OPEL MOKKA 2015.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015.5, Model line: MOKKA, Model: OPEL MOKKA 2015.5Pages: 257, PDF Size: 6.49 MB
Page 151 of 257

Возење и ракување149Рачен менувач
За ставање во рикверц, кога
возилото е во мирување, нагазнете го куплунгот, притиснете го копчето за ослободување на рачката на
менувачот и ставете во рикверц.
Ако менувачот не влезе во
рикверц, ставете ја рачката во лер,
отпуштете го куплунгот и повторно
притиснете го; потоа повторете го
ставањето во рикверц.
Не нагазнувајте го куплунгот
непотребно.
Кога ракувате со него, притиснете го куплунгот целосно. Не одморајте
ја ногата на педалот.Внимание
Не е препорачливо да се вози со раката легната на рачката наменувачот.
Системи за возење
Погон на сите тркала Системот за погон на сите тркала
(AWD) ги зголемува возните
карактеристики и стабилноста, и
помага да се постигне најдобрата
можна возност независно од
површината на земјата. Системот
секогаш е активен и не може да се
деактивира.
Вртежниот момент се
распределува без фази помеѓу
тркалата на предната и задната
оска, зависно од условите на
возењето. Дополнително
вртежниот момент меѓу задните
тркала се распределува зависно од
површината.
За оптимални перформанси на
системот, гумите на возилото не
смеат бидат изабени до различни
степени.
При користење на привремено
резервно тркало, системот AWD
автоматски се оневозможува.
Page 152 of 257

150Возење и ракување
Системот AWD ќе биде
привремено оневозможен за да го
заштити системот од прегревање, доколку дојде до прекумерно
вртење на тркалото. Кога системот
ќе се излади, AWD повторно ќе се
активира.
Деактивирањето на системот AWD
ќе се означи со порака на центарот за информирање на возачот.
Ако се појави порака за сервис или предупредување код Ѕ73 на
информативниот центар за
возачот, во тој случај има грешка
во системот AWD. Побарајте
помош од автомеханичар.
Пораки за возилото 3 105,
Влечење на возилот 3 222.Сопирачки
Системот на сопирачките се состои
од две независни кола за
сопирање.
Ако откаже едно коло за сопирање, возилото се уште може да се сопре
со употреба на другото коло за
сопирање. Меѓутоа, дејството на
сопирањето се постигнува само
кога педалата на сопирачките е
притисната цврсто. Значително
поголема сила треба за тоа.
Растојанието за сопирање се
зголемува. Побарајте помош од
автомеханичар пред да
продолжите со патувањето.
Кога моторот не работи,
поддршката на серво уредот за
сопирачките ја снемува штом
педалот за сопирачките ќе се
притисне еднаш или двапати.
Дејството на сопирањето не е
намалено, но за сопирање е
потребна значајно поголема сила.
Тоа е особено важно да се има на
ум кога се влече.
Контролна сијаличка R 3 94.Систем за деблокирање
на сопирачките Системот за деблокирање на
сопирачките (ABS) ги спречува
тркалата да се блокираат.
ABS почнува да го регулира
притисокот на сопирачките штом
некое тркало покажува тенденција
да се блокира. Возилото останува
управливо, дури при јако
сопирање.
Контролата на ABS станува
очигледна преку пулсирање во
педалот на сопирачките и звукот на
процесот за регулирање.
За оптимално сопирање, држете го педалот за сопирачките целосно
притиснат за време на целиот
процес на сопирањето, иако
педалот ќе пулсира. Не
намалувајте го притисокот врз
педалот.
По палењето, системот врши
самоиспитување што може да биде
бучно.
Контролна сијаличка u 3 94.
Page 153 of 257

Возење и ракување151
Приспособливо стоп-светлоПри целосно сопирање, сите три
стоп-светла трепкаат за време на
примената на ABS контролата.
Дефект9 Предупредување
Ако има дефект во ABS,
тркалата може да бидат склони
да се блокираат поради такво
кочење што е посилно од
обичното. Предностите на ABS
веќе не функционираат. При
силно сопирање, со возилото не може веќе да се управува и
може да скршне.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Сопирачка за паркирање9 Предупредување
Секогаш затегнувајте ја рачната
сопирачка цврсто без да
ракувате со копчето за
ослободување, и на удолнини
или угорнини затегнете ја
истата колку е можно поцврсто.
За да ја отпуштите рачната
сопирачка, малку повлечете ја
рачката нагоре, притиснете го
копчето за ослободување и
спуштете ја рачката целосно.
За да се намалат работните
сили на рачната сопирачка,
истовремено притискајте ја
ножната сопирачка.
Контролна сијаличка R 3 94.
Серво кочење Ако педалот за сопирачките се
нагазне брзо и силно,
максималната сила на сопирањето автоматски се применува (целосно
сопирање).
Одржувајте постојан притисок врз
педалот на сопирачката се додека
постои потреба од целосно
сопирање. Максималната сила на
сопирањето автоматски се
намалува кога се отпушта педалот
за сопирачките.
Помош при поаѓање на
угорници
Системот помага да се спречи несакано движење кога се вози по стрмнини.
Page 154 of 257

152Возење и ракување
При отпуштање на ножната
сопирачка по застанување на
закосена површина, сопирачките
се активирани уште две секунди.
Сопирачките се отпуштаат
автоматски штом возилото ќе
почне да забрзува.
Помошта при поаѓање по
нагорнини не е активна за време
на Autostop.Системи за контрола
на возењето
Систем за контрола на
пролизгувањето
Системот за контрола на
пролизгувањето (TC) е компонента
на Електронската контрола на
стабилноста (ESC) 3 153.
TC ја подобрува стабилноста при
возењето кога е потребно, без
оглед на видот на површината на
коловозот или прилепувањето на
гумите, со спречување на
шлајфувањето на погонските
тркала.
Штом погонските тркала почнат да
шлајфуваат, излезната силата на
моторот се намалува и тркалото
кое најмногу шлајфува поединечно се сопира. Тоа значително ја
подобрува стабилноста при
возење на возилото на лизгави
површини.
TC функционира по секое палење
на моторот штом ќе се изгасне
контролната сијаличка b.Кога работи TC, b трепка.9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Контролна сијаличка b 3 95.
Деактивирање
Page 155 of 257

Возење и ракување153
TC може да се исклучи кога е
потребно шлајфување на
погонските тркала:
притиснете t кусо за да се
деактивира TC, светнува k.
Деактивирањето се прикажува како порака за состојбата во
Информативниот центар за
возачот.
ТС повторно се активира со
повторно притискање на t.
TC исто така се активира повторно
следниот пат кога ќе се вклучи
палењето.
Електронска контрола на
стабилноста Електронската контрола на
стабилноста (ESC) ја подобрува стабилноста при возењето кога е
потребно, без оглед на видот на површината на патот или
прилепувањето на гумите. Го
спречува и превртувањето на
погонските тркала.Штом возилото почне да занесува
(недоволно вртење/нагло
свртување), излезната сила на
моторот се намалува и тркалата се сопираат посебно. Тоа значително
ја подобрува стабилноста при
возење на возилото на лизгави
површини.
ESC функционира по секое палење на моторот штом ќе се изгасне
контролната сијаличка b.
Кога работи ESC, b трепка.9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Контролна сијаличка b 3 95.
Деактивирање
За возење со многу високи
перформанси ESC може да се
деактивира: држете го t
притиснато околу 5 секунди.
Контролните сијалички k и n
светат.
ESC повторно се активира со
повторно притискање на t. Ако
системот TC беше претходно
исклучен, и TC и ESC се
активирани повторно.
ESC исто така се активира
повторно следниот пат кога ќе се
вклучи палењето.
Page 156 of 257

154Возење и ракувањеСистем за контрола на
спуштањето
Системот за контрола на
спуштањето (DCS) овозможува
возилото да патува со мала брзина
без притискање на педалата на
сопирачката. Возилото автоматски
ќе ја намали брзината и ќе остане
на таа брзина кога е активен
системот. Може да има бучава или вибрации од сопирачките кога е
активен системот.Внимание
Користете го само кога се
спуштате по стрмнини додека
возите надвор од патишта. Не
користете го кога возите по
нормални патни површини.
Непотребното користење на
функцијата DCS, како при
возење по нормални патишта,
може да ги оштети системот на
сопирачките и функцијата ESC.
Вклучување
При брзини под 40 км/ч, притиснете го копчето u. DCS функционира
штом ќе светне контролната
сијаличка u.
Активирање
DCS е активно при брзини меѓу 2 и
35 км/ч. Зависно од моменталната
брзина, возилото ќе забрза или
забави до брзина меѓу 5 и 20 км/ч.
Кога е активно DCS, u трепка.
DCS ќе се активира само на
патишта со одредена стрмнина.
Деактивирање
DCS се деактивира ако возилото
забави под 2 км/ч или забрза над 35
км/ч.
ИсклучувањеПовторно притиснете го копчето u.
Контролната сијаличка u се гаси.
При брзини над 60 км/ч, системот
се исклучува автоматски.
Page 157 of 257

Возење и ракување155Системи за помош на
возачот9 Предупредување
Системите за помош на возачот
се конструирани да го
поддржуваат возачот, а не да го заменат вниманието на возачот.
Возачот има целосна
одговорност кога го вози
возилото.
Кога се користат системите за
помош за возачот, секогаш
внимавајте на моменталната
сообраќајна ситуација.
Контрола на патувањето
Контролата на патувањето може
да сними и одржува брзини од
околу 30 до 200 км/ч. Може да дојде до отстапувања од снимените
брзини кога се вози по угорници
или удолнини.
Од безбедносни причини,
контролата на патувањето не може да се активира додека ножната
сопирачка не се притисне барем
еднаш. Активирањето во прва
брзина не е возможно.
Не ја користите контролата на
патувањето ако не е препорачливо да се одржи постајана брзина.
Со автоматскиот менувач,
контролата на патувањето
активирајте ја само во автоматски
режим.
Контролна сијаличка m 3 98.
Вклучување
Притиснете m: контролната
сијаличка m во групата
инструменти свети бело.
Активирање
Забрзајте се до саканата брзина и
свртете го малото тркалце на
SET/- : актуелната брзина се
зачувува и одржува. Контролната
сијаличка m во групата
инструменти свети зелено. Педалот за гас може да се отпушти.
Брзината на возилото може да се
зголеми со нагазување на
педалата за гас. Кога ќе се отпушти
педалот за гас, се продолжува со
претходно зачуваната брзина.
Контролата на патувањето
останува активирана при промена
на брзината.
Зголемување на брзината
При активна контрола на
патувањето, држете го малото
тркалце свртено на RES/+ или
вртете го накратко на RES/+ повеќе
Page 158 of 257

156Возење и ракување
пати: брзината се зголемува
продолжително или во мали
чекори.
Како алтернатива забрзете се до
саканата брзина и снимете ја со
вртење на SET/-.
Намалување на брзината
При активна контрола на
патувањето, држете го малото
тркалце свртено на SET/- или
вртете го накратко на SET/- повеќе
пати: брзината се намалува
продолжително или во мали
чекори.
Деактивирање Притиснете го y: контролната
сијаличка m во групата
инструменти свети бело.
Контролата на патувањето се
деактивира. Последната зачувана
брзина се меморира за повторно
враќање на брзината подоцна.Автоматско деактивирање:
■ Брзината на возилото е под околу 30 км/ч.
■ Брзината на возилото е над околу 200 км/ч.
■ Педалата на сопирачките е притисната.
■ Педалата на куплунгот е притисната неколку секунди.
■ Рачката на менувачот е заглавена во N.
■ Брзината на моторот е многу мала.
■ Системот за контрола на пролизгувањето или
Електронската контрола за
стабилност работи.
Продолжување со снимената
брзина
Свртете го малото тркалце на
RES/+ при брзина над 30 км/ч.
Снимената брзина повторно ќе се
постигне.Исклучување
Притиснете го m: контролната
сијаличка m во групата
инструменти гасне. Зачуваната
брзина се брише.
Со притискање на L за активирање
на ограничувачот на брзината или
исклучување на палењето се
исклучува и контролата на
патувањето и се брише зачуваната
брзина.
Ограничувач на
брзината
Ограничувачот на брзината го
спречува возилото да надмине
претходно поставена максимална
брзина.
Максималната брзина може да се
постави при брзини над 25 км/ч.
Возачот може да забрза само до
претходно поставената брзина.
Може да дојде до отстапувања од ограничената брзина само при
возење надолу.
Page 159 of 257

Возење и ракување157
Претходно поставеното
ограничување за брзината се
прикажува на горниот ред на
Информативниот центар за
возачот(DIC) кога е активен
системот.
Активирање
Притиснете L. Ако претходно се
активирани контролата на
патувањето или приспособливата
контрола на патувањето, се
исклучуваат кога ќе се активира
ограничувачот на брзината и
контролната сијаличка m се гаси.
Поставување на
ограничување на брзината
Со активен ограничувач на
брзината, држете го тркалцето
свртено на RES/+ или кратко
вртете го на RES/+ неколкупати
додека не се прикаже саканата
максимална брзина на DIC.
Или, забрзајте до саканата брзина
и свртете го тркалцето накратко на SET/- , моменталната брзина се
зачувува како максимална брзина.
Ограничувањето на брзината се
прикажува на DIC.Менување на
ограничувањето на брзината
Со активен ограничувач за
брзината, свртете го тркалцето на
RES/+ за да ја зголемите или на
SET/- за да ја намалите саканата
максимална брзина.
Надминување на
ограничувањето на брзината
Во случај на итна потреба
возможно е да се пречекори
ограничувањето на брзината со
цврсто притиснување на педалата
за гас преку отпорната точка.
Ограничувањето за брзината ќе
трепне на DIC и се огласува
мелодија за ова време.
Отпуштете го педалот за гас и
функцијата за ограничување на
брзината одново се активира штом се постигне брзина помала од
ограничувањето.
Page 160 of 257

158Возење и ракување
Деактивирање
Притиснете y: ограничувачот на
брзината се деактивира и возилото може да се вози без ограничување на брзината.
Ограничената брзина се зачувува и
на DIC се појавува соодветна
порака.
Продолжување на
ограничената брзина Свртете го тркалцето на RES/+. Ќе
се постигне зачуваното
ограничување на брзината.
Исклучување
Притиснете L, покажувањето на
ограничувањето на брзината во
DIC завршува. Зачуваната брзина
се брише.
Со притискање m за да се активира
контролата на патувањето или приспособливата контрола на
патувањето или со гасење на
палењето, се деактивира и
ограничувачот на брзината и
зачуваната брзина се брише.Предупредување за
преден судир Предупредувањето за преден
судир може да помогне да се
избегне или намали штетата
предизвикана од предни судири.
Ако се приближувате до возило
директно напред премногу бргу, се
огласува предупредувачка
мелодија и се дава
предупредување во
Информативниот центар за
возачот (DIC).Зелениот симбол A за возило
напред се пали на брзиномерот
кога системот ќе открие возило на
патеката за возење. Предуслов е
да е активирано
предупредувањето за преден
судир во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 111 или
да не е исклучено со притискање на V (зависно од системот, видете
понатаму).
Предупредување за преден судир врз основа на преднакамера Предупредувањето за преден
судир го користи системот на
предната камера во
шофершајбната за да открива
возила директно напред, на
вашата патека, на оддалеченост
од околу 60 метри.