OPEL GRANDLAND X 2019.75 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2019.75, Model line: GRANDLAND X, Model: OPEL GRANDLAND X 2019.75Pages: 307, PDF Size: 7.81 MB
Page 261 of 307

Нега на возилото259Влечење
Влечење на возилото
Извадете го капачето.
Алката за влечење се наоѓа заедно
со прирачните алати 3 242.
Зашрафете ја алката за влечење
колку што може додека не застане
во хоризонтална положба.
Закачете сајла за влечење - или,
уште подобро е шипка за влечење
- за алката за влечење.
Алката за влечење треба да се
користи за влечење, а не за
ослобудвање на возилото.
Вклучете го палењето за да го
ослободите закочувањето на
воланот и за да го овозможите
работењето на стоп-светлата,
сирената и бришачот на
шофершајбната.
Внимание
Деактивирајте ги системите за
помош на возачот како што е
активното итно сопирање 3 186,
во спротивно, возилото може да
закочи автоматски при
влечењето.
Ставете ја рачката на менувачот во лер.
Отпуштете ја сопирачката за
паркирање.
Внимание
Возете полека. Не возете со нагли движeња. Преголеми
влечни сили може да го оштетат возилото.
Кога моторот не работи, потребнае значително поголема сила за сопирање и за управување.
За да не влегуваат издувни гасови
од влечното возило, вклучете го
кружењето на воздухот и затворете
ги прозорците.
Page 262 of 307

260Нега на возилотоВозила со автоматски менувач:
Возилото треба да се влече
свртено нанапред, не побрзо од
80 км/ч, ниту подалеку од 100 км.
Во сите други случаи и кога
менувачот е дефектен, предната
оска треба да се крене од земјата.
Побарајте помош од
автомеханичар.
По влечењето, отшрафете ја
алката за влечење.
Ставете го капачето со фланшата
во отворот и прицврстете го со
туркање.
Влечење друго возилоИзвадете го капачето.
Алката за влечење се наоѓа заедно
со прирачните алати 3 242.
Зашрафете ја алката за влечење
колку што може додека не застане
во хоризонтална положба.
Алката за врзување во задниот дел под возилото никогаш не смее да
се употребува као алка за
влечење.
Закачете сајла за влечење - или,
уште подобро е шипка за влечење
- за алката за влечење.
Алката за влечење треба да се
користи за влечење, а не за
ослобудвање на возилото.
Внимание
Возете полека. Не возете со нагли движeња. Преголеми
влечни сили може да го оштетат возилото.
По влечењето, отшрафете ја
алката за влечење.
Ставете го капачето со горната
фланша во процепот и
прицврстете го со туркање.
Page 263 of 307

Нега на возилото261Нега за изгледот
Нега на надворешноста
Брави Бравите се подмачкуваат во
фабриката со употребата на
високо квалитетно мазиво за
цилиндрите на бравите. Средство
за одмрзнување употребувајте
само каде што е апсолутно
неопходно, бидејќи тоа го вади
мазивото и го влошува
функционирањето на бравите. По
употребата на средство за
одмрзнување, нека Ви ги подмачка
бравите повторно автомеханичар.
Миење Бојата на Вашето возило е
изложена на влијанија од
околината. Мијте го и полирајте го
Вашето возило редовно. Кога
користите автоматски перални за возила, одберете таква програма
којашто содржи полирање.
Изметот од птиците, мртвите
инсекти, смолата, поленот и
сличното треба веднаш да сеисчистат, бидејќи тие содржат
агресивни состојки кои можат да
предизвикаат оштетување на
бојата.
Ако користите перална за возила,
спроведете ги соодветните
напатствија на производителот на
пералната. Бришачите на
шофершајбната и бришачот на
задното стакло мора да бидат
исклучени. Извадете ги антената и
надворешните додатоци, како на
пример багажниците за на покрив,
итн.
Ако го миете возилото рачно,
погрижете се темелно да ја
исплакнете и внатрешната страна на крилата.
Редовно полирајте ги обоените
делови на возилото.
Исчистете ги рабовите и
преклопите на отворените врати и
хаубата, како и пределите што ги
покриваат.
Чистете ги светлите метални
украси со раствори за чистење
одобрени за алуминиум за да се
избегне штета.Внимание
Секогаш користете средство за
чистење со pH вредност од
4 до 9.
Не користете средства за
чистење на жешки површини.
Не го чистете моторниот простор
со компресорска млазница или
млазни чистачи со голем притисок.
Целосно исушете го и избришете
го возилото. Често плакнете ја
еленската кожа. Употребувајте
посебни кожи за бојата и за
прозорците: остатоците од полир-
пастата на прозорците ќе ја влошат
видливоста.
Нека Ви ги подмачкува шарките на вратите со мазиво автомеханичар.
Не користете тврди предмети за
вадење на флеки од катран.
Користете спреј за вадење на
катран на обоените површини.
Page 264 of 307

262Нега на возилотоНадворешни светла
Капаците на предните фарови и на другите светла се направени од
пластика. Не користете
нагризувачки средства или
киселини, не користете гребач за
мраз и не сушете ги.
Полирање и нанесување восок Редовно полирајте го возилото со
полир-паста најдоцна кога веќе не
се формираат капки од водата.
Инаку бојата ќе се исуши.
Полирањето со средство за
полирање е неопходно само ако
бојата го изгубила сјајот или ако на неа се нафатиле цврсти наслојки.
Полирањето на бојата со силикон
обликува заштитен слој, правејќи
го полирањето со восок
непотребно.
Пластичните делови на
каросеријата не смеат да се
намачкаат со восок или средства
за полирање.Прозорци и четкички на
бришачите
Исклучете ги бришачите пред да пристапите до нивните области.
Употребувајте мека крпа без
влакненца или еленска кожа
заедно со средство за чистење
прозорци и средство за вадење
инсекти.
Кога го чистите задниот прозорец
однатре, секогаш бришете
паралелно со грејачот за да
спречите оштетување.
За механичко вадење на мраз,
употребувајте гребло на мраз со
остар раб. Притиснете го гребачот
цврсто на стаклото за да не
влегуваат нечистотии под него и
гребете го стаклото.
Чистете ги четкичките на
бришачите што замачкуваат со
мека крпа и средство за чистење на прозорци.
Отстранете ги наслагите
нечистотија од замачкувачките
бришачи со мека крпа и средствоза чистење прозорци. Внимавајте и
да отстраните остатоци од восок,
инсекти и слично од стаклото.
Остатоци од мраз, загадување и
постојано бришење на суви стакла
ќе ги оштети, па и уништи
бришачите.
Стаклена плоча Никогаш не чистете со раствори
или нагризувачки средства, горива, агресивни средства, на пример,
растворувачи на бои, раствори што
содржат ацетон, киселини или
многу алкални средства или
абразивни сунѓери.
Тркала и гуми Не користете компресорски
млазници за чистење.
Чистете ги бандажите со pH
неутрално средство за чистење на
тркалата.
Бандажите се бојосани и може да се чистат со истите средства како и
шасијата.
Page 265 of 307

Нега на возилото263Оштетување на бојатаПоправете ги помалите оштети на
бојата со апликатор пред да се
формира ‘рѓа. Поголемите оштети
или предели со ’рѓа нека Ви ги
поправи автомеханичар.
Подвозје
Некои предели на подвозјето на возилото имаат премаз од PVC
додека другите критични предели
имаат траен слој од заштитен
восок.
Откако подвозјето ќе се измие,
проверете го истото и нанесете
восок ако е потребно.
Битуменски / гумени материјали
може да го оштетат слојот од PVC.
Нека Ви ја изведе работата на
подвозјето автомеханичар.
Пред и после зимата, измијте го
подвозјето и нека Ви го проверат
слојот на заштитниот восок.Систем на течен гас9 Опасност
Течниот гас е потежок од
воздухот и може да се собира во дупки.
Внимавајте кога работите на
подвозјето во канал.
За боење и кога се користи комора за сушење со температура над
60 °C, резервоарот за течен гас
мора да се извади.
Не вршете измени на системот за
течен гас.
Опрема за влечење Не ја чистете влечната кука со
компресорска млазница или
млазни чистачи со голем притисок.
Нега на внатрешноста Внатрешност и тапацир
Чистете ја внатрешноста на
возилото, вклучувајќи ја и маската
и облогите на таблата со
инструменти, само со сува крпа или средство за чистење на
внатрешноста.
Чистете го кожениот тапацир со
вода и мека крпа. Доколку е многу
извалкан, користете средство за
чистење кожа.
Таблата со инструменти и
екраните треба да се чистат само
со употреба на мека, влажна крпа.
Ако е потребно, користете слаб
раствор на сапуница.
Текстилниот тапацир чистете го со
правосмукалка и четка. Флеките
вадете ги со средство за чистење на тапацирот.
Ткаенината на преслеките може да не е со трајни бои. Тоа може да
предизвика видливо
избледнување на бојата, особено
на тапацир со светли бои. Дамки и
избледена боја треба да се
исчистат што е можно поскоро.
Чистете ги безбедносните ремени
со млака вода или средство за
чистење на внатрешноста.
Page 266 of 307

264Нега на возилотоВнимание
Затворајте ги Велкро патентите
бидејќи отворените Велкро
патенти на облеката може да го
оштетат тапацирот на
седиштата.
Истото се однесува и до облеки
со предмети со остри рабови,
како патенти или каишеви или
фармерки со нитни.
Пластични и гумени делови
Пластичните и гумените делови
може да се исчистат со истото средство за чистење кое се
користи за чистење на
каросеријата. Употребете
средство за чистење на
внатрешноста ако е потребно. Не
користете други средства.
Избегнувајте ги растворувачите и
особено бензинот. Не користете
компресорски млазници за
чистење.
Патосници9 Предупредување
Ако големината на некоја
патосница е погрешна или
патосницата не е правилно
монтирана, таа може да è пречи
на педалата за гас или на
педалата за сопирачките, а тоа
може предизвика ненамерно
забрзување и/или зголемено
растојание на сопирање што
може да предизвика судар или
повреда.
Користете ги следниве насоки за
правилно користење на
патосниците.
● Оригиналните патосници се дизајнирани за вашето возило.
Оштетените патосници
заменете ги само со одобрени
патосници. Секогаш
потврдувајте дека патосниците не им пречат на педалите.
● Користете ја патосницата со правилната страна нагоре. Не
превртувајте ја.
● Не ставајте ништо врз патосницата од страната на
возачот.
● Користете само една патосница од страната на
возачот.
Монтирање и отстранување на
патосниците
Патосницата од страната на
возачот и патосницата од страната на совозачот се фиксирани со две
спојки.
За да ја монтирате патосницата: 1. Вратете го потпирачот за грб на
седиштето што е можно
поназад.
Page 267 of 307

Нега на возилото265
2. Порамнете ги отворите вопатосницата со спојките како
што е прикажано.
3. Турнете ја патосницата кон подот.
За да ја отстраните патосницата: 1. Вратете го потпирачот за грб на
седиштето што е можно
поназад.
2. Повлечете ја патосницата нагоре за да ја отстраните.
Page 268 of 307

266Сервисирање и одржувањеСервисирање и
одржувањеОпшти информации .................267
Сервисни информации ..........267
Препорачани течности,
средства за подмачкување и
делови ....................................... 271
Препорачаните течности и средства за подмачкување ..271
Page 269 of 307

Сервисирање и одржување267Општи информации
Сервисни информации
За да се гарантира економичното и безбедното работење на возилотои да се одржи вредноста на Вашето
возило, мошне битно е сето
одржување да се изведува во
соодветните периоди, како што е
определено.
Деталниот, актуелен сервисен
распоред за Вашето возило е
достапен кај автомеханичарот.
Тешки услови за работа постојат ако често се случуваат една или
неколку од следниве околности:
Ладно стартување, тргнување и
застанување, на пример, за такси и
полициски возила, влечење
приколка, возење по планински
терен, возење на лоша или
песоклива подлога, зголемено
загадување на воздухот, присуство на песок и големо количество
прашина во воздухот, возење на
голема надморска висина и големи
промени на температурата.Во овие тешки услови за работа,
можеби ќе биде потребно
сервисирање на одредени делови
почесто од редовниот сервисен
период што се прикажува на
екранот за сервисирање.
Контактирајте со автомеханичар за приспособени распореди на
сервисите.
Екран за сервисирање 3 98.
Page 270 of 307

268Сервисирање и одржувањеПотврдувањаПотврдата на сервисирањето се
евидентира во сервисна и гарантна
книшка. Датумот и километражата
се дополнува со печат и потпис на
сервисот.Проверете дека сервисната и
гарантна книшка е пополнета
исправно бидејќи постојаното
заверување на сервисирањето е
суштинско ако треба да се исполникаква било рекламација или
добронамерно барање, а корисно е
и при продавањето на возилото.Сервисни периодиШифра на моторот
EB2ADT
EB2ADTS
EB2FAEP6FADTXDEB2DTS
Земји од група 125000 км / 1 година25000 км / 1 година30000 км / 1 годинаЗемји од група 215000 км / 1 година25000 км / 1 година20000 км / 1 годинаЗемји од група 315000 км / 1 година25000 км / 1 година20000 км / 1 година10000 км / 1 година 1)Земји од група 415000 км / 1 година20000 км / 1 годинаЗемји од група 510000 км / 1 година1)
Освен ако не е прикажано поинаку на екранот за сервисирање.