bluetooth OPEL INSIGNIA 2014 Прирачник за инфозабавата
[x] Cancel search | Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014, Model line: INSIGNIA, Model: OPEL INSIGNIA 2014Pages: 167, PDF Size: 2.62 MB
Page 6 of 167

6ВоведВоведОпшти информации.....................6
Функција за аларм при кражба .... 7
Преглед на контролните
елементи ....................................... 8
Употреба ..................................... 13Општи информации
Инфозабавниот систем Ви пружа
најсовремена инфозабава во
автомобилот.
Со користење на радио функциите
FM, AM или DAB, може да
пријавите голем број станици на различни страници со омилени
елементи.
Може дури да пријавите и песни,
телефонски броеви, адреси на
дестинација или поставки за тон на страниците со омилени елементи.
Може да поврзете надворешни
мемориски уреди, на пр. iPod, USB- уреди или други дополнителни
уреди со Инфозабавниот систем
како дополнителни извори на
аудио; преку кабел или преку
Bluetooth.
Системот за навигација со
динамично планирање на
маршрутата ќе ве доведе сигурно
до вашата дестинација и, ако
сакате, автоматски ќе ги избегнува
застоите во сообраќајот или
другите сообраќајни проблеми.Освен тоа, инфозабавниот систем
е опремен со портал за телефон
што овозможува удобно и
безбедно користење на вашиот
мобилен телефон во возилото.
Исто така, преку инфозабавниот
систем може да се ракува со
контролите на воланот, таблата на
допир меѓу предните седишта или
преку системот за препознавање
говор.
Добро обмислената конструкција
на контролните елементи,
допирниот екран и јасните екрани
ви овозможуваат да го
контролирате системот лесно и
интуитивно.
Забелешка
Упатството ги опишува сите опции и функции достапни за разни
Инфозабавни системи. Одредени
описи, вклучително и оние за
функциите на екранот и на
изборниците, може да не важат за
вашето возило поради
варијантата на моделот,
посебната опрема или
додатоците.
Page 14 of 167

14Вовед
Автоматска гласност
Кога ќе се активира автоматското
поставување гласноста 3 48,
гласноста се приспособува
автоматски за да се компензира за
бучавата од патот и ветрот при
возењето.
Стишување
Кратко притиснете го копчето X за
да се стишат изворите на звук.
За повторно откажување на
стишувањето: свртете го копчето
X .
Начини на работењето
Радио
Притискајте го копчето RADIO за
да се активира режимот на радиото или за да се префрлува помеѓу
различните бранови должини.
Најдете детален опис на
функциите на радиото 3 55.
ЦД плеер
Притискајте го копчето MEDIA за
да го активирате ЦД-плеерот.Најдете детален опис на
функциите на ЦД-плеерот 3 62.
Надворешни уреди
Притискајте го копчето MEDIA за
да го активирате режимот за репродукција за поврзан
надворешен уред (на пример, USB-
уред, iPod или смартфон).
Најдете детален опис за
поврзувањето и управувањето со
надворешните уреди 3 65.
Навигација
Притиснете го копчето ; за да се
прикаже почетниот екран.
Допрете ја иконата NAV (НАВ) за
да се прикаже картата за
навигација што ја покажува
областа околу моменталната
локација.
Најдете детален опис на
функциите на навигацијата 3 74.
Телефон
Притиснете го копчето ; за да се
прикаже почетниот екран.Изберете ја иконата PHONE
(ТЕЛЕФОН) .
Ако може да се воспостави врска со
споен мобилен телефон, се
прикажува главниот изборник на
телефонскиот режим.
Побарајте детален опис за
ракувањето со мобилниот телефон преку Инфозабавниот систем
3 107.
Ако не може да се воспостави
врска, се прикажува соодветна
порака. За детален опис за
подготвување и воспоставување
Bluetooth-врска меѓу
инфозабавниот систем и мобилен
телефон 3 104.
Page 36 of 167

36Основни функции
Дефинирање на бројот наприкажани омилени елементи
Притиснете го копчето ;, а потоа
изберете ја иконата SETTINGS
(ПОСТАВКИ) . Изберете ја ставката
Radio (Радио) од изборникот и
потоа Number of Favourites Shown
(Број прикажани омилени) .
Активирајте го саканиот број на
омилени елементи што сакате да
се прикажат.
Забелешка
Ако бројот на зачувани омилени
елементи го надмине бројот на
омилени елементи активирани во
изборникот со поставки,
дополнително зачуваните
омилени елементи не се бришат,
туку само се скриени за преглед.
Тие може повторно да се
активираат со зголемување на
бројот на омилени елементи што
може да се прегледуваат.
Контакти Од инфозабавниот систем може да
пристапите до два различни вида
списоци со контакти:
■ Списоци со контакти преземени од Bluetooth-уред или друг
надворешен извор.
■ Список со контакти на возилото.
Забелешка
Најмногу 1000 контакти може да
се зачуваат во списокот со
контакти на возилото. Нема
ограничување за преземените
списоци со контакти.Избор на извор на контакти
Списокот со контакти што прво се
прикажува по пристапот се
разликува зависно од моментално
активната апликација и поврзаните уреди.
Промена на изворот
Изберете го екранското копче
Change Contacts List (Смени листа
контакти) од десната страна на
екранот. Се прикажува список со
сите достапни извори на контакти.
Моментално активниот список со
контакти е означен со 9.
Page 53 of 167

Основни функции53
Бришење на сите приватни
податоци
Изберете Clear All Private Data
(Избриши ги сите приватни
податоци) за да ги избришете
следните податоци:
■ Споени уреди преку Bluetooth
■ Зачувани именици
■ Список со контакти на возилото
■ Список со дестинации
■ Омилени
Се прикажува предупредувачка
порака.
Изберете го екранското копче
Delete (Бришење) . Податоците се
избришани.
Враќање на поставките за радиото
Изберете Restore Radio Settings
(Обнови радио поставки) за да ги
ресетирате следните податоци:
■ Поставки на тонот
■ Поставки за гласноста
■ Поставки за говор
■ Табла со апликации
■ Извори на контакти.Се прикажува предупредувачка
порака.
Изберете го екранското копче
Restore (Обнови) . Поставките се
ресетирани.
Информации за софтверот Притиснете го копчето ; и
изберете ја иконата SETTINGS
(ПОСТАВКИ) .
Пролистајте и изберете ја ставката Software Information (Информации
за софтверот) .Се прикажува список со броеви на
верзиите на сите ставки вчитани во системот.
Ажурирање на системот
За ажурирање на софтверот на
системот, контактирајте со вашиот
сервис-партнер од Opel.
Табла на допир Во овој изборник, може да ја
дефинирате насоката за лизгање
при работа со таблата на допир.
Ако ја поставите оваа функција на
Inverted (Обратно) насоката на
лизгање е обратна, на пример, ако
ги движите прстите нагоре -
лизгате надолу по екранот.
Притиснете го копчето ; и
изберете ја иконата SETTINGS
(ПОСТАВКИ) .
Пролистајте и изберете ја ставката
TouchPad (Допирна подлога) . За
приказ на односниот подизборник,
изберете Invert Up / Down (Смени
горе / долу) или Invert Left / Right
(Смени лево / десно) .
Page 67 of 167

Надворешни уреди67
Забелешка
Ако се поврзе SD-картичка што не може да се прочита, ќе се појави
соодветна порака за грешка и
инфозабавниот систем
автоматски ќе се префрли на
претходната функција.
За да ја отстраните SD- картичката,
најпрвин активирајте друга
функција. Потоа, нежно турнете ја
SD-картичката подлабоко. SD-
картичката ќе биде исфрлена и ќе може да ја отстраните.
Внимание
Не откачувајте го уредот за
време на репродукција. Така
може да се оштети уредот или
Инфозабавниот систем.
Функција за звук од SD
Инфозабавниот систем може да
репродуцира музички датотеки што се зачувани на SD-картичката.
Функција за филмови од SD
Инфозабавниот систем може да
репродуцира филмски датотеки што се зачувани на SD-картичката.
Bluetooth Изворите на звук со вклучен
Bluetooth (на пр. музички мобилни
телефони, МП3-плеери со
Bluetooth итн.) што ги поддржуваат
профилите за музика A2DP и
AVRCP за Bluetooth може да се
поврзат безжично со
Инфозабавниот систем.
Поврзување уред
Побарајте детален опис за
поврзување Bluetooth 3 104.
Функција за звук од Bluetooth
Инфозабавниот систем може да
репродуцира музички датотеки што
се содржани на уредите со
Bluetooth, на пр. iPod или
смартфон.
Формати на фајлови
Поддржани се само уредите што се форматирани во датотечни
системи FAT32, NTFS и HFS+.
Забелешка
Некои фајлови може да не се
репродуцираат правилно.
Причината може да биде
различен формат на снимање или состојбата на фајлот.
Фајлови од продавниците на
интернет за коишто важо
управување со дигиталните права
(DRM) не можат да се
репродуцираат.
Page 69 of 167

Надворешни уреди69
Функција за прелистувањеЗабелешка
Функцијата за прелистување не е
достапна за AUX и Bluetooth, како
извори на медиум.
За приказ на екранот за
прелистување, може да:
■ Допрете каде било на екранот
■ Изберете го екранското копче BROWSE (РАЗГЛЕДУВАЊЕ) на
левата страна од екранот
■ Свртете го копчето MENU.Изберете PLAYLISTS (МУЗ.
ЛИСТИ) , ARTISTS ( ИЗВЕДУВАЧИ) ,
ALBUMS (АЛБУМИ) , SONGS
(ПЕСНИ) , GENRES (ЖАНРИ) или
MORE (ПОВЕЌЕ) . MORE
(ПОВЕЌЕ) вклучува дополнителни
категории: Podcasts (Подкасти) ,
Audiobooks (Аудио книги) , Videos
(Видеа) и Composers
(Композитори) .
Прелистувајте низ категориите
додека да ја најдете саканата
песна. Изберете песна за да
започне репродуцирањето.
Изборници за аудиоЗа приказ на соодветниот изборник
за аудио, изберете го екранското
копче MENU (ИЗБОРНИК) од
интерактивната лента за избор.
Забелешка
Не се достапни сите ставки во
сите изборници за звукот.
Поставки за тонот
Побарајте детален опис 3 47.
Произволно
Ако Shuffle (Мешање) е активиран,
песните на активниот уред се
репродуцираат по случаен избор.
Забелешка
При репродуцирање од USB, SD
или iPod, функцијата за
произволно репродуцирање
зависи од режимот на
Page 70 of 167

70Надворешни уреди
филтрирање што е избран за
репродуцирање на песната, на
пример, албум, изведувач, жанр.
Наместете го Shuffle (Мешање) на
On (Вклучување) или Off
(Исклучување) .
Автоматско поставување на
гласноста / Bose AudioPilot
Побарајте детален опис 3 48.
Управување со Bluetooth-уреди
(достапно само во изборникот за
музика од Bluetooth)
Изберете Manage Bluetooth
Devices (Уредување уреди
Bluetooth) за да се прикаже
списокот со уреди.
Побарајте детален опис 3 104.
Сообраќајна програма (TP)
За постојано да примате вести за
сообраќајот, поставете Traffic
Programme (TP) - On (Сообраќајна
програма - Вкл.) .
Побарајте детален опис 3 57.Репродукција на
филмови
Започнување репродукција на
видео Поврзете го уредот 3 65.
Притискајте го копчето MEDIA за
да го активирате саканиот
мултимедијален извор.
Изберете го екранското копче
BROWSE (РАЗГЛЕДУВАЊЕ) и
потоа табулаторот MORE
(ПОВЕЌЕ) . Изберете ја ставката
Videos ( Видеа) од списокот и потоа
саканата филмска датотека.
Репродуцирањето на видеото
започнува.
Функциски копчиња
Паузирање на репродкцијата
Изберете го екранското копче = за
паузирање на репродукцијата.
Изберете го екранското копче l за
продолжување со репродукцијата.
Менување на претходна или
следна датотека
Изберете ги копчињата t или v
за репродукција на претходната
или следната филмска датотека.
Или пак, вртете го копчето MENU
за да преминете на претходната
или следната филмска датотека.
Page 71 of 167

Надворешни уреди71
Брзо напред или брзо назад
Задржете ги допрени копчињата
t или v за премотување назад
или напред.
Изборник за видео
За приказ на изборник за видео,
изберете го екранското копче
MENU (ИЗБОРНИК) од
интерактивната лента за избор.
Најдете детален опис на
изборникот 3 68.
Користење апликации
Инфозабавниот систем поддржува
управување со апликации преку
контролите на инфозабавниот
систем.
Пред да може да се ракува со
апликација преку контролите и
изборниците на инфозабавниот
систем, односната апликација
треба да се инсталира преку
смартфон.Активирање на функцијата
Поврзување на смартфон
Активирање на функциите
поврзување и Bluetooth на
смартфон (видете во корисничкото
упатство на смартфонот).
Забелешка
Споделувањето врска треба да се
постави правилно, зависно од
операторот.
Поврзете го смартфонот со
инфозабавниот систем преку
Bluetooth 3 104.
Креирање нова сметка
Притиснете го копчето ; и потоа
изберете ја иконата Апликации за
да се прикаже поздравен екран.
За да поставите нова сметка,
изберете го соодветното екранско
копче на долниот дел од екранот.
Различни екрани ве водат низ
постапката за поставување.
Прво, се прикажува список со сите
телефони што се споени со
системот. Изберете го телефонотсо којшто сакате да воспоставите
интернет-врска до продавницата
за апликации.
Потоа се прикажува тастатура за
внесување на адреса на е-пошта.
Внесете ја вашата адреса на е-
пошта.
Во изборникот што се прикажува
потоа, треба да се постави PIN- код.
Изберете го полето за внесување
нов PIN. Се прикажува тастатура.
Изберете ги саканите броеви. За
да го потврдите PIN-кодот,
изберете го полето Потврди го
новиот PIN. Тастатурата повторно
се прикажува. Повторно внесете
го PIN-кодот. Потврдете го
внесеното.
Се прикажува изборник за избор на
земја. Лизгајте низ списокот и
изберете ја саканата земја.
На крај, се прикажува политика за
приватност на продавницата за
апликации. Изберете го екранското
копче Се согласувам за да
креирате сметка.
Се прикажува главниот изборник за апликации.
Page 103 of 167

Телефон103ТелефонОпшти информации.................103
Поврзување Bluetooth ..............104
Итен повик ................................ 106
Ракување .................................. 107
Мобилни телефони и ЦБ радио опрема ........................... 111Општи информации
Порталот за мобилен телефон Ви
дава можност да водите разговори на мобилен телефон преку
микрофон, и звучниците во
возилото, исто така и да ракувате
со најважните функции на
мобилниот телефон преку
Инфозабавниот систем во
возилото. За да можете да го
користете телефонскиот портал,
мобилниот телефон мора да е
поврзан со инфозабавниот ситем
преку Bluetooth.
Не сите функции за Телефон се поддржани од секој мобилен
телефон. Употребливите функции
на телефонот зависат од
односниот мобилен телефон и
операторот. Ќе најдете повеќе
информации за тоа во упатствата
за ракување за вашиот мобилен
телефон или можете да се
распрашате за нив кај вашиот
оператор на мрежата.Важни инфорамции за
ракувањето и безбедноста насообраќајот9 Предупредување
Мобилните телефони имаат
дејства врз Вашата средина. Од оваа причина се подготвиле
безбедносни прописи и
директиви. Треба да бидете
запознати со поврзаните
директиви пред да ја користите
функцијата за телефон.
9 Предупредување
Употребата на уредот за
разговор без раце додека
возите може да биде опасна
зашто Вашата концентрација се намалува кога телефонирате.
Паркирајте го Вашето возило
пред да го користите уредот за
Page 104 of 167

104Телефонразговор без раце. Почитувајте
ги условите на државата во
којашто се наоѓате во моментов.
Не заборавајте да ги следитепосебните прописи кои важат во конкретни предели и секогаш
исклучувајте го мобилниот
телефон ако употребата на
мобилни телефони е забранета, ако мобилниот телефон
предизвикува пречење или ако
дојде до опасни ситуации.
Bluetooth
Телефонскиот портал е
сертифициран од страна на
Bluetooth Special Interest Group
(SIG).
Повеќе информации за
спецификацијата ќе најдете на
интернет, на http://
www.bluetooth.com
Поврзување Bluetooth
Bluetooth е радио стандард за
безжично поврзување на мобилни
телефони, модели iPod/iPhone и
други уреди.
За да може да воспоставите
Bluetooth-врска со инфозабавниот
систем, може да се активира
функцијата за Bluetooth на
Bluetooth-уредот. За повеќе
информации, видете во упатството
за употреба на уредот со Bluetooth.
Спојувањето (размена на PIN-
кодови меѓу уред со Bluetooth и
Инфозабавниотсистем) и
поврзувањето уреди со Bluetooth
со Инфозабавниот систем се врши
преку изборникот за Bluetooth
поставки.
Изборник за Bluetooth
поставки
Притиснете го копчето ;, а потоа
изберете ја иконата SETTINGS
(ПОСТАВКИ) .
Изберете Bluetooth за приказ на
односниот подизборник.Спојување уред
Важни информации ■ Со системот може да се спојат до
пет уреди.
■ Само еден споен уред може да биде поврзан со Инфозабавниот
систем во даден момент.
■ Спојувањето обично треба да се изврши само еднаш, освен ако
уредот не се избрише од
списокот споени уреди. Ако
уредот бил поврзано претходно,
Инфозабавниот систем
автоматски воспоставува врска.
■ Операцијата Bluetooth значително ја троши батеријата
на уредот. Затоа, поврзете го
уредот со штекер за полнење.
Спојување преку апликацијата за
поставки
1. Притиснете го копчето ;, а
потоа изберете ја иконата
SETTINGS (ПОСТАВКИ) .
Изберете Bluetooth за приказ на
односниот подизборник.