OPEL CROSSLAND X 2019 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2019, Model line: CROSSLAND X, Model: OPEL CROSSLAND X 2019Pages: 297, PDF Size: 8.05 MB
Page 191 of 297

Возење и ракување189страничен ретровизор кога открива
објекти што може да не се видливи во внатрешниот и страничните
ретровизори.
Известувањето за странична слепа
точка користи дел од сензорите за
напредна помош за паркирање што се наоѓаат на предниот и задниот
браник од двете страни на
возилото.9 Предупредување
Известувањето за странична
слепа точка не го заменува
видот на возачот.
Системот не открива:
● возила вон страничните слепи зони што може да сеприближуваат брзо
● пешаци, велосипедисти или животни
Пред менување лента, секогаш
проверувајте ги сите
ретровизори, погледнете преку
рамо и користете го трепкачот.
Активирање
Информативен екран во боја од 7
инчи: изберете Blind spot monitoring
( Следење на мртов агол) на Инфо-
екранот и активирајте ја
функцијата.
Информативен екран во боја од 8
инчи: притиснете Í. Изберете
Функции за возење на Инфо-
екранот, па Следење слепи точки .
Активирајте ја функцијата.
Во групата инструменти, B
постојано свети зелено за да ја
потврди функцијата.
ФункционалностКога системот ќе открие возило во
страничната слепа зона додека
возите напред, ќе светне LED-
сијаличка во соодветниот
страничен ретровизор.
LED-сијаличката се исклучува
веднаш по претекнувањето.
LED-сијаличката се вклучува по
кратко време кога бавно
претекнувате друго возило.
Услови за работа Следниве услови мора да бидат
исполнети за правилна работа:
● сите возила се движат во ист правец и во соседни ленти
● брзината на вашето возило е помеѓу 12 и 140 км/ч
● претекнување возило со разлика во брзината помала од10 км/ч
● друго возило претекнува со разлика во брзината помала од
25 км/ч
● сообраќајот е нормален
Page 192 of 297

190Возење и ракување● возење на прав пат или пат сомали кривини
● возилото не влече приколка
Нема да се даде предупредување во следниве ситуации:
● во присуство на објекти што не
се движат, на пример,
паркирани возила, пречки,
улични сијалици, сообраќајни
знаци
● со возила што се движат во спротивен правец
● при возење на пат со многу кривини или со остар агол
● кога претекнувате или ве претекнува многу долго
возило, на пример, камион,
шлепер, коешто во исто време
е откриено назад во аголот од
слепата точка и е присутно во
предното видно поле на
возачот
● во многу густ сообраќај: возилата откриени напред и
назад се мешаат со камион или објект што не се движи
● кога претекнувате многу брзоДеактивирање
Системот се деактивира во
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 111. B
се гаси во групата инструменти.
Освен тоа, се огласува звучен
сигнал
Состојбата на системот се
зачувува кога ќе го исклучите
палењето.
Системот се деактивира
автоматски кога се влече
електрично поврзана приколка.
Поради лоши временски услови, како што е пороен дожд, може да се случај погрешни откривања.
Дефект
Во случај на дефект, на таблата со инструменти трепка B неколку
секунди, заедно со R и со порака
на екранот. Контактирајте со
продавач или автомеханичар за да
се изврши проверка на системот.Систем за панорамски
поглед
Овој систем овозможува приказите
на околината на возилото да се
прикажуваат речиси како слика од
180° на Инфо-екранот, како поглед од птичја перспектива.
Системот користи: ● задна камера, што се наоѓа во задната врата
● ултрасонични сензори за паркирање во задниот браник
Екранот на Инфо-екранот е
поделен на два дела: на десната
страна има приказ од горе на
возилото, а на левата страна има
приказ од задната страна.
Сензорите за паркирање ги
комплетираат информациите за
приказот од горе на возилото.
Активирање Системот за панорамски поглед се
активира кога:
● ќе се избере рикверц
● се вози до 10 км/ч
Page 193 of 297

Возење и ракување191Функционалност
Во левиот дел од екранот може да
се изберат различни прикази.
Променете го типот на приказот во секое време при маневрирање со
притискање на полето за допир во
левата долна зона од екранот:
● Заден приказ
● Автоматски режим
● Зумиран приказ
● Приказ од 180°
Екранот се ажурира веднаш со
типот на избраниот приказ.
Автоматскиот режим е активиран
стандардно. Во овој режим,
системот го избира најдобриот
приказ за прикажување,
стандарден или зумиран, според
информациите од сензорите за
паркирање.
Состојбата на системот не
останува во меморијата кога ќе се
исклучи палењето.
Заден приказ
На екранот се прикажува областа
зад возилото. Вертикалните линии
ја претставуваат ширината на
возилото со отворени ретровизори. Насоката на линиите се променува
со положбата на воланот.
Првата хоризонтална линија
претставува растојание од околу
30 см од работ на задниот браник
на возилото. Горните
хоризонтални линии ги
претставуваат растојанијата од
околу 1 до 2 м од работ на задниот
браник на возилото.
Овој приказ е достапен во
автоматскиот режим или во
изборникот за избор на приказ.
Автоматски режим
Овој режим е активиран
стандардно. Со користење на
сензорите во задниот браник,
автоматскиот приказ се променува од заден приказ на приказ од горе,
како што некоја пречка се
приближува во текот на
маневрирањето.
Page 194 of 297

192Возење и ракувањеЗумиран приказ
Камерата ја снима околината на
возилото во текот на
маневрирањето за да го
реконструира погледот од горе од
задната страна на возилото на
блиската околина и на тој начин
овозможува маневрирање на
возилото околу пречките во
близина. Овој приказ е достапен со
автоматскиот режим или во
изборникот за избор на приказ.
Приказ од 180°
Приказот од 180° го олеснува
возењето во рикверц при
излегување од место за паркирање и на тој начин овозможува да го
забележите приближувањето на
возила, пешаци и велосипедисти.
Овој приказ не се препорачува за
изведување на целосен маневар.
Се состои од три области: лево 1,
средина 2 и десно 3. Овој приказ е
достапен само од изборникот за
избор на приказ.
Деактивирање
Системот за панорамски поглед се
деактивира при:
● возење побрзо од 10 км/ч
● 7 секунди откако ќе извадите од рикверц
● со притискање на иконата q во
левиот горен агол од екранот на допир
● отворање на задната врата
Општи информации9 Предупредување
Системот за панорамски поглед
не го заменува видот на
возачот. Нема да прикаже деца, пешаци, велосипедисти,
вкрстен сообраќај, животни или
какви било други предмети
надвор од областа на погледот
на камерата, на пример, под
браникот или под возилото.
Не возете и не паркирајте го
возилото само со помош на
системот за панорамски поглед.
Page 195 of 297

Возење и ракување193Секогаш проверувајте ја
околината на возилото пред да
возите.
Прикажаните слики може да се
подалеку или поблиску од тоа
што се прикажува. Прикажаната
област е ограничена, а
објектите што се поблиску до
некој од рабовите на браникот
или под браникот не се
прикажани на екранот.
Ограничувања на системот
Внимание
За оптимална работа на
системот, важно е објективот од камерата во задната врата
помеѓу светлата за
регистарската табличка
секогаш да биде чист.
Исплакнете го објективот со
вода и избришете го со мека
крпа.
Не чистете го објективот со
компресорска млазница или
млазни чистачи со голем
притисок.
Системот за панорамски поглед може да не работи правилно кога:
● Наоколу е темно.
● Сонце или фарови светат директно во објективите на
камерата.
● При ноќно возење.
● Времето ја ограничува видливоста, на пример, кога
има магла, дожд или снег.
● Објективите на камерата се блокирани од снег, мраз,
растопен снег, кал или
нечистотија.
● Возилото влече приколка.
● Возилото имало судар.
● Има екстремни промени на температурата.
Ретровизорска камера
Ретровизорската камера му помага на возачот кога вози наназад со
прикажување поглед на подрачјето зад возилото.
Сликата од камерата се прикажува
на Инфо-екранот.9 Предупредување
Ретровизорската камера не го
заменува видот на возачот.
Имајте предвид дека предмети
што се надвор од полето на
видливост на камерата и на
сензорите на помошта за
паркирање, на пр. под браникот
или под возилото, не се
прикажуваат.
Не возете во рикверц и не
паркирајте го возилото само со
помош на ретровизорската
камера.
Секогаш проверувајте ја
околината на возилото пред да
возите.
Page 196 of 297

194Возење и ракувањеВклучувањеРетровизорската камера се
активира автоматски кога ќе се
стави во рикверц.
Функционалност
Камерата е монтирана над
регистарската табличка.
Подрачјето што го прикажува
камерата е ограничено.
Оддалеченоста на сликата што се
појавува на екранот се разликува
од фактичката оддалеченост.
Наведувачки линии
Вертикалните линии го
претставуваат општиот правец на
возилото и растојанието помеѓу
вертикалните линии е соодветно со ширината на возилото без
ретровизорите. Првата
хоризонтална линија претставува
растојание од околу 30 см од работ
на задниот браник на возилото.
Горните хоризонтални линии ги
претставуваат растојанијата од
околу 1 до 2 м од работ на задниот
браник на возилото. Кривите што
се сечат го претставуваат
максималниот циклус на вртење.
Деактивирање на наведувачките
линии
Наведувачките линии може да се деактивираат на Инфо-екранот.
Изберете Поставки I Возило I
Откривање судир I Наведувачки
линии за ретровизорската камера I
§ .
Инфо-екран 3 106.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 111.
Исклучување Камерата се исклучува кога ќе се
надмине одредена брзина
нанапред или ако се извади од
рикверц околу 10 секунди.
Ограничувања на системот Ретровизорската камера може да
не работи правилно кога:
● Наоколу е темно.
● Зракот од фаровите свети директно во објективите на
камерата.
● При ноќно возење.
Page 197 of 297

Возење и ракување195● Времето ја ограничувавидливоста, на пример, кога
има магла, дожд или снег.
● Објективите на камерата се блокирани од снег, мраз,
растопен снег, кал или
нечистотија. Исчистете го
објективот, исплакнете го со
вода и избришете го со мека
крпа.
● Задната врата ќе се отвори. ● Возилото влече електрично поврзана приколка.
● Возилото се судрило од задната страна.
● Има екстремни промени на температурата.
Предупредување за напуштање лента
Системот за предупредување за
напуштање на лента ги набљудува
обележувањата на лентите помеѓу коишто возилото се вози преку
една предна камера. Системот ги
детектира менувања на лентата и
го предупредува возачот во случајна ненамерно менување на
лентата со визуелни и звучни
сигнали.
Критериуми за откривање на
ненамерното менување на лента
се:
● Неработење на трепкачите.
● Неработење со педалата на сопирачките.
● Немање активно работење со педалата за гас или
забрзување.
Ако возачот е активен, нема да се
издаде никакво предупредување.
АктивирањеСистемот за предупредување за
напуштање лента се активира со
притискање на ½. Системот е
вклучен кога LED-сијаличката не
свети.
Со системот може да се работи
само при брзини на возилото над
60 км/ч и ако се обележени
лентите.
Кога системот ќе препознае
ненамерно менување на лентата,
контролната сијаличка ) трепка
жолто. Истовремено се активира
мелодичен звук.
Деактивирање
Системот се деактивира со
притискање ½ и LED-сијаличката во
копчето свети.
При брзини под 60 км/ч со системот
не може да се работи.
Page 198 of 297

196Возење и ракувањеДефект
Во случај на дефект, на таблата со инструменти се појавува R заедно
со порака на екранот.
Контактирајте со продавач или
автомеханичар за да се изврши
проверка на системот.
Системот за предупредување за
напуштање на лента може да не
работи правилно кога:
● Шофершајбната не е чиста.
● Има неповолни услови од околината како јак дожд, снег,
директна сончева светлина
или сенки.
Системот не може да работи кога
не е откриена ознака за линија.
Ограничувања на системот
Системот може да не работи
правилно кога:
● Брзината на возилото е под 60 км/ч.
● Возење на ветровити или ридести патишта.
● При ноќно возење.● Времето ја ограничува видливоста, на пример, кога
има магла, дожд или снег.
● Сензорот во шофершајбната е блокиран од снег, мраз,
лапавица, кал, нечистотија,
оштетување на
шофершајбната или му пречат
надворешни елементи, на
пример, налепници.
● Сонцето свети директно во објективот на камерата.
● Блиски возила напред.
● Накосени патишта.
● Рабови на патот.
● Патишта со лоши обележувања на лентите.
● Нагли промени на осветлувањето.
Предупредување за возачот
Системот за предупредување за
возачот го следи времето
поминато во возење и
внимателноста на возачот.
Следењето на внимателноста навозачот се заснова врз промената
на насоката на возилото во
споредба со ознаките на лентата.
Системот вклучува
предупредување за времето
поминато во возење во
комбинација со откривање на
поспаноста на возачот.9 Предупредување
Системот не може да ја замени
потребата за внимателност од
страна на возачот. Се
препорачува да одморите штом
ќе се почувствувате изморени
или најмалку на секои два часа.
Не земајте го воланот ако сте
изморени.
Активирање или деактивирање
Системот може да се активира илидеактивира во приспособувањето
на возилото кон индивидуалните
потреби 3 111.
Состојбата на системот останува
во меморијата кога ќе се исклучи
палењето.
Page 199 of 297

Возење и ракување197Предупредување за времето на
возење
Возачот добива појавен симбол за
потсетување € во
Информативниот центар за
возачот заедно со акустично
предупредување ако не направил
пауза по 2 часа возење со брзина
поголема од 65 км/ч.
Предупредувањето се повторува
на секој час додека возилото не
запре, без оглед на тоа како се
менува брзината на возилото.
Броењето на предупредување за
времето на возење се ресетира
кога палењето ќе се исклучи
неколку минути.
Откривање на поспаноста на
возачот
Системот го следи нивото на
внимателност на возачот.
Камерата во горниот дел од
шофершајбната ги открива
промените на насоката во
споредба со ознаките на лентата. Системот е особено погоден за
брзи патишта (со брзини поголеми
од 65 км/ч).Ако насоката на возилото укажува
на одредено ниво на поспаност или невнимание на возачот, системот
го активира првото ниво на
предупредување. Возачот добива
известување преку порака и се
слуша звучен сигнал.
По првите три нивоа на
предупредување, системот
активира ново предупредување со
порака заедно со погласен звучен
сигнал.
Во одредени услови на возење
(лош пат или силни ветрови),
системот може да дава
предупредувања независно од
нивото на внимателност на
возачот.
Откривањето на поспаноста на
возачот се активира повторно кога
палењето ќе се исклучи на неколку минути или ако брзината се
одржува под 65 км/ч неколку
минути.Ограничувања на системот
Во следниве ситуации, системот
може да не работи правилно или
дури и да не работи воопшто:
● Лоша видливост поради несоодветно осветлување на
патот, врнежи од снег, пороен
дожд, густа магла и сл.
● Заслепување од фарови од возила што доаѓаат, ниско
сонце, одблесоци од влажни
патишта, излегување од тунел, менување на светло и сенка.
● Областа на шофершајбната пред камерата е покриена со
нечистотија, снег, налепници и
сл.
● Не се откриени ознаки за лента
или има повеќе ознаки за лента
поради работи на патот
● Блиски возила напред
● Кривулести патишта или стрмни патишта
Page 200 of 297

198Возење и ракувањеГоривоГориво за бензинскимотори
Бензинските мотори се
компатибилни со биогорива кои ги
исполнуваат тековните и идните
европски стандарди и можат да се
добијат од бензински станици:
Бензин што го исполнува
стандардот EN228, помешано со
биогориво што го исполнува
стандардот EN15376.
Гориво за мотори на дизел
Дизел моторите се компатибилни
со биогорива кои ги исполнуваат
тековните и идните европски
стандарди и може да се добијат од бензински станици:
Дизел гориво што го исполнува
стандардот EN590 помешано со
биогориво што го исполнува
стандардот EN14214 (може да
содржи до 7% метил естер на
масни киселини).
Дизел гориво што го исполнува
стандардот EN16734 помешано со
биогориво што го исполнува
стандардот EN14214 (може да
содржи до 10% метил естер на масни киселини).
Парафинско дизел гориво што го
исполнува стандардот EN15940
помешано со биогориво што го
исполнува стандардот EN14214
(може да содржи до 7% метил
естер на масни киселини).
Во вашите мотори на дизел може
да се користи гориво B20 или B30
што го исполнува стандардот
EN16709. Сепак, ова користење,
дури и повремено, бара строга
примена на специјални услуги за
сервисирање кои се нарекуваат „Тешки услови“.