OPEL MOKKA X 2019.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2019.5, Model line: MOKKA X, Model: OPEL MOKKA X 2019.5Pages: 287, PDF Size: 6.84 MB
Page 181 of 287

Возење и ракување179Освен тоа, во Информативниот
центар за возачот се прикажува
порака за возилото ако се открие
неисправност на системот поради
привремени услови, на пример
сензори прекриени со снег.
Пораки за возилото 3 116.
Важни практични совети за
користење на системите за
помош при паркирање9 Предупредување
При одредени околности,
разните сјајни површини на
предмети или облеки, како и
надворешните извори на бучава
може да предизвикаат системот
да не ги открие пречките.
Треба да се обрне посебно
внимание на ниските пречки кои може да го оштетат долниот дел на браникот. Ако такви пречки ја
напуштаат зоната за
приметување на сензорите за
време на приближувањето со
возилото, ќе се огласи
непрекинат предупредувачки
тон.Внимание
Перформансите на системот
може да бидат намалени кога
сензорите се прекриени, на пр.
со мраз или снег.
Перформансите на системот за помош при паркирање може да
се намалат поради голема
оптовареност.
Важат посебни услови ако во
близина има повисоки возила
(на пр. теренски возила,
комбија, камионети).
Идентификацијата на предмети
и правилното укажување на
оддалеченоста во горните
делови од такви возила не може да се гарантира.
Системот може да не открие
предмети со многу мала
површина за одразување,
на пр. тесни предмети или меки
материјали.
Системите за помош за
паркирање не откриваат
предмети надвор од опсегот за
откривање.
Забелешка
Системот за помош при
паркирање автоматски ја
приметува фабрично
монтираната опрема за влечење.
Се деактивира кога е приклучен
штекерот.
Сензорот може да открие
непостоечки предмети (ехо
пречење), што е предизвикано од
надворешни звучни или
механички пречки.
Забелешка
Помошта за паркирање е
деактивирана кога е извлечен
задниот систем за носење.
Page 182 of 287

180Возење и ракувањеРетровизорска камераРетровизорската камера му помагана возачот кога вози наназад со
прикажување поглед на подрачјето зад возилото.
Сликата од камерата се прикажува
на Инфо-екранот.9 Предупредување
Ретровизорската камера не го
заменува видот на возачот.
Имајте предвид дека предмети
што се надвор од полето на
видливост на камерата и на
сензорите на помошта за
паркирање, на пр. под браникот
или под возилото, не се
прикажуваат.
Не возете во рикверц и не
паркирајте го возилото само со
помош на ретровизорската
камера.
Секогаш проверувајте ја
околината на возилото пред да
возите.
Активирање
Ретровизорската камера се
активира автоматски кога ќе се стави во рикверц.
Функционалност
Камерата е монтирана на рачката
на задната врата и има агол на гледање од 130°.
Поради високата положба на
камерата, задниот браник може да
се види на екранот како ориентир
за положбата.
Подрачјето што го прикажува
камерата е ограничено.
Оддалеченоста на сликата што се
појавува на екранот се разликува
од фактичката оддалеченост.
Наведувачки линии
Динамичките наведувачки линии
се хоризонтални линии на
растојание од 1 м проектирани на
сликата за да ја определат
оддалеченоста од прикажаните
предмети.
Page 183 of 287

Возење и ракување181
Траекториската патека на
возилото се прикажува во
согласност со аголот на свртеност
на воланот.
Предупредувачки симболи
Предупредувачките симболи се
покажуваат како триаголници 9 на
сликата што ги покажува пречките
откриени од задните сензори на
напредната помош за паркирање.
Дополнително, 9 се појавува на
горната лента на Инфо-екранот со
предупредување да се провери
опкружувањето околу возилото.
Деактивирање
Камерата се деактивира кога ќе се
надмине одредена брзина
нанапред или ако не се стави во
рикверц околу 10 секунди.
Ретровизорската камера море да
се деактивира рачно во изборникот
за приспособување на возилото
кон индивидуалните потреби во
Инфо-екранот. Изберете ја
соодветната поставка во Settings
(Поставки) .
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 118.Деактивирање на водечките линии
и предупредувачки симболи
Информативен екран во боја од 7
инчи: Активирање или
деактивирање на визуелни
водечки линии и предупредувачки
симболи може да се промени со
копчиња на допир во долната зона
на екранот.
Информативен екран во боја од 8
инчи: активирањето или
деактивирањето на визуелните линии-водилки и симболите за
предупредување може да се
промени во изборникот Поставки
во Инфо-екранот.
Page 184 of 287

182Возење и ракувањеИнфо-екран 3 114.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 118.
Дефект Пораки за дефект се прикажуваат
со 9 во горниот ред на Инфо-
екранот.
Ретровизорската камера може да
не работи правилно кога:
● Наоколу е темно.
● Сонце или фарови светат директно во објективот на
камерата.
● Мраз, снег, кал или нешто друго го прекрива објективот
на камерата. Исчистете го
објективот, исплакнете го со
вода и избришете го со мека
крпа.
● Возилото влече приколка.
● Возилото се судрило од задната страна.
● Има екстремни промени на температурата.Помошник за сообраќајни
знаци
Функционалност Системот за помош со сообраќајни
знаци ги забележува назначените
сообраќајни знаци преку една
предна камера и ги прикажува во
Информативниот центар за
возачот.
Сообраќајни знаци коишто ќе се
забележат се:
Знаци за ограничување и за
забрането поминување ● ограничување на брзина
● поминувањето е забрането
● крај на ограничувањето на брзината
● крај на забраната на поминувањетоЗнаци на пат
Почеток и крај на:
● градски региони (специфични за земјата)
● автопати
● главни патишта
● улици за играњеДополнителни знаци ● дополнителни сообраќајни знаци
● ограничувања за влечење приколки
● ограничувања за влечење ● предупредување за влажен пат
● предупредување за мраз
● стрелки за насока
Page 185 of 287

Возење и ракување183Знаците за ограничување на
брзината се прикажуваат на
Информативниот центар за
возачот додека не се препознае
следниот знак за ограничување
или за крај на ограничување на
брзината или до одредено време за истекување на знакот.
Возможни се комбинации на
повеќе знаци на екранот.
Знакот за извичник во рамка
укажува дека е откриен
дополнителен знак што системот
не може да го препознае.
Системот работи без загуба на
перформансите до брзина од
200 километри на час зависно од
условите на осветлување. Ноќе
системот е активен до брзина од
160 км/ч.
Индикации на екранот Информации за моментално
важечки сообраќајни знаци се
достапни на назначениот
помошник за сообраќајни знаци во
Информативниот центар на
возачот.
Дополнително, важечката граница
на моментално ограничување на брзината е постојано прикажана во долната линија на
Информативниот центар за
возачот. Во случај на достапно
ограничување на брзината со
addon, симболот + се прикажува во
оваа област.
Изберете ? преку MENU и
изберете ја страницата за
помошник за сообраќајни знаци со
тркалцето за местење на рачката
за трепкачите 3 108.
Кога е избрана друга страница на изборникот на Информативниот
центар за возачот и потоа повторно
ќе се одбере страницата на
помошник за сообраќајни знаци, ќе се прикаже последниот препознаен сообраќаен знак.
Page 186 of 287

184Возење и ракувањеФункција за тревожење
Функцијата за тревожење може да
биде активирана или деактивирана во изборникот за поставки на
страницата на помошник за
сообраќајни знаци.
Откако еднаш ќе се активира и кога
не е во моментов прикажана
страницата за приметување на
сообраќајни знаци, ново откриени
ограничувања на брзината и знаци
за забрана на поминување се
прикажани како скокачки
известувања во информативниот
центар на возачот.
Кога е прикажана страницата на
помошникот за сообраќајни знаци,
притиснете SET/CLR на рачката за
трепкачот.
Одберете Alerts ON (Вклучени
тревожења) или Alerts OFF
(Исклучени тревожења) со вртење
на тркалцето за прилагодување и
притиснете SET/CLR.
Појавното тревожење се
прикажува околу осум секунди во
Информативниот центар за
возачот.
Препоставување на системот
Содржината на меморијата на
сообраќајните знаци може да се
избрише во изборникот за
поставување на страницата на
помошникот за сообраќајни знаци
со избирање Reset (Ресетирај) и
Page 187 of 287

Возење и ракување185потврда со притискање SET/CLR
на рачката за трепкачите подолго
време.
Алтернативно, може да го
притиснете SET/CLR за три
секунди за да ја избришете
содржината на страницата.
По успешно ресетирање, ќе се
огласи тон и се покажува следниот
„Основен знак“ додека не се открие следен сообраќаен знак.
Во некои случаи системот го брише помошникот за сообраќајни знаци
автоматски.
Отстранување на
сообраќајните знаци
Постојат различни сценарија кои
водат кон отстранување на тековно прикажаните сообраќајни знаци.
По чистењето, во Информативниотцентар за возачот се прикажува
„Основниот знак“.
Причините за отстранување на
знаците:
● Управувано е однапред дефинирано растојание или
поминало одредено време (се
разликува за секој тип знак)
● Возилото вози на кривина
● Брзината се намалува под 52 км/ч (откривање влегување
во град)
Дефект Системот за помош со сообраќајни
знаци може да не работи правилно
ако:
● Областа на шофершајбната, каде е сместена предната
камера, не е чиста или е
покриена со надворешни
елементи, на пример,
налепници.
● Сообраќајните знаци се целосно или делумно
прекриени или тешко се
распознаваат.● Има неповолни услови од околината, на пр. силен дожд,
снег, директна сончева
светлина или сенки.
● Сообраќајните знаци се неправилно монтирани или се
оштетени.
● Сообраќајните знаци не се во согласност со Виенската
конвенција за сообраќајни
знаци.Внимание
Системот е наменет да му
помага на возачот во опсегот на
одреден обем на брзини за дараспознава извесни
сообраќајни знаци. Не ги
игнорирајте тие сообраќајни
знаци кои не ги прикажува
системот.
Системот не распознава други
сообраќајни знаци, освен
вообичаените, кои можат да
пропишат или завршат
ограничување на брзината.
Page 188 of 287

186Возење и ракувањеНе дозволувајте оваа посебна
функција да Ве наведе да
ризикувате кога возите.
Секогаш приспособувајте ја
брзината кон условите на патот.
Системите за помош на возачот не го ослободуваат возачот од
целосната одговорност за
работење со возилото.
Предупредување за
напуштање лента
Системот за предупредување за
напуштање на лента ги набљудува
обележувањата на лентите помеѓу
коишто возилото се вози преку
една предна камера. Системот ги
детектира менувања на лентата и
го предупредува возачот во случај на ненамерно менување на
лентата со визуелни и звучни
сигнали.
Критериуми за приметувањето на
ненамерно менување на лента се:
● неработењето со трепкачите
● неработењето со педалот на сопирачките
● немање активно работење со педалот за гас или забрзување
● немање активното управување
со воланот
Ако возачот е активен, нема да се
издаде никакво предупредување.
Активирање
Системот за предупредување за
напуштање лента се активира со
притискање ). Запалената
сијаличка во копчето означува дека
системот е вклучен.
Кога контролната сијаличка ) во
групата инструменти ќе се запали зелена, системот е готов да
работи.
Со системот може да се работи само при брзини на возилото над
56 км/ч и ако има хоризонтална
сигнализација на коловозот.
Кога системот ќе препознае
ненамерно менување на лентата,
контролната сијаличка ) се
сменува во жолта и трепка.
Истовремено се активира
мелодичен звук.
Page 189 of 287

Возење и ракување187Деактивирање
Системот се деактивира со
притискање на ), LED-светилката
во копчето се гаси.
При брзини под 56 км/ч не може да
се работи со системот.
Дефект
Системот за предупредување за
напуштање на лента може да не
работи правилно кога:
● шофершајбната не е чиста● има неповолни услови од околината како јак дожд, снег,
директна сончева светлина
или сенки
Системот не може да работи кога
нема ознаки за лентите.Гориво
Гориво за бензинскимотори
Користете само безоловно гориво
според европскиот стандард
EN 228 или еквивалентно.
Моторот е способен да работи со
гориво што содржи до 10% етанол
(на пример, наречен E10).
Користете гориво со
препорачаниот октански број.
Понискиот октански број може да ја
намали моќноста и вртежниот
момент на моторот и малку ќе ја
зголеми потрошувачката на
гориво.
Внимание
Не користете гориво или адитиви за гориво што содржат
метални состојки како адитиви
врз основа на манган. Тоа може
да предизвика оштетување на
моторот.
Внимание
Користењето гориво што не е во
согласност со EN 228 или
еквивалентно на него може да
доведе до таложење или
оштетување на моторот.
Внимание
Користењето гориво со понизок
октански број од најнискиот
можен октански број може да
предизвика неконтролирано
согорување и оштетување на
моторот.
Page 190 of 287

188Возење и ракувањеСпецифичните барања за моторот
за октанскиот број се дадени во
прегледот на податоците за
моторот 3 257. Специфична
етикета за државата што е ставена
на капачето од резервоарот може
да има предност пред барањето.
Адитив за горивото Горивото треба да содржи
детергентни адитиви кои помагаат
да се спречи формирање наслаги
во моторот и системот за гориво.
Чистите вбризгувачи и вентили за
довод на гориво овозможуваат
правилна работа на системот за
контрола на издувните гасови. Во
одредени земји, горивото не
содржи доволно количество
адитив за да останат чисти
вбризгувачите и вентилите за
довод на гориво. Во овие земји,
потребен е адитив за горивото за
некои мотори за да се надомести за недостатокот од прочистување.
Користете само адитив за горивото
што е одобрен за ова возило.Треба да додадете адитив за
горивото во наполнет резервоар за
гориво најмалку на секои 15000 км
или по една година, кое и да
настапи прво. За повеќе
информации, контактирајте со
автомеханичар.
Забранети горива Горивата кои содржат оксигенати
како што се етер и етанол, како и
преформулирани горива, се
достапни во некои градови. Ако
овие горива ги исполнуваат
горенаведените спецификации,
тогаш може да ги користите.
Сепак, E85 (85% етанол) и други
горива кои содржат повеќе од 15%
мора да се користат само во возила со FlexFuel.Внимание
Не користете горива што
содржат метанол. Може да
предизвика корозија на
металните делови во системот за гориво, како и да ги оштетипластичните и гумените делови.
Таа штета нема да биде
покриена со гаранцијата за
возилото.
Некои горива, главно
високооктански горива за трки,
може да содржат адитив за
зголемување на октанскиот број
наречен метилциклопентадиенил
трикарбонил (ММТ). Не користете
адитиви за горивото со ММТ затоа
што тие можат да го намалат
животниот век на свеќичката и да влијаат врз работата на системот
за контрола на испуштањето
издувни гасови. Може да светне
индикаторското светло за дефект
Z 3 104. Ако се случи тоа,
побарајте помош од
автомеханичар.
Гориво за мотори на дизел