engine OPEL INSIGNIA 2014 Сопственички прирачник
[x] Cancel search | Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014, Model line: INSIGNIA, Model: OPEL INSIGNIA 2014Pages: 363, PDF Size: 8.95 MB
Page 21 of 363

Накратко19Поаѓање
Проверете ги пред да појдете ■ Притисокот во гумите и нивната состојба 3 274, 3 329.
■ Нивоата на моторното масло и на течностите 3 247.
■ Дали се чисти сите прозорци, ретровизори, надворешни
светла и регистарски таблички,
да нема снег и мраз на нив и дали функционираат.
■ Правилната положба на ретровизорите, седиштата и
безбедносните ремени 3 40,
3 52, 3 62.
■ Функционирањето на сопирачките при мала брзина,
особено ако сопирачките се
мокри.Палење на моторот
■ Прекинувач за палење: свртете го клучот во положба 2
копче за вклучување: притиснете
го копчето Engine Start/Stop
неколку секунди додека не се
запали зелената сијаличка
■ помрднете го воланот малку за да се ослободи бравата на
воланот
■ притиснете ги куплунгот и сопирачката
■ автоматскиот менувач во P или N
■ не нагазнувајте го педалот за гас
■ Прекинувач за палење: свртете
го клучот во положба 3 и
отпуштете го
копче за вклучување: притиснете
го копчето Engine Start/Stop и
отпуштете
■ моторот се пали по кратко одложување.
Палење на моторот 3 172.
Page 112 of 363

110Иинструменти и контроли
На екранот од основно ниво
изберете го изборникот Settings
(Поставки) со притискање на
копчето MENU на рачката за
трепкачите. Вртете го тркалцето за
местење за да изберете страница
Remaining Oil Life (век на
останатото масло) :На екранот од средно и горно ниво
изберете го изборникот Info
(Информации) со притискање на p
на воланот. Притиснете P за да ја
изберете страницата Remaining Oil
Life (век на останатото масло) .
Преостанатиот век на маслото е
прикажан во проценти.
Ресетирање
На екранот од основно ниво
држете го копчето SET/CLR на
рачката за трепкачите притиснато
неколку секунди за да ресетирате.
Палењето треба да биде вклучено,
без да работи моторот.
На екранот од средно и горно ниво
притиснете го > на воланот за да ја
отворите подпапката. Изберете
Reset ( Ресетирање) и потврдете со
притискање на 9 неколку секунди.
Палењето треба да биде вклучено,
без да работи моторот.
Системот треба да се препостави секој пат кога се менува моторното масло за да се овозможи
правилното функционирање.
Побарајте помош од
автомеханичар.
Следна услуга
Кога системот пресметал дека
работниот век на моторното масло
се намалил, Change Engine Oil
Soon (наскоро сменете го
моторното масло) се појавува во
Информативниот центар за
возачот. Нека Ви ги смени
моторното масло и филтерот
автомеханичар во рок од една
недела или 500 км (кое и да
настапи прво).
Информации за сервисирањето
3 299.
Page 136 of 363

134Иинструменти и контроли
Притиснете го копчето MENU за
потврда.
Следните поставки може да се
изберат со вртење и притискање на
повеќенаменското копче:
■ Time and Date (Време и датум)
■ Sport Mode (Спортски режим)
■ Language (Јазик)
■ Valet Mode (Услужен режим)
■ Radio (Радио)
■ Vehicle (Возило)
■ Bluetooth
■ Voice (Глас)
■ Display (Приказ)
■ Rear Camera (Задна камера)
■ Return to Factory Settings (Врати
на фабрички поставки)
■ Software Information
(Информации за софтверот)
■ TouchPad (Допирна подлога)
Во соодветните подизборници
следните поставки може да се
сменат:Time and Date (Време и датум)
Видете под „Часовник“ 3 96.
Sport Mode (Спортски режим)
Возачот може да ги избере
функциите кои ќе се активираат во
Спортскиот режим 3 192.
■ Sport Mode Backlighting (Задно
осветлување при спортски
режим) : Менување на бојата на
осветлувањето на
инструментите.
■ Engine Sport Performance
(Спортски перформанси на
моторот) : Карактеристиките на
педалот за гас и на менувачот
стануваат почувствителни.
■ Sport Steering (Спортско
управување) : Серво поддршката
за управувањето е намалена.
■ Sport Suspension (Спортска
амортизација) : Придушувањето
станува покруто.
■ All Wheel Drive (Погон на сите
тркала) : Вртежниот момент на
моторот се распределува кон
задната оска во поголема мера.Language (Јазик)
Избор на саканиот јазик. Видете во прирачникот за Инфозабавниот
систем.
Valet Mode (Услужен режим)
Видете во прирачникот за
Инфозабавниот систем.
Radio (Радио)
Видете во прирачникот за
Инфозабавниот систем.
Vehicle (Возило) ■ Climate and Air Quality (Клима и
квалитет на воздухот)
Auto Fan Max Speed (Автоматска
максимална брзина на
вентилаторот) : Го менува нивото
на проток на воздух во кабината
или контрола на климатизацијата во автоматскиот режим.
Air Conditioning Mode
(Климатизација) : Ја контролира
состојбата на компресорот за
ладење при стартување на
возилото. Последната поставка
(препорачано) или при
стартување на возилото е
Page 173 of 363

Возење и ракување171
Електронскиот клуч мора да е
внатре во возилото.
Режим за напојување додатоци:
притиснете го копчето Engine Start/
Stop еднаш без притискање на
куплунгот или педалата на
сопирачките. Жолтата сијаличка во
копчето се пали. Заклучувањето на
воланот се отпушта и некои
електрични функции работат,
палењето е исклучено.
Режим за напојување со вклучено
палење: притиснете го и држете го
копчето Engine Start/Stop
6 секунди без притискање на
куплунгот или педалата на
сопирачките. Зелената сијаличка
во копчето се пали, дизел моторот
се предзагрева. Контролните
сијалички се палат и повеќето
електрични функции работат.
Палење на моторот: притиснете го
куплунгот (рачен менувач) или
педалата на сопирачките
(автоматски менувач) и притиснете го копчето Engine Start/Stop уште
еднаш. Отпуштете го копчето
откако ќе почне стартувањето.Исклучено палење: притиснете го
копчето Engine Start/Stop накратко
во секој режим или кога работи
моторот. Некои функции
остануваат активни додека не се
отвори возачката врата, ако
палењето било вклучено
претходно.
Заклучување на воланотЗаклучувањето на воланот се
активира автоматски кога:
■ возилото е во мирување и
■ палењето е исклучено и
■ возачката врата е отворена.
За да се отклучи воланот, отворете
ја и затворете ја возачката врата и
вклучете го режимот за додатоци
или директно стартувајте го
моторот.9 Предупредување
Ако акумулаторот е испразнет,
возилото не смее да се влече,
да се пали со влечење
однапред или со туркање
одзади бидејќи бравата на
воланот не може да се
ослободи.
Итно ракување кај возилата
со систем на електронски клуч
Ако некој од електронските клучеви потфрли или батеријата на
електронскиот клуч е слаба,
Информативниот центар за
возачот може да прикаже No
Remote Detected (не е откриен далечински управувач) или
Replace Battery in Remote Key
(заменете ја батеријата во клучот
со далечинско) кога сакате да го
стартувате возилото.
Page 174 of 363

172Возење и ракување
Отворете го складишниот простор
во средишната конзола со кревање
на потпирачот за рака. Ставете го
електронскиот клуч во џебот на
предавателот. Притиснете го
куплунгот (рачен менувач) или
педалата на сопирачките
(автоматски менувач) и притиснете го копчето Engine Start/Stop .
За да го изгаснете моторот,
притиснете го копчето Engine Start/
Stop повторно. Извадете го
електронскиот клуч од џебот на
предавателот.
Оваа опција е наменета само за
хаварии. Заменете ја батеријата на
електронскиот клуч што е можно
поскоро 3 24.
За отклучување или заклучување
на вратите, видете во Дефект на
уредот на далечинскиот управувач или на системот на електронскиот
клуч 3 26.
Задржано исклучување
Следниве електронски системи
можат да работат додека е
отворена возачката врата или
10 минути откако ќе се исклучи
палењето:
■ Електричните прозорци
■ Подвижен покрив
■ Штекери за напојување
Напојувањето за инфозабавниот
систем ќе продолжи да
функционира уште 30 минути кога
е исклучено палењето, без оглед
дали ќе се отвори некоја врата.Палење на моторот
Возила со прекинувач запалење
Рачен менувач: нагазнете ги
педалите на куплунгот и
сопирачките.
Автоматски менувач: нагазнете ја
педалата на сопирачката и ставете
ја рачката на менувачот во P или N.
Не нагазнувајте го педалот за гас.
Мотори на дизел: свртете го клучот во положбата 2 за предзагревање
додека да се изгасне контролната
сијаличка !.
Page 175 of 363

Возење и ракување173
Свртете го клучот накратко во
положбата 3 и отпуштете го:
анласерот го пушта автоматска
постапка со кратка пауза додека
моторот не проработи, видете под
„Автоматска контрола на
анласерот“.
Пред да го запалите повторно или изгаснете моторот, вратете го
клучот во положбата 0.
При Autostop, моторот може да се
запали со притискање на педалата на кумплунгот 3 174.
Возила со копче за
вклучувањеРачен менувач: нагазнете ги
педалите на куплунгот и
сопирачките.
Автоматски менувач: нагазнете ја
педалата на сопирачката и ставете
ја рачката на менувачот во P или N.
Не нагазнувајте го педалот за гас.
Притиснете го и отпуштете го
копчето Engine Start/Stop :
автоматска постапка го активира анласерот со кратка пауза додека
моторот не проработи, видете во
Автоматска контрола на
анласерот.
Пред да стартувате повторно или
за да го исклучите моторот,
притиснете го копчето Engine Start/
Stop уште еднаш.
При Autostop, моторот може да се
запали со притискање на педалата на кумплунгот 3 174.Палење на возилото при
ниски температури Палењето на моторот без
дополнителни грејачи е можно до
-25 °C за мотори на дизел и до
-30 °C за бензински мотори.
Потребно е моторно масло со
правилна вискозност, правилно
гориво, редовно извршени сервиси
и доволно наполнет акумулатор.
При температури под -30 °C, на
автоматскиот менувач му треба
загревање од околу 5 минути.
Рачката на менувачот треба да
биде во положба P.
Автоматска контрола на
анласерот
Функцијава ја контролира
постапката за палење на моторот. Возачот не мора да го држи клучот во положба 3 или да го држи
копчето Engine Start/Stop
притиснато. Штом се применува, системот ќе продолжи да запали
автоматски додека не проработи
моторот. Поради постапката за
проверување моторот
проработува по кратка пауза.