OPEL MOKKA 2015.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015.5, Model line: MOKKA, Model: OPEL MOKKA 2015.5Pages: 257, PDF Size: 6.49 MB
Page 181 of 257

Возење и ракување179
Чување на влечната кука
Торбата со влечната кука се чува
во задниот простор за складирање
на подот.
Протнете го ременот низ алката за врзување, завиткајте го околу неа
двапати и затегнете го ременот за
да се прицврсти торбата.
Монтирање на топчестата
влечна кука
Олабавување на двете
заклучувачки клинчиња со
употреба на штрафцигер.
Извади ги двете заклучувачки
клинчиња.
Повлечи ја покривката напред
преку оградите и извади ја.
Page 182 of 257

180Возење и ракување
Откачете го и преклопете го
приклучникот. Извадете го
заптивниот клин од дупката за
влечната кука и складирајте го.
Проверка на затегнатоста на
влечната кука
■ Црвената ознака на вртливото
копче посочува кон зелената
ознака на влечната кука.
■ Меѓупросторот помеѓу вртливото
копче и влечната кука мора да
биде околу 6 мм.
■ Клучот треба да биде во положбата c.
Инаку влечната кука треба да се
затегне пред да се вметне:
■ Отклучете ја влечната кука со вртење на клучот во положбата
c .
■ Извлечете го вртливото копче и
свртете го во правец на
стрелките на часовникот колку
што може.
Вметнување на влечната кука
Вметнете ја затегнатата шипка на
влечната кука во отворот и турнете
ја цврсто угоре додека не се
заглави чујно.
Вртливата рачка скокнува назад во
основната положба, потпирајќи се
на влечната кука без расцеп.
Page 183 of 257

Возење и ракување1819Предупредување
Не ја допирајте вртливата рачка
за време на вметнувањето.
Заклучете ја влечната кука со
вртење на клучот во положбата e.
Извадете го клучот и затворете го
заштитното капаче.
Алка за кабелот за приврзување
Закачете го кабелот кој спречува
да се откачи приколката, за алката.
Проверете дали влечната кука е
правилно инсталирана
■ Зелената ознака на вртливото копче мора да посочува кон
зелената ознака на влечната
кука.
■ Не смее да има расцеп помеѓу вртливата рачка и шипката на
влечната кука.
■ Влечната кука треба цврсто да се
заглави во отворот.
■ Влечната кука треба да се заклучи и клучот да се извади.9 Предупредување
Влечењето на приколка е
дозволена само ако влечната
кука е монтирана правилно. Ако влечната кука не е заглавена
правилно, побарајте помош од
автомехануичар.
Демонтирање на топчестата
влечна кука
Отворете ја заштитната вратичка и свртете го клучот во положбата c
за да се отклучи влечната кука.
Извлечете ја вртливата рачка и
свртете ја во правец на стрелките
на часовникот колку што може.
Извлечете ја шипката на влечната
кука удолу.
Вметнете го заптивниот клин во
отворот. Преклопете го
приклучокот.
Закачи ја покривката и стави ги
двете заклучувачки клинчиња.
Page 184 of 257

182Нега на возилотоНега на возилотоОпшти информации.................182
Прверки на возилото ...............183
Замена на сијалиците ..............191
Електричен систем ..................198
Прирачен алат ......................... 204
Тркала и гуми ........................... 204
Палење со кабли ......................220
Влечење ................................... 222
Нега за изгледот ......................224Општи информации
Додатоци и
модификации на
возилото
Го препорачуваме користењето на
оригинални делови и опрема, и
делови одобрени од фабриката
специфично за Вашиот вид на
возило. Не можеме да оцениме или гарантираме сигурност за други
производи - дури и да имаат
регулативно или поинаку дадено
одобрение.
Не вршете преиначувања на
електричниот систем, на пр.
измени на електронските
контролни уреди (чип тјунинг).Внимание
При превезување на возилото
со воз или со возило за
влечење, калниците може да се
оштетат.
Чување на возилото
Складирање за долго времеАко возилото има да се складира за
повеќе месеци:
■ Измијте го и полирајте го возилото.
■ Нека Ви ја проверат заштитата со
восок во моторниот простор и
подвозје.
■ Исчистете ги и намачкајте ги гумените кедери.
■ Наполнете го резервоарот за гориво докрај.
■ Сменете го моторното масло.
■ Исцедете го садот за течноста за
миење.
■ Проверете ги течноста за ладење, антифризот и
заштитата од корозија.
■ Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста определена
за полна натовареност.
■ Паркирајте го возилото на суво, добро проветрено место.
Ставете во прва брзина или
Page 185 of 257

Нега на возилото183
рикверц или лостот на менувачотво P. Спречете го возилото од
тркалење.
■ Не затегнувајте ја рачната сопирачка.
■ Отворете ја хаубата, затворете ги сите врати и заклучете го
возилото.
■ Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Внимавајте сите системи да
бидат исклучени, на пр. системот
за тревожење при кражба.
Враќање во работна состојба Кога возилото има да се врати в
работа:
■ Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Активирајте ја електрониката на
електричните прозорци.
■ Проверете го притисокот во гумите.
■ Наполнете го садот за течноста за миење.
■ Проверете го нивото на моторното масло.■Проверете го новито на течноста
за ладење.
■ Ставете ја регистарската табличка ако е потребно.
Демонтирање на
возилото на крајот на
работниот век
Информациите за центрите за
демонтирање и рециклирање на
возилата што се на крајот од својот
работен век се наоѓаат на нашата
веб страница, каде што се бара со
закон. Доверете му ја оваа работа само на овластен центар за
рециклирање.
Возилата на гас мора да ги
рециклира сервисен центар
овластен за возила на гас.Прверки на возилото
Вршење работа9 Предупредување
Вршете проверки на моторниот
простор само кога е исклучено палењето.
Вентилаторот за ладење може
да проработи дури и ако е
исклучено палењето.
Page 186 of 257

184Нега на возилото9Опасност
Системот за палење и
ксенонските фарови користат
крајно висок напон. Не
допирајте ги.
Хауба
Отворање
Повлечете ја рачката за
ослободување и вратете ја во
првобитната положба.
Свртете ја безбедносната брава
настрана кон левата страна на
возилото и отворете ја хаубата.
Повлечете ја шипката за
потпирање нагоре нежно од
држачот. И потоа прицврстете ја кај
левата кука на хаубата.
Ако багажникот е отворен за време на Autostop, моторот ќе се запали
повторно автоматски поради
безбедноста.
Затворање
Пред да ја затворите хаубата,
притиснете го потпирачот во
држачот.
Спуштете ја хаубата и оставете да
падне на бравата од мала висина
(20-25 см). Проверете дали
хаубата е заглавена.Внимание
Не притискајте ја хаубата на
резето, за да избегнете
вдлабнувања.
Моторно масло
Редовно проверувајте го нивото на моторното масло рачно за да се
спречи оштетување на моторот.
Page 187 of 257

Нега на возилото185
Уверувајте се дека се користи
масло со правилната
спецификација. Препорачани
течности и средства за
подмачкување 3 229.
Проверувајте го со возилото на
рамна површина. Моторот треба
да биде на работна температура и
исклучен најмалку 5 минути.
Извлечете ја прачката, исчистете
ја со бришење, вметнете ја до
запирот на рачката, извлечете ја и
отчитајте го нивото на моторното
масло.
Вметнете ја прачката докрај на рачката и свртете ја за пола
вртење.
Кога нивото на моторното масло
паднало до ознаката MIN дотурете
моторно масло.
Препорачуваме употреба на
моторно масло од иста класа со
употребеното при последното
менување.
Нивото на моторното масло не
смее да ја надмине ознаката MAX
на прачката.
Капачето за полнење моторно
масло се наоѓа на покривката на
брегастата оска.
Page 188 of 257

186Нега на возилотоВнимание
Вишокот на моторното масло
треба да се исиса или да се
отстрани.
Зафатнини 3 241.
Наместете го капачето право и
затегнете го.
Ладилник
Средството за ладење овозможува заштита од замрзнување до околу
-30 °C. Во северните земји со многу
ниски температури фабрички
наполнетото средство за ладење
овозможува заштита од
замрзнување до околу -40 °C.
Внимание
Употребувајте само одобрен
антифриз.
Ниво на течноста за ладењеВнимание
Прениското ниво на течноста за ладење може да предизвика
оштетување на моторот.
Ако системот за ладење е студен,
течноста за ладење треба да биде
над линиската ознака за полнење.
Дотурете ако нивото е ниско.
9 Предупредување
Оставете моторот да се олади
пред да го отворите капачето. Внимателно отворајте го
капакот, ослободуваќи го вишок
притисокот полека.
За дотурање користете 1:1
мешавина на купен концентрат од
течност за ладење мешан со чиста вода од чешмата. Ако не е
достапен концентрат од течност за
ладење, користете чиста вода од
чешмата. Ставете го капакот
цврсто. Нека Ви ја провери
концентрацијата на течноста за
ладење и нека Ви ја отстрани
причината на губење на течноста за ладење автомеханичар.
Page 189 of 257

Нега на возилото187Течност за серво
управувањеВнимание
Многу мали загадувања може да предизвикат оштетување на
системот за управување и
неправилна работа. Не
дозволувајте загадувачи да
дојдат во допир со делот што
доаѓа во допир со течноста на
капачето на резервоарот/
прачката за мерење или да
навлезат во резервоарот.
Течноста за серво управување
обично не треба да се проверува. Во случај на невообичаен звук за
време на управувањето или ако
серво управувањето реагира
сомнително, побарајте помош во
сервис.
Течност за миење
Наполнете со чиста вода мешана
со соодветно количество одобрена течност за миење на
шофершајбната која содржи
антифриз.
Внимание
Само течностите за миење со
доволна концентрација на
антифриз даваат заштита при
ниски температури или нагол
пад во температурата.
Користењето течност за миење
што содржи изопропанол може
да ги оштети надворешните
ламби.
Сопирачки
Во случај на минимална дебелина
на плочките за сопирање, за време
на сопирањето се слуша цвичење.
Можно е да се продолжи
патувањето но нека Ви ги заменат пакните на сопирачките што
побргу.
Штом се ставени нови пакните, не сопирајте непотребно силно на
првите неколку патувања.
Page 190 of 257

188Нега на возилотоТечност за сопирачките9Предупредување
Течноста за сопирачките е
отровна и нагризува. Избегнете
контакт со очите, кожата,
текстил и бојадисани површини.
Течноста за сопирачките мора да
биде помеѓу ознаките MIN и MAX .
Ако нивото на течноста е под MIN,
побарајте помош од
автомеханичар.
Течност за сопирачките и за
куплунгот 3 229.
Акумулатор
Возилата без систем за сопирање-
поаѓање се опремени со оловно-
киселински акумулатор. Возилата
со систем за сопирање-поаѓање се
опремени со акумулатор AGM,
којшто не е оловно-киселински.
Акумулаторот на возилото не се
сервисира под услов
карактеристиките на возењето да
овозможат доволно полнење на
акумулаторот. Возењето по кратки растојанија и чести палења на
моторот можат да го испразнат
акумулаторот. Избегнувајте ја
употребата на непотребни
електрични потрошувачи.Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Паркирањето на возилото подолго од 4 недели може да доведе до
празнење на акумулаторот.
Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Уверете се дека палењето е
исклучено пред да го поврзете или
откачите акумулаторот на
возилото.
Заштита на акумулаторот од
празнење 3 127.
Замена на акумулаторот Забелешка
Непочитувањето на упатствата дадени во ова поглавје може да
доведе до привремено
исклучување на системот за
сопирање-поаѓање.
Кога се заменува акумулаторот,
проверете да нема отворени дупки за проветрување во близина на
позитивната клема. Ако некоја