OPEL MOKKA 2015.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015.5, Model line: MOKKA, Model: OPEL MOKKA 2015.5Pages: 257, PDF Size: 6.49 MB
Page 161 of 257

Возење и ракување159
Активирање
Предупредувањето за преден
судир работи автоматски при
брзина поголема од 40 км/ч ако не
е исклучено со притискање V,
видете подолу.
Избор на чувствителноста на предупредувањето
Чувствителноста на
известувањата може да се постави на блиску, средно или далеку.Притисни V: тековните поставки
се прикажани во Информативниот
центар за возачот. Притисни го V
повторно за промена на
осетливоста на алармот.Известување на возачот
Кога се приближува друго возило
со преголема брзина, алармот за судар ќе биде вклучен во
Информативниот центар за
возачот. Истовремено се слуша
предупредувачки звук на
ѕвончиња. Притиснете го педалот
на сопирачката, ако тоа го бара
ситуацијата.
Page 162 of 257

160Возење и ракување
Деактивирање
Системот може да се деактивира.
Притискај го V постојано додека
следната порака не се појави во
Информативниот центар за
возачот.
Општи информации
9 Предупредување
Предупредувањето за преден
судир е само систем за
предупредување и не ги
активира сопирачките. Кога се
приближувате кон возило
напред премногу брзо, може да
не ви остави доволно време за
да избегнете судир.
Возачот прифаќа целосна
одговорност за соодветно
растојание напред врз основа
на сообраќајните, временските
и условите на видливоста.
Секогаш е потребно целосно
внимание на возачот при
возењето. Возачот треба да е
постојано подготвен да
дејствува и да ги активира
сопирачките.
Системски ограничувања
Системот е конструиран да
предупредува само за возила, но
може да реагира и на други
метални предмети.
Во следниве случаи,
предупредувањето за преден
судир може да не открие возило
напред или перформансите на
сензорот се ограничени:
■ на патишта со многу свиоци
■ кога времето ја ограничува видливоста, на пр. кога има
магла, дожд или снег
■ кога сензорот е блокиран од снег,
мраз, влажен снег, кал,
нечистотија или оштетувања на
шофершајбната
Помош за паркирање
Помошта за паркирање го
олеснува паркирањето со мерење
на растојанието помеѓу возилото и
Page 163 of 257

Возење и ракување161
пречките, и со давање звучни
сигнали. Меѓутоа, возачот носи
целосна одговорност за маневрата
за паркирање.
Системот се состои од четири
ултрасонични сензори за
паркирање во задниот браник. Ако
возилото е опремено со предна
помош за паркирање, системот се
состои од четири дополнителни
ултрасонични сензори за
паркирање во предниот браник.
Контролна сијаличка r 3 95.
АктивирањеКога се става во рикверц, системот
се активира автоматски.
Предната помош за паркирање
може исто така да се активира при
мала брзина со притиснување r.
Запалена сијаличка во копчето на
помошта за паркирање означува
дека системот е готов да работи.
На пречки укажува звучен сигнал.
Периодот помеѓу звуците се
скратува додека возилото стигнува поблизу до пречката. Кога е
растојанието помало од 30 см,
звучниот сигнал е непрекинат.
Ако r е притиснато еднаш
заедно со циклусот на палење,
предната помош за паркирање се
реактивира ако брзината на
возилото падне под одредена
вредност и ако брзината на
возилото претходно не надминала
25 км/ч .
Деактивирање
Деактивирање на системот со
притискање r.Сијаличката во копчето ќе се
изгасне и Park Assist Off (Помошта
при паркирање е исклучена) ќе се
прикаже во Информативниот
центар за возачот (DIC).
Системот се деактивира
автоматски при извесна брзина.
Дефект
Во случај на дефект во системот,
r свети или во Информативниот
систем за возачот (DIC) се
прикажува порака за возилото.
Освен тоа, r свети или се
прикажува предупредувачка
порака во Информативниот центар за возачот (DIC) ако се открие
неисправност поради привремени
услови, на пр. сензори прекриени
со снег.
Пораки за возилото 3 105.
Page 164 of 257

162Возење и ракување
Важни практични совети закористење на системите за
помош при паркирање9 Предупредување
При одредени околности,
разните сјајни површини на
предмети или облеки, како и
надворешните извори на бучава
може да предизвикаат системот
да не ги открие пречките.
Треба да се обрне посебно
внимание на ниските пречки кои може да го оштетат долниот дел на браникот. Ако такви пречки ја напуштаат зоната за
приметување на сензорите за
време на приближувањето со
возилото, ќе се огласи
непрекинат предупредувачки
тон.
Внимание
Перформансите на системот
може да бидат намалени кога
сензорите се прекриени, на пр.
со мраз или снег.
Перформансите на системот за помош при паркирање може да
се намалат поради голема
оптовареност.
Важат посебни услови ако во
близина има повисоки возила
(на пр. теренски возила,
комбија, камионети).
Идентификацијата на предмети
и правилното укажување на
оддалеченоста во горните
делови од такви возила не може да се гарантира.
Системот може да не открие
предмети со многу мала
површина за одразување,
на пр. тесни предмети или меки
материјали.
Системите за помош за
паркирање не откриваат
предмети надвор од опсегот за
откривање.
Забелешка
Системот за помош при
паркирање автоматски ја
приметува фабрично
монтираната опрема за влечење.
Се деактивира кога е приклучен
штекерот.
Сензорот може да открие
непостоечки предмети (ехо
пречење), што е предизвикано од
надворешни звучни или
механички пречки.
Забелешка
Помошта за паркирање е
деактивирана кога е извлечен
задниот систем за носење.
Ретровизорска камера
Ретровизорската камера му помага на возачот кога вози наназад со
прикажување поглед на подрачјето зад возилото.
Page 165 of 257

Возење и ракување163
Сликата од камерата се прикажува
на информативниот екран во боја.9 Предупредување
Ретровизорската камера не го
заменува видот на возачот.
Имајте предвид дека предмети
што се надвор од полето на
видливост на камерата и на
сензорите за напредна помош
за паркирање, на пр. под
браникот или под возилото, не
се прикажуваат.
Не возете наназад со возилото
гледајќи само во инфо-екранот
и проверете ги подрачјето
одзади и околу возилото пред
да возите наназад.
Активирање
Ретровизорската камера се
активира автоматски кога ќе се
стави во рикверц.
Функционалност
Камерата е монтирана на рачката
на задната врата и има агол на гледање од 130°.
Поради високата положба на
камерата, задниот браник може да
се види на екранот како ориентир
за положбата.
Подрачјето што го прикажува
камерата е ограничено.
Оддалеченоста на сликата што се
појавува на екранот се разликува
од фактичката оддалеченост.
Наведувачки линии
Динамичките наведувачки линии
се хоризонтални линии на
растојание од 1 метар проектирани
Page 166 of 257

164Возење и ракување
на сликата за да ја определат
оддалеченоста од прикажаните
објекти.
Траекториската патека на
возилото се прикажува во
согласност со аголот на свртеност
на воланот.
Функцијата може да се исклучи во изборникот Settings (поставки) на
Инфо-екранот. Приспособување
на возилото кон индивидуалните
потреби 3 111.
Предупредувачки симболи
Предупредувачките симболи се
покажуваат како триаголници 9 на
сликата што ги покажува пречките
откриени од задните сензори на
напредната помош за паркирање.
Поставки за екранот
Navi 650/Navi 950 : Осветленоста
може да се намести со притискање и потоа вртење на надворешниот
прстен на Копчето за повеќе
функции.
CD 600 : Осветленоста може да се
постави прво со притискање, а
потоа со вртење на копчето за
повеќе функции.
Деактивирање
Камерата се деактивира кога ќе се
надмине одредена брзина
нанапред или ако не се стави во
рикверц околу 10 секунди.
Активирањето или
деактивирањето на
ретровизорската камера може да
се смени во изборникот Settings(поставки) на Инфо-екранот.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 111.
Дефект
Пораки за дефект се прикажуваат
со 9 во горниот ред на
информативниот екран.
Ретровизорската камера може да
не работи правилно кога:
■ Околното подрачје е темно.
■ Сонце или фарови светат директно во објективот на
камерата.
■ Мраз, снег, кал или нешто друго го прекрива објективот на
камерата. Исчистете го
објективот, исплакнете го со
вода и избришете го со мека
крпа.
■ Задната врата не е затворена правилно.
■ Возилото се судрило од задната страна.
■ Има екстремни промени на температурата.
Page 167 of 257

Возење и ракување165Помошник за
сообраќајни знаци
Функционалност Системот за помош со сообраќајни
знаци ги забележува назначените
сообраќајни знаци преку една
предна камера и ги прикажува во
Информативниот центар за
возачот (DIC).
Сообраќајните знаци коишто ќе се
приметат се:
Знаци за ограничување и за
забрането поминување ■ ограничување на брзина
■ поминувањето е забрането
■ крај на ограничувањето на брзината
■ крај на забраната на поминувањетоЗнаци на пат
Почеток и крај на:
■ автопати
■ главни патишта
■ улици за играњеДополнителни знаци ■ дополнителни сообраќајни знаци
■ ограничувања за влечење приколки
■ предупредување за влажен пат
■ предупредување за мраз
■ стрелки за насока
Знаците за ограничување на
брзината се прикажуваат на
Информативниот центар за
возачот (DIC) додека не се
препознае следниот знак заограничување или за крај на
ограничување на брзината или до
одредено време за истекување на
знакот.
Возможни се комбинации на
повеќе знаци на екранот.
Page 168 of 257

166Возење и ракување
Извичник во рамка укажува дека е
откриен дополнителен знак што системот не го препознава.
Системот е активен до брзина од
200 км/ч во зависност од
осветленоста. Ноќе системот е
активен до брзина од 160 км/ч.
Штом брзината ќе стане помала од 55 км/ч, екранот ќе се препостави и
содржината на страницата со
сообраќајни знаци ќе се избрише.
Ќе се прикаже означувањето за
следната препознаена брзина.
Индикации на екранот
Сообраќајните знаци се
прикажуваат на страницата Traffic
sign detection (приметување на
сообраќајни знаци) во
Информативниот центар за
возачот, одбрана преку тркалцето
за местење на рачката за
трепкачите 3 99.
Кога е избрана друга функција на
изборникот на Информативниот
центар за возачот (DIC) и потоа повторно ќе се одбере страницата
Забележување сообраќајни знаци ,
ќе се прикаже последниот
препознаен сообраќаен знак.
Откако системот ќе ја избрише
страницата со сообраќајни знаци,
ќе се прикаже следниот симбол:
Содржината на страницата за
сообраќајни знаци се брише и за
време на возењето со притискање
на копчето SET/CLR на рачката за
трепкачите подолго време.
Page 169 of 257

Возење и ракување167
Функција за појавувачкииндикации
Ограничувања на брзината и знаци
за забранување на преминувањето се прикажуваат како појавувачки
индикации на секоја страница на
Информативниот центар за
возачот.Функцијата за појавувачки
индикации може да се деактивира на страницата за сообраќајни
знаци со притискање на копчето
SET/CLR на рачката за трепкачот.Откако ќе се појави страницата со
поставки, изберете Off
(Исклучување) за деактивирање на
функцијата за појавувачки
индикации. Се активира повторно
со избирање на On (Вкл.). Кога се
вклучува палењето, појавната
функција се исклучува.
Појавувачката индикација се
прикажува околу 8 секунди во
Информативниот центар за
возачот (DIC).
Page 170 of 257

168Возење и ракување
Дефект
Системот за помош со сообраќајни знаци може да не работи правилно
кога:
■ Пределот на шофершајбната каде што се наоѓа предната
камера не е чист.
■ Сообраќајните знаци се целосно или делумно прекриени или
тешко се распознаваат.
■ Има неповолни услови од околината, на пр. силен дожд,
снег, директна сончева светлина
или сенки. Во таков случај No
Traffic Sign Detection due to Weather (Нема приметување на
сообраќајните знаци поради
времето) се означува на екранот.
■ Сообраќајните знаци се неправилно монтирани или се
оштетени.
■ Сообраќајните знаци не се во согласност со Виенската
конвенција за сообраќајни знаци.Внимание
Системот е наменет да му
помага на возачот во опсегот на одреден обем на брзини за дапрепознава извесни
сообраќајни знаци. Не ги
игнорирајте тие сообраќајни
знаци кои не ги прикажува
системот.
Системот не препознава други
сообраќајни знаци, освен
вообичаените, кои можат да
пропишат или ослободат од
ограничување на брзината.
Не дозволувајте оваа посебна
функција да Ве наведе да
ризикувате кога возите.
Секогаш приспособувајте ја
брзината кон условите на патот.
Системите за помош на возачот не го ослободуваат возачот од
целосната одговорност за
работење со возилото.
Предупредување за
напуштање лента
Системот за предупредување за
напуштање на лента ги набљудува обележувањата на лентите помеѓу
коишто возилото се вози преку
една предна камера. Системот ги
детектира менувања на лентата и
го предупредува возачот во случај
на ненамерно менување на
лентата со визуелни и звучни
сигнали.
Критериуми за приметувањето на ненамерно менување на лента се:
■ неработењето со трепкачите
■ неработењето со педалот на сопирачките
■ немање активно работење со педалот за гас или забрзување
■ немање активното управување со воланот
Ако возачот е активен, нема да се
издаде никакво предупредување.