OPEL MERIVA 2016.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2016.5, Model line: MERIVA, Model: OPEL MERIVA 2016.5Pages: 287, PDF Size: 8.13 MB
Page 161 of 287

Возење и ракување159Практични совети за
возење
Контрола над возилото
Не возете со изгаснат мотор
(освен за време на Autostop)
Многу уреди нема да
функционираат во таква ситуација
(на пр. серво уредот на
сопирачките, електронското
управување). Таквото возење е
опасно за Вас и за други. Сите
системи функционираат за време
на Autostop, но силата на серво
управувањето ќе биде
контролирано намалена, како и
брзината на возилото.
Систем за сопирање-поаѓање
3 162.
Засилување во празен од
Ако е потребно акумулаторот да се
полни поради неговата состојба,
мора да се зголеми излезната
моќност на генераторот. Ова сепостигнува со засилување на
работата во празен од што може да биде чујно.
Кај возилата со горен екран или
горен комбиниран екран се
појавува порака во
Информативниот центар за
возачот.
Педали
За да се обезбеди непречен од на
педалите, не смее да има
подлошки во пределот на
педалите.
Користете само патосници кои се
вклопуваат добро и се
зацврстуваат од држачите на
страната на возачот.
Управување
Доколку се исклучи помошта за
серво управување поради
запирање на моторот или грешка
во системот, со возилото може да
се управува, но може да треба
поголем или помал напор за
управување.
Контролна сијаличка c 3 109.Внимание
За возилата опремени со
хидраулично управување:
Ако се сврти воланот додека
дојде до крајот на кругот и се
држи во таа положба подолго од 15 секнди може да дојде до
оштетување на системот за
хидраулично управување и
може да нема помош за
хидраулично управување.
Page 162 of 287

160Возење и ракувањеПоаѓање и ракувањеРазработување на новото
возило
Не сопирајте непотребно силно при првите неколку патувања.
За време на првото возење може
да се јави чад поради
испарувањето на восокот и
маслото од системот за издувни
гасови. Паркирајте го возилото на
отворено место за некое време по
првото возење и не ги вдишувајте
пареите.
За време на периодот на
разработувањето потрошувачката
на гориво и на моторно масло може
да биде поголема и процесот на
чистењето на филтерот за
дизелски честички може да се
одвива почесто. Autostop може да
се попречи за да се овозможи
полнење на акумулаторот.
Филтер за дизелски честички
3 166.Положби на прекинувачот
за палење0:исклучено палење1:бравата на воланот е
ослободена, исклучено
палење2:вклучено палење, за мотор на
дизел: предзагревање3:палењеЗадржано исклучување
Следните електронски системи
може да работата додека да се
отвори вратата на возачот или
најдоцна за 10 минути по
исклучување на палењето:
● електричните прозорци
● штекери за напојување
Напојувањето на инфозабавниот
систем ќе продолжи да
функционира уште 30 минути или
додека не се отстрани клучот, без
разлика дали некоја од вратите е
отворена.
Page 163 of 287

Возење и ракување161Палење на моторот
Рачен менувач: ракувајте со
куплунгот.
Автоматски менувач: нагазнете ја
сопирачката и ставете ја рачката
на менувачот во P или N.
Не нагазнувајте го педалот за гас.
Мотори на дизел: свртете го клучот во положбата 2 за предзагревање
додека да се изгасне контролната
сијаличка !.
Свртете го клучот накратко во
положбата 3 и отпуштете го:
анласерот се пушта со автоматска
постапка со кратко доцнење дури
моторот работи, видете под
„Автоматска контрола на
анласерот“.
Пред да го запалите повторно или
за да го изгаснете моторот, вратете го клучот во положба 0.
За време на Autostop, моторот
може да се запали со притискање
на педалата на кумплунгот.
Палење на моторот при ниски
температури
Палењето на моторот без
дополнителни грејачи е можно до
-25 °C за мотори на дизел и до
-30 °C за бензински мотори.
Потребно е моторно масло со
правилна вискозност, правилно
гориво, редовно извршени сервиси и доволно наполнет акумулатор.
При температури под -30 °C, на
автоматскиот менувач му треба
загревање од околу пет минути.
Рачката на менувачот треба да
биде во положба P.Автоматска контрола на
анласерот
Функцијава ја контролира
постапката за палење на моторот.
Возачот не мора да го држи клучот
во положбата 3. Штом се
применува, системот ќе продолжи
да запали автоматски додека не
проработи моторот. Поради
постапката за проверување
моторот проработува по кратка
пауза.
Возможни причини за непалење на
моторот:
● куплунгот не е притиснат (рачен менувач)
● педалот на сопирачките не е притиснат или рачката на
менувачот не е во P или N
(автоматски менувач)
● дојде до надминување на времето
Page 164 of 287

162Возење и ракувањеЗагревање на турбо моторПо палењето, достапниот вртежен
момент на моторот може да биде
ограничен за краток временски
период, особено кога
температурата на моторот е ниска.
Ограничувањето овозможува
системот за подмачкување
целосно да го заштити моторот.
Исклучување на пребрзувањето
Доводот на гориво се затвора
автоматски за време на
пребрзувањето, т.е. кога возилото
се вози во некоја брзина но
педалот за гас е отпуштен.Систем за сопирање-
поаѓање
Системот за сопирање-поаѓање
помага да се заштеди гориво и да се намали испуштањето издувни
гасови. Кога дозволуваат условите, го исклучува моторот штом
возилото е во мала брзина или е
сопрено, на пр. на семафор или во
сообраќаен метеж. Го пали
моторот автоматски штом ќе се
отпушти куплунгот. Сензорот за
акумулаторот обезбедува Autostop
да се врши само ако акумулаторот е доволно полн за повторно
палење.
Активирање
Системот за сопирање-поаѓање е достапен штом ќе се запали
моторот, возилото ќе појде и
условите како што се опишани
подолу во овој дел се исполнети.Деактивирање
Исклучете го системот за
сопирање-поаѓање со притискање на eco . Исклучувањето е
прикажано со гасење на
сијаличката во копчето.
Page 165 of 287

Возење и ракување163AutostopАко возилото оди со мала брзина
или е сопрено, вклучете го Autostop на следниов начин:
● Притиснете ја педалата за куплунг.
● Ставете ја рачката на менувачот во лер.
● Отпуштете ја педалата за куплунг.
Моторот ќе се изгасне, а палењето
останува вклучено.
Autostop е покажано на
вртежометарот со иглата во
положба AUTOSTOP .
За време на Autostop, греењето и
сопирачките остануваат активни.Внимание
Серво управувањето ќе да се
намали за време на Autostop.
Услови за Autostop
Системот за сопирање-поаѓање
проверува дали се исполнети сите услови:
● Cистемот за сопирање- поаѓање не е исклучен рачно.
● Хаубата е целосно затворена.
● Возачката врата е затворена или безбедносниот ремен на
возачот е врзан.
● Акумулаторот е доволно наполнет и е во добра
состојба.
● Моторот е загреан.
● Температурата на течноста за ладење на моторот не е
превисока.
● Температурата на издувните гасови од моторот не е
превисока, на пр. по возење со
големо оптоварување на
моторот.
● Околната температура е повисока од -5 °C.
● Изборот на одмрзнувањето не го спречува Autostop.
● Системот за контрола на климатизацијата дозволува
Autostop.
● Вакуумот на сопирачката е доволен.
● Функцијата за самочистење на филтерот за дизелски честичкине е вклучена.
● Возилото било возено барем со брзина на одење од
последното Autostop.
Инаку, Autostop ќе биде спречено.
Autostop може да стане помалку
достапно ако околната
температура е околу точката на
мрзнење.
Page 166 of 287

164Возење и ракувањеОдредени поставки на системот за
контрола на климатизацијата може
да го спречат Autostop. Видете во
поглавјето „ Контрола на
климатизацијата “ за повеќе
информации 3 150.
Веднаш по возењето по автопат,
Autostop може да биде попречено.
Разработување на новото возило
3 160.
Заштита на акумулаторот од
празнење
За да обезбедите сигурно палење
на моторот, вградени се неколку
функции за заштита од празнење
на акумулаторот како дел од
системот за сопирање-поаѓање.
Мерки за штедење енергија
За време на Autostop, неколку
електрични функции, како
помошниот електричен грејач или греењето на задното стакло се
исклучени или префрлени во
режим за штедење енергија.
Брзината на вентилаторот на
системот за контрола на
климатизациајта се намалува за да
се заштеди енергија.Повторно палење на моторот
од страна на возачот
Притиснете ја педалата на
куплунгот за повторно палење на
моторот.
Палењето на моторот е прикажано
од иглата на вртежометарот во
положба за лер.
Ако рачката на менувачот се
помести од лер пред претходно
притискање на кумплунгот,
контролната сијаличка - свети
или е прикажана како симбол на
Информативниот центар за
возачот.
Контролна сијаличка - 3 108.
Повторно палење на моторот
од страна на системот за
сопирање-поаѓање
Рачката на менувачот треба да
биде во лер за да се овозможи
автоматско повторно палење.Ако еден од следниве услови се
појави за време на Autostop,
моторот ќе се запали повторно
автоматски од страна на системот
за сопирање-поаѓање.
● Системот за сопирање- поаѓање е исклучен рачно.
● Хаубата е отворена.
● Безбедносниот ремен на возачот е одврзан и е отворена
возачката врата.
● Температурата на моторот е прениска.
● Наполнетоста на акумулаторот
е под одредено ниво.
● Вакуумот на сопирачката не е доволен.
● Возилото било возено барем со брзина на одење.
● Системот за контрола на климатизацијата бара палење
на моторот.
● Климатизацијата е вклучена рачно.
Page 167 of 287

Возење и ракување165Ако багажникот не е целосно
затворен, се прикажува
предупредувачка порака на
Информативниот центар за
возачот.
Ако некој електричен уред, на пр.
преносен ЦД-плеер, е поврзан со
штекер, може да се забележи кус пад на напонот за време на
повторното палење.
Паркирање9 Предупредување
● Не го паркирајте возилото
врз лесно запалива
површина. Високата
температура на издувниот
систем може да ја запали
површината.
● Секогаш затегнувајте ја рачната сопирачка.
Повлечете го прекинувачот
m околу една секунда.
Електричната сопирачка за
паркирање се активира кога
ќе светне контролната
сијаличка m 3 108.
● Изгаснете го моторот.
● Ако возилото е на рамна површина или на нагорнина,
ставете во прва брзина или
ставете ја рачката на
менувачот во положба P
пред да го извадите клучот за
палење. Ако возилото е на
угорница, свртете ги
предните тркала од работ на
тротоарот.
Ако возилото е на надолнина, ставете во рикверц или
ставете ја рачката на
менувачот во положба P
пред да го извадите клучот за
палење. Свртете ги предните тркала кон работ на
тротоарот.
● Затворете ги прозорците.
● Извадете го клучот за палење од бравата за
палење. Завртете го воланот
додека не се почувствувадека бравата на воланот се
заглавила.
Кај возилата со автоматски
менувач, клучот може да се
извади само кога рачката на менувачот е во положба P.
Заклучете го возилото и
активирајте го системот за
тревожење при кражба.
Забелешка
Во случај на сообраќајка со
отворање на воздушните
перничиња моторот се гасне
автоматски ако возилото застане
за извесно време.
Page 168 of 287

166Возење и ракувањеИздувни гасови од
моторот9 Опасност
Издувните гасови од моторот
содржат отровен јаглерод
моноксид, којшто е безбоен,
нема мирис и може да биде
смртоносен ако се вдишува.
Ако издувни гасови навлегуваат во внатрешноста на возилото,
отворете ги прозорците. Нека Ви ја елиминира причината на
дефектот автомеханичар.
Избегнувајте да возите со
отворен товарен простор, инаку
издувните гасови можат да
навлезат во возилото.
Филтер за дизелски
честички
Системот на филтерот за дизелски честички ги филтрира штетните
честички на саѓи од издувните
гасови. Системот содржи функција
на самочистење која работи
автоматски за време на возењето
без известување. Филтерот се
чисти со изгорување на честичките
од саѓи периодично на висока
температура. Овој процес се
одвива автоматски при
определени услови за возење и може да потрае до 25 минути.
Типично му требаат помеѓу 7 и
12 минути. Autostop не е достапно
и потрошувачката на гориво може
да биде поголема за време на овој
период. Испуштањето на миризби и чад за време на овој процес е
нормално.Во извесни услови за возење, на
пр. кратки растојанија, системот не
може сам да се исчисти
автоматски.
Ако постои потреба од чистење на
филтерот и ако претходните
услови на возењето не овозможиле автоматско чистење, тоа ќе се
означи со контролната сијаличка
% . Истовремено се појавува Diesel
partic. filter is full continue driving
(Филтерот за дизелски честички е полн, продолжете со возењето)
или предупредувачката шифра 55
на Информативниот центар за
возачот.
% свети кога филтерот за дизелски
честички е полн. Почнете го
процесот на чистење колку е можно
поскоро.
% трепка кога филтерот за
дизелски честички го достигнал
максималното ниво за полнење.
Почнете го процесот на чистење
веднаш за да се избегне
оштетување на моторот.
Page 169 of 287

Возење и ракување167Процес на чистење
За да се активира процесот на
чистење, продолжете со возењето, држејќи ја брзината на моторот над
2000 вртежи на минута. Сменете во помала брзина ако е потребно.
Тогаш почнува чистењето на
филтерот за дизелски четички.
Ако контролната сијаличка g се
осветли дополнително, чистењето
не е возможно. Побарајте помош
од автомеханичар.Внимание
Ако процесот на чистењето е
прекинат, има ризик од
предизвикување на тешко
оштетување на моторот.
Чистењето е побрзо при големи
брзини и оптовареност на моторот.
Контролната сијаличка % се гаси
штом ќе заврши самочистењето.
Катализатор
Катализаторот го намалува
количеството на штетните
материјали во издувните гасови.Внимание
Класи на гориво пионакви од
оние наброени на страниците
3 183, 3 260 може да го
оштетат катализаторот или
електронските компоненти.
Бензинот кој не се игорил ќе се
прегрее и ќе го оштети
катализаторот. Затоа
избегнувајте ги прекумерното
работење со стартерот,
испразнувањето на
резервоарот за гориво и
палењето на возилото со
туркање или влечење.
Во случај моторот да не пали,
нерамномерно да работи, има
очигледен пад во перформансите
на моторот или има други
невообичајни проблеми, нека Ви ја
елиминира причината на дефектот
автомеханичар колку е можно
поскоро. Во хаварии, со возењето
може да се продолжи за кратко
време, задржувајќи ја брзината на
возилото и вртежите на моторот на
ниско ниво.
Page 170 of 287

168Возење и ракувањеАвтоматски менувач
Автоматскиот менувач овозможува автоматско менување на брзини
(автоматски режим) или рачно
менување на брзини (рачен
режим).
Екран на менувачот
На екранот на менувачот е
прикажано во која брзина или
режим е менувачот.
Рачка на менувачотP:паркирна положба, тркалата се блокирани, ставајте во брзина
само кога возилото е во
мирување и сопирачката за
паркирање е применетаR:рикверц, ставајте во него само
кога возилото е во мирувањеN:лерD:автоматски режим со сите
брзини на менувачот
Рачката на менувачот е закочена
во P и може да се помрдне само
кога палењето е вклучено и
педалот на сопирачките е
нагазнат.
Без да се нагазне педалот на
сопирачките, контролната
сијаличка j се пали.
Ако рачката на менувачот не е во
P кога палењето е исклучено,
контролната сијаличка j и P
трепкаат.
За да ставите во P или R,
притиснете го копчето за
ослободување.
Моторот може да се запали само
кога рачката е во положбата P или
N . Кога е одбрана положбата N,
притиснете го педалот на
сопирачките или применете ја
сопирачката за паркирање пред да запалите.