OPEL INSIGNIA 2014 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014, Model line: INSIGNIA, Model: OPEL INSIGNIA 2014Pages: 363, PDF Size: 8.95 MB
Page 191 of 363

Возење и ракување189
сопирачка за паркирање ќе го
забави возилото, но нема да се
активира статично.
Штом прекинувачот m ќе се
ослободи, динамичното сопирање
ќе престане.
Автоматска примена
Ако возилото е опремено со
автоматски менувач и е активна приспособливата контрола на
патувањето, електричната
сопирачка за паркирање се
активира автоматски кога возилото е сопрено подолго од 2 минути.
Сопирачката за паркирање се
отпушта автоматски кога ќе
тргнете.
Проверка на функционалноста
Кога возилото не се движи,
електричната сопирачка за
паркирање може да се активира
автоматски. Ова се прави за да се
провери системот.Дефект
На дефектен режим на
електричната сопирачка за
паркирање укажува контролната
сијаличка j и порака за возилото
што е прикажана на
Информативниот центар за
возачот. Пораки за возилото 3 131.
Активирање нa електричната
сопирачка за паркирање:
повлечете го и држете го
прекинувачот m подолго од
5 секунди. Ако контролната сијаличка m светне, електричната
сопирачка за паркирање е активирана.
Отпуштање нa електричната
сопирачка за паркирање:
притиснете го и држете го
прекинувачот m подолго од
2 секунди. Ако контролната
сијаличка m се изгасне,
електричната сопирачка за
паркирање е отпуштена.
Контролната сијаличка m трепка:
електричната сопирачка за
паркирање не е целосно
активирана или отпуштена. Когатрепка постојано, отпуштете ја
електричната сопирачка за
паркирање и обидете се да ја
активирате повторно.
Серво кочење Ако педалата на сопирачките се
нагазне брзо и силно, автоматски
се применува максимална сила на
сопирање.
Работењето на помошта на
сопирањето може да се забележи
по пулсирање во педалата за
сопирачките и поголем отпор кога
се нагазнува педалата.
Одржувајте постојан притисок врз
педалата на сопирачката додека е
потребно целосно сопирање.
Максималната сила на сопирањето автоматски се намалува кога ќе се
отпушти педалата на сопирачките.
Помош при поаѓање на
угорници
Системот помага во спречување на ненадејните движења при возење
на закосени површини.
Page 192 of 363

190Возење и ракување
При отпуштање на ножната
сопирачка по застанување на
стрмнина, сопирачките се
активирани уште две секунди.
Сопирачките се отпуштаат
автоматски штом возилото ќе
почне да забрзува.
Помошта при поаѓање по
нагорнини не е активна за време
на Autostop.
Систем за сопирање-поаѓање
3 174.Системи за контрола
на возењето
Систем за контрола на
пролизгувањето
Системот за контрола на
пролизгувањето (TC) е компонента
на Електронската контрола на
стабилноста.
TC ја подобрува стабилноста при
возењето кога е потребно, без
оглед на видот на површината на
коловозот или прилепувањето на
гумите, со спречување на
шлајфувањето на погонските
тркала.
Штом погонските тркала почнат да
шлајфуваат, излезната силата на
моторот се намалува и тркалото
кое најмногу шлајфува поединечно
се сопира. Тоа значително ја
подобрува стабилноста при
возење на возилото на лизгави
површини на коловозот.
TC функционира штом
контролната сијаличка b ќе се
изгасне.
Кога TC работи, b трепка.
9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Контролна сијаличка b 3 116.
Page 193 of 363

Возење и ракување191
Деактивирање
TC може да се исклучи кога е
потребно шлајфување на
погонските тркала:
притиснете го копчето b накусо за
да ја исклучите TC, светнува k.
Деактивирањето се прикажува како статусна порака на
Информативниот центар за
возачот.
Контролна сијаличка k се пали.
TC повторно се активирана со
притиснување на копчето b
одново.
TC исто така се активира повторно
следниот пат кога ќе се вклучи
палењето.
Електронска контрола на
стабилноста Електронската контрола на
стабилноста (ESC) ја подобрува
стабилноста при возењето кога е
потребно, без оглед на видот на површината на патот или
прилепувањето на гумите.
Спречува и да прошлајфуваат
погонските тркала. ESC работи во
комбинација со системот за
контрола на пролизгувањето (TC)
3 190.
Штом возилото почне да занесува
(недоволно вртење/нагло
свртување), излезната сила на
моторот се намалува и тркалата се закочуваат посебно. Тоа
значително ја подобрува
стабилноста при возење на
возилото на лизгави површини на
коловозот.
ESC функционира штом
контролната сијаличка b ќе се
изгасне.
Кога работи ESC, трепка
контролната сијаличка b.
Page 194 of 363

192Возење и ракување9Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Контролна сијаличка b 3 116.
Деактивирање
За поспортско однесување, ESC и
TC можат да се активираат
посебно:
■ притиснете го копчето b накусо:
само системот за контрола на
пролизгувањето е неактивен,
ESC останува активна, k свети
■ држете го копчето b притиснато
најмалку 5 секунди: TC и ESC се
деактивираат, k и n светат.
Освен тоа, избраниот режим е
прикажан како статусна порака на
Информативниот центар за
возачот.
Ако возилото дојде до прагот со деактивирано ESP, системот ќе го
активира ESP додека трае прагот
кога педалата на сопирачката ќе се
притисне еднаш.
ESC повторно се активирана со
притиснување на копчето b
одново. Ако системот TC беше
претходно исклучен, и TC и ESC се
активирани повторно.
ESC исто така се активира
повторно следниот пат кога ќе се
вклучи палењето.
Интерактивен систем за возење
„Флекс рајд“ Flex Ride системот за возење му
овозможува на возачот да избере
помеѓу три режими за возење:
■ SPORT режим:притиснете го копчето SPORT, сијаличката
свети.
■ TOUR режим:притиснете го копчето TOUR, сијаличката
свети.
■ Режим NORMAL: не се притиснати копчињата SPORT и
TOUR , ниедна сијаличка не
свети.
Page 195 of 363

Возење и ракување193
Деактивирајте ги режимот SPORT
и режимот TOUR со притиснување
на соодветното копче уште еднаш.
Во секој режим за возење
Flex Ride ги сврзува следните
електронски системи во мрежа:
■ Постојана контрола на амортизацијата.
■ Контрола на педалот за гас.
■ Контрола на управувањето со воланот.
■ Погон на сите тркала.
■ Електронска контрола на стабилноста (ESC).
■ Систем за деблокирање на сопирачките (ABS) со контрола
на сопирачките на свиоци ( CBC).
■ Автоматски менувач.Режим SPORT
Поставките на системите се
приспособуваат кон поспортски
стил на возењето:
■ Придушувањето на амортизерите реагира покруто зада обезбеди подобар контакт со
површината на коловозот.
■ Моторот реагира побрзо на педалот за гас.
■ Серво помошта за управувањето
е намалена.
■ Вртежниот момент на Погонот на
сите тркала се пренесува повеќе
кон задната оска.
■ Точките на менувањето на брзини на автоматскиот менувач
се случуваат подоцна.
■ Кога е активиран режимот SPORT, осветлувањето на
главните инструменти се менува
од бело на црвено.
Режим TOUR
Page 196 of 363

194Возење и ракување
Поставките на системите се
приспособуваат кон удобен стил на
возењето:
■ Придушувањето на амортизерите реагира помеко.
■ Педалот за гас реагира со стандардни поставки.
■ Помошта за управувањето е во стандардниот режим.
■ Вртежниот момент на Погонот на
сите тркала се пренесува главно
кон предната оска.
■ Точките на менувањето на брзини на автоматскиот менувач
се одвиваат во режим за
удобност.
■ Осветлувањето на главните инструменти е бело.
Нормален режим
Сите поставки на системите се
приспособени кон стандардните
вредности.
Контрола на режимот за возење
Во секој рачно избран режим за
возење SPORT, TOUR или
NORMAL, Контролата на режимотза возење (DMC) ги открива и
анализира непрекинато
вистинските карактеристики на
возењето, реакциите на возачот и
активната динамична состојба на
возилото. Ако е потребно,
контролната единица на DMC
автоматски ги менува поставките
во рамките на избраниот режим за
возење или кога ќе препознае
поголеми вариации, режимот за
возење се менува за време на
варијациите.
Ако, на пример режимот NORMAL
е избран и DMC открие спортско
однесување при возењето, DMC
менува повеќе поставки од
Нормалниот режим на спортски
поставки. DMC се префрлува на
режимот SPORT во случај на многу
спортско однесување при
возењето.
Ако е, на пример, избран режимот TOUR и додека се вози по
серпентини е потребно да се сопре нагло и јако, DMC ќе ја открие
динамичната состојба на возилото
и ќе ги смени поставките заамортизација во режим SPORT за
да се зголеми стабилноста на
возилото.
Кога карактеристиките на
возењето или динамичната
состојба на возилото се враќаат во поранешната состојба, DMC ќе гисмени поставките во претходно
избраниот режим за возење.
Поставки приспособени кон
индивидуалните потреби во
режимот СПОРТ
Возачот може да ги избере
функциите на режимот SPORT кога
е притиснато копчето SPORT.
Изберете ги соодветните поставки
во Settings ( Поставки) , I Sport Mode
( Спортски режим) на инфо-екранот
во боја.
Информативен екран во боја
3 128.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 133.
Page 197 of 363

Возење и ракување195
Флексибилно возење -
верзија OPC Верзијата OPC на системот за
флексибилно возење функционира
исто како и стандардниот систем
на флексибилно возење, со таа
разлика што режимите имаат
поспортски карактеристики.OPC Flex Ride системот за возење му овозможува на возачот да
избере помеѓу три режими за
возење:
■ OPC режим:притиснете го копчето OPC, сијаличката свети.
■ SPORT режим:притиснете го копчето SPORT, сијаличката
свети.
■ Режим NORMAL: не се притиснати копчињата SPORT и
OPC , ниедна сијаличка не свети.
Деактивирајте ги режимот SPORT
и режимот OPC со притиснување
на соодветното копче уште еднаш.
Во секој режим за возење
OPC Flex Ride ги сврзува следните
електронски системи во мрежа:
■ Постојана контрола на амортизацијата.
■ Контрола на педалот за гас.
■ Контрола на управувањето со воланот.
■ Погон на сите тркала.
■ Електронска контрола на стабилноста (ESC).■ Систем за деблокирање на сопирачките (ABS) со контрола
на сопирачките на свиоци ( CBC).
■ Автоматски менувач.
Режим OPC
Карактеристиките на динамиката
на возење се приспособуваат кон
поставките за високи
перформанси.
Во овој режим осветлувањето на
главните инструменти е црвено.
Режим SPORT
Поставките на системите се
приспособуваат кон поспортски стил на возењето.
Нормален режим
Во режимот NORMAL, кога
копчињата SPORT и OPC не се
притиснати, сите поставки на
системите се приспособени кон
стандардните вредности.
Page 198 of 363

196Возење и ракување
Поставки приспособени кон
индивидуалните потреби во
режимот OPC
Возачот може да ги избере
функциите на режимот OPC кога е
притиснато копчето OPC.
Изберете ги соодветните поставки
во Settings ( Поставки) , I Sport Mode
( Спортски режим) на инфо-екранот
во боја.
Информативен екран во боја
3 128.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 133.Системи за помош на
возачот9 Предупредување
Системите за помош на возачот
се конструирани да го
поддржуваат возачот, а не да го заменат неговото внимание.
Возачот има целосна
одговорност кога го вози
возилото.
Кога се користат системите за
помош за возачот, секогаш
внимавајте на моменталната
сообраќајна ситуација.
Контрола на патувањето
Контролата на патувањето може
да сними и одржува брзини од
околу 30 до 200 км/ч. Може да дојде до отстапувања од снимените
брзини кога се вози по угорници
или удолнини.
Од безбедносни причини,
контролата на возењето не може да се активира додека не се
користи ножната сопирачка еднаш. Активирањето во прва брзина не е
возможно.
Не ја користите контролата на
патувањето ако не е препорачливо да се одржи постајана брзина.
Со автоматскиот менувач,
контролата на патувањето
активирајте ја само во автоматски
режим.
Контролна сијаличка m 3 118.
Page 199 of 363

Возење и ракување197
ВклучувањеПритиснете го копчето m,
контролната сијаличка m во
групата инструменти свети бело.
Активирање
Забрзајте се до саканата брзина и
свртете го малото тркалце на
SET/- : актуелната брзина се
зачувува и одржува. Контролната
сијаличка m во групата
инструменти свети зелено.
Одредената брзина е прикажана
на екранот од средно или горно
ниво до симболот m. Педалот за
гас може да се отпушти.
Брзината на возилото може да се зголеми со нагазување на
педалата за гас. Кога ќе се отпушти педалот за гас, се продолжува со
претходно зачуваната брзина.
Контролата на патувањето
останува активирана при промена
на брзината.
Зголемување на брзината При активна контрола на
патувањето, држете го малото
тркалце свртено на RES/+ или
вртете го накратко на RES/+ повеќе
пати: брзината се зголемува
продолжително или во мали
чекори.
Како алтернатива забрзете се до
саканата брзина и снимете ја со
вртење на SET/-.
Намалување на брзината При активна контрола на
патувањето, држете го малото
тркалце свртено на SET/- или
вртете го накратко на SET/- повеќе
пати:брзината се намалува
продолжително или во мали
чекори.
Деактивирање Притиснете го копчето y,
контролната сијаличка m во
групата инструменти свети бело.Контролата на патувањето се
деактивира. Последната користена поставена брзина се меморира за
подоцнежно продолжување на
брзината.
Автоматско деактивирање: ■ брзината на возилото е под околу
30 км/ч,
■ брзината на возилото е под околу
200 км/ч,
■ педалот на сопирачките е притиснат,
■ педалата на куплунгот е притисната неколку секунди,
■ рачката на менувачот е во N,
■ многу мал опсег на брзини на моторот,
■ Системот за контрола на прелизгувањето или
Електронската контрола за
стабилност работи,
■ Известувањето за преден судир е активирано.
Page 200 of 363

198Возење и ракување
Продолжување со снимената
брзина
Свртете го малото тркалце на RES/
+ при брзини над 30 км/ч.
Снимената брзина ќе се постигне.
Исклучување Притиснете го копчето m,
контролната сијаличка m во
групата инструменти се гаси.
Зачуваната брзина се брише.
Со притискање на копчето L за
активирање на ограничувачот на
брзината или исклучување на
палењето се исклучува и
контролата на патувањето и се
брише зачуваната брзина.
Ограничувач на
брзината Ограничувачот на брзината го
спречува возилото да надмине
претходно поставена максимална
брзина.
Максималната брзина може да се
постави при брзини над 25 км/ч.Возачот може да забрза само до
претходно поставената брзина.
Може да дојде до отстапувања од
ограничената брзина само при
возење надолу.
Претходно поставеното
ограничување за брзината се
прикажува на Информативниот
центар за возачот кога е активен
системот.
Активирање
Притиснете го копчето L.
Контролната сијаличка L во
групата инструменти свети бело. Ако претходно се активирани
контролата на патувањето илиприспособливата контрола на
патувањето, се исклучуваат кога ќе
се активира ограничувачот на
брзината и контролната сијаличка
m се гаси.
Поставување на
ограничување на брзината Со активен ограничувач на
брзината, држете го тркалцето
свртено на RES/+ или кратко
вртете го на RES/+ неколкупати
додека не се прикаже саканата
максимална брзина на
Информативниот центар за
возачот.
Или, забрзајте до саканата брзина
и свртете го тркалцето накратко на
SET/- , моменталната брзина се
зачувува како максимална брзина.
Ограничувањето на брзината се
прикажува во Информативниот
центар за возачот.