OPEL MOVANO_B 2015.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015.5, Model line: MOVANO_B, Model: OPEL MOVANO_B 2015.5Pages: 239, PDF Size: 5.2 MB
Page 151 of 239

Возење и ракување149Внимание
Во случај на погрешно ставено
гориво, не вклучувајте го
палењето.
Грлото за полнење на резервоарот со бајонет капаче се наоѓа од
левата предна страна на возилото.
Вратичката на резервоарот за
гориво може да се отвори само ако
возилото е отклучено и вратата е
отворена. Отворете ја вратичката на резервоарот со рака.
Извадете го капачето на
резервоарот со вртење обратно од насоката на стрелките на
часовникот.
Капачето на резервоарот за гориво
може да се обеси на долната кука
на вратичката на резервоарот.
За полнење гориво, целосно
вметнете ја цевката на пумпата и вклучете ја.
По автоматското исклучување,
може да се дополни со најмногу
две дози гориво.Внимание
Веднаш избришете го горивото
што претекло.
Кога полнењето на гориво е готово,
вратете го капачето на
резервоарот и свртете го надесно.
Затворете ја вратичката на
резервоарот.
Капаче на резервоарот за
гориво
Користете само оригинални
капачиња за полнење гориво.
Возилата со мотори на дизел
имаат специјални капачиња на
резервоарот.
Потрошувачка на
гориво - CO 2-испуштање
За вредностите за вашето возило,
видете го Сертификатот за
сообразност на ЕК доставен со
вашето возило или другите
национални документи за
регистрација.
Општи информации Официјалната потрошувачка на
гориво и дадените специфични
бројки за емисиите на СО 2 се
однесуваат на основниот модел за
ЕУ со стандардна опрема.
Page 152 of 239

150Возење и ракување
Податоците за потрошувачка на
гориво и испуштање CO 2 се
одредуваат според прописот
715/2007 692/2008 А, со земање
предвид на тежината на возилото
кога работи, како што е одредено
со прописот.
Бројките не смеат да се земаат како гаранција за фактичката
потрошувачка на гориво на некое
возило. Дополнителната опрема
може да резултира со малку
повисоки резултати од наведената
потрошувачка и од бројките за
СО 2. Понатаму потрошувачката на
гориво зависи од личниот стил на
возењето, како и од условите на
коловозот и сообраќајот.Кука за приколки
Општи информации
Употребувајте само опрема за
влечење одобрена за Вашето
возило. Доверете му го
монтирањето на влечната опрема
подоцна на автомеханичар. Може
да биде потребно да се извршат
измени кои делуваат врз системот
за ладење, топлоотпорните
обвивки или друга опрема.
Возни карактеристики,
совети за влечење
Во случај на приколки со
сопирачки, закачете го кабелот за
приврзување.
Пред да закачите приколка,
намачкајте ја влечната топка со
маст. Меѓутоа, не подмачкувајте ја
ако се користи стабилизатор,
којшто дејствува на влечната
топка, за придушување на
шлајфувањето. Кај приколки сослаба стабилност при возење
употребата на стабилизатор се
препорачува.
Максималната брзина од 80 км/ч не смее да се надмине, дури и водржави каде што се дозволени
поголеми брзини.
Ако приколката почне да се
занесува, возете побавно, не
обидувајте се да го исправите
возилото и сопирајте нагло, ако е
потребно.
Кога возите по удолнина, возете во
иста брзина како да возите на
угорница и возете со слична
брзина.
Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста определена за
целосна натовареност 3 225.
Влечење на приколка Товарење на приколката
Дозволената оптовареност на
приколката е максимална вредност која зависи од возилото и моторот
и не смее да се пречекори.
Фактичната оптовареност на
Page 153 of 239

Возење и ракување151
приколката е разликата помеѓу
бруто тежината на приколката и
актуелната оптовареност на
влечната спојка кога е приклучена приколката.
Дозволената оптовареност за
товарот на приколките е
определена во документите на
возилото. Воопшто, тие важат за
стрмнини до најмногу 12 %.
Дозволената оптовареност на
приколката важи до определената
стрмнина и до надморска височина
од 1000 метри. Бидејќи моќноста на моторот се намалува со
зголемување на надморската
височина поради разретчување на
воздухот, со што се намалува и
способноста за искачување,
дозволената тежина за влечење
исто така се намалува за 10 % на
секои 1000 метри дополнителна
надморска височина. Бруто
влечната тежина не мора да се
намалува кога се вози по патишта
со мали стрмнини (помали од 8 %,
на пр. автопатишта).Не смее да се пречекори
дозволената бруто тежина на
оските. Оваа тежина е забележана на идентификациската табличка
3 204.
Вертикална оптовареност на
влечната спојка
Вертикалната оптовареност на
влечната спојка е оптовареноста
со којашто приколката ја
оптоварува влечната кука. Може да
се менува со менување на
распоредот на тежината кога се
товари приколката.
Максималната дозволена
вертикална оптовареност на
влечната спојка е забележана на
идентификациската табличка на
влечната опрема и во документите на возилото. Секогаш одете на
максимална оптовареност,
особено ако се работи за тешка
приколка. Вертикалната
оптовареност на влечната спојка
никогаш не смее да падне под 25 кг.Во случај на оптовареност на
приколката од 1200 кг или повеќе,
вертикалната оптовареност на
влечната спојка не смее да биде
помала од 50 кг.
Натоварување на задната оска Кога е прикачена приколка, а
влечното возило е целосно
натоварено (вклучувајќи ги и сите
патници), дозволената
оптовареност на задната оска
(видете ја идентификациската
табличка или документите на
возилото) не смее да се надмине.
Опрема за влечењеВнимание
При работење без приколка извадете ја влечната кука со
топка.
Page 154 of 239

152Возење и ракување
Чујно предупредување заопремата за влечење Кај возилата опремени со опрема
за влечење кога истите се
приклучени до приколка, висината
на тонот на чујното
предупредување се менува при
ракување со трепкачите.
Висината на тонот на чујното
предупредување ќе се смени ако
прегори светло на трепкачите од
приколката или влечното возило.
Помош за стабилноста
на приколката Ако системот открие кривулести
движења, моќноста на моторот се
намалува и комбинацијата возила/
приколка селективно се сопира
додека не престане кривулестото
движење. Додека системот работи, држете го воланот колку што може
постабилно.
Помошта за стабилноста на
приколката (TSA) е функција на
Електронската програма за
стабилност 3 139.Дополнителни
функции
Погонски приклучок
Активирање За да го активирате погонскиот
приклучок, со возилото во
мирување и моторот во празен од:
■ Ставете ја рачката на менувачот во лер (возилата со
автоматизиран рачен менувач:
рачката на менувачот во
положба N).
■ Притиснете ја педалата за
куплунг.
■ Притиснете го прекинувачот на таблата со инструменти, LED-отво прекинувачот се пали по околу
2 секунди.
■ Отпуштете ја педалата за куплунг.
Брзината на вртежите на моторот
во лер се зголемува на
1200 врт/мин.Внимание
При работа на погонскиот
приклучок, не поместувајте ја
рачката на менувачот од лер
(возила со автоматизиран рачен менувач: рачката на менувачот
во положба N) за да се избегне
оштетување на преносот.
Ако биде потребно менување
брзина, на пр. за да се
прилагоди брзината на
возењето, секогаш треба прво
да се исклучи погонскиот
приклучок.
Page 155 of 239

Возење и ракување153
ДеактивирањеЗа да го исклучите погонскиот
приклучок:
■ Притиснете ја педалата за куплунг.
■ Притиснете го прекинувачот на таблата со инструменти, LED-отво прекинувачот се гаси по околу 2 секунди.
■ Отпуштете ја педалата за куплунг.
Дефект
Ако LED-от во прекинувачот не се
запали кога сакате да го
активирате погонскиот приклучок
и/или системот не работи:
Постепено отпуштете ја педалата
за куплунг.
- или - ■ Ставете ја рачката на менувачот во лер (возилата со
автоматизиран рачен менувач:
рачката на менувачот во
положба N).
■ Притиснете ја педалата за куплунг.■ Притиснете го прекинувачот натаблата со инструменти, LED-от
во прекинувачот се пали по околу 2 секунди.
■ Отпуштете ја педалата за куплунг.
Потоа повторете ја горната
постапка.
Забелешка
Функцијата на погонскиот
приклучок не е достапна кога
контролната сијаличка A 3 89 , C
3 90 или W 3 91 свети.
Page 156 of 239

154Нега на возилотоНега на возилотоОпшти информации.................154
Прверки на возилото ...............155
Замена на сијалиците ..............163
Електричен систем ..................172
Прирачен алат ......................... 175
Тркала и гуми ........................... 176
Палење со кабли ......................191
Влечење ................................... 193
Нега за изгледот ......................195Општи информации
Додатоци и
модификации на
возилото
Го препорачуваме користењето на
оригинални делови и опрема, и
делови одобрени од фабриката
специфично за Вашиот вид на
возило. Не можеме да оцениме или гарантираме сигурност за други
производи - дури и да имаат
регулативно или поинаку дадено
одобрение.
Не вршете преиначувања на
електричниот систем, на пр.
измени на електронските
контролни уреди (чип тјунинг).Внимание
При превезување на возилото
со воз или со возило за
влечење, калниците може да се
оштетат.
Чување на возилото
Складирање за долго времеАко возилото има да се складира за
повеќе месеци:
■ Измијте го и полирајте го возилото.
■ Нека Ви ја проверат заштитата со
восок во моторниот простор и
подвозје.
■ Исчистете ги и намачкајте ги гумените кедери.
■ Сменете го моторното масло.
■ Сад за течноста за миење на шофершајбната.
■ Проверете ги течноста за ладење, антифризот и
заштитата од корозија.
■ Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста определена
за полна натовареност.
■ Паркирајте го возилото на суво, добро проветрено место.
Ставете во прва брзина или во
рикверц. Спречете го возилото
од тркалење.
Page 157 of 239

Нега на возилото155
■ Не затегнувајте ја рачнатасопирачка.
■ Отворете ја хаубата, затворете ги сите врати и заклучете го
возилото.
■ Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Внимавајте сите системи да
бидат исклучени, на пр. системот
за тревожење при кражба.
Враќање во работна состојба
Кога возилото има да се врати в
работа:
■ Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Активирајте ја електрониката на
електричните прозорци.
■ Проверете го притисокот во гумите.
■ Наполнете го садот за течноста за миење.
■ Проверете го нивото на моторното масло.■Проверете го новито на течноста
за ладење.
■ Ставете ја регистарската табличка ако е потребно.
Демонтирање на
возилото на крајот на
работниот век
Информациите за центрите за
демонтирање и рециклирање на
возилата што се на крајот од својот
работен век се наоѓаат на нашата
веб страница, каде што се бара со
закон. Доверете му ја работава
само на овластен центар за
рециклирање.Прверки на возилото
Вршење работа9 Предупредување
Вршете проверки на моторниот
простор само кога е исклучено палењето.
Вентилаторот за ладење може
да проработи дури и ако е
исклучено палењето.
9 Опасност
Системот за палење генерира
крајно високи волтажи. Не
допирајте ги.
За полесно препознавање,
капачињата за дотурање на
моторното масло, течноста за
ладење, течноста за миење и
рачката од прачката за мерење на
нивото на маслото се жолти.
Page 158 of 239

156Нега на возилотоХаубаОтворање
Повлечете ја рачката за
ослободување и вратете ја во
првобитната положба.
Повлечете ја безбедноската рачка
сместена малку лево од центарот и
отворете ја хаубата.
Повлечете ја шипката од нејзиното лежиште и зацврстете ја на
десната кука од внатрешната
страна на хаубата.
Ако багажникот е отворен за време
на Autostop, моторот автоматски ќе
се запали повторно поради
безбедноста.
Затворање
Пред да ја затворите хаубата,
притиснете го потпирачот во
држачот.
Спуштете ја хаубата и оставете да
падне на бравата од мала висина
(20-25 см). Проверете дали
хаубата е заглавена.
Моторно масло Редовно проверувајте го нивото на
моторното масло рачно за да се спречи оштетување на моторот.
Уверувајте се дека се користи
масло со правилната
спецификација. Препорачаните
течности и средства за
подмачкување 3 201.
Page 159 of 239

Нега на возилото157
Проверувајте го со возилото на
рамна површина. Моторот треба
да биде со работна температура и
изгаснат за најмалку 10 минути.
Извлечете ја прачката, исчистете
ја со бришење, вметнете ја до
запирот на рачката, извлечете ја и
отчитајте го нивото на моторното
масло.
Кога нивото на моторното масло
паднало до ознаката MIN, дотурете
моторно масло.
Внимание
Не дозволувајте нивото на
масло во моторот да се спушти
под минималното ниво!
Ја препорачуваме употребата на
моторно масло од ист вид коешто
беше употребено при последното
менување.
Нивото на моторното масло не
смее да ја надмине ознаката за максимум MAX на прачката.
Внимание
Вишокот на моторното масло
треба да се исиса или да се
отстрани.
За да спречите истурање кога го
обновувате моторното масло,
препорачуваме користење инка.
Внимавајте инката да е добро
наместена на цевката за полнење.
Потрошувачката на моторното
масло нема да се стабилизира
додека возилото не поминало
повеќе илјади километри. Дури
тогаш може да се утврди
фактичката мера на
потрошувачката.
Ако потрошувачката надминува
повеќе од 0,5 литри на 1000 км по
периодов на разработувањето,
посоветувајте се со
автомеханичар.
Зафатнини 3 224, Контрола на
нивото на моторното масло 3 85.
Наместете го капачето право и
затегнете го.
Page 160 of 239

158Нега на возилотоЛадилникТечноста за ладење дава заштитаод замрзнување се до околу
-28 °C.Внимание
Употребувајте само одобрен
антифриз.
Ниво на течноста за ладење
Внимание
Прениското ниво на течноста за
ладење може да предизвика
оштетување на моторот.
Ако системот за ладење е студен,
нивото на течноста за ладење
треба да биде токму над ознаката
MINI . Дотурете ако нивото е ниско.
9Предупредување
Оставете моторот да се олади
пред да го отворите капачето. Внимателно отворајте го
капакот, ослободуваќи го вишок
притисокот полека.
Дотурете антифриз. Ако нема
антифриз на располагање,
користете чиста вода од чешма или дестилирана вода. Ставете го
капакот цврсто. Нека Ви ја провери концентрацијата на антифризот и
нека Ви ја отстрани причината на
губење на течноста за ладење
автомеханичар.
Ако е потребно значително
количество на течност за ладење,
ќе треба да се исцеди заглавениот
воздух од системот за ладење.
Побарајте помош од
автомеханичар.
Течност за серво
управувањеВнимание
Многу мали загадувања може да предизвикат оштетување на
системот за управување и
неправилна работа. Не
дозволувајте загадувачи да
дојдат во допир со делот што
доаѓа во допир со течноста на
капачето на резервоаротили да
навлезат во резервоарот.