OPEL MOKKA 2016 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2016, Model line: MOKKA, Model: OPEL MOKKA 2016Pages: 259, PDF Size: 6.02 MB
Page 171 of 259

Возење и ракување169
Возможни се комбинации на
повеќе знаци на екранот.
Извичник во рамка укажува дека е
откриен дополнителен знак што системот не го препознава.
Системот е активен до брзина од
200 км/ч во зависност од
осветленоста. Ноќе системот е
активен до брзина од 160 км/ч.
Штом брзината ќе стане помала од 55 км/ч, екранот ќе се препостави и
содржината на страницата со
сообраќајни знаци ќе се избрише.
Ќе се прикаже означувањето за
следната препознаена брзина.
Индикации на екранотСообраќајните знаци се
прикажуваат на страницата
Откривање на сообраќајни знаци
во Информативниот центар за
возачот, одбрана преку тркалцето
за местење на рачката за
трепкачите 3 99.
Кога е избрана друга функција во
Информативниот центар за
возачот и потоа повторно ќе се
одбере страницата Откривање
сообраќајни знаци , ќе се прикаже
последниот препознаен
сообраќаен знак.
Откако системот ќе ја избрише
страницата со сообраќајни знаци,
ќе се прикаже следниот симбол:
Page 172 of 259

170Возење и ракувањеСодржината на страницата за
сообраќајни знаци се брише и за
време на возењето со притискање
SET/CLR на рачката за трепкачите
подолго време.
Функција за појавувачки
индикации
Знаците за ограничување на
брзината и за забрането
претекнување се прикажуваат како
појавни информации на секоја
страница од Информативниот
центар за возачот.
Функцијата може да се исклучи на
страницата со сообраќајни знаци со притискање SET/CLR на рачката
за трепкачот.
Откако ќе се појави страницата со
поставки, изберете Off
(Исклучување) за деактивирање на
функцијата за појавувачки
индикации. Се активира повторно
со избирање на On (Вкл.). Кога се
вклучува палењето, појавната
функција се исклучува.
Појавувачката индикација се
прикажува околу осум секунди во
Информативниот центар за
возачот.
Дефект Системот за помош со сообраќајни
знаци може да не работи правилно кога:
● Пределот на шофершајбната каде што се наоѓа предната
камера не е чист.
● Сообраќајните знаци се целосно или делумно
прекриени или тешко се
распознаваат.
● Има неповолни услови од околината, на пр. силен дожд,
снег, директна сончева
светлина или сенки. Во таков
случај No Traffic Sign Detection
Page 173 of 259

Возење и ракување171due to Weather (Нема
приметување на сообраќајните знаци поради времето) се
означува на екранот.
● Сообраќајните знаци се неправилно монтирани или се
оштетени.
● Сообраќајните знаци не се во согласност со Виенската
конвенција за сообраќајни
знаци.Внимание
Системот е наменет да му
помага на возачот во опсегот на
одреден обем на брзини за дапрепознава извесни
сообраќајни знаци. Не ги
игнорирајте тие сообраќајни
знаци кои не ги прикажува
системот.
Системот не препознава други
сообраќајни знаци, освен
вообичаените, кои можат да
пропишат или ослободат од
ограничување на брзината.
Не дозволувајте оваа посебна
функција да Ве наведе да
ризикувате кога возите.
Секогаш приспособувајте ја
брзината кон условите на патот.
Системите за помош на возачот не го ослободуваат возачот од
целосната одговорност за
работење со возилото.
Предупредување за
напуштање лента
Системот за предупредување за
напуштање на лента ги набљудува обележувањата на лентите помеѓу
коишто возилото се вози преку
една предна камера. Системот ги
детектира менувања на лентата и
го предупредува возачот во случај
на ненамерно менување на
лентата со визуелни и звучни
сигнали.
Критериуми за приметувањето на
ненамерно менување на лента се:
● неработењето со трепкачите
● неработењето со педалот на сопирачките
● немање активно работење со педалот за гас или забрзување
● немање активното управување
со воланот
Ако возачот е активен, нема да се
издаде никакво предупредување.
Активирање
Системот за предупредување за
напуштање лента се активира со
притискање ). Запалената
сијаличка во копчето означува дека
системот е вклучен. Кога
контролната сијаличка ) во
Page 174 of 259

172Возење и ракувањегрупата инструменти ќе се запали
зелена, системот е готов да
работи.
Со системот може да се работи само при брзини на возилото над
56 км/ч и ако има хоризонтална
сигнализација на коловозот.
Кога системот ќе препознае
ненамерно менување на лентата,
контролната сијаличка ) се
сменува во жолта и трепка.
Истовремено се активира
мелодичен звук.Деактивирање
Системот се деактивира со
притискање на ), LED-светилката
во копчето се гаси.
При брзини под 56 км/ч не може да
се работи со системот.
Дефект
Системот за предупредување за
напуштање на лента може да не работи правилно кога:
● шофершајбната не е чиста● има неповолни услови од околината како јак дожд, снег,
директна сончева светлина
или сенки
Системот не може да работи кога
нема ознаки за лентите.Гориво
Гориво за бензинскимотори
Користете само безоловно гориво
усогласено со европскиот
стандард EN 228 или
E DIN 51626-1 или сличен.
Моторот е способен да работи со гориво што содржи до 10% етанол
(на пример, наречен E10).
Користете гориво со
препорачаниот октански број
3 239.Внимание
Не користете гориво или
адитиви за гориво што содржат
метални состојки како адитиви
врз основа на манган. Тоа може
да предизвика оштетување на
моторот.
Page 175 of 259

Возење и ракување173Внимание
Користењето гориво што не е во
согласност со EN 228 или E DIN 51626-1 или слично може да
доведе до таложење или
оштетување на моторот.
Внимание
Употребата на горива со
пренизок октански број може да
доведе до неконтролирано
согорување и оштета на
моторот.
Гориво за мотори на дизел
Користете само дизел гориво што е во согласност со EN 590.
Во земјите надвор од Европската
унија, користете дизел гориво со
концентрација на сулфур под 50
ppm.
Внимание
Користењето гориво што не е во
согласност со EN 590 или
слично може да доведе до
губење на моќноста на
возилото, зголемено абење или
оштетување на моторот.
Не користете бродски дизел
горива, горива за греење, Аквазол
и слични мешавини на дизел и
вода. Дизел горивата не смеат да
се разредат со горива за бензински мотори.
Гориво за работа на течен
гас
Течниот гас е познат како LPG
(Liquefied Petroleum Gas - течен
нафтен гас - ТНГ) или по
француското име GPL (Gaz de
Pétrole Liquéfié). LPG е познат и
како автоплин.
ТНГ се состои главно од пропан и
бутан. Октанскиот степен е меѓу
105 и 115, зависно од делот бутан.
ТНГ се чува течен на притисок од
околу пет до десет бари.
Точката на вриење зависи од
притисокот и соодносот на
мешавината. На атмосферски
притисок, таа е меѓу -42 °C (чист пропан) и -0,5 °C (чист бутан).Внимание
Системот работи на околна
температура од околу -8 °C до
100 °C.
Целосната функција на системот за ТНГ може да се гарантира само
со течен гас што ги задоволува
минималните барања на
DIN EN 589.
Page 176 of 259

174Возење и ракувањеСелектор на гориво
Со притискање на LPG се
префрлува меѓу работа на бензин
и на течен гас штом ќе се достигнат
потребните параметри
(температура на течноста за
ладење, температурата на гасот и
минималната брзина на моторот).
Барањата обично се достигнуваат
по околу 60 секунди (зависно од
надворешната температура) и
првото цврсто притискање на
педалата за гас. Состојбата на
сијаличката го покажува тековниот
режим на работа.
Сијаличката е
изгасната:работа на бензинСијаличката
трепка:проверка на
условите за
ракување со
претворањето на
горивото во
течен гас. Свети
ако се исполнети
условите.Сијаличката
светнува:работа на течен
гасСијаличката
трепка пет
пати и се гасне:резервоарот за
течен гас е
празен или има
неправилност во
системот за
течен гас. Во
Информативниот
центар за
возачот се
прикажува
порака.
Избраниот режим на гориво се
зачуван и се реактивира во
следниот циклус за палење ако
условите дозволуваат.
Откако резервоарите за течен гас
ќе се испразнат, автоматски се
активира работата на бензин
додека не се исклучи палењето.
Секои шест месеци испразнете го
резервоарот за бензин додека не
се запали контролната сијаличка
i , па наполнете гориво. Тоа
помага да се одржи квалитетот на
горивото и функционирањето на
системот за работа на бензин.
Редовно полнете го резервоарот
целосно за да се избегне
формирањето на корозија во
резервоарот.
Дефекти и поправки
Ако не е возможен режим на гас,
проверете го следново:
● Дали има доволно течен гас?
● Има ли доволно бензин за палење?
Поради екстремни температури, во спој со составот на гасот, може да
биде потребно малку подолго
време додека системот се
префрли од бензински на режим на
гас.
Page 177 of 259

Возење и ракување175Во екстремни ситуации, системот
може и да се врати во режимот на
бензин ако не се исполнети
минималните барања. Ако
условите дозволуваат, може да биде овозможено рачно да се
врати ракувањето со течен гас.
Побарајте помош од
автомеханичар во случај на сите
други дефекти.Внимание
Поправки и приспособувања смеат да вршат само обучени
специјалисти за да се одржи
безбедноста и гаранцијата на
системот за ТНГ.
На течниот гас му е додаден
карактеристичен мирис за да може лесно да се забележи ако се
испушта.
9 Предупредување
Ако ви замириса на гас во
возилото или во непосредната
околина, веднаш префрлете на
бензин. Пушењето е забрането!
Забранет е отворен оган или
средства за палење.
Ако и понатаму има мирис на гас,
не палете го моторот. Нека Ви ја
отстрани причината на дефектот
автомеханичар.
Кога користите подземниј
паркинзи, следете ги упатствата на операторот и почитувајте ги
локалните закони.
Забелешка
Во случај на незгода, изгасете ги
палењето и светлата.
Полнење гориво
9 Опасност
Пред да полните гориво,
исклучете ги палењето и сите
надворешни грејачи со комори за согорување.
Следете ги упатствата за
ракување и безбедноста на
бензинската пумпа кога полните
гориво.
9 Опасност
Горивото е запаливо и
експлозивно. Пушењето е
забрането! Забранети се гол
пламен и искри.
Ако намирисате гориво во Вашето возило, нека Ви ја
отстрани причината на тоа
автомеханичар веднаш.
Внимание
Во случај на погрешно ставено
гориво, не вклучувајте го
палењето.
Page 178 of 259

176Возење и ракувањеВратичката на резервоарот за
гориво се наоѓа на задната десна
страна од возилото.
Вратичката на резервоарот за
гориво може да се отвори само ако возилото е отклучено. Притиснете
ја вратичката и отворете.
Вртете го капачето на резервоарот
полека налево за да го отворите.
Капачето за полнење гориво може
да се задржи во рамката на
вратичката на резервоарот.
За полнење, целосно вметнете ја
цевката на пумпата и вклучете ја.
По автоматското исклучување,
може да се дополни со најмногу
две дози гориво.
Внимание
Веднаш избришете го горивото
што претекло.
За да го затворите, свртете го
капачето на резервоарот надесно
додека да кликне.
Затворете ја вратичката и
заглавете ја.
Полнење течен гас Следете ги упатствата за ракување
и безбедноста на бензинската
пумпа кога полните гориво.
Вентилот за полнење течен глас е
зад капачето на резервоарот за
гориво.
Одвртете го заштитното капаче од
грлото за полнење.
Page 179 of 259

Возење и ракување177
Навртете го потребниот адаптер
цврсто со рака на грлото за
полнење.
Адаптер ACME: Завртете ја
навртката на цревото за полнење
на адаптерот. Притиснете ја
рачката за блокирање на цревото
за полнење надолу.
Тркалезно грло за полнење:
Ставете го цревото за полнење во
адаптерот. Притиснете ја рачката
за блокирање на цревото за
полнење надолу.
Бајонет грло за полнење: Ставете
го цревото за полнење на
адаптерот и свртете го лево или
десно четвртина круг. Повлечете ја
рачката за блокирање на цревото
за полнење докрај.
ЕУРО грло за полнење:
Притиснете го цревото за полнење на адаптерот додека не се заглави.
Притиснете го копчето на пумпата
за течен гас. Системот за полнење
сопира или почнува да работи
полека кога ќе се дојде до 80 % од
зафатнината на резервоарот
(максимално ниво за полнење).
Отпуштете го копчето на системот
за полнење и полнењето сопира.
Отпуштете ја рачката заблокирање и извадете го цревото
за полнење. Може да се испушти
мало количество течен гас.
Извадете го адаптерот и одложете
го во возилото.
Ставете го заштитното капаче за
да спречите влегување туѓи тела
во отворот за полнење и во
системот.9 Предупредување
Поради конструкцијата на
системот, неизбежно е
испуштање течен гас по
отпуштањето на рачката за
блокирање. Не вдишувајте.
9 Предупредување
Резервоарот за течен гас може
да се наполни само 80% поради
безбедносни причини.
Мултивентилот на резервоарот за
течен гас автоматски го ограничува
количеството за полнење. Ако се додаде поголемо количество,
Page 180 of 259

178Возење и ракувањепрепорачуваме возилото да не се
изложува на сонце додека не се искористи вишокот.
Адаптер за полнење
Бидејќи системите за полнење не
се стандардизирани, потребни се
различни адаптери коишто се
достапни од дистрибутерите на
Opel и од овластените сервисери
на Opel.
Адаптер ACME: Белгија,
Германија, Ирска, Луксембург,
Швајцарија
Адаптер бајонет: Холандија,
норвешка, Шпанија, Велика
Британија
ЕУРО адаптер: Шпанија
DISH адаптер: Босна и
Херцеговина, Бугарија, Данска,
Естонија, Франција, Грција,
Италија, Хрватска, Летонија,
Литванија, Македонија, Австрија,
Полска, Португалија, Романија, Шведска, Швајцарија, Србија,
Словачка, Словенија, Чешка,
Турција, Украина, Унгарија
Капаче за полнење гориво
Користете само оригинални
капачиња за полнење гориво.
Возилата со мотори на дизел
имаат специјални капачиња за полнење гориво.