоместување според брзината
3 19, гласноста се приспособува
автоматски за да се компензира за
бучавата од патот и ветрот додека
возите.
Стишување
Притиснете X за да го стишите
Инфозабавниот систем.За да откажете функцијата за
стишување: притиснете X
повторно. Повторно се поставува последната избрана гласност.
Начини на работењето
Аудио-Медиуми
Притиснете AUDIO за да се
прикаже главниот изборник на последниот избран аудиорежим.Менување на медиумскиот извор
Изберете SOURCES (ИЗВОРИ) за
да се прикаже изборникот за избор
на медиумски извор.
Page 12 of 147
12ВоведЗабелешка
За детални описи за ракување со
изборникот преку допирниот
екран 3 15.
Изберете го саканиот медиумски
извор.
За детален опис на: ● Функции на радиото 3 24
● ЦД-плеер 3 29
● Надворешните уреди (USB, Bluetooth) 3 32
Навигација
Притиснете NAV за да се прикаже
картата за навигација што ја
покажува областа околу
моменталната локација.
За детален опис на основните
функции на системот за навигација
3 37.
Изборник за навигација
Изберете MENU (ИЗБОРНИК) за
да се прикаже изборникот за
навигација.
Изборникот за навигација служи
како централна точка на
внесување за:
● Пребарување и внесување адреса 3 41
● Дефинирање патувања со неколку точки на патот 3 41
● Дефинирање критериуми за водење низ маршрута 3 46
● Откажување и продолжување на водење низ маршрута
3 46
Page 13 of 147
Вовед13Телефон
Пред да може да се користи
телефонскиот портал, треба да се воспостави поврзување помеѓу
Инфозабавниот систем и
мобилниот телефон.
За детален опис за подготвување и
воспоставување Bluetooth-врска
меѓу инфозабавниот систем и
мобилен телефон 3 52.
Ако мобилниот телефон е поврзан, притиснете v за да се прикаже
главниот изборник од
телефонскиот портал.За детален опис за ракувањето со
мобилниот телефон преку
Инфозабавниот систем 3 55.
Апликации
За да се прикажат одредени
апликации од паметниот телефон на екранот од Инфозабавниот
систем, поврзете го паметниот телефон.
Притиснете Ì за да се прикаже
главниот изборник на режимот на
апликации.
Допрете CarPlay или Android Auto .
Се прикажува изборник со различни апликации што може да
се изберат.
За детален опис 3 34.
Поставки
Притиснете SET, а потоа изберете
Audio settings (Поставки за аудио)
за да се прикаже односниот
изборник.
За детален опис 3 15.
Притиснете SET, па OPTIONS
(ОПЦИИ) за да се прикаже
изборник за различни поставки поврзани со системот.
Page 14 of 147
14Вовед
За детален опис 3 15.
Поставки на возилото
Изберете Í за да се отвори
изборник за различни поставки
поврзани со возилото.
Поставките за возилото се
опишани во Сопственичкиот
прирачник.
Page 15 of 147
Основно ракување15Основно ракувањеОсновни функции.......................15
Поставки на тонот ......................18
Поставки на гласноста ............... 19
Системски поставки ...................20Основни функции
Екранот на Инфозабавниот систем има површина чувствителна на
допир што овозможува директно
меѓудејство со прикажаните
контроли на изборниците.Внимание
Не користете шилести или
тврди предмети како хемиски
пенкала, моливи или нешто
слично за ракување со
допирниот екран.
Ракување со изборникот
Избирање или активирање
екранско копче или ставка од
изборник
Допрете екранско копче или ставка
од изборник.
Забелешка
Повеќе икони што се прикажуваат
во изборниците, како што се e или
d во прикажаниот пример, служат
како екрански копчиња кои
поттикнуваат некакво дејство ако
ги допрете.
Page 16 of 147
16Основно ракувањеСе активира соодветната
системска функција, се прикажува
порака или се прикажува
подизборник со понатамошни
опции.
Забелешка
Во следните поглавја, работните
чекори за избирање и активирање екранско копче или изборна
ставка преку допирниот екран ќе
бидат опишани на следниов
начин: „изберете <име на
копчето>/<име на ставката>/
<икона>“.
Екрански копчиња Ù и GКога работите со изборниците,
допрете Ù во соодветниот
подизборник за да се вратите на
следното повисоко ниво на
изборникот.
Кога не е прикажано екранско
копче Ù, се наоѓате на
највисокото ниво на соодветниот
изборник.
По избирање ставки од изборникот
или поставување поставки во некој изборник, допрете G за да ги
потврдите поставките. Во
спротивно, сите направени избори
или поставки ќе се загубат.
Кратенки до важни изборнициТекстовите и иконите што се
прикажуваат во горниот ред, на
пример, од главниот изборник за навигација, служат како кратени до
некои важни изборници. На
пример, допрете го името на
станицата за да го отворите
изборникот за списокот на станици.
Лизгање низ список
Ако има повеќе достапни ставки,
отколку што има видлив простор на екранот, списокот мора да се лизга.
Page 17 of 147
Основно ракување17За да лизгате низ списокот со
ставки од изборникот, може да:
● Го ставите прстот каде било на
екранот и да го движите нагоре или надолу.
Забелешка
Мора постојано да се применува
притисок и прстот мора да се
префрла со постојана брзина.
● Допрете H или I на горниот
или долниот дел од лентата за
лизгање.
● Допрете некаде на линијата за лизгање од лентата за
лизгање.
● Движете го лизгачот на лентата за лизгање нагоре-
надолу со прстот.
Ажурирање список
Допрете Ü (видете ја сликата
погоре) за рачно да ажурирате, на
пример, списоци на станици,
списоци со контакти или списоци со дестинации.Полиња и тастатури за внесување
Полињата за внесување се
означени со o.
Допрете го полето за внесување за да отворите тастатура за
внесување текст или броеви.
Во зависност од моментално
активната апликација или
функција, се прикажуваат
различни тастатури.
Тастатури за внесување текст
Тастатурите за внесување текст
може да содржат неколку полиња
за внесување. За да овозможите
поле за внесување текст, допрете
го.
За да внесете знак, допрете го
соодветното екранското копче.
Знакот се внесува по отпуштањето.
Допрете и задржете екранско копче
со буква за да се прикаже
соодветната буква во изборникот
со букви. Отпуштете и потоа
изберете ја саканата буква.
За да се префрлите на тастатура
со симболи, допрете 0..#.
Page 18 of 147
18Основно ракувањеЗа да се вратите на тастатурата собукви или за да променувате
помеѓу големи и мали букви,
допрете Aa.
За да се префрлате помеѓу
нормален и азбучен редослед на
тастатурата со букви, допрете ç.
За да го избришете последниот внесен знак или симбол, допрете
k .
За да избришете знак или симбол
при внесувањето: допрете на
саканото место за да го ставите
покажувачот што трепка, па
допрете k.Тастатури за внесување броевиТастатурите за внесување броеви
може да содржат неколку полиња за внесување. Во примерот
прикажан подолу, прво треба да го
допрете полето за внесување зад
децималниот знак, пред да може да внесувате децимални цифри.
Забелешка
Во следните поглавја, чекорите за
користење на полињата за
внесување и внесување текст или броеви преку тастатурата ќе
бидат опишани на следниов
начин: „...изберете <име на
полето> и внесете...“.
Прилагодување поставкаЗа да ја приспособите поставката
како во прикажаниот пример, може да го направите и следново:
● Допрете < или >.
● Допрете некаде во редот. ● Поместете го лизгачот со прстот.
Забелешка
Во следните поглавја, работните
чекори за приспособување на
некоја поставка преку екранот на
допир ќе бидат опишани на
следниов начин: „...приспособете
<име на поставката>“.
Поставки на тонот
Притиснете SET, изберете Audio
settings (Поставки за аудио) , па
изберете ја картичката Ambience
(Амбиент) .
Page 19 of 147
Основно ракување19
Достапни се неколку претходно
дефинирани поставки за да го
оптимизирате тонот за одреден
стил музика (на пример, Pop-Rock
(Поп-рок) или Classical ( Класична) ).
За да го приспособувате тонот
индивидуално, изберете User
(Корисник) . Променете ги
поставките според ваша желба и
потврдете ги поставките.
Забелешка
Ако ги промените поставките на
претходно дефинирана поставка,
на пример Pop-Rock (Поп-рок) ,
тие поставки ќе се применат на
поставката User (Корисник) .
Со активирањето на функцијата
Loudness (Гласност) може да го
оптимизирате тонот при ниски
нивоа на гласност.
Поставување на балансот и
распределбата на звукот
Изберете го табулаторот Balance
(Баланс) .
Достапни се неколку претходно
дефинирани поставки за да ја
приспособите распределбата на
гласноста во внатрешноста на
возилото (на пример, All
passengers (Сите патници) или
Front only (Само напред) ).
За да ја промените тековната
поставка, на пример All passengers
(Сите патници) , изберете ја таа
поставка, па изберете ја новата
сакана поставка од прикажаниот
список.
Можете индивидуално да ги
приспособувате претходно
дефинираните поставки.
За да дефинирате точка во
патничкиот простор каде што
гласноста е на највисоко ниво,
поместете го покажувачот во
сликата на десната страна од
екранот до саканата точка.
За да ги вратите во основните
фабрички поставки, изберете
Default (Основно) .
Поставки на гласноста
Притиснете SET, изберете Audio
settings (Поставки за аудио) , па
изберете ја картичката Sound
(Звук) .
Page 20 of 147
20Основно ракувањеЗвук при допирАко се активира функцијата за
повратни информации со звукот на
допир, при секое допирање на
екранско копче или ставка во
изборник ќе се испушта звук.
За да ја приспособите гласноста на звукот при допир, активирајте
Touch tones (Тонови при допир) , па
приспособете ја поставката.
Гласност со надоместување
според брзината
Активирајте или деактивирајте
Volume linked to speed (Гласност
според брзината) .
Ако е активирана, гласноста на Инфозабавниот систем се
приспособува автоматски за да надомести за бучавата од патот и
ветрот додека возите.
Говорни известувањаИзберете го табулаторот Voice
(Глас) .Приспособете ја гласноста за сите
говорни известувања на системот,
на пример, сообраќајни
известувања, пораки за навигација и др.
Тон за ѕвонење
Изберете го табулаторот Ringtone
(Тон за ѕвонење) .
Приспособете ја гласноста на
тонот за ѕвонење на дојдовните
повици.
Системски поставкиПритиснете SET, а потоа изберете
OPTIONS (ОПЦИИ) .Конфигурирање на системот
Изберете System settings
(Системски поставки) за да
извршите некои основни
конфигурирања на системот, на
пример:
● Приспособете го прикажувањето на мерните
единици за температура или
потрошувачка на гориво.
● Ресетирајте ја конфигурацијата на системот
на основните фабрички
поставки.
● Ажурирајте ја верзијата на инсталираниот софтвер.
Промена на јазикот на екранот
За да го приспособите јазикот за
текстовите на изборниците,
изберете Languages (Јазици) , па
изберете го саканиот јазик.
Забелешка
Ако вграденото препознавање
говор го поддржува избраниот
јазик на екранот, јазикот на
препознавањето говор ќе се
промени според изборот. Во