OPEL GRANDLAND X 2018.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2018.5, Model line: GRANDLAND X, Model: OPEL GRANDLAND X 2018.5Pages: 309, PDF Size: 7.7 MB
Page 251 of 309

Нега на возилото249Прирачен алат
Алати Возила со резервно тркало Отворете го капакот на подот на
товарниот простор 3 78.
Извадете го капакот од кутијата со
алати.
Дигалката, алката за влечење,
блокаторите и алатите се наоѓаат
во кутијата со алати.
Возила без резервно тркало
Алката за влечење и блокаторите
се наоѓаат во кутија под капакот на
подот во товарниот простор.
Комплет за поправање гуми 3 255.
Возила со аудиосистем со
звучници
Алката за влечење и блокаторите
се наоѓаат во кутија под капакот на
подот во товарниот простор.
Комплет за поправање гуми 3 255.
Page 252 of 309

250Нега на возилотоТркала и гумиСостојба на гумите, состојба на
тркалата
Преку рабови возете полека и под
прав агол ако е возможно.
Возењето преку остри рабови
може да предизвика оштетувања на гумите и на тркалата. Не ги
заглавувајте гумите на работ од
тротоарот кога паркирате.
Редовно проверувајте ги тркалата
да не се оштетени. Побарајте
помош од автомеханичар во случај на оштетување или необично
абење.
Зимски гуми
Зимските гуми ја подобруваат
безбедноста на возењето при
температури под 7 °C и затоа треба да се ставаат на сите тркала.
Во согласност со прописите
спесифични за државата, залепете ја налепницата за брзината во
видното поле на возачот.Сите големини на гуми се
дозволени за зимски гуми 3 285.
Ознаки на гумите На пр. 225/55 R 18 98 V225:широчина на гумата во мм55:профил (сооднос на
височината со широчината
на гумата) во %R:вид ремен: РадијаленRF:вид: RunFlat (функционира и
издишана)18:пречник на тркалото во инчи98:индекс на оптоварувањето,
на пр. 98 одговара на 750 кгV:буква на шифрата за
брзината
Буква на шифрата за брзината:
Q:до 160 км/чS:до 180 км/чT:до 190 км/чH:до 210 км/чV:до 240 км/чW:до 270 км/ч
Изберете гума соодветна за
најголема брзина на Вашето
возило.
Најголемата брзина се постигнува
со максимална тежина со возачот
(75 кг) плус 125 кг товар.
Дополнителната опрема може да ја намали максималната брзина на
возилото.
Перформанси 3 281.
Еднонасочни гуми Еднонасочните гуми треба да се
монтираат така што ќе се вртат во
правилна насока. Правилната
насока на вртење ја покажува
симбол (на пр. стрелка) од
страната на гумата.
Притисок на гумите
Проверувајте го притисокот во
гумите кога се студени, најмалку на 14 дена и пред секое подолго
патување. Не заборавајте го
резервното тркало. Тоа важи и за
возилата со систем за контрола на
притисокот во гумите.
Page 253 of 309

Нега на возилото251
Притисок во гумите 3 285.
Информативната етикета за
притисок во гумите и
оптоварувањето на рамката, на
левата врата ги посочува
оригиналните гуми и соодветните
притисоци во гумите.
Податоците за притисокот во
гумите се однесуваат на ладни
гуми. Тоа важи за летни и зимски
гуми.
Резервната гума секогаш пумпајте
ја до притисокот определен за
целосна оптовареност.
ECO притисокот на гумите служи
да се постигне најмалата можна
потрошувачка на гориво.
Неправилниот притисок во гумите
ќе ја влоши безбедноста,
управувањето со возилото,
удобноста и економичноста на
потрошувачката на гориво, и ќе го
зголеми абењето на гумите.
Притисоците на гумите се
разликуваат, зависно од опциите.
За правилна вредност на
притисокот на гумите, следете ја
постапката опишана подолу:
1. Идентификувајте ја идентификациската шифра намоторот. Податоци за моторот
3 280.
2. Идентификувајте ја гумата.
Табелите за притисок на гумите ги
покажуваат сите можни
комбинации на гуми 3 285.
За гумите одобрени за Вашето
возило, видете го Сертификатот за сообразност на ЕК доставен со
Вашето возило или другите
национални документи за
регистрација.Возачот е одговорен за правилно
прилагодување на притисокот во
гумите.9 Предупредување
Ако притисокот е пренизок,
гумите може премногу да се
загреат и да се оштетат
однатре, што може да
предизвика цепење на шарите,
па дури и експлозија на гумите
при големи брзини.
9 Предупредување
За специфични гуми,
препорачаниот притисок во
гумите што е прикажан во
табелата за притисок во гумите може да биде поголем од
максималниот притисок во
гумите што е наведен на гумата.
Никогаш не надминувајте го
максималниот притисок што е
прикажан на гумата.
Page 254 of 309

252Нега на возилотоЗависност од температуратаПритисокот во гумата зависи од
нејзината температура. За време
на возењето, температурата и
притисокот на гумите се
зголемуваат. Вредностите на
притисокот во гумите кои се дадени на етикетата за информации за
притисокот на гумите, важи за
ладни гуми што значи на 20 °C.
Притисокот се зголемува за околу
10 kPa за покачување на
температурата од 10 °C. Тоа мора да се земе во предвид кога се
проверуваат топли гуми.
Систем за откривање наиздишаноста на гумите
Системот за откривање на
издишаноста на гумите постојано
ја проверува брзината на ротација
на сите четири тркала и
предупредува за низок притисок во
гумите кога возилото е во
движење. Тоа се постигнува со
споредување на работ натркалање со референтни
вредности и дополнителни
сигнали.
Ако некоја гума го загуби
притисокот, контролната сијаличка
w светнува, а во Информативниот
центар за возачот се прикажува
порака за предупредување.
Во овој случај, намалете ја
брзината, избегнувајте остри
свртувања и нагло сопирање.
Запрете штом ќе ви се укаже
можност и проверете го притисокот
во гумите.
Контролна сијаличка w 3 107.
Откако ќе го приспособите
притисокот во гумите, активирајте
го системот за да ја исклучите
контролната сијаличка и да го
рестартирате системот.Внимание
Системот за откривање на
издишаноста само
предупредува за послаб
притисок и не е замена за
редовното одржување на
гумите од страна на возачот.
Во случај на дефект на системот, се прикажува порака во
Информативниот центар за
возачот. Поставете го правилниот
притисок во гумите и повторно
активирајте го системот. Ако
грешката продолжи да се
прикажува, посетете
автомеханичар. Системот не може
да работи ако ABS или ESC имаат
дефект или се користи резервно
тркало. Штом ќе се постави
нормално погонско тркало,
проверете го притисокот во гумите
кога гумите се ладни и повторно
активирајте го системот.
Page 255 of 309

Нега на возилото253Иницијализирање на системот
По корекција на притисокот во
гумите или менување тркала,
системот мора да се активира за да
ги научи новите референти
вредности за тркалање:
1. Секогаш проверувајте дали сите четири гуми го имаат
точниот притисок 3 285.
2. Применете ја сопирачката за паркирање.
3. Притиснете w за да го
ресетирате системот за
откривање на издишаноста.
4. Ресетирањето се потврдува со појавно известување.
По активирањето, системот
автоматски се калибрира на новите притисоци во гумите во текот на
возењето. По подолго возење, системот ќе ги прифати и ќе ги
следи новите притисоци.
Секогаш проверувајте го
притисокот во гумите кога гумите
се ладни.
Системот мора да се активира
повторно кога:
● Притисокот во гумите се променил
● Натовареноста се променила ● Тркалата ги замениле местата или биле променети
Системот нема веднаш да
предупреди за дупка во некоја гума
или за брзо издишување. Ова е
поради потребното време за
пресметување.
Длабочина на шарата
Редовно проверувајте ја
длабочината на шарите.Гумите треба да се заменат од безбедносни причини при
длабочина на шарите од 2-3 мм
(4 мм за зимски гуми).
Од безбедносни причини, се
препорачува длабочината на
шарите на гумите на една оска да не се разликува повеќе од 2 мм.
Законски дозволената минимална
длабочина на шарата (1,6 мм) е
достигната кога шарата е изабена
до една од ознаките за изабеност
( TWI). Нивната положба е означена
со обележувања од страните на
гумата.
Page 256 of 309

254Нега на возилотоАко има поголемо абење напред
отколку назад, сменувајте ги
предните тркала со задните тркала периодично. Проверете дали
насоката на вртењето на тркалата
е иста.
Гумите стареат, дури ако не се
употребуваат. Препорачуваме
замена на гумите на шест години.
Менување на големинатана гумите и тркалата
Ако се употребуваат гуми со
различна големина од оние
монтирани во фабриката, може да
биде потребно повторно да се
програмира брзиномерот како и да
се активира повторно системот за
откривање на издишаноста на
гумите и да се извршат други
промени на возилото.
Систем за откривање на
издишаноста на гумите 3 252.
Заменете ја налепницата со
притисоците во гумите.9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или тркала може да доведе
до незгоди и ќе ја поништи
дозволата за работа на
возилото.
Раткапни
Раткапните и гумите што се
одобрени од фабриката за
соодветното возило и ги
исполнуваат сите соодветни
барања за комбинирање на
тркалата и гумите, можат да се
користат.
Ако раткапните и гумите кои се
користат не се фабрично
одобрени, гумите не смеат да
имаат заштитно ребро на работ.
Раткапните не смеат да му пречат
на ладењето на сопирачките.
9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или раткапни може да
доведува до нагло губење на
притисок и притоа несреќи.
Возила со челични тркала: Кога
користите завртки за заклучување
на тркалата, не ставајте раткапни.
Синџири за гуми
Синџири за гуми се дозволуваат
само на предните тркала.
Page 257 of 309

Нега на возилото255Секогаш употребувајте синџири со
ситни алки што не додаваат повеќе
од 9 мм до шарата и внатрешните
страни на гумата (вклучувајќи ја и
бравата на синџирот).9 Предупредување
Оштетувањата може да
доведат до пукање на гумата.
Синџирите за гуми се дозволени на
гуми со големина 215/70R16,
215/65 R17, 225/55 R18 и
205/55 R19.
Привремено резервно тркало
Употребата на синџири за гуми не
се дозволува на привременото
резервно тркало.
Комплет за поправањегуми
Помалите оштетувања на шарата на гумата може да се поправат со
комплетот за поправање гуми.
Не ги вадете туѓите предмети од
гумите.
Оштетувањата на гумите што
надминуваат 4 мм или што се на
страничниот ѕид од гумата не може да се поправат со комплетот за
поправање гуми.9 Предупредување
Не возете побрзо од 80 км/ч.
Не го користете за подолг
период.
Управувањето со воланот и
ракувањето може да станат
поинакви.
Во случај на дупната гума:
Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва брзина, рикверц
или P.
Комплетот за поправање гуми е во
товарниот простор под капакот на
подот.
1. Извадете ги шишето со заптивната смеса и
компресорот.
2. Извадете ја налепницата за ограничување на брзината од
шишето со заптивната смеса и
ставете ја некаде каде што ќе
биде видлива за возачот.
Page 258 of 309

256Нега на возилото
3. Извадете го кабелот заповрзување со струја и цревото
за воздух од преградите за
складирање на долната страна
на компресорот.
4. Зашрафете го цревото за воздух од компресорот наприклучокот на шишето со
заптивната смеса.
5. Наместете го шишето со заптивната смеса во држачот
на компресорот.
Поставете го компресорот
близу до гумата така што
шишето со заптивна смеса ќе
биде исправено.
6. Отштрафете ги капаците на вентилите од дефектната гума.
7. Зашрафете го цревото за полнење на вентилот на гумата.
8. Прекинувачот на компресоротмора да биде поставен на J.
9. Приклучете го приклучникот на компресорот во штекерот за
струја или во приклучокот на
запалката.
Комплетот за поправање гуми
може да се приклучи само во
предниот штекер за напојување
од 12 V за да функционира
правилно.
За да се избегне
испразнувањето на
акумулаторот, Ви
препорачуваме да го оставете
моторот да работи.
Page 259 of 309

Нега на возилото25710. Поставете го преклопникот накомпресорот на I. Гумата се
полни со заптивната смеса.
11. Мерачот за притисок на компресорот накратко се
покачува до 600 kPa (6 бари)
додека шишето за заптивната
смеса се празни (околу
30 секунди). Потоа притисокот
почнува да опаѓа.
12. Целата заптивна смеса се пумпа во гумата. Потоа гумата
се надувува.
13. Пропишаниот притисок за гумите би требало да се
достигне во рок од десет
минути.
Притисок во гумите 3 285.
Кога ќе се постигне правилниот притисок, исклучете го
компресорот.
Ако пропишаниот притисок за
гумите не се достигне во рок од десет минути, извадете го
комплетот за поправање гуми.
Помрднете го возилото за едно вртење на гумата. Повторно
закачете го комплетот запоправање гуми и продолжете
со постапката за полнење за
десет минути. Ако пропишаниот
притисок за гумите се уште не е достигнат, гумата е премногу
оштетена. Побарајте помош од
автомеханичар.
Испуштете го вишокот притисок со копчето на цревото за
воздух.
Не работете со компресорот
подолго од десет минути.
14. Откачете го комплетот за поправање гуми. Отстранете гошишето со заптивната смеса од држачот. Зашрафете го
цревото за полнење врз
слободниот приклучок од
шишето со заптивната смеса.
Тоа ја спречува заптивната
смеса да истече. Чувајте го
приборот за поправка на гумите
во багажниот простор.
15. Извадете ја излишната заптивна смеса користејќи
ткаенина.
16. Продолжете со возењето веднаш за да се распространи
средството рамномерно во
гумата. По возење околу 5 км но не повеќе од десет минути,
застанете и проверете го
притисокот во гумите. Навртете
го цревото за воздух директно
Page 260 of 309

258Нега на возилотоврз вентилот на гумата кога го
правите тоа. Наполнете ја
гумата како што е опишано
погоре. Испуштете го вишокот
притисок со копчето на цревото за воздух.
Ако притисокот во гумата не се
намалил под
150 kPa (1,5 бари), поставете го
на правилната вредност. Во
спротивно, возилото не смее да се користи. Побарајте помош од
автомеханичар. 3 285
Повторете ја постапката за
проверка уште еднаш откако ќе
возите уште дополнителни
10 км, но не повеќе од десет
минути, за да проверите дека
повеќе нема губење на
притисок.
Ако притисокот во гумата паднал под 150 kPa (1,5 бари),
возилото не смее да се користи. Побарајте помош од
автомеханичар.
17. Чувајте го приборот за поправка на гумите во
багажниот простор.Забелешка
Возните карактеристики на
поправената гума значително се
сменети, затоа нека Ви ја заменат
таа гума.
Ако се слушне необичен шум или
компресорот се загрее, исклучете
го компресорот најмалку за
30 мин.
Вградениот сигурносен вентил се
отвора при притисок од
700 kPa (7 бари).
Проверете го рокот на траење на
комплетот. По тој датум
способноста за затнување веќе не се гарантира. Внимавајте на
информациите за чување на
шишето со заптивна смеса.
Заменете го користеното шише со
заптивната смеса. Отфрлете го
шишето како што е пропишано од
соодветните закони.
Компресорот и заптивната смеса
може да се користат од околу
-30 °C.Менување тркала
Сторете ги следниве подготовки и
запазете ги следните информации:
● Паркирајте го возилото на рамна, цврста и нелизгава
површина. Предните тркала
треба да бидат наместени
право.
● Ако е потребно, ставете блокатор под тркалото што е
дијагонално спротивно од
тркалото што се менува.
● Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва
брзина, рикверц или P.
● Ако тлото на коешто стои возилото е меко, треба да се
стави тврда штица (дебела најмногу 1 см) под дигалката.
● Извадете ги тешките предмети
од возилото пред да го
кревате.
● Во возилото не смее да има луѓе или животни кога се дига.
● Не пикајте се под возило што е
кренато со дигалка.