OPEL INSIGNIA 2016.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2016.5, Model line: INSIGNIA, Model: OPEL INSIGNIA 2016.5Pages: 371, PDF Size: 9.38 MB
Page 201 of 371

Возење и ракување199Сопирачка за паркирањеРачна сопрачка за паркирање9 Предупредување
Секогаш затегнувајте ја рачната
сопирачка цврсто без да
ракувате со копчето за
ослободување, и на удолнини
или угорнини затегнете ја
истата колку е можно поцврсто.
За да ја отпуштите рачната
сопирачка, малку повлечете ја
рачката нагоре, притиснете го
копчето за ослободување и
спуштете ја рачката целосно.
За да се намалат работните
сили на сопирачка за
паркирање, истовремено
ослободете ја педалата на
сопирачката.
Контролна сијаличка R 3 117.
Електрична сопирачка за
паркирање
Се применува кога возилото е во
мирување9 Предупредување
Повлечете го прекинувачот m
за минимум една секунда се
додека контролниот индикатор
m свети постојано и електрична
сопирачка за паркирање се
применува 3 118. Електричната
сопирачка за паркирање работи
автоматски со соодветна сила.
Пред да го напуштите возилото, проверете го статусот на
електрична сопирачка за
паркирање. Контролна
сијаличка m 3 118.
Електричната сопирачка за
паркирање може да се активира
секогаш, дури ако палењето е
исклучено.
Не ракувајте со системот на
електричната сопирачка за
паркирање пречесто без да работи
моторот, тоа ќе го испразни
акумулаторот.
Page 202 of 371

200Возење и ракувањеОслободување
Вклучете го палењето. Држете ја
педалата на сопирачката
притисната и потоа притиснете го
прекинувачот m.
Функција за поаѓање
Возила со рачен менувач:
Притискање на куплунгот, па мало
отпуштање на куплунгот и мало
притискање на гаста автоматски ја
ослободува електричната
сопирачка за паркирање. Тоа не е
можно кога прекинувачот m се
повлекува истовремено.
Возила со автоматски менувач:
Активирање на D, па притискање
на гаста автоматски ја ослободува електричната сопирачка за
паркирање. Тоа не е можно кога
прекинувачот m се повлекува
истовремено.
Динамично сопирање кога
возилото се движи
Кога возилото се движи и
прекинувачот m се држи повлечен,
системот на електричнатасопирачка за паркирање ќе го
забави возилото, но нема да се
примени статично.
Штом прекинувачот m ќе се
отпушти, динамичното сопирање
ќе престане.
Автоматска примена
Ако возилото е опремено со
автоматски менувач и е активна приспособлива контрола на
патувањето, електричната
сопирачка за паркирање се
активира автоматски кога возилото е сопрено подолго од две минути.
Сопирачката за паркирање се
отпушта автоматски кога ќе
тргнете.
Проверка на функционалноста
Кога возилото не се движи,
електричната сопирачка за
паркирање може да се активира
автоматски. Ова се прави за да се
провери системот.
Дефект
На дефектниот режим на
електричната сопирачка за
паркирање укажува контролнатасијаличка j или порака за возилото
што е прикажана во
Информативниот центар за
возачот (DIC). Пораки за возилото 3 134.
Активирање нa електричната
сопирачка за паркирање:
повлечете го и држете го
прекинувачот m подолго од
5 секунди. Ако контролната сијаличка m светне, електричната
сопирачка за паркирање е
активирана.
Отпуштање нa електричната
сопирачка за паркирање:
притиснете го и држете го
прекинувачот m подолго од
2 секунди. Ако контролната
сијаличка m се изгасне,
електричната сопирачка за
паркирање е отпуштена.
Контролната сијаличка m трепка:
електричната сопирачка за
паркирање не е целосно
активирана или отпуштена. Кога
трепка постојано, отпуштете ја
електричната сопирачка за
паркирање и обидете се да ја
активирате повторно.
Page 203 of 371

Возење и ракување201Серво кочење
Ако педалата на сопирачките се нагазне брзо и силно, автоматски
се применува максимална сила на
сопирање.
Работењето на помошта на
сопирањето може да се забележи
по пулсирање во педалата за
сопирачките и поголем отпор кога
се нагазнува педалата.
Одржувајте постојан притисок врз
педалата на сопирачката додека е
потребно целосно сопирање.
Максималната сила на сопирањето автоматски се намалува кога ќе се
отпушти педалата на сопирачките.
Помош при поаѓање на угорници
Системот помага во спречување на ненадејните движења при возење
на закосени површини.
При отпуштање на ножната
сопирачка по застанување на
стрмнина, сопирачките се
активирани уште две секунди.Сопирачките се отпуштаат
автоматски штом возилото ќе
почне да забрзува.
Помошта при поаѓање по
нагорнини не е активна за време
на Autostop.
Систем за сопирање-поаѓање
3 182.Системи за контрола
на возењето
Систем за контрола напролизгувањето
Системот за контрола на
пролизгувањето (TC) е компонента
на Електронската контрола на
стабилноста.
TC ја подобрува стабилноста при
возењето кога е потребно, без
оглед на видот на површината на
коловозот или прилепувањето на
гумите, со спречување на
шлајфувањето на погонските
тркала.
Штом погонските тркала почнат да
шлајфуваат, излезната силата на
моторот се намалува и тркалото
кое најмногу шлајфува поединечно
се сопира. Тоа значително ја
подобрува стабилноста при
возење на возилото на лизгави
површини на коловозот.
TC функционира штом
контролната сијаличка b ќе се
изгасне.
Page 204 of 371

202Возење и ракување
Кога TC работи, b трепка.
9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Контролна сијаличка b 3 120.
Деактивирање
TC може да се исклучи кога е
потребно шлајфување на
погонските тркала:
притиснете го b накусо за да
исклучите TC, светнува k. Порака
за статус се појавува во
Информативниот центар за
возачот кога TC ќе се деактивира.
Контролна сијаличка k се пали.
Кога TC е деактивирана, ESC
останува активна.
ТС повторно се активира со
повторно притискање на b.
TC исто така се активира повторно
следниот пат кога ќе се вклучи
палењето.
Електронска контрола на стабилноста
Електронската контрола на
стабилноста (ESC) ја подобрува
стабилноста при возењето кога е
потребно, без оглед на видот на
површината на патот или
прилепувањето на гумите.
Штом возилото почне да занесува
(недоволно вртење/нагло
свртување), излезната сила на
моторот се намалува и тркалата се
закочуваат посебно.
ESC работи во комбинација со
систем за контрола на
пролизгувањето (TC) 3 201. Го
спречува и шлајфувањето на
погонските тркала.
Page 205 of 371

Возење и ракување203ESC функционира по секое палење
на возилото, штом ќе се изгасне
контролната сијаличка b.
Кога работи ESC, трепка
контролната сијаличка b.
9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Контролна сијаличка b 3 120.
Деактивирање
ESC и TC можат да бидат
деактивирани:
● држете го притиснато b
најмалку пет секунди: TC и ESC
се деактивирани, светнуваат
k и n, а во Информативниот
центар за возачот се
појавуваат пораки за статусот.
● за да го деактивирате само Системот за контрола на
пролизгувањето, кратко
притиснете го копчето b: TC е
неактивно, но ESC останува
активно, светнува k. Порака за
статус се појавува во
Информативниот центар за
возачот кога TC ќе се
деактивира.
Ако возилото дојде до крајот со
деактивирано ESC, системот
повторно ќе го активира ESC
додека се наоѓа на крајот, кога
педалата на сопирачката ќе се притисне еднаш.
ESC повторно се активира со
повторно притискање на b. Ако TC
системот претходно е
оневозможен, TC и ESC се
повторно се активираат. k и n се
исклучуваат кога TC и ESC се
повторно се активираат.
Page 206 of 371

204Возење и ракувањеESC исто така се активира
повторно следниот пат кога ќе се
вклучи палењето.
Дефект
Ако има дефект на системот,
контролната сијаличка b постојано
свети и на Информативниот
центар за возачот се појавува
порака. Системот не функционира.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Интерактивен систем завозење
„Флекс рајд“ Flex Ride системот за возење му
овозможува на возачот да избере
помеѓу три режими за возење:
● Режим SPORT: притиснете SPORT , сијаличката свети.
● Режим TOUR: притиснете TOUR , сијаличката свети.
● Режим NORMAL: не е притиснато SPORT или TOUR ,
ниедна сијаличка не свети.Деактивирајте ги режимот SPORT
и режимот TOUR со притиснување
на соодветното копче уште еднаш.
Во секој режим за возење
Flex Ride ги сврзува следните
електронски системи во мрежа:
● Постојана контрола на амортизацијата
● Контрола на педалот за гас
● Контрола на управувањето со воланот
● Погон на сите тркала
● Електронска контрола на стабилноста (ESC)
● Систем за деблокирање на сопирачките (ABS) со контролана сопирачките на свиоци
(CBC)
● Автоматски менувачРежим SPORT
Поставките на системите се
приспособуваат кон поспортски
стил на возењето:
● Придушувањето на амортизерите реагира покрутоза да обезбеди подобар
контакт со површината на
коловозот.
● Моторот реагира побрзо на педалот за гас.
● Серво помошта за управувањето е намалена.
● Вртежниот момент на Погонот на сите тркала се пренесува
повеќе кон задната оска.
Page 207 of 371

Возење и ракување205● Точките на менувањето набрзини на автоматскиот
менувач се случуваат подоцна.
● Зависно од групата инструменти, бојата на екранотќе се прилагоди.
Режим TOUR
Поставките на системите се
приспособуваат кон удобен стил на
возењето:
● Придушувањето на амортизерите реагира помеко.
● Педалот за гас реагира со стандардни поставки.
●Помошта за управувањето е во
стандардниот режим.
● Вртежниот момент на Погонот на сите тркала се пренесува
главно кон предната оска.
● Точките на менувањето на брзини на автоматскиот
менувач се одвиваат во режим за удобност.
Нормален режим
Сите поставки на системите се
приспособени кон стандардните
вредности.
Контрола на режимот за возење
Во секој рачно избран режим за возење SPORT, TOUR или
NORMAL, Контролата на режимот
за возење (DMC) ги открива и
анализира непрекинато
вистинските карактеристики на
возењето, реакциите на возачот и
активната динамична состојба на
возилото. Ако е потребно,
контролната единица на DMC
автоматски ги менува поставките
во рамките на избраниот режим за
возење или кога ќе препознаепоголеми вариации, режимот за
возење се менува за време на
варијациите.
Ако, на пример режимот NORMAL
е избран и DMC открие спортско
однесување при возењето, DMC
менува повеќе поставки од
Нормалниот режим на спортски
поставки. DMC се префрлува на режимот SPORT во случај на многу
спортско однесување при
возењето.
Ако е, на пример, избран режимот TOUR и додека се вози по
серпентини е потребно да се сопре нагло и јако, DMC ќе ја открие
динамичната состојба на возилото
и ќе ги смени поставките за
амортизација во режим SPORT за
да се зголеми стабилноста на
возилото.
Кога карактеристиките на
возењето или динамичната
состојба на возилото се враќаат во
поранешната состојба, DMC ќе ги
смени поставките во претходно
избраниот режим за возење.
Page 208 of 371

206Возење и ракувањеПоставки приспособени кон
индивидуалните потреби во
режимот СПОРТ
Возачот може да ги избере
функциите на режимот SPORT кога
е притиснато SPORT.
Изберете ги соодветните поставки
во Settings ( Поставки) , I Sport Mode
( Спортски режим) на инфо-екранот
во боја.
Информативен екран во боја
3 132.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 136.
Флексибилно возење - верзија
OPC
Верзијата OPC на системот за
флексибилно возење функционира исто како и стандардниот систем
на флексибилно возење, со таа
разлика што режимите имаат
поспортски карактеристики.
OPC Flex Ride системот за возење му овозможува на возачот да
избере помеѓу три режими за
возење:
● Режим OPC: притиснете OPC,
сијаличката свети.
● Режим SPORT: притиснете SPORT , сијаличката свети.
● Режим NORMAL: не е притиснато SPORT или OPC,
ниедна сијаличка не свети.
Деактивирајте ги режимот SPORT
и режимот OPC со притиснување
на соодветното копче уште еднаш.
Во секој режим за возење
OPC Flex Ride ги сврзува следните
електронски системи во мрежа:
● Постојана контрола на амортизацијата
● Контрола на педалот за гас
● Контрола на управувањето со воланот
● Погон на сите тркала
● Електронска контрола на стабилноста (ESC)
● Систем за деблокирање на сопирачките (ABS) со контрола
на сопирачките на свиоци
(CBC)
● Автоматски менувач
Режим OPC
Карактеристиките на динамиката на возење се приспособуваат кон
поставките за високи
перформанси.
Зависно од групата инструменти,
бојата на екранот ќе се прилагоди.
Page 209 of 371

Возење и ракување207Режим SPORT
Поставките на системите се
приспособуваат кон поспортски
стил на возењето.
Нормален режим
Во режимот NORMAL, кога не е
притиснато SPORT или OPC, сите
поставки на системите се
приспособени кон стандардните вредности.
Поставки приспособени кон
индивидуалните потреби во
режимот OPC
Возачот може да ги избере
функциите на режимот OPC кога е
притиснато OPC.
Изберете ги соодветните поставки
во Settings ( Поставки) , I Sport Mode
( Спортски режим) на инфо-екранот
во боја.
Информативен екран во боја
3 132.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 136.Системи за помош на
возачот9 Предупредување
Системите за помош на возачот
се конструирани да го
поддржуваат возачот, а не да го заменат вниманието на возачот.
Возачот има целосна
одговорност кога го вози
возилото.
Кога се користат системите за
помош за возачот, секогаш
внимавајте на моменталната
сообраќајна ситуација.
Контрола на патувањето
Контролата на патувањето може
да сними и одржува брзини од
околу 30 до 200 км/ч. Може да дојде
до отстапувања од снимените
брзини кога се вози по угорници
или удолнини.
Од безбедносни причини
контролата на патувањето не може да се активира се додека еднаш не
се искористи педалата за
сопирање. Активирањето во прва
брзина не е возможно.
Не ја користите контролата на
патувањето ако не е препорачливо да се одржи постајана брзина.
Кај возилата со автоматски
менувач или рачен автоматизиран
менувач, контролата на
патувањето може да биде
активирана во автоматски режим и рачен режим.
Контролна сијаличка m 3 122.
Page 210 of 371

208Возење и ракувањеВклучување
Притиснете m; контролната
сијаличка m во групата
инструменти свети бело.
Активирање
Забрзете се до саканата брзина и
свртете го малото тркалце на
SET/- , актуелната брзина се
зачувува и одржува. Контролната
сијаличка m во групата
инструменти свети зелено.
Одредената брзина е прикажана
на екранот од средно или горно
ниво до симболот m. Педалот за
гас може да се отпушти.
Брзината на возилото може да се зголеми со нагазување на
педалата за гас. Кога ќе се отпушти педалот за гас, се продолжува со
претходно зачуваната брзина.
Контролата на патувањето
останува активирана при промена
на брзината.
Зголемување на брзината
При активна контрола на
патувањето, држете го малото
тркалце свртено на RES/+ или
вртете го накратко на RES/+ повеќе
пати: брзината се зголемува
продолжително или во мали
чекори.
Како алтернатива забрзете се до
саканата брзина и снимете ја со
вртење на SET/-.
Намалување на брзината
При активна контрола на
патувањето, држете го малото
тркалце свртено на SET/- или
вртете го накратко на SET/- повеќе
пати:брзината се намалува
продолжително или во мали
чекори.Деактивирање
Притиснете y; контролната
сијаличка m во групата
инструменти свети бело.
Контролата на патувањето се
деактивира. Последната зачувана
брзина се меморира за повторно
враќање на брзината подоцна.
Автоматско деактивирање: ● Брзината на возилото е под околу 30 км/ч.
● Брзината на возилото паѓа повеќе од 25 км/ч под
поставената брзина.
● Педалата на сопирачките е притисната.
● Педалата на куплунгот е притисната неколку секунди.
● Рачката на менувачот е заглавена во N.
● Брзината на моторот е многу мала.