OPEL INSIGNIA 2017 Прирачник за инфозабавата
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2017, Model line: INSIGNIA, Model: OPEL INSIGNIA 2017Pages: 139, PDF Size: 2.3 MB
Page 41 of 139

ЦД-уред41може да не се репродуцираат
правилно или воопшто да не се
репродуцираат.
● На ЦД-а со мешан модус (комбинација на аудио и на
податоци на пр. MP3), ќе се
поронајдат и ќе се
репродуцираат само аудио
записите.
● Гледајте да не оставате отпечатоци од прстите кога
менувате ЦД-а.
● Вратете ги ЦД-ата во нивните омоти веднаш откако ќе ги
извадите од аудио плеерот за
да се заштитат од оштетувања
и валканост.
● Валканоста и течностите на ЦД-ата можат да ги замачкаат
леќите на аудио плеерот
внатре во уредот и да
предизвикаат дефекти.
● Заштитувајте ги ЦД-ата од топлина и директна сончева
светлина.
● Следните ограничувања важат
за податоците зачувани на ЦД
со MP3/WMA:Максимален број датотеки/
песни: 800
Максимален број папки во
хиерархија: 8
WMA дадотеки со дигитално
ракување со правата (Digital
Rights Management) (DRM) од
онлајн музички продавници не
може да се репродуцираат.
WMA датотеки може да се
репродуцираат безбедно ако
се создадени со верзијата 9
или понова на Windows Media
Player.
Применливи екстензии на
списоците со
репродукции: .m3u, .pls
Внесувањата на списокот со
репродукции треба да бидат во обликот на споените патеки.
Забелешка
Ова поглавје се занимава само со репродуцирањето на датотеки во
MP3 формат, бидејќи ракувањето
со датотеките во MP3 и во WMA е
исто. Кога ќе се вчита ЦД со фајлови WMA, се прикажуваат изборници поврзани со MP3.Употреба
Започнување репродукција
од ЦД
Вметнете аудио или MP3 ЦД со
страната со етикетата свртена
нагоре во отворот за ЦД додека не
се вовлече.
Повеќекратно изберете MEDIA
(МЕДИУМИ) во интерактивната
лента за избор или притиснете MEDIA на контролната табла за да
ја активирате функцијата за ЦД.
Page 42 of 139

42ЦД-уредВадење на ЦДПритиснете R. ЦД-то се турка
надвор од процепот за ЦД.
Ако ЦД-то не се извади по
исфрлувањето, истото ќе се
повлече повторно назад по неколку секуди.
Функциски копчиња
Паузирање на репродукцијата
на ЦД
Изберете = за да ја паузирате
репродукцијата. Екранското копче
се менува во l.
Изберете l за да продолжите со
репродукцијата.
Менување на претходна или
следна песна
Изберете t или v за
репродукција на претходната или
следната песна.
Или пак, завртете го MENU за да
преминете на претходните или
следните песни.Брзо напред или брзо назад
Допрете ги и задржете ги t или
v за премотување назад или
напред.
Исто така, можете да го движите и
лизгачот на временската лента.
Список со песни
За приказ на списокот со песни,
може да:
● Допрете го екранот.● Изберете BROWSE
(РАЗГЛЕДУВАЊЕ) во
интерактивната лента за
избор.
● Завртете го MENU.
Се прикажува списокот со песни.
Забелешка
Песната што моментално се
репродуцира е истакната.
Листајте низ списокот и изберете
го саканиот запис.
Забелешка
За детален опис за прелистување
на MP3 ЦД-иња 3 45.Редослед на репродуцирање
Изберете MENU (ИЗБОРНИК) на
интерактивната лента за избор за
приказ на изборникот за ЦД.
Ако Shuffle (Мешање) е поставен
на On (Вклучување) , сите песни на
активното ЦД се репродуцираат по случаен избор.
Поставете Shuffle - On (Пуштање
по случаен редослед - Вкл.) или
Shuffle - Off (Мешано - Искл.) .
Page 43 of 139

Надворешни уреди43Надворешни
уредиОпшти информации ...................43
Репродукција на звук .................45
Репродукција на филмови .........46
Користење апликации за
паметни телефони .....................47Општи информации
Приклучоците за AUX и USB заповрзување со надворешни уреди
се наоѓаат под потпирачот за рака
на средишната конзола. Најдете
детален опис за подигање на
потпирачот за раце во
Сопственичкиот прирачник.
Забелешка
Штекерот секогаш треба да се
чува чист и сув.
Влез AUX
Дополнителни уреди може да
поврзувате преку AUX
приклучокот.
Инфозабавниот систем може да
репродуцира музички датотеки од
овие уреди.
Кога ќе се приклучи во
приклучокот AUX, аудио сигналот
на дополнителниот уред се
пренесува преку звучниците на Инфозабавниот систем.Поставките за гласноста и тонот
може да се прилагодуваат преку
Инфозабавниот систем. Со сите
други контролни функции треба да
се ракува од дополнителниот уред.
Поврзување/откачување уред
За да го приклучите
дополнителниот уред во
приклучокот AUX на
инфозабавниот систем, користете
го следниов кабел:
со 3 дела за аудио-извор.
За да го откачите уредот AUX,
изберете друга функција, а потоа
отстранете го уредот AUX.
Приклучок за USB
MP3-плеер, уред USB или паметен
телефон може да се приклучат во
USB приклучокот.
Инфозабавниот систем може да
репродуцира музички датотеки и
филмови од овие уреди.
Кога се поврзани со приклучокот
USB, со уредите споменати погоре
може да се ракува преку
контролите и изборниците на
инфозабавниот систем.
Page 44 of 139

44Надворешни уредиЗабелешка
Инфозабавниот систем не ги
поддржува сите помошни уреди.
Проверете го списокот за
компатибилност на нашата веб-
локација.
Поврзување/откачување уред
Поврзете го USB-уредот со USB
приклучокот.
Забелешка
Ако се поврзе уред USB што не
може да се прочита, се појавува
соодветна порака за грешка и
Инфозабавниот систем
автоматски се префрлува на
претходната функција.
За да ја прекинете врската на
уредот USB, изберете друга
функција, а потоа извадете го
уредот USB.Внимание
Не откачувајте го уредот за
време на репродукција. Така
може да се оштети уредот или
Инфозабавниот систем.
Bluetooth
Уреди што поддржуваат профили A2DP и AVRCP на музика Bluetooth
можат безжично да се поврзат со
Инфозабавниот систем.
Инфозабавниот систем може да
репродуцира музички датотеки од
овие уреди.
Поврзување/откачување уред
За детален опис за поврзување Bluetooth 3 79.
Управување со уреди со Bluetooth
За да го промените поврзаниот
уред со Bluetooth, изберете MENU
(ИЗБОРНИК) од интерактивната
лента за избор.
Изберете Manage Bluetooth
Devices (Уредување уреди
Bluetooth) за да се прикаже
списокот со уреди.
За детален опис 3 79.
Формати на фајлови
Поддржани се само уредите што се форматирани во датотечни
системи FAT32, NTFS и HFS+.Забелешка
Некои фајлови може да не се
репродуцираат правилно.
Причината може да биде
различен формат на снимање или состојбата на фајлот.
Фајлови од продавниците на
интернет за коишто важо
управување со дигиталните права
(DRM) не можат да се
репродуцираат.
Инфозабавниот систем може да ги
репродуцира следните аудио и
филмски датотеки зачувани на
надворешни уреди.
Аудио фајлови
Формати на аудио датотеки што
можат да се репродуцираат
се .mp3, .wma, .аас, .m4а и .aif.
Кога се репродуцира фајл со
ознаки ID3, Инфозабавниот систем
може да прикаже информации за,
на пр., насловот на песната и
изведувачот.
Page 45 of 139

Надворешни уреди45Филмски фајлови
Формати на филмски датотеки што
може да се репродуцираат
се .avi, .mpg, .mp4, .xvid и .wmv.
Се поддржуваат и вообичаени аудио и видео комбинации за
мобилни уреди.
Репродукција на звукЗапочнување репродукција
Доколку не е поврзан, поврзете го
уредот 3 43.
Повеќекратно изберете MEDIA
(МЕДИУМИ) во интерактивната
лента за избор или притиснете
MEDIA на контролната табла за да
го активирате саканиот медиумски
извор.
На пример: главен изборник за
USB.
Функциски копчиња
Забелешка
Во тек на репродуцирање преку
AUX, функциските копчиња не се
достапни.
Паузирање на репродкцијата
Изберете = за да ја паузирате
репродукцијата.
Изберете l за да продолжите со
репродукцијата.
Менување на претходна или
следна песна
Изберете t или v за
репродукција на претходната или
следната песна.
Или пак, завртете го MENU за да
преминете на претходните или следните песни.
Брзо напред или брзо назад
Допрете ги и задржете ги t или
v за премотување назад или
напред.
Исто така, можете да го движите и
лизгачот на временската лента (достапно само за USB).
Функција за прелистување Забелешка
Функцијата за прелистување не е
достапна за извори на медиуми
преку AUX.
За приказ на екранот за
прелистување, може да:
● Допрете го екранот.
● Изберете BROWSE
(РАЗГЛЕДУВАЊЕ) во
интерактивната лента за
избор.
● Завртете го MENU.
Page 46 of 139

46Надворешни уреди
Изберете PLAYLISTS (МУЗ.
ЛИСТИ) , ARTISTS ( ИЗВЕДУВАЧИ) ,
ALBUMS (АЛБУМИ) , SONGS
(ПЕСНИ) , GENRES (ЖАНРИ) или
MORE (ПОВЕЌЕ) . MORE
(ПОВЕЌЕ) ги сочинува
дополнителните категории: Folder
View (Преглед на папки) , Podcasts
(Подкасти) , Audiobooks (Аудио
книги) , Videos ( Видеа) и Composers
(Композитори) .
Прелистувајте низ категориите
додека да ја најдете саканата
песна. Изберете песна за да
започне репродуцирањето.
Редослед на репродуцирање
Ако Shuffle (Мешање) е активиран,
песните на активниот уред се
репродуцираат по случаен избор.
Забелешка
При репродуцирање од USB,
функцијата за произволно
репродуцирање зависи од
режимот на филтрирање што е
избран за репродуцирање на
песната, на пример, албум,
изведувач, жанр.
За приказ на соодветниот изборник за аудио, изберете MENU
(ИЗБОРНИК) од интерактивната
лента за избор.
Поставете Shuffle - On (Пуштање
по случаен редослед - Вкл.) или
Shuffle - Off (Мешано - Искл.) .
Репродукција на филмови
Започнување репродукција на
видео
Поврзете го уредот 3 43.Повеќекратно изберете MEDIA
(МЕДИУМИ) во интерактивната
лента за избор или притиснете
MEDIA за да го активирате
саканиот медиумски извор.
Одберете го BROWSE
(РАЗГЛЕДУВАЊЕ) а потоа MORE
(ПОВЕЌЕ) . Изберете Videos
(Видеа) и потоа саканата филмска
датотека. Репродуцирањето на
видеото започнува.
Забелешка
Видео може да се репродуцира
само ако е крената сопирачката за паркирање.
Page 47 of 139

Надворешни уреди47Функциски копчињаПаузирање на репродкцијата
Изберете = за да ја паузирате
репродукцијата.
Изберете l за да продолжите со
репродукцијата.
Менување на претходна или
следна датотека
Изберете t или v за
репродукција на претходната или
следната филмска датотека.
Или пак, завртете го MENU за да
преминете на претходните или
следните филмови.
Брзо напред или брзо назад
Допрете ги и задржете ги t или
v за премотување назад или
напред.
Исто така, можете да го движите и
лизгачот на временската лента.
Изборник за видеоЗа приказ на изборник за видео,
изберете MENU (ИЗБОРНИК) од
интерактивната лента за избор.Користење апликации за
паметни телефони
Апликациите за проекција на
телефонот, Apple CarPlay™ и
Android™ Auto, прикажуваат
избрани апликации од паметниот
телефон на Инфозабавниот екран
и дозволуваат да се управуваат
директно преку контролите за
инфозабава.
Проверете кај производителот на
уредот дали оваа функција е
компатибилна со вашиот паметен
телефон и дали оваа апликација е
достапна во земјата во која се
наоѓате.
Подготвување на паметниот
телефон
Телефон со Android: Преземете ја
апликацијата Android Auto на
вашиот паметен телефон од
Google Play™ Store.
iPhone ®
: Уверете се дека SIRI е
активирано на паметниот телефон.Активирање на проекцијата на
телефонот во изборникот за
поставки
Притиснете ; за да се прикаже
почетниот екран, па изберете
SETTINGS (Поставки) .
Листајте низ листата и изберете
Apple CarPlay или Android Auto за
да се прикаже подизборник.
Проверете дали е активирана
соодветната апликација.
За да се прикаже список на сите
уреди што се регистрирани за оваа
функција, изберете Управувајте со
уреди .
Поврзување на мобилниот
телефон
Поврзете го паметниот телефон со приклучокот USB 3 43.
Вклучување на проекцијата на
телефонот
За да ја вклучите функцијата за
проекција на телефонот,
притиснете ;, па изберете
PROJECTION (ПРОЕКЦИЈА) .
Page 48 of 139

48Надворешни уредиЗабелешка
Ако Инфозабавниот систем ја препознае апликацијата, иконата
на апликацијата може да се
промени во Apple CarPlay или
Android Auto .
За да ја вклучите функцијата,
можете да притиснете и да
задржите ; неколку секунди.
Прикажаниот екран за проекција на
телефонот зависи од паметниот
телефон и верзијата на софтверот.
Враќање на Инфозабавниот
екран
Притиснете ;.
Page 49 of 139

Навигација49НавигацијаОпшти информации...................49
Употреба ..................................... 50
Внесување дестинација ............. 58
Водење ....................................... 65Општи информации
Системот за навигација ќе ве води
прецизно до вашата дестинација.
Моменталната состојба на
сообраќајот се зема предвид при
пресметувањето на маршрутата.
За таа цел, Инфозабавниот систем
прима сообраќајни соопштенија во
актуелната област на приемот
преку RDS-TMC.
Меѓутоа, системот за навигација не може да ги земе во обѕир
сообраќајните настани,
сообраќајните прописи изменети
без претходна најава и
опасностите или проблемите кои
се појавуваат ненадејно (на пр.
работи на коловозот).Внимание
Употребата на системот за
навигација не го ослободува
возачот од одговорноста за
правилно, будно однесување во патниот сообраќај. Соодветните
сообраќајни прописи секогаш
треба да се следат. Ако некое
навигациско напатствие
противречи на сообраќајните
прописи, секогаш важат
сообраќајните прописи.
Функционирање на системот за
навигација
Положбата и движењето на
возилото се откриваат со
сензорите на системот за
навигација. Поминатото
растојание се одредува според
сигналот на брзиномерот на
возилото, а вртењето на свиоците
со жироскопски сензор. Положбата се одредува со сателити на GPS
(Систем за глобално
позиционирање).
Со споредба на сигналите на
сензорите со дигиталните карти,
можно е да се одреди положбата со прецизност од околу 10 метри.
Системот ќе функционира и со
слаб прием на GPS. Меѓутоа, се
намалува прецизноста на
одредување на положбата.
Page 50 of 139

50НавигацијаПо внесувањето на адресата надестинацијата или на точката од
интерес (најблиската бензинска
пумпа, хотел и сл.), маршрутата се пресметува од моменталната
локација до избраната
дестинација.
Водењето низ маршрутата се
остварува со звучен аутпут и
стрелка, како и со помош на
екранот со карта во повеќе бои.
Важни информации
TMC систем за сообраќајни
информации и динамично водење
низ маршрутата
TMC системот за сообраќајни
информации ги прима сите
актуелни сообраќајни информации
од TMC радио станици. Овие
информации се вклучени во
пресметката на целокупната
маршрута. За време на овој
процес, се планира таква
маршрута која ги избегнува
сообраќајните проблеми поврзани со претходно избраните
критериуми.Ако има некој сообраќаен проблем
за време на активното водење низ
маршрутата, зависно од
претходната поставка се појавува
порака што се однесува до тоа
дали треба да се измени
маршрутата.
TMC сообраќајните информации
се прикажуваат на екранот на
картата како симболи или како
детален текст во изборникот со
ТМС пораки.
За да може да се користат TMC
сообраќајните информации,
системот мора да прима TMC станици во соодветниот регион.
ТМС сообраќајните страници ќе
бидат избрани од изборникот за
навигација 3 50.
Податоци за картата
Сите потребни податоци за картата
се зачувани во системот за
инфозабава. За да го ажурирате
софтверот за карти преку
приклучок USB, контактирајте со сервисот.Употреба
За да се прикаже картата за
навигација, притиснете ;, а потоа
изберете ја иконата NAV
(Навигација) .Водењето низ маршрутата не е
активно
Моменталната локација е означена со круг со стрелка што покажува во
насоката на патувањето.
По истекот на околу 15 секунди,
таблата со апликации и
интерактивната лента за избор ќе
исчезнат за да се појави картата
преку целиот екран.