OPEL GRANDLAND X 2018.5 Прирачник за инфозабавата
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2018.5, Model line: GRANDLAND X, Model: OPEL GRANDLAND X 2018.5Pages: 143, PDF Size: 2.39 MB
Page 71 of 143
Основно ракување71Движете ставки на почетниот
изборник
Допрете го и задржете го
елементот што сакате да го
преместите додека да се појават
црвени рамки околу иконите.
Преместете го прстот на саканата локација и отпуштете го елементот.
Забелешка
Мора постојано да се применува
притисок и прстот мора да се
префрла со постојана брзина.
Сите други ставки се
прераспоредени.
Притиснете едно од копчињата на контролната табла за да излезете
од режимот за уредување.
Забелешка
Режимот за уредување се
исклучува автомастски по 30
секунди неактивност.
Листање
Ако има повеќе достапни ставки,
отколку што има видлив простор на екранот, списокот мора да се лизга.
За да лизгате низ списокот со
ставки од изборникот, може да:
● Го ставите прстот каде било на
екранот и да го движите нагоре или надолу.
Забелешка
Мора постојано да се применува
притисок и прстот мора да се
префрла со постојана брзина.
● Допрете S или R на горниот
или долниот дел од лентата за
лизгање.
● Движете го лизгачот на лентата за лизгање нагоре-
надолу со прстот.
За да се вратите на горниот дел од списокот, допрете го насловот на
списокот.
Page 72 of 143
72Основно ракувањеСтраници со лизгање
Забелешка
Може да се лизга низ страниците, доколку е достапна повеќе од
една страница.
За да лизгате од една страница на
друга:
● Ставете го прстот каде било на
екранот и придвижете го
налево за да лизгате до
следната страница или
надесно за да лизгате до
претходната страница.
Забелешка
Мора постојано да се применува
притисок и прстот мора да се
префрла со постојана брзина.
● Допрете q или p на екранот.
Поставки на тонот Во изборникот за поставки на
тонот, може да се постават
карактеристиките на тонот. До
изборникот може да се пристапи од
секој главен изборник за аудио.
За да го отворите изборникот со
поставки за тонот, изберете Menu
(Изборник) во соодветниот главен
изборник за звук. Ако е потребно, листајте ги ставките на изборникот
и изберете Tone Settings ( Поставки
на тонот) . Се прикажува односниот
изборник.
Режим на еквалајзер
Користете ја оваа поставка за
оптимизирање на тонот за стилот
на музиката, на пр. за Rock (Рок)
или Classical (Класика) .
Изберете го саканиот стил на звук
во интерактивната лента за избор
на долниот дел од екранот. Ако
изберете Custom (Прилагодено) ,
може рачно да ги прилагодите
следниве поставки.
Page 73 of 143
Основно ракување73Bass (Бас)
Користете ја оваа поставка за да ги
засилите или придушите
длабоките фреквенции од
изворите на звук.
Допрете + или - за да ги
приспособите поставките.
Midrange (Средни)
Користете ја оваа поставка за да ги засилите или придушите средните
фреквенции од изворот на звук.
Допрете + или - за да ги
приспособите поставките.
Treble (Високи)
Користете ја оваа поставка за да ги засилите или придушите високите
фреквенции од изворите на звук.
Допрете + или - за да ги
приспособите поставките.
Поставување на балансот и
фејдерот
Користете ја илустрацијата
оддесно за да ги прилагодите
балансот и фејдерот.За да ја одредите точката во
патничкиот простор каде што
звукот е на највисоко ниво, допрете
ја соодветната точка на
илустрацијата. Или, може да ја поместите црвената ознака до
саканата точка.
Забелешка
Поставките за баланс и фејдер
важат за сите извори на звук. Тие
не се прилагодуваат посебно за
секој извор на звук.
Поставки на гласноста
Прилагодување на
максималната гласност при
вклучување
Притиснете ;, а потоа изберете
Settings (Поставки) .
Изберете Radio (Радио) , листајте
низ списокот, па изберете Max
startup volume (Максимална гласност при палење) .
Допрете + или - за да ги
приспособите поставките.Прилагодување на гласноста
со надоместување според
брзината
Притиснете ;, а потоа изберете
Settings (Поставки) .
Изберете Radio (Радио) , листајте
низ списокот, па изберете Auto
Volume (Автоматска гласност) .
За да го приспособите степенот на адаптирање на гласноста,
изберете една од опциите во
списокот.
Off (Искл.) : без засилување на
гласноста при зголемување на
брзината на возилото.
High (Високи) : максимално
засилување на гласноста при зголемување на брзината на
возилото.
Page 74 of 143
74Основно ракувањеАктивирање или деактивирање
на функцијата за повратни
информации со звукот на допир
Ако се активира функцијата за
повратни информации со звукот на
допир, при секое допирање на
екранско копче или ставка во
изборник ќе се испушта звук.
Притиснете ;, а потоа изберете
Settings (Поставки) .
Изберете Radio (Радио) , па
листајте низ списокот за да
изберете Audible Touch Feedback
(Чујни допирни повратни
информации) .Допрете го екранското копче до
Audible Touch Feedback (Чујни
допирни повратни информации) за
да ја активирате или деактивирате функцијата.
Гласност на сообраќајните
соопштенија
За да ја приспособите гласноста на сообраќајните соопштенија,
поставете ја саканата гласност
додека системот емитува
сообраќајно соопштение. Потоа
системот ја зачувува соодветната
поставка.
Системски поставки Следниве поставки се однесуваатна целиот систем. Сите други
поставки се опишани во
соодветните поглавја во овој
прирачник.
Поставки за време и датум Притиснете ;, а потоа изберете
Settings (Поставки) .Изберете Time and Date (Време и
датум) за да се прикаже односниот
подизборник.
Set Time Format (Поставете
формат на времето)
За да изберете формат на
времето, притиснете го екранското копче 12 ч или 24 ч.
Set Date Format (Поставете
формат на датумот)
Да го изберете саканиот формат на
датум, изберете Set Date Format
(Поставете формат на датумот) и
изберете некоја од достапните
опции во подизборникот.
Page 75 of 143
Основно ракување75Auto Set (Автоматско поставување)
За да изберете дали времето и
датумот ќе се постават автоматски или рачно, одберете Auto Set
(Автоматско поставување) .
За времето и датумот да бидат
поставени автоматски, одберете On - RDS (Вкл. RDS) .
За времето и датумот да бидат
поставени рачно, одберете Off -
Manual (Искл. - Рачно) . Ако Auto Set
(Автоматско поставување) е
поставено на Off - Manual (Искл. -
Рачно) , елементите Set Time
(Местење на часовникот) и Set
Date (Местење на датумот)
стануваат достапни во
подизборникот.
Поставување на време и датум
За да го прилагодите времето и
датумот, изберете Set Time
(Местење на часовникот) или Set
Date (Местење на датумот) .
Допрете + или - за да ги
приспособите поставките.Поставки за јазикот
Притиснете ;, а потоа изберете
Settings (Поставки) .
Изберете Language ( Јазик) за да се
прикаже односниот изборник.
За да се приспособи јазикот за
текстовите на изборниците,
допрете го саканиот јазик.
Функција за листање на текстотАко на екранот се прикаже долг
текст, на пример наслови на песни
или имиња на станици, тој може да
се листа постојано или еднаш, па
да се прикаже во скратен облик.
Притиснете ;, а потоа изберете
Settings (Поставки) .
Изберете го Radio (Радио) .
Ако сакате текстот да се листа
постојано, активирајте Text Scroll
(Листање текст) .
Ако сакате текстот да се листа во
блокови, деактивирајте ја
поставката.
Функција на црн приказ
Ако не сакате приказот да биде
осветлен, на пример, ноќе, може да го исклучите приказот.
Притиснете ;, а потоа изберете
Settings (Поставки) .
Page 76 of 143
76Основно ракувањеЛизгајте низ списокот и изберете
Исклучи го приказот . Екранот се
исклучува. Аудио функциите
остануваат активни.
За да го вклучите екранот
повторно, допрете го екранот или
притиснете некое копче.
Основни фабрички поставки
Притиснете ;, а потоа изберете
Settings (Поставки) .
Листајте и изберете Return to
Factory Settings (Врати на
фабрички поставки) .
За да ги обновите сите поставки за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби,
изберете Обнови ги поставките на
возилото .
За да ги избришете поврзаните уреди со Bluetooth, зачуваните
список на контакти и броевите за
говорна пошта, изберете Clear All
Private Data (Избриши ги сите
приватни податоци) .
За да ги ресетирате поставките за
тон и гласност, избришете ги сите
омилени, избришете го изборот натон на ѕвонење, изберете Restore
Radio Settings (Обнови радио
поставки) .
Во секој случај, се прикажува
порака за предупредување.
Изберете Continue (Продолжи) за
да ги ресетирате поставите.
Верзија на системот Притиснете ;, а потоа изберете
Settings (Поставки) .
Листајте и изберете Software
Information (Информации за
софтверот) .
Ако е поврзан USB уред, на него можете да ги зачувате
информациите за возилото.
Одберете го System Update
(Ажурирање на системот) а потоа
Save Vehicle Info to USB (Зачувај ги информациите за возилото на
USB) .
За ажурирање на системот,
контактирајте со сервисот.Поставки на возилото
Поставките за возилото се
опишани во Сопственичкиот
прирачник.
Page 77 of 143
Радио77РадиоУпотреба..................................... 77
Пребарување станици ...............77
Списоци со миленици ................79
Радио податочен систем ...........80
Дигитална аудио дифузија ........81Употреба
Активирање на радиото
Притиснете ;, а потоа изберете
Audio (Аудио) . Се прикажува
последниот избран главен
изборник за звук.
Изберете Source (Извор) во
главниот изборник за радиото за да
ја отворите интерактивната лента
на изборникот.
Одберете ја саканата бранова
должина.
Ќе се прима последната пуштена
станица во избраното фреквентно
подрачје.
Пребарување станици
Автоматско пребарување на
станици
Кратко притиснете или допрете
t или v на контролната табла
или на екранот за да ја пуштите
претходната или следната станица
во меморијата на станици.
Рачно пребарување на станициПритиснете и задржете t или v
на контролната табла. Отпуштете
кога е речиси достигната бараната
фреквенција.
Page 78 of 143
78РадиоСе врши барање на следната
станица која може да се прими и
таа се пушта автоматски.
Забелешка
Бранова должина FM: Кога
функцијата за RDS е активирана,
се бараат само RDS станици
3 80, а кога радио сообраќајната
услуга (TP) е активирана, се
бараат само станици со
сообраќајна услуга 3 80.
Местење станици
Допрете B на екранот. Се
прикажува екранот Direct tune
(Директно пребарување) .Внесете ја саканата фреквенција.
Користете r за да ги избришете
внесените цифри. Ако е потребно,
допрете d или c за подоцна да го
приспособите внесувањето.
Потврдете го внесувањето за да ја
пуштите станицата.
Списоци со станици
Изберете Menu (Изборник) во
главниот изборник за радиото за да
го отворите соодветниот
подизборник за брановата
должина.
Изберете го Station List (Листа
станици) . Се прикажуваат сите
станици што може да се примат на
односното фреквентно подрачје и
во моменталното подрачје на
прием.
Одберете ја саканата станица.
Забелешка
На моментално приманата радио
станица укажува симболот l до
името на станицата.Списоци со категории
Бројни радио станици емитуваат
шифра PTY што го определува
видот на емитуваната програма (на
пр. вести). Некои станици ја
менуваат и шифрата PTY, зависно
од содржината што се емитува во моментот.
Инфозабавниот систем ги
зачувува тие станици, подредени според видот на програмата, на
соодветниот список со категории.
Забелешка
Ставката Categories (Категории)
од списокот е достапна само за
брановите должини FM и DAB.
За да пребарувате за тип програма
определена од станиците,
изберете Categories (Категории) .
Се прикажува листа со типови програми што се моментално
достапни.
Одберете го саканиот вид на
програмата. Се прикажува список
на станиците со одбраниот тип
програма.
Одберете ја саканата станица.
Page 79 of 143
Радио79Забелешка
На моментално приманата радио
станица укажува симболот l до
името на станицата.
Ажурирање списоци со станици
Ако станиците зачувани на
одреден список со станици за
фреквентно подрачје не можат
веќе да се примаат, списоците на
станици АМ и DAB треба да се
ажурираат.
Забелешка
Листата станици FM се ажурира
автоматски.
Изберете Menu (Изборник) во
главниот изборник за радиото, па
изберете Update Station List
(Ажурирање на списокот станици) .
Забелешка
Ако се ажурира список на станици
специфични за некое фреквентно
подрачје, се ажурира и
соодветниот список на категории.Почнува барање станици и се
прикажува соодветна порака.
Штом ќе заврши барањето, се
прикажува односната листа
станици.
Забелешка
На моментално приманата радио
станица укажува симболот l до
името на станицата.
Списоци со миленици
Станици од сите бранови должини
може да се зачуваат рачно на
списоците со миленици.Достапни се пет списоци со
омилени со по пет омилени
елементи.
Забелешка
Моментално приманата станица се селектира.
Зачувување станица
Ако е потребно, допрете < или > за
да листате до саканиот список со омилени.
За да ја зачувате моментално
активната радио станица како
омилена, допрете го и држете го
саканото копче неколку секунди.
Како наслов на копчето за омилени
ќе се користи фреквенцијата или
името на станицата.
Повикување на станица
Ако е потребно, допрете < или > за
да листате до саканиот список со омилени.
Изберете ги саканите омилени
елементи.
Page 80 of 143
80РадиоОдредување на бројот на
достапните списоци со
миленици
За да го одредите бројот на
списоци со омилени што се
прикажуваат за изборот,
притиснете ;, па изберете Settings
(Поставки) на екранот.
Изберете Radio (Радио) , а потоа
Manage Favourites (Управувај со
омилени) за да се прикаже
односниот подизборник.
Активирајте ги или деактивирајте
ги списоците со омилени што треба да се прикажуваат.
Радио податочен систем
Радиоподаточен систем (RDS) е
услуга на FM станиците која
значително го олеснува наоѓањето на саканата станица и приемот за
неа без грешка.Предности на RDS
● На екранот се појавуваат името на програмата на
станицата наместо
фреквенцијата.
● При барање станици, Инфозабавниот систем мести
само станици со RDS.
● Инфозабавниот систем секогаш ја пушта
фреквенцијата со најдобар
прием на наместената станица
со помош на AF (алтернативна
фреквенција).
● Зависно од станицата што се прима, инфозабавниот систем
прикажува радио текст што може да содржи, на пример,информации за актуелната
програма.
Конфигурација RDS
Допрете Menu (Изборник) во
главниот изборник за FM радиото за да го отворите соодветниот
подизборник за брановата
должина.
Листајте до RDS.Активирајте или деактивирајте
RDS .
Сообраќајна програма
Станиците со радио сообраќајна
услуга се RDS станици кои
емитуваат сообраќајни вести. Ако е
вклучена сообраќајната услуга,
моментално пуштениот
аудиоизвор се прекинува додека
трае сообраќајното соопштение.
Активирање на функцијата за
сообраќајна програма
Изберете Menu (Изборник) во
главниот изборник за FM радиото
за да го отворите соодветниот
подизборник за брановата
должина.
Допрете го екранското копче до
Traffic Programme (Сообраќајна
програма) за да ја активирате или
деактивирате функцијата.
Забелешка
Во списокот на станици, до
станицата што овозможува
сообраќајна програма се
прикажува TP.