OPEL GRANDLAND X 2019.75 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2019.75, Model line: GRANDLAND X, Model: OPEL GRANDLAND X 2019.75Pages: 307, PDF Size: 7.81 MB
Page 231 of 307

Нега на возилото229Заштита од празнењеНапон во батериите
Кога напонот на акумулаторот е
низок, на Информативниот центар
за возачот ќе се прикаже
предупредувачка порака.
Кога возилото се вози, функцијата
за намалување на оптоварувањето
привремено деактивира одредени
функции, како што се
климатизацијата, греењето на
задното стакло, воланот со греење
и др.
Деактивираните функции повторно
се активираат автоматски штом
тоа го дозволуваат условите.
Засилување во празен од
Ако е потребно акумулаторот да се полни поради неговата состојба,
мора да се зголеми излезната
моќност на генераторот. Ова се
постигнува со засилување на
работата во празен од што може да
биде чујно.
Во Информативниот центар за
возачот се појавува порака.Штекер за струја
Приклучоците за струја се
деактивираат во случај на низок напон во акумулаторот.
Етикета за предупредување
Значење на симболите: ● Забранети се искри, отворен пламен или пушење.
● Секогаш штитете ги очите. Експлозивните гасови може дапредизвикаат слепило или
повреда.
● Акумулаторот содржи сулфурна киселина што може
да предизвика слепило или
тешки изгореници.
● Чувајте го акумулаторот вон дофат на деца.
● Видете во Сопственичкиот прирачник за повеќе
информации.
● Може да има експлозивен гас во близина на акумулаторот.
Режим за заштеда на енергија Овој режим ги деактивира
потрошувачите на енергија за да
спречи прекумерно празнење на
акумулаторот на возилото. Овие
потрошувачи, како што се
Инфозабавниот систем,
бришачите на шофершајбната,
фаровите за средно светло,
светлата за внатрешноста и
слично може да се користат
најмногу 40 минути откако
палењето ќе се исклучи.
Page 232 of 307

230Нега на возилотоМенување во режим за заштеда наенергија
Кога е активиран режимот за
заштеда на енергија, во
Информативниот центар за
возачот се појавува порака.
Активен телефонски повик преку
опцијата без раце ќе се одржи уште
околу дополнителни 10 минути.
Деактивирање на режимот за
заштеда на енергија
Режимот за заштеда на енергија се деактивира автоматски кога
моторот ќе се стартува повторно.
Моторот нека работи за да има доволно енергија:
● помалку од 10 минути за да се користат потрошувачи до
околу 5 минути
● повеќе од 10 минути за да се користат потрошувачи до
околу 30 минути
Функционалности на греење Забелешка
Одредени функционалности за
греење, како што се греење на
седиштата или волан со греење,може да бидат привремено
недостапни во случај на
ограничувања од електрично
преоптоварување. Функциите ќе продолжат по неколку минути.
Цедење на системот со дизел гориво
Ако резервоарот се испразнил докрај, системот за дизел гориво
треба да се исцеди. Вклучувајте го
палењето трипати за 15 секунди
одеднаш. Потоа верглајте го
моторот најмногу 40 секунди.
Повторете го овој процес по
најмалку 5 секунди. Ако моторот не се пали, побарајте помош од
автомеханичар.Замена на четкичките на
бришачите
Шофершајбна
Исклучете го палењето.
Во рок од една минута по
исклучувањето на палењето,
активирајте ја рачката за
бришачите за да ги поставите
бришачите вертикално на
шофершајбната.
Кренете го бришачот до исправена положба, притиснете го копчето за
да ја ослободите четкичката и
извадете ја.
Page 233 of 307

Нега на возилото231Прицврстете ја четкичката на
бришачот под определен агол во
однос на рачката на бришачот, и
притиснете ја се додека не се
заглави.
Спуштајте ја рачката на бришачот внимателно.
Заден прозорец
Подигнете ја рачката на бришачот.
Откачете ја четкичката на
бришачот како што е покажано на
илустрацијата и извадете ја.
Прицврстете ја четкичката на
бришачот под определен агол во
однос на рачката на бришачот, и
притиснете ја се додека не се
заглави.
Спуштајте ја рачката на бришачот внимателно.Замена на сијалиците
Исклучете го палењето и исклучетего соодветниот прекинувач или
затворете ги вратите.
Држете ги новите сијалици само кај
базата. Не допирајте го стаклото на
сијалицата со голи раце.
Користете само исти вид на
сијалица за замена.
Заменете ги сијалиците на
фаровите од внатрешноста на моторниот простор.
Проверка на ламбите
По замена на ламба, вклучете го
палењето, вклучете ги и проверете ги светлата.
Халогенски предни фарови
Халогенски предни фарови со
посебни ламби за средно и долго
светло.
Page 234 of 307

232Нега на возилото
Внатрешна сијалица (1) за долго
светло.
Надворешна сијалица ( 2) за средно
светло.
Долго светло (1)
1. Отстранете го заштитниот капак со повлекување на
влошката.
2. Притиснете ја спојката кон внатре и повлечете јафасонката наназад.
3. Извадете ја сијалицата од фасонката и заменете ја.
4. Ставете ја фасонката во куќиштето на фарот.
5. Ставете го капакот.
Page 235 of 307

Нега на возилото233Средно светло (2)
1. Отстранете го заштитниоткапак со повлекување.
2.Притиснете ја спојката нагоре и
повлечете ја фасонката
наназад.
3. Извадете ја сијалицата од фасонката и заменете ја.
4. Ставете ја фасонката во куќиштето на фарот.
5. Ставете го капакот.
Предни трепкачи
Во случај на дефектни LED диоди,
нека Ви ги заменат истите кај
автомеханичар.
Странично светло
Во случај на дефектни LED диоди,нека Ви ги заменат истите кај
автомеханичар.
Светло за дневно возење
Во случај на дефектни LED диоди, нека Ви ги заменат истите кај
автомеханичар.
LED предни фарови Предните фарови за средно и
долго светло, страничните светла,
светлата за дневно возење и
трепкачите се направени како LED
и не можат да се заменат.
Во случај на дефект, светлата
треба да ги поправи
автомеханичар.
Предни фарови за магла
Сијалиците нека Ви ги заменува
автомеханичар.
Page 236 of 307

234Нега на возилотоЗадни светлаЗадните светла, светлата за
дневно возење и средишното
високо монтирано стоп-светло се
направени како LED. Во случај на
дефект, треба да ги замени
автомеханичар.
Комплет на светло во
каросеријата
1. Отворете ја задната врата, па откачете го пристапниот капак
на соодветната страна.
2. Разлабавете ја навртката за прицврстување на сијаличкатасо клуч.
За да не ја загубите навртката
ако падне во облогата, прво
ставете некоја ткаенина под
неа.
3. Рачно одвртете ја и извадете ја
навртката за прицврстување на
сијаличката.
4. Откачете ја спојката додека малку ја влечете сијаличката.5. Од надворешната страна, внимателно повлечете го
комплетот на светлото од
отворот и извадете го.
Внимавајте цевката со кабелот да остане во положбата.
6. Свртете ја фасонката налево и извадете ја од комплетот на
светлото.
Page 237 of 307

Нега на возилото235
7. Извадете ја сијалицата одфасонката и заменете ја.
Стоп-светло ( 1)
Трепкач ( 2)
8. Ставете ја фасонката во комплетот од светлото.
Наместете го комплетот на
светлото во отворот и затегнете ја навртката за прицврстување
на сијаличката однатре.
Закачете го капакот.
Комплет светла во задната
врата
1. Отворете ја задната врата и извадете го капакот.
Page 238 of 307

236Нега на возилото2. Разлабавете ја навртката заприцврстување на сијаличката
со клуч.
3. Рачно одвртете ја и извадете ја
навртката за прицврстување насијаличката.
4. Откачете ја спојката додека малку го влечете комплетот на
светлото.
5. Од надворешната страна, внимателно повлечете го
комплетот на светлото од
отворот и извадете го.
Внимавајте цевката со кабелот
да остане во положбата.6. Свртете ја фасонката налево и извадете ја од комплетот на
светлото.
7. Извадете ја сијалицата од фасонката и заменете ја:
Светло за рикверц ( 1)
Заден фар за магла ( 2)
8. Ставете ја фасонката во комплетот од светлото.
Наместете го комплетот на
светлото во отворот и затегнете ја навртката за прицврстување
на сијаличката однатре.
Закачете го капакот.
Средишно високо монтирано
стоп-светло
Средишното високо монтирано
стоп-светло е направено како LED
и не може да се замени.
Во случај на дефект, светлата
треба да ги поправи
автомеханичар.
Page 239 of 307

Нега на возилото237Проверка на ламбитеВклучете го палењето, вклучете гии проверете ги сите светла.
Странични трепкачи
За да ја замените сијалицата,
извадете го куќиштето на ламбата:
1. Лизгајте ја сијаличката нанапред и извадете ја од
задната страна.
2. Свртете ја фасонката надесно и
извадете ја од куќиштето.
3. Извадете ја сијалицата од фасонката и заменете ја.
4.Ставете ја фасонката и свртете
ја налево.
5. Вметнете го левиот крај на ламбата, клизнете ја налево и
вметнете го десниот крај.
Светло за регистарската табличка
Светлата за регистарската
табличка се направени како LED-
сијалички и не можат да се
заменат.
Во случај на дефект, светлата
треба да ги поправи
автомеханичар.
Внатрешни светла
Следниве сијалички нека ги замени
автомеханичар:
● светло за внатрешноста, светла за читање
● светло во товарниот простор
● осветлување на таблата со инструменти
Page 240 of 307

238Нега на возилотоЕлектричен системОсигурувачи
Податоците на сијалицата за
замена треба да се согласуваат со
оние од прегорениот осигурувач.
Во возилото има две кутии со
осигурувачи:
● моторен простор
● табла со инструменти
Пред да замените осигурувач,
исклучете ги соодветниот
прекинувач и палењето.
Прегорениот осигурувач се
познава по стопената жичка.Внимание
Не заменувајте го осигурувачот
додека не се отстрани
причината за дефектот.
Некои функции се заштитени со
повеќе осигурувачи.
Осигурувачите можат да се
ставаат без постоење на некоја
функција.
Алат за вадење осигурувачи
Алатот за вадење осигурувачи
може да биде сместен во кутијата
со осигурувачи во моторниот
простор. Алатот за вадење има две страни и секоја од нив е наменета
за различен тип осигурувачи.
Повлечете го осигурувачот со
алатот за вадење осигурувачи и
повлечете го осигурувачот.
Кутија со осигурувачи во
моторниот простор
Кутијата со осигурувачи е во
предниот лев дел од моторниот
простор.
Откачете го капакот и извадете го.
Во зависност од верзијата,
достапни се различни кутии со
осигурувачи во моторниот простор: