OPEL MOKKA 2014.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014.5, Model line: MOKKA, Model: OPEL MOKKA 2014.5Pages: 249, PDF Size: 6.1 MB
Page 221 of 249

Нега на возилото219
Пред и после зимата, измијте го
подвозјето и нека Ви го проверат
слојот на заштитниот восок.
Систем на течен гас9 Опасност
Течниот гас е потежок од
воздухот и може да се собира во дупки.
Внимавајте кога работите на
подвозјето во канал.
За боење и кога се користи комора
за сушење со температура над
60 °C, системот за течен гас мора
целосно да се извади.
Не вршете измени на системот за
течен гас.
Опрема за влечење Не ја чистете влечната кука со
компресорска млазница или
млазни чистачи со голем притисок.
Заден систем за превозување
Чистете го задниот систем за
превезување со млаз пареа или
компресор најмалку еднаш
годишно.
Ракувајте со задниот систем за
превезување повремено ако не се
користи редовно, особено во текот
на зимата.
Нега на внатрешноста Внатрешност и тапацир
Чистете ја внатрешноста на
возилото, вклучувајќи ја и маската
и облогите на таблата со
инструменти, само со сува крпа или средство за чистење на
внатрешноста.
Чистете го кожениот тапацир со
вода и мека крпа. Доколку е многу
извалкан, користете средство за
чистење кожа.
Групата инструменти и екраните треба да се чистат само со мека,
влажна крпа. Ако е потребно,
користете слаб раствор на
сапуница.Текстилниот тапацир чистете го со
правосмукалка и четка. Флеките
вадете ги со средство за чистење
на тапацирот.
Ткаенината на преслеките може да
не е со трајни бои. Тоа може да
предизвика видливо
избледнување на бојата, особено
на тапацир со светли бои. Дамки и
избледена боја треба да се
исчистат што е можно поскоро.
Чистете ги безбедносните ремени
со млака вода или средство за
чистење на внатрешноста.Внимание
Затворајте ги Велкро патентите
бидејќи отворените Велкро
патенти на облеката може да го
оштетат тапацирот на
седиштата.
Истото се однесува и до облеки
со предмети со остри рабови,
како патенти или каишеви или
фармерки со нитни.
Page 222 of 249

220Нега на возилото
Пластични и гумени деловиПластичните и гумените делови
може да се исчистат со истото
средство за чистење кое се
користи за чистење на
каросеријата. Употребете
средство за чистење на
внатрешноста ако е потребно. Не
користете други средства.
Избегнувајте ги растворувачите и
особено бензинот. Не користете
компресорски млазници за
чистење.
Page 223 of 249

Сервисирање и одржување221Сервисирање и
одржувањеОпшти информации .................221
Препорачани течности,
средства за подмачкување и
делови ....................................... 222Општи информации
Сервисни информации За да се гарантира економичното ибезбедното работење на возилото
и да се одржи вредноста на Вашето
возило, мошне битно е сето
одржување да се изведува во
соодветните периоди, како што е определено.
Деталниот, актуелен сервисен
распоред за Вашето возило е
достапен кај автомеханичарот.
Екран за сервисирање 3 88.
Европски сервисни периоди Постои потреба од одржување на
Вашето возило на 30000 км или по
1 година, кое и да настапи прво,
освен да не е поинаку означено на
екранот за сервисирање.
Покус сервисен период може да
важи за потешки услови за возење,
на пр. за таксија и полициски
автомобили.
Европските сервисни периоди
важат за следниве држави:Андора, Австрија, Белгија, Босна и
Херцеговина, Бугарија, Хрватска,
Кипар, Чешка, Данска, Естонија,
Финска, Франција, Германија,
Грција, Гренланд, Унгарија,
Исланд, Ирска, Италија, Латвија,
Литванија, Луксембург,
Македонија, Малта, Црна Гора,
Холандија, Норвешка, Полска,
Португалија, Романија, Србија,
Словачка, Словенија, Шпанија,
Шведска, Швајцарија,
Обединеното кралство.
Екран за сервисирање 3 88.
Меѓународни сервисни
периоди
Постои потреба од одржување на
Вашето возило на 15000 км или по
1 година, кое и да настапи прво,
освен да не е поинаку означено на
екранот за сервисирање.
Меѓународните сервисни периоди важат за државите што не се
наброени во списокот за
европските сервисни периоди.
Екран за сервисирање 3 88.
Page 224 of 249

222Сервисирање и одржување
ПотврдувањаПотврдите на сервисирањето се
евидентира во Сервисната и
гаранцијската книшка. Датумот и
километражата се дополнува со
печат и подпис на работилницата
на сервисирањето.
Проверете дека Сервисната и
гаранцијската книшка е дополнета
исправно пошто постојаното
заверување на сервисирањето е
суштинско ако било каква
рекламација или добронамерно
барање треба да се исполни, и исто
така е корисно при продавање на
возилото.
Период за сервисирање со преостанатото времетраење на работниот век на
моторното масло
Сервисниот период е заснован врз
повеќе параметри зависно од
употребата.
Екранот за сервисирање Ви дава
на знаење кога да го смените
моторното масло.
Екран за сервисирање 3 88.Препорачани
течности, средства за
подмачкување и
делови
Препорачаните течности
и средства за
подмачкување
Користете само производи кои ги
задоволуваат препорачаните
спецификации. Штетата што ќе
настане како резултат на
употребата на производи кои не се во склад со овие спецификации
нема да биде покриена со
гаранцијата.9 Предупредување
Работните материјали се
опасни и можат да бидат
отровни. Ракувајте со нив
внимателно. Обрнете внимание
на информациите дадени на
упаковката.
Моторно масло
Моторното масло се познава по
својот квалитет и вискозитет.
Квалитетот е поважен од
вискозитетот кога избирате кое
моторно масло ќе користите.
Квалитетот на маслото ја
обезбедува на пр. чистотата на
моторот, заштитата од абење и
контролата на стареење на
маслото, додека класата по
вискозитет дава информација за
густината на маслото над некој
опсег на температурите.
Dexos е најновиот квалитет на
моторните масла што овозможува
оптимална заштита за бензинските
и дизел моторите. Ако не е
достапно, мора да се користат
моторни масла од другите
наброени квалитети. Препораките
за бензинските мотори важат и за
моторите што користат
компримиран природен гас (CNG),
течен нафтен гас (LPG) и етанол
(Е85).
Page 225 of 249

Сервисирање и одржување223
Изберете соодветно моторно
масло според неговиот квалитет и
минималната надворешна
температура 3 227.
Дотурање моторно масло Моторните масла од други
производители и марки можат да
се мешаат доколку тие го
исполнуваат бараниот квалитет и
вискозитет за моторни масла.
Употребата на моторни масла
само со квалитетот ACEA A1/B1
или A5/B5 е забранета, бидејќи тие
може да предизвикаат долгорочни
оштетувања на моторот при
одредени работни услови.
Изберете соодветно моторно
масло според неговиот квалитет и
минималната надворешна
температура 3 227.
Дополнителни адитиви за
моторното масло
Употребата на дополнителни
адитиви за моторното масло може
да предизвика оштетувања и да ја
поништи гаранцијата.Класи по вискозитет на моторното
масло
SAE класата по вискозитет дава
информација за густината на
маслото.
Вискозитетот на маслото е
означено со две цифри, на пример, ЅАЕ 5W-30. Првата цифра следена
од W, означува вискозитет на ниска
температура, додека втората
цифра означува вискозитет на
висока температура.
Изберете ја соодветната класа по
вискозитет зависно од
минималната надворешна
температура 3 227.
Сите препорачани класи
вискозност се погодни за високи
температури на околината.
Течност за ладење и
антифриз Користете го само органското
киселинско долготрајно средство
за ладење (LLC) (антифриз)
одобрено за возилото.
Посоветувајте се со
автомеханичар.Системот е фабрички наполнет со
средство за ладење дизајнирано за
одлична заштита од корозија и од
смрзнување до -28 °C. Во
северните земји со многу ниски
температури, фабрички
наполнетото средство за ладење
овозможува заштита од
смрзнување до околу -37 °C. Оваа
концентрација треба да се одржува во текот на целата година.
Употребата на дополнителни
адитиви за течноста за ладење кои
се предвидени да дадат
дополнителна заштита од корозија
или изолација против помали
протекувања може да
предизвикаат функциски
проблеми. Одговорноста за
последиците кои произлегуваат од употребата на дополнителни
адитиви за течноста за ладење ќе
биде одбиена.
Page 226 of 249

224Сервисирање и одржување
Течност за сопирачките и за
куплунгот
Со времето течноста за
сопирачките ќе апсорбира влага и
ќе се намали нејзината
ефективност. Затоа течноста за
сопирање треба д асе замени во
предвидените временски периоди.
Page 227 of 249

Технички податоци225Технички податоциИдентификација на возилото..225
Податоци за возилото .............227Идентификација на
возилото
Идентификациски број
на возилото
Идентификацискиот број на
возилото се наоѓа во моторниот
простор.
Идентификациска
табличка
Идентификациската табличка е
сместена на рамката на предната
лева врата.
Page 228 of 249

226Технички податоци
Информации на
идентификациската етикета:
1=Производител2=Број на сообраќајната
дозвола3=Идентификациски број на
возилото4=Дозволена бруто тежина на
возилото во кг5=Дозволена бруто влечна
тежина во кг6=Најголема дозволена
оптовареност на предната
оска во кг7=Најголема дозволена
оптовареност на задната оска
во кг
Идентификација на
моторот
Табелите со технички податоци ја
покажуваат идентификациската
шифра на моторот. Податоци за
моторот 3 230.
За да го идентификувате моторот,
видете ја силата на моторот во
Сертификатот за сообразност на
ЕК доставен со Вашето возило или другите национални документи за
регистрација.
Page 229 of 249

Технички податоци227Податоци за возилотоПрепорачани течности и средства за подмачкување
Европски распореди на сервисите
Потребен квалитет на моторното маслоСите европски земји
(освен Белорусија, Молдавија, Русија, Турција)
Само Израел
Квалитет на
моторното маслоБензински мотори
(вклучувајќи CNG, LPG, E85)Мотори на дизелБензински мотори
(вклучувајќи CNG, LPG, E85)Мотори на дизелdexos 1––✔–dexos 2✔✔–✔
Во случај да не е достапен квалитетот dexos може да употребите макс. 1 литар моторно масло со квалитет
АСЕА С3 за надополнување еднаш меѓу секое менување на маслото.
Класи по вискозитет на моторното масло
Сите европски земји и Израел
(освен Белорусија, Молдавија, Русија, Турција)Околна температураБензински и мотори на дизелдо -25 °CSAE 5W-30 или SAE 5W-40под -25 °CSAE 0W-30 или SAE 0W-40
Page 230 of 249

228Технички податоци
Меѓународен распоред на сервисиПотребен квалитет на моторното маслоСите земји надвор од европа освен Израел
Само Белорусија, Молдавија, Русија, Турција
Квалитет на
моторното маслоБензински мотори
(вклучувајќи CNG, LPG, E85)Мотори на дизелБензински мотори
(вклучувајќи CNG, LPG, E85)Мотори на дизелdexos 1✔–––dexos 2–✔✔✔
Во случај да не е достапен квалитет на dexos може да користите квалитет на масло наведен во продолжение:
Сите земји надвор од европа освен Израел
Само Белорусија, Молдавија, Русија, Турција
Квалитет на
моторното маслоБензински мотори
(вклучувајќи CNG, LPG, E85)Мотори на дизелБензински мотори
(вклучувајќи CNG, LPG, E85)Мотори на дизелGM-LL-A-025✔–✔–GM-LL-B-025–✔–✔