OPEL INSIGNIA BREAK 2019 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2019, Model line: INSIGNIA BREAK, Model: OPEL INSIGNIA BREAK 2019Pages: 395, PDF Size: 9.8 MB
Page 131 of 395

Инструменти и контроли129Гориво /
Fuel Information (Информации за
горивото)Fuel Range (Досег на горивото)
Досегот се пресметува според
моменталното ниво на горивото во
резервоарот за гориво и тековната потрошувачка. Екранот прикажува
просечни вредности.
По дотурањето гориво, возилото
автоматски го пресметува досегот
по кратка пауза.
Кога нивото на горивото во
резервоарот е ниско, се појавува
порака на екранот и контролната
сијаличка Y на мерачот за гориво
свети.
Кога резервоарот треба да се
наполни веднаш, се појавува
предупредувачка порака и
останува не екранот.
Дополнително, контролната
сијаличка Y во мерачот за гориво
трепка 3 121.Instant Fuel Economy (Моментална
потрошувачка на гориво)
Екран на моменталната
потрошувачка.Oil Life (Траење на моторното
масло)
Покажува проценка за корисниот
век на маслото. Бројот во проценти го покажува преостанатиот век намаслото 3 114.
Tyre Pressure (Притисок на гумите) Го проверува притисокот во гумите
на сите тркала при возењето
3 323.
Timer (Тајмер)
Екран од основно ниво: стартувајте
го и прекинете го тајмерот со Å. За
да ресетирате, задржете Å кога
тајмерот не работи.
Екран од средно или од горно ниво: За да го стартувате или прекинете
тајмерот, притиснете Å и Å
повторно. За да го ресетирате,
притиснете Å, изберете Reset
(Ресетирање) и потврдете со Å.Traffic Sign Memory (Меморија за
сообраќајни знаци)
Ги прикажува откриените
сообраќајни знаци за
моменталната делница на
маршрутата 3 276.
Following Distance (Оддалеченост
за следење)
Ја прикажува оддалеченоста до
возилото што е напред во секунди
3 252. Ако е активна
приспособливата контрола на
патувањето, на оваа страница се
покажува поставката за
оддалеченост за следење.
Driver Assistance (Помош на
возачот)
Го прикажува статусот на неколку
системи за помош на возачот:
Приспособлива контрола на
патувањето 3 236,
Предупредување за преден судир 3 248, Помош за задржување на
лента 3 281.
Page 132 of 395

130Инструменти и контролиDEF Range (Опсег на DEF)
Го прикажува нивото во
резервоарот за издувна течност од дизел 3 214.
Изборник за еко-
информации, @
● Top Consumers (Најголеми
потрошувачи)
● Economy Trend (Економичен
тренд)
● ECO Index (Еко-индекс)
На екраните од средно и високо
ниво, страниците Top Consumers
(Најголеми потрошувачи) ,
Economy Trend (Економичен
тренд) и ECO Index ( Еко-индекс) се
прикажуваат во изборникот за
информации, видете погоре.
Top Consumers (Најголеми
потрошувачи)
Прикажан е список на најголемите
моментално вклучени
потрошувачи за удобност по
надолен ред. Укажан е
потенцијалот за штедење гориво.При променливи услови за возење, моторот автоматски ќе го активира
греењето на задното стакло за да
го зголеми оптоварувањето на
моторот. Во тој случај, греењето на задното стакло е означено како
еден од најголемите потрошувачи,
без активирање од возачот.
Economy Trend (Економичен тренд)
Го прикажува развојот на
просечната потрошувачка за
растојание од 50 км. Поцрнетите
сегменти ја прикажуваат
потрошувачката во чекори од 5 км
и прикажано е влијанието на
топографијата или начинот на
возење врз потрошувачката.
ECO Index (Еко-индекс)
Моменталната просечна
потрошувачка на гориво е
покажана на скала за
економичност. За економично
возење, приспособете го стилот на возењето за да остане показателот
во рамките на зелената област.
Колку повеќе показателот се движи кон црвената област, толку
потрошувачката на гориво е
повисока. Истовремено се
покажува и просечната
потрошувачка.
Во зависност од верзијата на
возилото, еко-индексот прикажува
вредности кои се однесуваат на
страницата A/1 на километражата
или на тековниот циклус на возење.
Во последниот случај, показателот
се ресетира следниот пат кога ќе се
вклучи палењето.
Page 133 of 395

Инструменти и контроли131Изборник за Audio (Аудио)Овозможува разгледување за
музика, избирање од омилени или
менување на изворот за звук.
Инфозабавен систем 3 175
Изборник за Phone (Телефон) Овозможува управување со
телефонските повици, листање низ
контактите или ракување со
телефонирањето без раце.
Инфозабавен систем 3 185
Изборник за
Navigation (Навигација)
Овозможува водење низ
маршрута.
Инфозабавен систем 3 178
Изборник за информации за
возилото, ?, Опции или %
Следнава листа ги содржи сите
можни страници на Изборникот на
опции. Некои може да не се
достапни за Вашиот модел на
возилото. Зависно од екранот,
некои функции се симболизирани.Вртете го копчето за местење или
притиснете го ä или å за да
изберете страница и следете ги
упатствата дадени на
подизборниците:
● Units (Мерни единици)
● Display (Приказ)
● Info Page Options (Опции за
информативните страници)
● Home Page Options (Опции за
почетната страница)
● Adaptive Cruise
(Приспособлива контрола на
патувањето)
● Speed Warning
( Предупредување за брзината)
● Tyre Load (Оптоварување на
гумите)
● Gauges (Мерачи)
● Software Information
(Информации за софтверот)
● Горен екран
● AdBlue Level (Нивоа на AdBlue)Units (Мерни единици)
Изберете ги мерните единици за
прикажување на системот:
империјални или метрички.
Display (Приказ)
Притиснете é и изберете Спортски
или Патен режим. Спортскиот
режим вклучува повеќе
информации за возилото, Патниот
режим вклучува повеќе медиумски
информации.
Оваа поставка е достапна само со
екранот од горно ниво.
Info Page Options (Опции за
информативните страници)
Се прикажува список на сите
страници на Информативниот
изборник, видете погоре. Изберете ги страниците што треба да се
прикажат на Информативниот
изборник. Избраните страници
имаат 0. Функциите што не се
гледаат имаат празно поле за
избор.
Page 134 of 395

132Инструменти и контролиHome Page Options (Опции за
почетната страница)
Изберете кои вредности да се
прикажуваат на почетната
страница од Центарот за
информации за возилото, на
пример, брзината или опсегот на
горивото.
Adaptive Cruise (Приспособлива
контрола на патувањето)
Ја активира или деактивира
приспособливата контрола на
патувањето 3 236.
Speed Warning (Предупредување
за брзината)
Страница за предупредување за
брзината ви овозможува да
поставите брзина што не сакате да се надминува.
Ограничувањето на брзината може
да се постави кога е овозможено
предупредувањето за брзината.
Штом ќе се постави брзината, оваа функција може да се исклучи со
притискање на Å додека се гледа
страницата. Ако се надминеодреденото ограничување за
брзината, се прикажува појавно
предупредување со мелодија.
Tyre Load (Оптоварување на
гумите)
Категоријата за притисокот во
гумите според моментално
напумпаниот притисокот на гумите
може да се избере 3 323.
Gauges (Мерачи)
● Oil Temperature (Температура
на моторното масло)
Ја прикажува температурата
на моторното масло во
целзиусови степени.
● Battery Voltage (Напон на
акумулаторот)
Го прикажува напонот на
акумулаторот. Додека моторот
работи, напонот може да
варира помеѓу 12 V и 15,5 V.
Можен е привремен напон од
12 V кога се користи големо
електрично оптоварување.
● Engine Boost (Засилување на
моторот)
Го прикажува притисокот на
подобрување на
турбополначот на моторот во
%.
● DEF
Го прикажува нивото во
резервоарот за издувна
течност од дизел 3 214.
● IFE-AFE
Ја прикажува и моменталната
и просечната потрошувачка на
гориво.
● Fuel Range (Досег на горивото)
Го прикажува просечното
преостанато растојание со
горивото што преостанува во
Page 135 of 395

Инструменти и контроли133резервоарот, видете ги
страниците за Изборникот за
информации погоре.
● Blank Page (Празна страница)
Прикажува празен мерач.
Информации за софтверот
Ги прикажува информациите за
софтверот со отворен код.
Head-Up Display
Овозможува ротација на
проекцијата на горниот екран
3 134
Инфо екран Инфо-екранот се наоѓа на таблатасо инструменти во близина на
групата инструменти.
Инфо-екранот може да го
покажува:
● времето 3 102
● надворешната температура 3 101
● датумот 3 102
● Инфозабавен систем 3 170● поставки за контрола на
климатизацијата 3 193
● ретровизорска камера 3 272
● систем за панорамски поглед 3 270
● упатства за помош за паркирање 3 259
● заден вкрстен сообраќај 3 275
● изборник за визуализација на „Флекс рајд“ 3 230
● навигација 3 178
● системските пораки
● поставките за приспособување
на возилото кон
индивидуалните потреби
3 139
Инфо-екран од 8''
Одбирање изборници и поставки
Има три опции за ракување со
екранот:
● со копчињата под екранот
● со допир на прстот на допирниот екран
● преку препознавање на говорРакување со копчињата
Притиснете го X за да го вклучите
екранот.
Притиснете го ; за да се прикаже
почетната страница.
Притиснете го BACK за да
излезете од изборник без да
смените поставка.
Инфозабавен систем 3 164
Ракување со допирниот екран
Приказот мора да е вклучен со
притискање X. Допрете ; за да ја
изберете почетната страница.
Page 136 of 395

134Инструменти и контролиДопрете ја со прст потребната
икона на изборникот за приказ или
изберете функција.
Листајте ги подолгите листи со
подизборници со прстот нагоре или надолу.
Потврдете ја бараната функција
или изборот со краток допир.
Допрете O за да излезете од некој
изборник со промена на
променетата поставка.
Допрете ја иконата & за да
излезете од некој изборник без да зачувате.
Допрете ; за да се вратите на
почетната страница.
Инфозабавен систем 3 170Препознавање на говорот
Описот може да го најдете во
Прирачникот за инфозабавата
3 181
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 139.
Помошен режим
Ако е активиран, некои функции на Информативниот центар за
возачот и Инфо-екранот се
ограничени. Товарниот простор е
заклучен и не може да се отклучи.
Горен екран Горниот екран прикажува
информации за возачот во врска со
групата инструменти на
шофершајбната од страната на
возачот.
Информациите се прикажуваат
како слика што се проектира од објектив во таблата со
инструменти на шофершајбната
директно пред погледот на
возачот. Сликате се појавува
фокусирана кон предниот дел од
возилото.
Во зависност од опремата, горниот екран може да покажува:
● општи информации за возењето
● известувања од системи за помош на возачот● позиција на рачката наавтоматскиот менувач
● показател за менување брзини
● информации за аудио/телефон
● информации за навигација чекор по чекор, ако има
навигација и инфозабава.
Над прекинувачот за светлата има
три контроли за да управувате со
горниот екран.
Вклучување Кратко подигнете го копчето &.
Page 137 of 395

Инструменти и контроли135Прикази на екранотНа горниот екран може да се
изберат разни прикази со
притискање на копчето /. Секое
притискање ќе го промени приказот
на екранот.
Приказ на брзината
Прикажува
● брзиномер: дигитално прикажување на брзината
● сообраќајни знаци: прикажување на
ограничувањата на брзината
Приказ на перформанси
Прикажува
● брзиномер: дигитално прикажување на брзината
● вртежомер: брзина на моторот во минута
● автоматски менувач: позиција на рачката на менувачот
● рачен/автоматски менувач: показател за менување брзини
Приказ на аудио
Прикажува
● брзиномер: дигитално прикажување на брзината
● информации за моментално пуштеното аудио
Приказ на навигацијата
Прикажува
● брзиномер: дигитално прикажување на брзината
● информации за навигација чекор по чекорКонтролни сијалички за активна
безбедност
На сите прикази, контролните
сијалички за следниве системи за
помош на возачот се прикажуваат
во горниот ред од приказот
● откриено е возило напред A:
препознавање возило
● помош за задржување на лента
a : статус и предупредување
● приспособлива контрола на патувањето Õ: поставената
брзина и статусот
● откриен е пешак напред 7:
препознавање пешаци
Појавни известувања
На следниов список се прикажани
само дел од можните известувања.
Некои може да не се достапни за
вашето возило, а други може да се појават во зависност од
конфигурацијата на возилото.
Page 138 of 395

136Инструменти и контролиИзвестувањата се појавуваат на
секоја страница ако е потребно
● известување за заштита на пешаци
● предупредување за преден судир
● известување за менување во поголема/помала брзина
● дојдовен повик
Известувањата со низок приоритет може да се ресетираат со
притискање на G, а известувањата
со висок приоритет ќе се
појавуваат сè додека продолжува опасноста. Системските пораки и
предупредувањата за возилото
може да бараат итно дејство.
Побарајте помош од
автомеханичар.Приспособување на положбата
на приказот на горниот екран
1. Приспособете го возачкото седиште.
2. Запалете го моторот.
3. Притиснете го или подигнете го
копчето . за да ја центрирате
сликата. Може да се приспособува само нагоре и
надолу, но не и странично.9 Предупредување
Ако сликата на горниот екран е
премногу светла или премногу
високо во вашето видно поле,
може да ви пречи на погледот
кога е темно надвор. Сликата на горниот екран секогаш нека
биде затемнета и поставена
ниско во вашето видно поле.
Приспособување на
осветленоста
Сликата од горниот екран
автоматски ќе се затемни и
осветли за да го надомести
надворешното осветлување.
Осветлувањето може да се
приспособи и рачно според
потребите:
Подигнете го & и држете го за да
го осветлите екранот. Притиснете го надолу и држете го за да го
затемните екранот.
Сликата може да се осветли
привремено во зависност од аголот и позицијата на сончевата
светлина.
Приспособување на ротацијата
Изберете Options (Опции) /% во
главниот изборник на Центарот за информации за возачот. Изберете
страница во подизборникот
Head-Up Display . Притиснете é на
воланот за да се отвори дијалогот
за приспособување. Притиснете ä
или å за да ја свртите проекцијата
надесно или налево. Притиснете
è за да излезете од дијалогот за
приспособување.
Исклучување
Задржете го & надолу за да го
исклучите горниот екран.
Page 139 of 395

Инструменти и контроли137Јазик
Претпочитаниот јазик може да се
постави во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 139.
Мерни единици Единиците мерки може да се
променат во изборникот за
поставки во Информативниот
центар за возачот 3 123.
Грижа за горниот екран
Исчистете го внатрешниот дел од
шофершајбната според потребите
за да ја отстраните нечистотијата или фолијата што може да ја
намали острината или јасноста на
сликата на горниот екран.
Исчистете го објективот на горниот екран во таблата со инструменти
со мека крпа на која има средство
за чистење стакло. Нежно
исчистете го објективот, а потоа
исушете го.Системски ограничувања
Горниот екран може да не работи
правилно кога:
● Објективот во таблата со инструменти е покриен со
предмети или шофершајбната
и објективот не се чисти.
● Осветленоста на екранот е премногу темна или премногусветла.
● Сликата не е приспособена на правилната висина.
● Возачот носи поларизирани очила за сонце.
Ако сликата на горниот екран не е
правилна од други причини,
посетете автомеханичар.
Шофершајбната е дел од системот на горниот екран. Замена на
шофершајбна 3 44.Пораки за возилото
Пораките се означуваат во
Информативниот центар за
возачот, во некои случаи заедно со предупредувачка мелодија.
Притиснете го Å за да потврдите
порака.
Пораки за возилото и за
сервисирање
Пораките за возилото се
прикажуваат како текст.
Проследете ги упатствата дадени
во пораките.
Page 140 of 395

138Инструменти и контролиПораки на Инфо-екранот
Некои важни пораки може
дополнително да се појават на
Инфо-екранот. Притиснете го
копчето за повеќе функции за да ја потврдите пораката. Некои пораки
се појавуваат само за неколку
секунди.
Предупредувачки
мелодии
Ако се појават неколку
предупредувања истовремено, ќе
се слушне само една
предупредувачка мелодија.
Кога се пали моторот или
додека се вози
Предупредувачкото ѕвоно што се огласува кога не се врзани
сигурносните појаси има приоритет
во однос на било кое друго
предупредувачко ѕвоно.● Ако безбедносниот ремен не е врзан.
● Ако некоја врата или задната врата не е целосно затворена
кога се поаѓа.
● Ако извесна брзина е надмината при активирана
рачна сопирачка.
● Ако приспособливата контрола
на патувањето се исклучи
автоматски.
● Ако се приближувате премногу
до возилото пред вас.
● Ако се приближувате премногу
до пешак пред вас.
● Ако се надмине програмираната брзина или
ограничувањето на брзината.
● Ако во Информативниот центар за возачот се појавипредупредувачка порака.
● Ако електронскиот клуч не е во
патничкиот простор.
● Ако помошта при паркирање примети пречка.● Ако дојде до ненамерноменување на лентата.
● Ако филтерот за издувни гасови го достигнал
максималното ниво за
полнење.
Кога возилото е паркирано и/ или возачката врата е отворена
● Со надворешните светла запалени.
● Ако јазолот на приколката не е заглавен.
За време на Autostop ● Ако е отворена возачката врата.
● Ако не е исполнет некој услов за Autostop.
Напон во батериите
Кога напонот на акумулаторот е
низок, на Информативниот центар
за возачот ќе се прикаже
предупредувачка порака.