OPEL MOKKA 2014 Прирачник за инфозабавата
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014, Model line: MOKKA, Model: OPEL MOKKA 2014Pages: 263, PDF Size: 4.8 MB
Page 71 of 263

Препознавање говор71
се на Даре на работа“, „Пушти“ пошто следи изведувачот или името
на песната или „Намести на“ по што следи фреквенцијата на радиото и
фреквентниот опсег.
Дестинациите за навигација,
меѓутоа, се премногу сложени за
една наредба. Прво, кажете
„Навигација“, а потоа, на пр.
„Адреса“ или „Интересна точка“.
Системот реагира така што бара
повеќе информации.
Откако ќе кажете „Интересна
точка“, само попознати синџири
може да се изберат по име.
Синџири се фирми што имаат
најмалку 20 локации. За другите
ИТ, кажете го името на
категоријата, на пр. „Ресторани“,
„Трговски центри“ или „Болници“.
Системот полесно ги разбира
директните наредби, на пр. „Сврти
01234567“.
Ако кажете „Телефон“, системот
разбира дека се бара телефонски
повик и реагира со соодветни
прашања додека не се добијат
доволно податоци. Акотелефонскиот број е сочуван со
име и место, директната наредба
треба да ги вклучува и двете, на
пример „Јави му се на Даре на
работа“.
Бирање ставки од листа
Кога е прикажана листа, говорен потсетник бара да потврдите или
изберете ставка од неа. Ставка од
листа може да се избере рачно или со изговарање на бројот на редот
на ставката.
Листата на екранот за
препознавање говор функционира
исто како и листите на другите екрани. Рачното листање на екран
при препознавање говор го
потиснува моменталниот настан за
препознавање говор и емитува
потсетник како „Изберете од
листата користејќи рачни контроли
или притиснете го копчето за назад на таблата за да се обидете
повторно“.Ако не се избере ништо рачно во
рок од 15 секунди, препознавањето говор се прекинува и ве потсетува
порака, а повторно се прикажува
претходниот екран.
Наредбата „Назад“
За да се вратите на претходниот
чекор на дијалогот, можете да
кажете Back (Назад) или да го
притиснете копчето BACK на
таблата со инструменти.
Наредбата „Помош“
Откако ќе кажете „ Help“ (Помош),
потсетникот за помош за
моменталниот чекор на дијалогот
се чита наглас.
За да го прекинете потсетникот за помош, притиснете го копчето w
повторно. Се слуша писок. Може да
кажете наредба.
Page 72 of 263

72ТелефонТелефонОпшти информации...................72
Поврзување Bluetooth ................73
Итен повик .................................. 75
Ракување .................................... 75
Текстуални пораки .....................79
Мобилни телефони и ЦБ
радио опрема ............................. 81Општи информации
Порталот за мобилен телефон Ви
дава можност да водите разговори на мобилен телефон преку
микрофон, и звучниците во
возилото, исто така и да ракувате
со најважните функции на
мобилниот телефон преку
Инфозабавниот систем во
возилото. За да можете да го
користите телефонскиот портал,
мобилниот телефон треба да е
поврзан со него преку Bluetooth.
Со Телефонскиот портал може да
се ракува дополнително преку
системот за препознавање говор.
Не сите функции на порталот за
мобилен телефон се поддржани од
секој мобилен телефон. Можните
функции на телефонот зависат од
соодветниот мобилен телефон и
провајдерот на мрежата. Ќе
најдете повеќе информации за тоа
во упатствата за ракување за
Вашиот мобилен телефон или
можете да се распрашате за нив кај Вашиот оператор на мрежата.Важни информации за
ракувањето и безбедноста на
сообраќајот9 Предупредување
Мобилните телефони имаат
дејства врз Вашата средина. Од оваа причина се подготвиле
безбедносни прописи и
директиви. Треба да бидете
запознати со поврзаните
директиви пред да ја користите
функцијата за телефон.
9 Предупредување
Употребата на уредот за
разговор без раце додека
возите може да биде опасна
зашто Вашата концентрација се намалува кога телефонирате.
Паркирајте го Вашето возило
пред да го користите уредот за
Page 73 of 263

Телефон73разговор без раце. Почитувајте
ги условите на државата во
којашто се наоѓате во моментов.
Не заборавајте да ги следите
посебните прописи кои важат во конкретни предели и секогаш
исклучувајте го мобилниот
телефон ако употребата на
мобилни телефони е забранета, ако мобилниот телефон
предизвикува пречење или ако
дојде до опасни ситуации.
Bluetooth
Телефонскиот портал е
сертифициран од Bluetooth Special Interest Group (SIG).
Повеќе информации за
спецификацијата ќе најдете на
интернет, на http://
www.bluetooth.com
Поврзување Bluetooth Bluetooth е радио стандард за
безжично поврзување на, на пр.,
мобилни телефони, модели iPod/
iPhone и други уреди.
За да поставите поврзување
Bluetooth со инфозабавниот
систем. треба да е активна
функцијата Bluetooth или уредот
Bluetooth. За повеќе информации,
видете во упатството за употреба
на уредот со Bluetooth.
Спојувањето (размена на PIN-
кодови меѓу уред со Bluetooth и
Инфозабавниотсистем) и
поврзувањето уреди со Bluetooth
со Инфозабавниот систем се врши преку изборникот Bluetooth.
Важни информации ■ Со системот може да се спојат до
пет уреди.
■ Само еден споен уред може да биде поврзан со Инфозабавниот
систем во даден момент.
■ Спојувањето обично треба да се изврши само еднаш, освен ако
уредот не се избрише од
списокот споени уреди. Ако
уредот бил поврзано претходно,Инфозабавниот систем ја
воспоставува врската
автоматски.
■ Работата на Bluetooth значително ја троши батеријата
на уредот. Затоа поврзете го
уредот со штекерот за
напојување да се полни.
Bluetooth menu (изборникот
Bluetooth)
Изборникот Bluetooth можете да го
изберете и на следниов начин:
■ Притиснете го копчето O.
Изберете ја ставката Phone
Settings (Поставки на
телефонот) , а потоа Bluetooth.
■ Притиснете го копчето CONFIG.
Изберете ја ставката Phone
Settings (Поставки на
телефонот) , а потоа Bluetooth.
■ Притиснете го копчето ; и
изберете ја иконата Config
(Конфигурација) . Изберете ја
ставката Phone Settings
( Поставки на телефонот) , а потоа
Bluetooth .
Page 74 of 263

74Телефон
Се прикажуваат изборните ставки
Device list (список на уредите) и Pair
device (уред за спарување) .
Спојување уред
За да го почнете спојувањето на
инфозабавниот систем, изберете
ја ставката Pair device (уред за
спарување) . Се прикажува порака
со четирицифрена шифра за
инфозабавниот систем.
Почнете го спојувањето на уредот
Bluetooth. Ако е потребно, внесете
ја шифрата на инфозабавниот
систем на уредот Bluetooth.
Шестцифрен PIN за спојувањето се
прикажува на инфозабавниот
систем.
За да го потврдите спојувањето: ■ Ако е поддржано SSP (безбедно едноставно спојување):
Споредете ги PIN-овите
прикажани на инфозабавниот
систем и уредот Bluetooth (ако себара) и потврдете ја пораката на
уредот Bluetooth.
■ Ако не е поддржано SSP (безбедно едноставно
спојување):
Внесете го PIN-от на уредот
Bluetooth и потврдете го
внесеното.
Уредите се споени и се прикажува
главниот изборник на телефонот.
Именикот и листите повици (ако ги
има) се преземаат од уредот
Bluetooth.
Ако е потребно, потврдете ја
соодветната порака на уредот
Bluetooth.
Список на уредите
Списокот на уредите ги содржи
сите уреди Bluetooth споени со
инфозабавниот систем.
Ако се спои нов уред, се прикажува на списокот на уредите.
Поврзување уред
Изберете го уредот што сакате да
го поврзете. Се прикажува
подизборник.
Изберете го екранското копче
Select (одбирање) .
Претходно поврзаниот уред се
откачува и се поврзува тој уред.
Бришење уред
Изберете го уредот што сакате да го избришете. Се прикажува
подизборник.
Page 75 of 263

Телефон75
Изберете го екранското копче
Delete (бришење) .
Уредот е избришан.
Итен повик9 Предупредување
Воспоставувањето на врската
не може да се гарантира во сите
ситуации. Затоа немојте да се
потпрете исклучиво врз
мобилен телефон кога се
работи за мошне битна
комуникација (на пр. итен
медицински случај).
Во некои мрежи може да биде
неопходно за важечка SIM
картичка да се вметне правилно во мобилниот телефон.
9 Предупредување
Имајте на ум дека можете да се
јавувате и да примате повици со мобилниот телефон ако истиот
е во подрачје со услуги со
доволно силен сигнал. При
извесни околности не може да
се започнат повици за итни
случаи на сите мрежи за
мобилни телефони; возможно е
дека тие не можат да се
започнат кога не се активни
извесни услуги на мрежата и/
или телефонски функции.
Можете да се распрашате за тоа
кај опслужувачите на локалната мрежа.
Бројот за јавување во итни
случаи може да биде поинаков
зависно од регионот и
државата. Ве молиме да се
распрашате однапред за
правилниот број за јавување во
итни случаи за соодветниот
регион.
Јавување во случај на
опасност Вртете го бројот за итни повици
(на пр. 112).
Телефонската врска со центарот
за повици во случаи на опасност се воспоставува.
Одговорете кога персоналот одслужбата Ве праша за опасноста.9 Предупредување
Не го завршувајте повикот
додека од Вас не се побара да
го сторите тоа од страна на
центарот за повици за итни
случаи.
Ракување
Штом ќе се воспостави врска
преку Bluetooth-от помеѓу Вашиот
мобилен телефон и
Инфозабавниот систем, можете да
ракувате со многу функции на
Вашиот мобилен телефон и преку
Инфозабавниот систем.
Откако ќе ја поставите врската
помеѓу мобилниот телефон и
Инфозабавниот систем,
податоците од мобилниот телефон
се пренесуваат на Инфозабавниот
систем. Тоа може да потрае некое
време зависно од моделот на
телефонот. За тоа време,
Page 76 of 263

76Телефон
ракувањето со мобилниот телефоне можно само во ограничена мера
преку Инфозабавниот систем.
Не секој телефон ги поддржува сите функции на апликацијата за
телефон. Затоа, можни се
отстапувања од опсегот на
опишаните функции.
Главен изборник за
телефонот
За да се прикаже главниот
изборник на телефонот,
притиснете го копчето O. Се
прикажува следниот екран (ако е
поврзан мобилен телефон).Почнување телефонски повик
Внесување број
Притиснете го копчето O а потоа
изберете ја ставката Enter number
(внесување број) . Се прикажува
тастатура.
Внесете го саканиот број.
Изберете го екранското копче Del
(Бриши) или притиснете го копчето
BACK за да ја избришете
последната внесена бројка.
Изберете го екранското копче l
или k за да го поместите
покажувачот низ веќе внесениот
број.
За да почнете бирање, изберете го екранското копче OK (во ред).
Забелешка
Може да го отворите адресарот од
тастатурата притискајќи го
копчето PB (Именик) .
Именик
Притиснете го копчето O а потоа
изберете ја ставката Phone Book
(Именик) . Се прикажува
изборникот Phone Book Search
(Пребарување на именикот) .
Page 77 of 263

Телефон77
Изберете го саканиот опсег на
првата буква за да се предизберат
ставки од именикот што сакате да
се прикажат. Именикот скока на
положбата на избраниот опсег на
букви.Изберете ја саканата ставка од телефонскиот именик за да се
прикажат броевите зачувани под
таа ставка.
Изберете го саканиот број за да го
почнете бирањето.
Подредување на именикот
Именикот може да се подреди по презиме или по име.
За да го смените редоследот на
подредувањето, изберете го
копчето O, а потоа ставката
Phone Settings (Поставки на телефонот) .Изберете Sort Order (Редослед на
подредување) за да се прикаже
односниот подизборник.
Активирајте ја саканата опција.
Списоци со повици
Притиснете го копчето O а потоа
изберете ја ставката Call Lists
( Списоци на повици) . Се прикажува
изборникот Call Lists (Списоци на
повици) .
Изберете го саканиот список на
повици. Зависно од избраниот
список, се прикажуваат последните
дојдовни, појдовни или
пропуштени повици.
Page 78 of 263

78Телефон
Изберете ја саканата ставка на
списокот со повици за да го
почнете бирањето.
Дојдовни повици Кога доаѓа повик, се прикажува
порака на екранот.
За да го прифатите повикот,
изберете го екранското копче
Answer (Одговори) .
За да го одбиете повикот, изберете
го екранското копче Decline
(Одбиј) .
Функции за време на повик
Кога е активен повик, се прикажува прегледот при повик.
Завршување телефонски повик
За да го завршите повикот,
изберете го екранското копче Hang
up (затворање на телефонот) .
Исклучување звук на повик
За привремено исклучување на звукот на микрофонот, активирајте
го екранското копче Mute call
(стишување на повикот) .
Исклучете го екранското копче
Mute call (стишување на повикот) за
да го пуштите звукот на
микрофонот.
Префрлување на телефон
Изберете ја ставката Transfer to
Handset (Пренеси на телефон) за
да го пренесете повикот на
мобилниот телефон. Се прикажува изборникот Private Call (Приватен
повик) .
За да го префрлите повикот назад на инфозабавниот систем,
изберете ја ставката Transfer call
(Пренеси повик) од изборникот
Private Call (Приватен повик) .
Втор телефонски повик
Почнување втор телефонски повик
Додека е активен повик, изберете
ја ставката Enter number
(внесување број) во прегледот при
повик. Се прикажува тастатура.
Може да внесете број или изберете број од именикот, видете погоре.
Page 79 of 263

Телефон79
Втор дојдовен телефонски повик
Кога ќе дојде втор повик, се
прикажува порака на дното на
екранот.
Одберете ја саканата опција.
Ако се прифати повикот, првиот
повик се става на чекање, а
вториот станува активен.
Двата повика се прикажани во
прегледот при повик.
За да префрлувате меѓу повиците,
изберете ја ставката Switch calls
(префрлување меѓу повиците) .
Конференциски повик
Изберете го екранското копче
Merge calls (спојување на повици)
за да ги активирате двата повика истовремено.
Екранското копче Merge calls
( спојување на повици) се менува во
Detach call (одделување на
повикот) .
За да завршите конференциски
повик, изберете го екранското
копче Detach call (одделување на
повикот) .
Завршување телефонски повици
Во конференциски повик, изберете
го екранското копче Hang up
(затворање на телефонот) за да ги
завршите двата повика.
Текстуални пораки
Штом ќе се воспостави врска
преку Bluetooth-от меѓу мобилниот
телефон и Инфозабавниот систем,
можете да ракувате со дојдовното
сандаче за пораки на мобилниот
телефон преку инфозабавниот
систем.Не секој телефон ја поддржува
функцијата за текстуални пораки
на инфозабавниот систем.
Активирање на апликацијата
за размена на пораки на
мобилниот телефон Пренесувањето на податоците за
текстуални пораки до
инфозабавниот систем треба да се
активира на мобилниот телефон.
Во изборникот Bluetooth на
мобилниот телефон, изберете го
името на споениот инфозабавен
систем за да се прикаже односниот подизборник.
За да се прикажат текстуалните
пораки во апликацијата за пораки
на инфозабавниот систем,
активирајте ја соодветната
функција во подизборникот на
мобилниот телефон.
Потоа може да се избере иконата
Messages (пораки) на почетниот
изборник на инфозабавниот
систем.
Page 80 of 263

80Телефон
Дојдовна текстуална порака
Кога ќе се прими нова текстуална
порака, се појавува известување со името или бројот на испраќачот.
Изберете една од опциите во
известувањето.
Слушни
Ако сакате системот да ја прочита
пораката наглас, изберете го
екранското копче Listen (Слушај).
Преглед
За да се прикаже пораката на
екранот, изберете го соодветното
екранско копче.
Забелешка
Пораките се прикажуваат на
екранот само кога возилото е паркирано.
Отфрли
За да ја отфрлите пораката,
изберете го соодветното екранско
копче.Одговори
За директно одговарање на
пораката, изберете го екранското
копче Reply (Одговор) . Се
прикажува листа на готови пораки.
Изберете ја саканата порака и потврдете го внесеното.
Пораката се праќа.
Забелешка
Нови готови пораки може да се
направат во изборникот за
поставување.
Повик
За да го повикате испраќачот на
текстуалната порака, изберете го
екранското копче Call (повикај).
Дојдовна папка
Притиснете го копчето ;, а потоа
изберете ја иконата Messages
(пораки) за да се прикаже
односниот изборник.
Изберете ја ставката Inbox
(дојдовна папка) за да се прикаже
листа на сите пораки во приемното
сандаче.
Изберете ја саканата порака.
Пораката се прикажува на екранот.
Забелешка
Пораките се прикажуваат на
екранот само кога возилото е
паркирано.
Ако сакате, изберете една од
опциите на дното на екранот
(видете погоре).
Поставки
Притиснете го копчето ;, а потоа
изберете ја иконата Messages
(пораки) за да се прикаже
односниот изборник.