OPEL MOKKA 2014.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014.5, Model line: MOKKA, Model: OPEL MOKKA 2014.5Pages: 249, PDF Size: 6.1 MB
Page 201 of 249

Нега на возилото199
H=до 210 км/чV=до 240 км/чW=до 270 км/ч
Притисок на гумитеПроверувајте го притисокот во
гумите кога се студени, најмалку на
14 дена и пред секое подолго
патување. Не заборавајте го
резервното тркало. Тоа важи и за
возилата со систем за контрола на
притисокот во гумите.
Извртете го капачето на вентилот.
Притисокот во гумата 3 235 и на
етикетата на рамката од возачката врата.
Податоците за притисокот во
гумите се однесуваат на ладни
гуми. Тоа важи за летни и зимски
гуми.
Резервната гума секогаш пумпајте
ја до притисокот определен за
целосна оптовареност.
ECO притисокот на гумите служи
да се постигне најмалата можна
потрошувачка на гориво.
Неправилниот притисок во гумите
ќе ја влоши безбедноста,
управувањето на возилото,
удобноста и економичноста на потрошувачката на гориво, и ќе го
зголеми абењето на гумите.
Притисоците на гумите се
разликуваат, зависно од опциите.
За правилна вредност на
притисокот на гумите, следете ја
постапката опишана подолу:1. Идентификувајте ја идентификациската шифра намоторот. Податоци за моторот
3 230.
2. Идентификувајте ја гумата.
Табелите за притисок на гумите ги
покажуваат сите можни
комбинации на гуми 3 235.
За гумите одобрени за Вашето
возило, видете го Сертификатот за
сообразност на ЕК доставен со
Вашето возило или другите
национални документи за
регистрација.
Возачот е одговорен за правилно прилагодување на притисокот во
гумите.9 Предупредување
Ако притисокот е пренизок,
гумите може премногу да се
загреат и да се оштетат
однатре, што може да
предизвика цепење на шарите,
па дури и експлозија на гумите
при големи брзини.
Page 202 of 249

200Нега на возилотоСистем за следење на
притисокот на гумите
Системот за следење на
притисокот на гумите (TPMS)
користи радио и сензорска
технологија за проверка на
притисокот во гумите.
Сите четири тркала треба да се опремат со сензори за притисокот
во гумите, и гумите треба да го
имаат пропишаниот притисок.
Забелешка
Во земјите каде што системот за
следење на притисокот на гумите е законска обврска, користењето
тркала без сензори за притисокот
ќе го обезважи одобрението за
типот на возилото.
Сензорите на TPMS го следат
воздушниот притисок во гумите и ги емитуваат резултатите од
мерењата на притисокот до
приемник што се наоѓа во
возилото.
Секоја гума, вклучувајќи ја и
резервната, треба да се проверува секој месец кога е изладена и да сенапумпа до притисокот препорачан
на етикетата за притисокот на
гумите.
Контролната сијаличка w се
осветлува кога една или повеќе
гуми се значително издишени.
Проверете го притисокот во гумите што е можно побрзо и напумпајте
ги до препорачаниот притисок
3 199.
Кога системот ќе открие
неисправност, w трепка околу
една минута, а потоа свети
постојано. Оваа низа ќе се одвива
при секое следно палење на
возилото додека постои дефектот.
Кога свети w, системот може да не
открие или да пријави низок притисок во гумите како што треба.
Работа на системот за
следење на притисокот на гумите TPMS е конструиран да го
предупредува возачот кога ќе
дојде до низок притисок во гумите.
Сензорите на TPMS се монтирани на секој комплет тркало-гума, соисклучок на резервната гума и
тркало. Сензорите на TPMS го
следат воздушниот притисок во
гумите и ги емитуваат резултатите
од мерењата на притисокот до
приемник што се наоѓа во
возилото.
Кога ќе се открие низок притисок во
некоја гума, свети w. Сопрете што
е можно поскоро и напумпајте ги
гумите до препорачаниот притисок
3 199.
Page 203 of 249

Нега на возилото201
Дополнително, се прикажува
предупредувачка порака или
предупредувачка шифра во
Информативниот центар за
возачот 3 104.
Контролната сијаличка за низок
притисок во гумите и
предупредувачката порака или
шифра се вклучуваат при секое
палење додека гумите не се
напумпаат до правилниот
притисок.
Показател за неисправност
на TPMS и порака со шифра
TPMS нема да функционира
правилно ако еден или повеќе
сензори на TPMS недостигаат или
не работат. Кога системот ќе
открие неисправност, w трепка
околу една минута, а потоа се
осветлува. Дополнително се
прикажува предупредувачка
порака или шифра.
Укажувањето на показателот за
неисправност на TPMS и
предупредувачката порака или
шифра ќе се палат при секое
палење додека не се поправипроблемот. Некои од условите што може да предизвикаат тие да се
појават:
■ Една од гумите е заменета со резервна гума што нема сензор
за TPMS.
■ Споредувањето на сензорите на TPMS не било извршено или не
завршило успешно по ротирање
на гумите. Светлото за
неисправност и
предупредувачката порака или
шифра треба да се изгасат по
успешно завршување на
споредувањето на сензорите.
Видете во „Споредување на
сензорите на TPMS“ подолу во
ова поглавје.
■ Еден или повеќе сензори на TPMS недостигаат или се
оштетени. Предупредувачката
порака или шифра и светлото за
неисправност треба да се
изгасат кога сензорите на TPMS
се инсталирани и споредувањето
на сензорите било извршено
успешно. Консултирајте се со
својот сервисер.■ Заменските гуми или тркала не одговараат со оригиналните
гуми или тркала. Гуми и тркала
што не се препорачани може да
го попречат правилното
функционирање на TPMS.
■ Ракувањето со електронски уреди или престојувањето
блиску до објекти што користат
радиобранови фреквенции
слични на TPMS може да
предизвикаат неисправност на сензорите на TPMS.
Ако TPMS не функционира
правилно, не може да открие или да пријави слаба гума.
Консултирајте се со својот
сервисер ако светлото за
неисправност на TPMS и
предупредувачката порака или
шифра се запалат и останат
вклучени.
Споредување на сензорите
на TPMS
Секој сензор на TPMS има единствена идентификациска
шифра. Идентификациската
шифра мора да се спореди со
Page 204 of 249

202Нега на возилото
положбата на новата гума/новото
тркало откако ќе се ротираат
гумите на возилото или ќе се
заменат еден или повеќе сензори
за TMPS. Споредувањето на
сензорите TPMS треба да се
изврши и откако резервна гума ќе
се замени со гума за патување со
сензор TPMS.
Светлото за неисправност и
предупредувачката порака или
шифра треба да се изгасат при
следното палење. Сензорите се споредуваат со положбите на
гумите/тркалата со користење на
алатката за повторно учење на
TPMS по следниов редослед:
предна гума од возачката страна,
предна гума од совозачката
страна, задна гума од совозачката
страна и задна гума од возачката
страна. Консултирајте се со својот
сервис за сервисирање или
купување на алатката за повторно
учење. Потребни се две минути за
споредување на првата положба
на гума/тркало и пет минути вкупно
за да се споредат сите четири
положби на гуми/тркала. Ако траеподолго, споредувањето
престанува и мора повторно да се почне.
Споредувањето на сензорите на
TPMS е:
1. Затегнете ја рачната сопирачка.
2. Вклучете го палењето.
3. Со копчето MENU на рачката за
трепкачите изберете Vehicle
Information Menu (изборник за
информации за возилото) на
Информативниот центар за
возачот (DIC).
4. Со тркалцето дојдете до изборникот за притисокот на
гумите.
5. Притиснете го копчето SET/CLR за да почне
споредувањето на сензорите.
Треба да се прикаже порака
што ќе побара прифаќање на
процесот.
6. Притиснете го копчето SET/CLR повторно за да го
потврдите изборот. Сиренатасе огласува двапати за да
сигнализира дека приемникот е
во режим на повторно учење.
7. Почнете со предната гума од возачката страна.
8. Ставете ја алатката за повторно учење до страната на
гумата, блиску до вентилот.
Потоа притиснете го копчето за
да го активирате сензорот на
TPMS. Кус сигнал од сирената
потврдува дека
идентификациската шифра на
сензорот е споредена со таа
положба на гума и тркало.
9. Продолжете со предната гума од совозачката страна и
повторете ја постапката од
чекор 8.
10. Продолжете со задната гума од
совозачката страна и повторете ја постапката од чекор 8.
11. Продолжете со задната гума од
возачката страна и повторете јапостапката од чекор 8.
Сирената се огласува двапати да укаже дека
идентификациската шифра на
Page 205 of 249

Нега на возилото203
сензорот е споредена со
задната гума од возачката
страна и споредувањето на
сензорите на TPMS веќе не е
активно.
12. Исклучете го палењето.
13. Прилагодете го притисокот во сите четири гуми споредпрепорачаните вредности
прикажани на етикетата за
притисок во гумите.
Длабочина на шарата
Редовно проверувајте ја
длабочината на шарите.
Гумите треба да се заменат од
безбедносни причини при
длабочина на шарите од 2-3 мм
(4 мм за зимски гуми).
Од безбедносни причини, се
препорачува длабочината на
шарите на гумите на една оска да
не се разликува повеќе од 2 мм.
Законски дозволената минимална
длабочина на шарата (1,6 мм) е достигната кога шарата е изабена
до една од ознаките за изабеност
( TWI). Нивната положба е означена
со обележувања од страните на
гумата.
Ако има поголемо абење напред
отколку назад, сменете ги
предните тркала со задните
тркала. Уверете се дека насоката
на вртењето на тркалата е иста
како порано.
Гумите стареат, дури ако не се употребуваат. Препорачуваме
замена на гумите на 6 години.
Менување на
големината на гумите и
тркалата Ако се употребуваат гуми со
различна големина од оние
монтирани во фабриката, може да
биде потребно да се програмираат брзиномерот како и номиналниот
притисок во гумите повторно и да
се извршат други преиначувања на
возилото.
По префрлувањето на гуми со
друга големина, нека Ви ја заменат
лепливата етикета со притисоци за гумите.9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или тркала може да доведе
до незгоди и ќе го анулира
одобрението на видот на
возилото.
Page 206 of 249

204Нега на возилотоРаткапни
Раткапните и гумите што се
одобрени од фабриката за
соодветното возило и ги
исполнуваат сите соодветни
барања за комбинирање на
тркалата и гумите, можат да се
користат.
Ако раткапните и гумите кои се
користат не се фабрички одобрени, гумите не смеат да имаат заштитно
ребро на работ.
Раткапните не смеат да му пречат на ладењето на сопирачките.9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или раткапни може да
доведува до нагло губење на
притисок и притоа несреќи.
Возича со тркала од легура: При
поставување на челичните тркала
со завртки од легура, на пример,
при промена на зимски гуми,
раткапните не може да се постават на челичните тркала.
Синџири за гуми
Користете синџири за гуми само напредните тркала.
9 Предупредување
Оштетувањата може да
доведат до пукање на гумата.
Синџири за гуми се дозволени на
гумите со големина 195/70 R16.
Секогаш употребувајте синџири со
ситни алки што се соодветни за
спортски возила и не додаваат повеќе од 12 мм на шарата и
внатрешните страни на гумата
(вклучувајќи ја и бравата на
синџирот).
За гумите со големина 215/55 R18
се дозволени специјални синџири
за снег само ако се конструирани
со вртлив ремен на синџирот на
шарата на гумата, без алки од
внатрешните страни на тркалото и
ако синџирите не додаваат повеќе
од 12 мм на шарата на гумата. За
повеќе информации за правилното користење на синџирите за гуми за
оваа големина на гумите,
контактирајте со специјализиран
продавач на авто-делови или
произведувач на синџири за гуми.
Синџири за гуми не се дозволени
на гуми со големина 205/70 R16,
215/65 R16, 215/60 R17 и
225/45 R19.
Употребата на синџири за гуми не
се дозволува на привременото резервно тркало.
Page 207 of 249

Нега на возилото205Комплет за поправање
гуми Помалите оштетувања на шаратана гумата може да се поправат со
комплетот за поправање гуми.
Не ги вадете туѓите предмети од
гумите.
Оштетувањата на гумите што
надминуваат 4 мм или што се на
страничниот ѕид од гумата не може
да се поправат со комплетот за
поправање гуми.9 Предупредување
Не возете побрзо од 80 км/ч.
Не го користете за подолг
период.
Управувањето со воланот и
ракувањето може да станат
поинакви.
Ако имате издишна гума:
Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва брзина, рикверц
или P.
Комплетот за поправање гуми се
наоѓа од десната страна на
задната преграда.
1. Земете го комплетот за поправање гуми од преградата.
2. Извадете го компресорот.
3. Извадете ги кабелот за поврзување со струја (1) и
цревото за воздух (2) од
преградите на долната страна
од компресорот.
Page 208 of 249

206Нега на возилото
4. Зашрафете го цревото завоздух од компресорот наприклучокот на шишето со
заптивната смеса.
5. Наместете го шишето со заптивната смеса во држачот
на компресорот.
Поставете го компресорот
близу до гумата така што
шишето со заптивна смеса ќе
биде исправено.6. Отштрафете ги капаците на вентилите од дефектната гума.
7. Зашрафете го цревото за полнење на вентилот на гумата.
8. Прекинувачот на компресорот мора да биде поставен на J.
9. Приклучете го приклучникот на компресорот во штекерот за
струја или во приклучокот на
запалката.
За да се избегне
испразнувањето на
акумулаторот, Ви
препорачуваме да го оставете
моторот да работи.10. Поставете го преклопникот на компресорот на I. Гумата се
полни со заптивната смеса.
11. Мерачот за притисок на компресорот накратко се
покачува до 6 бари додека
шишето за заптивната смеса се празни (околу 30 секунди).Потоа притисокот почнува да
опаѓа.
12. Целата заптивна смеса се пумпа во гумата. Потоа гумата
се надува.
13. Пропишаниот притисок за гумата би требало да се
достигне во рок од 10 минути.
Page 209 of 249

Нега на возилото207
Притисок во гумите 3 235. Кога
ќе се постигне правилниот притисок, исклучете го
компресорот.
Ако пропишаниот притисок за
гумите не се достигне во рок од
10 минути, извадете го
комплетот за поправање гуми. Помрднете го возилото за едно
вртење на гумата. Повторно
закачете го комплетот за
поправање гуми и продолжете
со постапката за полнење за
10 минути. Ако пропишаниот
притисок за гумите се уште не е достигнат, гумата е премногу
оштетена. Побарајте помош од
автомеханичар.
Исцедете го вишок притисокот од гумата со копчето над
индикаторот за притисок.
Не работете со компресорот
подолго од 10 минути.
14. Откачете го комплетот за поправање гуми. Притиснете ја
спојката на рамката за да го
извадите шишето со заптивна
смеса од рамката. Зашрафете го цревото за пумпање на гуми
на слободниот приклучок на
шишето со заптивната смеса.
Тоа ја спречува заптивната
смеса да истече. Чувајте го
приборот за поправка на гумите во багажниот простор.
15. Извадете ја излишната заптивна смеса користејќи
ткаенина.
16. Земете ја налепницата која ја покажува најголемата
дозволена брзина од шишето
со заптивната смеса, и закачете
ја во видното поле на возачот.17. Продолжете со возењето веднаш за да се распространисредството рамномерно во
гумата. По возење околу 10 км
(но не повеќе од 10 минути),
застанете и проверете го
притисокот во гумата.
Притегнете го цревото на
воздухот директно врз вентилот на гумата и за тоа време нека
работи компресорот.
Ако притисокот во гумата е
поголем од 1,3 бари, наполнете
ја до правилната вредност.
Повторете ја оваа поставка
додека веќе нема губење на
притисокот.
Page 210 of 249

208Нега на возилото
Ако притисокот во гумата
паднал под 1,3 бари, возилото
не смее да се користи.
Побарајте помош од
автомеханичар.
18. Чувајте го приборот за поправка на гумите во
багажниот простор.
Забелешка
Возните карактеристики на
поправената гума значително се
сменети, затоа нека Ви ја заменат таа гума.
Ако се слушне необичен шум или
компресорот се загрее, исклучете
го компресорот најмалку
30 минути.
Вградениот сигурносен вентил се отвора при притисок од 7 бари.
Проверете го рокот на траење на
комплетот. По тој датум
способноста за затнување веќе не
се гарантира. Внимавајте на
информациите за чување на
шишето со заптивна смеса.Заменете го користеното шише со
заптивната смеса. Отфрлете го
шишето како што е пропишано од
соодветните закони.
Компресорот и заптивната смеса
може да се користат од околу
-30 °C.
Приложените адаптери може да
се користат за пумпање на други
предмети, на пр. фудбалски
топки, воздушни душеци, гумени
чамци, итн. Тие се наоѓаат на
долната страна од компресорот.
За да се извади, притегнете го
цревото за воздух на компресорот и извлечете го адаптерот.
Менување тркала
Некои возила се опремени со
комплет за поправање гуми
наместо резервно тркало 3 205.
Сторете ги следниве подготовки и
запазете ги следните информации:
■ Паркирајте го возилото на рамна,
цврста и нелизгава површина.
Предните тркала треба да бидат
наместени право.■ Затегнете ја рачната сопирачка и
ставете во прва брзина, рикверц
или P.
■ Извадете го резервното тркало 3 210.
■ Не менувајте повеќе од едно тркало одеднаш.
■ Дигалката користете ја само за менување на тркала во случај на
продупчување, а не за сезонски
зимски или летни менувања на
гумите.
■ Ако тлото на коешто стои возилото е меко, треба да сестави тврда штица (дебела
најмногу 1 см) под дигалката.
■ Извадете ги тешките предмети од возилото пред да го кревате.
■ Во возилото не смее да има луѓе
или животни кога се дига.
■ Не пикајте се под возило што е кренато со дигалка.
■ Не го палете возилото кога е кренато со дигалката.
■ Исчистете ги завртките и шарите
на тркалото со чиста крпа пред
да го монтирате тркалото.