OPEL CROSSLAND X 2018 Прирачник за инфозабавата
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2018, Model line: CROSSLAND X, Model: OPEL CROSSLAND X 2018Pages: 147, PDF Size: 2.71 MB
Page 21 of 147
Основно ракување21спротивно, вграденото
препознавање говор нема да биде
достапно.
Местење на времето и датумот
Изберете го Setting the time-date
(Поставување на времето и
датумот) .
Промена на форматите на времето
и датумот
За да ги промените форматите на
времето и датумот, изберете ги
соодветните картички, па изберете ги саканите формати.
Поставување на времето и
датумот
Стандардно, системот автоматски
ги приспособува прикажаните
време и датум.
За да ги приспособите рачно
прикажаните време и датум:
Изберете го табулаторот Time
(Време) .
Поставете го Synchronization with
GPS (UTC): (Синхронизација со
GPS (UTC):) на OFF , па изберете го
полето Time (Време) за да го
поставите саканото време.
Изберете ја картичката Date
(Датум) , па изберете го полето
Date: (Датум:) за да го поставите
саканиот датум.
Приспособување на екранот
Изберете го Screen configuration
(Конфигурирање на екранот) .
Функција за листање на текстот
Изберете го табулаторот Animation
(Анимација) .Ако долгите текстови на екранот
треба да се лизгаат автоматски,
активирајте Automatic scrolling
(Автоматско лизгање) .
Ако Automatic scrolling (Автоматско
лизгање) е деактивирано, долгите
текстови се прекинуваат.
Приспособување на осветленоста
Изберете Brightness
(Осветленост) и поставете ја
осветленоста на екранот на
саканото ниво.
Зачувување на личните
поставки
Изберете го Setting of the profiles
(Поставување на профилите) .
Page 22 of 147
22Основно ракување
Може да зачувате голем број
поставки во личниот профил. На
пример, сите тековни поставки за
тонот, сите меморирани радио
станици, еден телефонски именик,
поставки за картите и
претпочитаните адреси.
Ако го споделувате возилото со
други луѓе, ова ви овозможува да
ги обновите вашите лични
поставки од вашиот профил во
секое време.
Можат да се зачуваат најмногу три
лични профили.
Исто така, достапен е Common
profile (Општ профил) . Сите
поставки што се направени во кое
било време автоматски се
зачувуваат во тој профил. Ако не е активиран ниту еден личен
профил, активен е Common profile
(Општ профил) .
Зачувување на личниот профил
Откако ќе ги извршите сите лични
поставки:
Изберете една од картичките за
личниот профил.
Изберете го полето за внесување
o и внесете го саканото име на
личниот профил.
Ако сакате да додадете
фотографија на профилот:
Поврзете USB-уред со саканата
фотографија на него со USB-
приклучокот 3 31, допрете ја
рамката за фотографија и
изберете ја саканата фотографија.
Потврдете го изборот за да ја
преземете избраната фотографија
во системот.
На крајот, потврдете го внесеното
за да го зачувате во личниот
профил.Активирање на личниот профил
Притиснете SET, па изберете ја
картичката со името на вашиот
личен профил.
Активирање на
Common profile (Општ профил)
Ако има активен личен профил:
Притиснете SET, а потоа изберете
Deactivate profile (Деактивирај го
профилот) .
Ресетирање на личен профил
Во секое време може да
ресетирате личен профил за да ги
вратите основните фабрички
поставки на тој профил.
Изберете го соодветниот профил,
па изберете Reset profile
(Ресетирај го профилот) .
Ресетирање на
Common profile (Општ профил)
Во секое време може да го
ресетирате Common profile (Општ
профил) за да ги вратите
основните фабрички поставки на тој профил.
Page 23 of 147
Основно ракување23Изберете Common profile (Општ
профил) , па изберете Reset
common profile (Ресетирај го
општиот профил) .
Page 24 of 147
24РадиоРадиоУпотреба..................................... 24
Радио податочен систем
(RDS) ........................................... 26
Дигитална аудио дифузија ........27Употреба
Активирање на радиото
Притиснете AUDIO. Се прикажува
последниот избран главен
изборник за аудио.
Ако главниот изборник за радио не
е активен, изберете SOURCES
(ИЗВОРИ) , па изберете Radio
(Радио) .
Последно пуштената станица ќе се
прима.
Избирање бранова должина
Изберете Band (Опсег) неколку
пати за да менувате меѓу
различните бранови должини.
Барање станици
Автоматско пребарување на
станици
Кратко притиснете < или > за да ја
пуштите претходната или следната
станица што може да се прими.
Рачно пребарување на станици
Притиснете го и држете го < или
> . Отпуштете кога е речиси
достигната бараната фреквенција.
Се врши барање на следната
станица која може да се прими и
таа се пушта автоматски.
Местење станици
Ако ја знаете точно фреквенцијата
на некоја радио станица, може да ја внесете рачно.
Изберете OPTIONS (ОПЦИИ) ,
изберете Radio stations
(Радиостаници) , па изберете ја
саканата бранова должина.
Page 25 of 147
Радио25Изберете Freq. (Фреквенција) ,
внесете ја фреквенцијата и
потврдете го внесеното.
Ако на таа фреквенција има прием на некоја станица, станицата се
пушта.
Списоци со станици
На списоците со станици се
прикажани сите радио станици што
се достапни во моментното
приемно подрачје.
За приказ на моментално
активниот список со бранови
должини, изберете List (Список).
Одберете ја саканата станица.Ажурирање списоци со станици
Ако станиците зачувани на
одреден список со станици за
фреквентно подрачје не можат
веќе да се примаат, списоците на
станици АМ и DAB треба да се
ажурираат. Списокот на FM
станици се ажурира автоматски.
Изберете OPTIONS (ОПЦИИ) ,
изберете Radio stations
(Радиостаници) , па изберете ја
саканата бранова должина.За да започнете ажурирање за
избраната бранова должина,
изберете Ü.
Зачувување омилени станици Во списокот Presets (Претходно
поставени) може да се зачуваат
најмногу 15 радио станици од сите
вранови должини како омилени.
Изберете Presets (Претходно
поставени) за да се прикажат
меморираните копчиња.Зачувување на тековно активната
станица
Допрете го и задржете го така
саканото копче неколку секунди.
Соодветната фреквенција или име
на станицата се прикажува на
копчето.
Ако некоја станица веќе е зачувана
на меморирано копче, таа станица
ќе се пребрише со новата.
Зачувување станица од списокот
на станици
Изберете OPTIONS (ОПЦИИ) ,
изберете Radio stations
(Радиостаници) , па изберете ја
саканата бранова должина.
Page 26 of 147
26РадиоКратко допрете го копчето до
саканата станица. Или, изберете Û за да се префрлите на приказот
на плочки. Потоа кратко допрете
† на плочката од саканата
станица.
Изберете Add to favourites (Додај во
омилени) , па допрете и задржете
неколку секунди на редот од
списокот каде што сакате да ја
зачувате станицата.
Ако некоја станица веќе е зачувана
на ред од список, таа станица ќе се пребрише со новата.
Повикување на станици
Во главниот изборник за радиото,
изберете Presets (Претходно
поставени) , па кратко допрете го
меморираното копче на саканата станица.
Радио податочен систем
(RDS)
RDS е услуга на FM станиците која
значително го олеснува наоѓањето на саканата станица и приемот за
неа без грешка.Предности на RDS
● На екранот се појавуваат името на програмата на
станицата наместо
фреквенцијата.
● При барање станици, Инфозабавниот систем мести
само станици со RDS.
● Инфозабавниот систем секогаш ја пушта
фреквенцијата со најдобар
прием на наместената станица со помош на AF (алтернативна
фреквенција).
● Зависно од станицата што се прима, инфозабавниот систем
прикажува радио текст што
може да содржи, на пример, информации за актуелната
програма.
Конфигурација RDS
Во главниот изборник за радиото,
изберете OPTIONS (ОПЦИИ) , па
изберете Radio settings (Поставки
за радио) за да го отворите
изборникот за конфигурирање на
RDS.Активирање RDS
Изберете General (Општо) , па
активирајте Station follow (Следи ја
станицата) .
Ако е активирано Алтернативна
фреквенција , во долниот ред од
главниот изборник за радио се
прикажува RDS.
Радио текст
Ако е активирано RDS,
информациите за радио
програмата што е активна во
моментот или музичката нумера
што се репродуцира во моментот
се прикажуваат под името на
програмата.
За да се прикажат или да се скријат информациите, активирајте или
деактивирајте Display radio text
(Прикажи радио текст) .
Сообраќајни соопштенија
Многу станици со RDS емитуваат
сообраќајни вести. Ако е
активирана функцијата за
сообраќајни соопштенија,
репродукцијата на радио или
медиуми се прекинува во текот на сообраќајните соопштенија.
Page 27 of 147
Радио27Изберете Announcements
(Соопштенија) , па активирајте или
деактивирајте Traffic announcement
(Сообраќајно соопштение) .
Ако е активирано Traffic
announcement (Сообраќајно
соопштение) , во долниот ред од
главниот изборник за радио се прикажува TA.
Дигитална аудио дифузија DAB дигитално емитува
радиостаници.
Станици со DAB се означуваат со
името на програмата наместо
фреквенцијата на емитувањето.
Општи информации ● Со DAB може да се емитуваат повеќе радиопрограми
(сервиси) на еден ансамбл.
● Покрај висококвалитетните дигитални аудио услуги, DAB
исто така е способен да
предава податоци поврзани со
програмите и мноштво другиподаточни услуги вклучувајќи
информации за патувањето и
за сообраќајот.
● Се додека еден даден DAB приемник може да го фати
сигналот испратен од некоја
станица за дифузија (дури ако
сигналот е многу слаб),
репродукцијата на звукот е
обезбедена.
● Во случај на лош прием, гласноста се намалува
автоматски за да се избегне
емитување бучава.
Ако DAB сигналот е премногу слаб за дешифрирање со
приемникот, приемот се
прекинува целосно. Овој
инцидент може да се избегне
со активирање на автоматско
следење DAB-FM, видете
подолу.
● Пречење предизвикано од станиците кои се на блиски
фреквенции (појава која е
типична за приемот AM и FM)
не се појавува со DAB.● Ако DAB сигналот го одбиваат природни пречки или згради,
квалитетот на приемот на DAB
се подобрува, додека AM или
FM приемот значително се
влошува во таквите случаи.
● Кога е вклучен прием DAB, FM-
радиото на инфозабавниот
систем остаснува активно во
заднина и постојано ги бара
FM-станиците со најдобар
прием. Ако е вклучено Traffic
announcement (Сообраќајно
соопштение) 3 26, се
емитуваат сообраќајните
соопштенија на FM-станицата со најдобар прием. Исклучете
го Traffic announcement
(Сообраќајно соопштение) ако
не сакате приемот DAB да се
прекинува со сообраќајни
соопштенија FM.
Соопштенија DAB
Покрај нивните музички програми,
многу станици DAB емитуваат и
соопштенија од разни категории. Ако активирате некои или сите
Page 28 of 147
28Радиокатегории, сервисот DAB што се
прима моментално се прекинува
кога има соопштение од таков вид.
Во главниот изборник за радио,
изберете OPTIONS (ОПЦИИ) ,
изберете Radio settings (Поставки
за радио) , па изберете
Announcements (Соопштенија) .
Активирајте ги саканите категории
за известувања, на пример, News
(Вести) или Weather ( Метео). Може
да се изберат разни категории на
соопштенија истовремено.
Автоматско следење DAB-FMКога е активирана оваа функција,
уредот се префрлува на
соодветната станица FM на
активниот сервис DAB (ако има) кога сигналот DAB е премногу слаб за да го прими приемникот.
Активирајте или деактивирајте FM/
DAB station track: (Следење станици FM/DAB:) .
Page 29 of 147
ЦД-уред29ЦД-уредОпшти информации...................29
Употреба ..................................... 29Општи информации
Во касетата се наоѓа ЦД-уред за
репродуцирање аудио ЦД-а и ЦД-а
со MP3.Внимание
Никогаш не ставајте ДВД-а,
сингл ЦД-а со пречник од 8 см
или ЦД-а со посебен облик во аудио плеерот.
Не ставајте налепници на ЦД- ата. Тие дискови може да се
заглават во погонот за ЦД и да
го уништат плеерот. Тогаш ќе
мора да се замени уредот.
Употреба
Започнување репродукција од
ЦД
Вметнете аудио или MP3 ЦД со
страната со етикетата свртена
нагоре во отворот за ЦД додека не
се вовлече.
Репродукцијата на ЦД-то почнува
автоматски и се прикажува
главниот изборник за ЦД.
Ако веќе има ставено ЦД, но
главниот изборник за ЦД не е
активен:
Притиснете AUDIO, изберете
SOURCES (ИЗВОРИ) , па изберете
ЦД .
Репродуцирањето на ЦД-то
започнува.
Ракување За детален опис на функциите за
репродуцирање на музички нумери
3 32.
Page 30 of 147
30ЦД-уредВадење на ЦДПритиснете R. ЦД-то се турка
надвор од процепот за ЦД.
Ако ЦД-то не се извади по
исфрлувањето, истото ќе се
повлече повторно назад по неколку секуди.