OPEL MOKKA X 2019.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2019.5, Model line: MOKKA X, Model: OPEL MOKKA X 2019.5Pages: 287, PDF Size: 6.84 MB
Page 171 of 287

Возење и ракување1699Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Контролна сијаличка b 3 105.
Деактивирање
ESC може да биде деактивирана:
притиснете и задржете t околу
5 секунди.
Контролните сијалички k и n
светат.
ESC повторно се активира со
повторно притискање на t. Ако
системот TC беше претходно
исклучен, и TC и ESC се
активирани повторно.
ESC исто така се активира
повторно следниот пат кога ќе се
вклучи палењето.
Дефект Ако има дефект на системот,
контролната сијаличка b постојано
свети и на Информативниот
центар за возачот се појавува
порака. Системот не функционира.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Систем за контрола наспуштањето
Системот за контрола на
спуштањето (DCS) овозможува
возилото да патува со мала брзина
без притискање на педалата за
сопирачките. Возилото автоматски
ќе ја намали брзината и ќе останена таа брзина кога е активен
системот. Може да има бучава или вибрации од сопирачките кога е
активен системот.Внимание
Користете го само кога се
спуштате по стрмнини додека
возите надвор од патишта. Не
користете го кога возите по
нормални патни површини.
Непотребното користење на
функцијата DCS, како при
возење по нормални патишта,
може да ги оштети системот на
сопирачките и функцијата ESC.
Page 172 of 287

170Возење и ракувањеАктивирање
При брзини помали од околу
40 км/ч, притиснете u. Зелената
контролна сијаличка u трепка во
групата инструменти за да покаже дека DCS работи. DCS нема да се
активира при брзини над 50 км/ч,
дури и ако се притисне копчето.
Деактивирање
Притиснете го u повторно.
Зелената контролна сијаличка u се
гаси. Притискање на педалата на
сопирачката или на гасот исто ќе го исклучи системот.
Дефект
Ако зелената контролна сијаличка
u не светне или не трепка откако ќе
се притисне копчето, системот има
дефект.
Побарајте помош од
автомеханичар.
Контролна сијаличка за DCS u
3 104.Системи за помош на
возачот9 Предупредување
Системите за помош на возачот
се конструирани да го
поддржуваат возачот, а не да го заменат вниманието на возачот.
Возачот има целосна
одговорност кога го вози
возилото.
Кога се користат системите за
помош за возачот, секогаш
внимавајте на моменталната
сообраќајна ситуација.
Контрола на патувањето
Контролата на патувањето може
да сними и одржува брзини од
околу 30 до 200 км/ч. Може да дојде
до отстапувања од снимените
брзини кога се вози по угорници
или удолнини.
Од безбедносни причини
контролата на патувањето не може да се активира се додека еднаш не
Page 173 of 287

Возење и ракување171се искористи педалата за
сопирање. Активирањето во прва брзина не е возможно.
Не ја користите контролата на
патувањето ако не е препорачливо да се одржи постајана брзина.
Со автоматскиот менувач,
контролата на патувањето
активирајте ја само во автоматски
режим.
Контролна сијаличка m 3 107.
Вклучување на системот
Притиснете m: контролната
сијаличка m во групата
инструменти свети бело.
Активирање на
функционалноста
Забрзајте се до саканата брзина и
свртете го малото тркалце на
SET/- : актуелната брзина се
зачувува и одржува. Контролната
сијаличка m во групата
инструменти свети зелено. На
екранот од високо ниво, m
светнува зелено и се покажува
поставената брзина. Педалот за
гас може да се отпушти.
Брзината на возилото може да се
зголеми со нагазување на
педалата за гас. Кога ќе се отпушти педалот за гас, се продолжува со
претходно зачуваната брзина.
Контролата на патувањето
останува активирана при промена
на брзината.
Зголемување на брзината
При активна контрола на
патувањето, држете го малото
тркалце свртено на RES/+ или
вртете го накратко на RES/+ повеќе
пати: брзината се зголемува
продолжително или во мали
чекори.
Како алтернатива забрзете се до
саканата брзина и снимете ја со
вртење на SET/-.
Page 174 of 287

172Возење и ракување
Намалување на брзинатаПри активна контрола на
патувањето, држете го малото
тркалце свртено на SET/- или
вртете го накратко на SET/- повеќе
пати: брзината се намалува
продолжително или во мали
чекори.
Деактивирање на
функционалноста
Притиснете го y: контролната
сијаличка m во групата
инструменти свети бело.
На екранот од високо ниво, m се
променува во бела боја.
Контролата на патувањето е
деактивирана, но не е исклучена.
Последната зачувана брзина се
меморира за повторно враќање на
брзината подоцна.
Автоматско деактивирање: ● Брзината на возилото е под околу 30 км/ч.
● Брзината на возилото паѓа повеќе од 25 км/ч под
поставената брзина.
● Педалата на сопирачките е притисната.
● Педалата на куплунгот е притисната неколку секунди.
● Рачката на менувачот е заглавена во N.
● Брзината на моторот е многу мала.
● Системот за контрола на пролизгувањето или
Електронската контрола за стабилност работи.● Сопирачката за паркирање е применета.
● Со истовремено притискање RES/+ и педалата на
сопирачката се деактивира
контрола на патувањето и се
брише зачуваната брзина.
Продолжување со снимената
брзина
Свртете го малото тркалце на
RES/+ при брзина над 30 км/ч.
Снимената брзина повторно ќе се
постигне.
Исклучување на системот Притиснете го m: контролната
сијаличка m во групата
инструменти гасне. Зачуваната
брзина се брише.
Со притискање на L за активирање
на ограничувачот на брзината или
исклучување на палењето се
исклучува и контролата на
патувањето и се брише зачуваната брзина.
Page 175 of 287

Возење и ракување173Ограничувач на брзината
Ограничувачот на брзината го
спречува возилото да надмине
претходно поставена максимална
брзина.
Максималната брзина може да се
постави при брзини над 25 км/ч.
Возачот може да забрза само до
претходно поставената брзина.
Може да дојде до отстапувања од
ограничената брзина само при
возење надолу.
Претходно поставеното
ограничување за брзината се
прикажува на Информативниот
центар за возачот кога е активен
системот.Вклучување на системот
Притиснете L, симболот L
светнува во Информативниот
центар за возачот.
Ако претходно е активирана
контролата на патувањето, се
исклучува кога ќе се активира
ограничувачот на брзината и
контролната сијаличка m се гаси.
Поставување на ограничување
на брзината
Забрзајте до саканата брзина исвртете го тркалцето накратко на
SET/- , моменталната брзина се
зачувува како максимална брзина.
На екранот од средно ниво, се
прикажува L и ограничувањето на
брзината.
На екранот од високо ниво, L се
променува во зелена боја.
Менување на ограничувањето
на брзината
Со активен ограничувач за
брзината, свртете го тркалцето на
RES/+ за да ја зголемите или на
SET/- за да ја намалите саканата
максимална брзина.
Надминување на
ограничувањето на брзината
Кога се надминува дозволената брзина без влијание на возачот,
брзината ќе светка во
Информативниот центар за
возачот и мелодијата ќе свири во
текот на овој период.
Page 176 of 287

174Возење и ракувањеВо случај на итна потреба,
возможно е да се пречекори
ограничувањето на брзината со
цврсто притиснување на педалата
за гас блиску до крајната точка. Во
овој случај не се појавува
мелодија.
Отпуштете го педалот за гас и
функцијата за ограничување на
брзината одново се активира штом
се постигне брзина помала од
ограничувањето.
Деактивирање на
функционалноста
Притиснете y: ограничувачот на
брзината се деактивира и возилото може да се вози без ограничување на брзината.
На екранот од средно ниво,
зачуваното ограничување на
брзината се прикажува во загради.
На екранот од високо ниво, L се
променува во бела боја.
Освен тоа, се појавува и соодветна
порака.
Ограничувачот на брзината е
деактивиран, но не е исклучен.
Последната зачувана брзина се
меморира за повторно враќање на
брзината подоцна.
Продолжување на
ограничената брзина
Свртете го тркалцето на RES/+. Ќе
се добие зачуваното ограничување
на брзината и се прикажува без
загради во Информативниот
центар за возачот.
Исклучување на системотПритиснете L, се гаси показателот
за ограничувањето на брзината во Информативниот центар за
возачот. Зачуваната брзина се
брише.Со притискање на m за да се
активира контролата на
патувањето, се деактивира и
ограничувачот на брзината и
зачуваната брзина се брише.
Со исклучување на палењето се
деактивира и ограничувачот на
брзината, но ограничувањето на
брзината ќе се зачува за следното
активирање на ограничувачот на
брзината.
Предупредување за
преден судир
Предупредувањето за преден
судир може да помогне да се
избегне или намали штетата
предизвикана од предни судири.
Page 177 of 287

Возење и ракување175
Контролната сијаличка A
покажува кога има возило напред.
Ако возилото што е директно пред вас се приближува премногу брзо,
се емитува предупредувачка
мелодија.
Дополнително возачот добива
известувања со запалена црвена
LED лента која е проектирана на
шофершајбната во видното поле
на возачот.
Предуслов е предупредувањето за преден судир да не е исклучено со
притискање на V на воланот.
Активирање
Предупредувањето за преден
судир го користи системот на
предната камера во
шофершајбната за да открива
возило директно напред, на
вашата патека, на оддалеченост
од околу 60 м.
Предупредувањето за преден
судир работи автоматски при
брзина поголема од 40 км/ч ако не е исклучено со притискање V,
видете подолу.
Известување на возачот
Контролната сијаличка за возило
напред A светнува зелено во
групата инструменти кога системот ќе открие возило на патеката за
возење.
Контролната сијаличка A се
менува во жолто кога растојанието
до возило во движење напред
премногу се намалува, или
премногу бргу се приближувате кон
друго возило.Внимание
Бојата на осветлувањето на овој индикатор за контрола не
соодветствува со локалните
закони во сообраќајот на
оддалеченост за следење.
Возачот сноси целосна
одговорност за одржување на
безбедноста на оддалеченост
за следење во согласност со
правилата што се применуваат
во сообраќајот, времето и
условите на патот итн. на сите
времиња.
Кога времето до потенцијалниот
судир со возило напред станува
премногу кратко и судирот е
неизбежен, возачот добива
известување со запалена црвена
LED лента која се проектира на
шофершајбната во видното поле
на возачот.
Page 178 of 287

176Возење и ракување
Истовремено, се огласува и
предупредувачка мелодија.
Притиснете ја педалата на
кочницата и завртете го возилото,
ако така бара ситуацијата.
Избор на чувствителноста на
предупредувањето
Чувствителноста на
известувањата може да се постави
на блиску, средно или далеку.Притиснете V, моменталната
поставка се прикажува на
Информативниот центар за
возачот. Притиснете V повторно
за да ја смените чувствителноста на тревожењето.Деактивирање
Системот може да се деактивира.
Притискајте го V повеќепати
додека не се појави Forward
Collision Alert Off (Искл.
предупредување за преден судир)
на Информативниот центар за
возачот.
Општи информации
9 Предупредување
Предупредувањето за преден
судир е само систем за
предупредување и не ги
Page 179 of 287

Возење и ракување177активира сопирачките. Кога се
приближувате кон возило
напред премногу брзо, може да
не ви остави доволно време за
да избегнете судир.
Возачот прифаќа целосна
одговорност за соодветно
растојание напред врз основа
на сообраќајните, временските
и условите на видливоста.
Секогаш е потребно целосно
внимание на возачот при
возењето. Возачот треба да е
постојано подготвен да
дејствува и да ги активира
сопирачките.
Системски ограничувања
Предупредувањето за преден
судир е направено да
предупредува само за возила, но може да реагира и на други објекти.
Во следниве случаи,
предупредувањето за преден
судир може да не открие возило
напред или перформансите на
сензорот се ограничени:
● на патишта со многу свиоци
● кога времето ја ограничува видливоста, како кога има
магла, дожд или снег
● кога сензорот е блокиран од снег, мраз, лапавица, кал,
нечистотија, оштетување на
шофершајбната или под
влијание на надворешни
елементи, на пример,
налепници
Показател за растојание
однапред
Следниов показател за растојание
однапред ја прикажува
оддалеченоста од возило што се
движи однапред. Системот ја
користи предната камера во
шофершајбната за да ја открие
оддалеченоста од возилото што е
директно пред вас во вашата
патека. Активно е при брзини
поголеми од 40 км/ч.
Кога ќе се открие возило што е
напред, растојанието е прикажано
во секунди, прикажани на страница на Информативниот центар завозачот 3 108. Притиснете MENU
на рачката за трепкачите за да
изберете Vehicle Information Menu
(Изборник за информации за
возилото) ? и свртете го
тркалцето за да ја изберете
страницата за покажување на
растојанието однапред.
Минималната покажана
оддалеченост е 0,5 сек.
Ако нема возило напред или
возилото напред е надвор од
опсегот, ќе бидат прикажани две
цртички: -.- s.
Page 180 of 287

178Возење и ракувањеПомош за паркирање
Помошта за паркирање го
олеснува паркирањето со мерење
на растојанието помеѓу возилото и
пречките, и со давање звучни
сигнали. Меѓутоа, возачот носи
целосна одговорност за маневрата
за паркирање.
Системот се состои од четири
ултрасонични сензори за
паркирање во задниот браник. Ако
возилото е опремено со предна
помош за паркирање, системот се
состои од четири дополнителни
ултрасонични сензори за
паркирање во предниот браник.
Активирање
Откако палењето е вклучено,
задната помош за паркирање е
активирана.
Предната помош за паркирање
може исто така да се активира при
мала брзина со притиснување r.
Запалена сијаличка во копчето на
помошта за паркирање означува
дека системот е готов да работи.
На пречки укажува звучен сигнал.
Периодот помеѓу звуците се
скратува додека возилото стигнува поблизу до пречката. Кога е
растојанието помало од 30 см,
звучниот сигнал е непрекинат.
Ако r е притиснато еднаш
заедно со циклусот на палење,
предната помош за паркирање се
реактивира ако брзината на
возилото падне под одредена
вредност и ако брзината на
возилото претходно не надминала
25 км/ч .
Деактивирање
Деактивирање на системот со
притискање r.
Сијаличката во копчето ќе се
изгасне и ќе се прикаже порака во
Информативниот центар за
возачот.
Ако помошта за паркирање е
деактивирана рачно, ќе се
активира повторно автоматски при
следното вклучување на
палењето.
Системот се деактивира
автоматски при извесна брзина.
Дефект
Во случај на дефект на системот,
се прикажува порака за возилото
во Информативниот центар за
возачот.