OPEL MOVANO_B 2015.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015.5, Model line: MOVANO_B, Model: OPEL MOVANO_B 2015.5Pages: 239, PDF Size: 5.2 MB
Page 71 of 239

Складирање69
Држач за документи
Извлечете го држачот за
документи од таблата со
инструменти со повлекување на
основата кон себе и потоа со
вртење удолу.
За да се преклопи настрана,
кревајте ја основата додека
држачот за документи не е
хоризонтален, па турнете го
навнатре докрај.
Касета
Касетата мора да биде затворена
додека се вози.
Ладење на касетата 3 118.
Држачи за чаши Држачи за чаши се наоѓаат и на
двата краја од таблата со
инструменти, и во средината на
долната табла со инструменти.
Држачите за чаши исто така можат да се користат за држење на
преносливиот пепелник 3 82.
Предна складишна
преграда
На преградата на кабината се
наоѓаат три закачалки
Џебовите на предните врати
содржат држачи за шишиња.
Преклопување на наслонот на совозачкото седиште
Потпирачот за грб на совозачкото
седиште, кога е преклопен целосно
напред, содржи прегради за
складирање и држачи на чаши.
Page 72 of 239

70Складирање
Полицата која се врти, и може да сеупотреби за пишување или за
документи, мора да се врати во
својата оригинална положба пред
да се крене потпирачот за грб на
седиштето.
Складирање на очилата
за сонце
Преклопете го надолу за да се
отвори.
Не го користете за складирање на
тешки предмети.
Горна конзола
Вкупната тежина во овие прегради
не смее да надмине 5 кг.
Складишна преграда под
седиштето
Користејќи ги двете јамки на
седалото на созовачкото седиште,
повлечете го седалото нанапред за
да се добие пристап кон
складишната преграда под
седиштето.
Page 73 of 239

Складирање71
Задна клупа
Кренете ја основата на седиштето
за да пристапите до складишната преграда под клупата.
Горно место за
складирање
Вкупната тежина во оваа преграда
не смее да надмине 35 кг.
Задна преграда за складирање
Автобус
Во преградите на горното место за складирање над задните патнички
седишта може да се одложуваат
предмети.
Вкупната тежина во секоја
преграда не смее да надминува
35 кг.
Page 74 of 239

72СкладирањеТоварен простор
Алки за врзување
Во товарниот простор се
монтираат алки за врзување за да
се овозможи прицврстувањето на
товарот со употребата на
еластични каишеви или со мрежа
за подот за багаж.
Најголемата сила вршена врз
алките за врзување не смее да
надмине 5000 N под агол од 30°.
Отстранливи алки за
врзување
За да ги преместите, притиснете на
средишното капаче и клизнете во
саканата положба. Проверете дали
алката за врзување е правилно
заглавена во процепот.
Информации за товарење 3 76.
Систем за ракување со
товарот
Подвижна разделна преграда
Подвижната разделна преграда
може да се користи меѓу подните и
покривните шини.
За да ја поместите, повлечете ја
бравата за да ја ослободите и
наместите преградата како што ви е потребно. Проверете дали
бравата е заглавена целосно и
дали преградата е исправена.
Page 75 of 239

Складирање73
Чувајте ја разделната преградата
од едната страна на товарниот
простор кога не ја користите.
Телескопски прачки за
блокирање
Телескопските прачки за
блокирање може да се користат во
вертикална и хоризонтална
положба.
Проверете дали прачките за
блокирање се целосно заглавени
во товарните шини пред да
товарате.
За ослободување, притиснете на
бравата и клизнете ја прачката
истовремено.
Максимално оптоварување
100 daN/700mm.
Ремени со запчест механизам
Со соодветни ремени со запчест
механизам, предмети може да се
прицврстуваат на отстранливите
алки за врзување на страничните
или подните товарни шини.
Максималното оптоварување за
подните шини е 500 daN/700mm.
Page 76 of 239

74Складирање
Максималното оптоварување за
страничните шини е
100 daN/700mm.
Отстранливи алки за врзување
3 72, Информации за товарење
3 76.
Безбедносна мрежа
Спуштете ја безбедносната мрежа
од покривното подрачје и закачете
ја за алките за врзување 3 72.
Прилагодете ја затегнатоста на
ремените за да биде товарот
безбеден.
Додека не се користи,
безбедносната мрежа треба да се
чува во покривното подрачје.
Информации за товарење 3 76.
Предупредувачки
триаголник Предупредувачкиот триаголник
може да биде сместен во
просторот под предните седишта.
Складирање под седиштето 3 70.
Прибор за прва помош Приборот за прва помош може да
биде сместен во просторот под
предните седишта или во горната
конзола.
На горната конзола се наоѓа
етикета ако приборот за прва
помош е сместен таму.
Складирање под седиштето 3 70.
Горна конзола 3 70.
Противпожарен апарат
Противпожарниот апарат може да биде сместен во просторот под
предните седишта.
Page 77 of 239

Складирање75
Со двете јамки на седалото на
седиштето, извлечете го седалото
нанапред за да пристапите.
Дополнителен противпожарен
апарат може да се наоѓа на
панелот на предната врата.
На горната конзола се наоѓа
етикета што видливо укажува на
тоа.Систем на багажници
за на покрив
Багажник за на покрив
Поради безбедносни причини и да
се избегне оштетувањето на
пчокривот се препорачуваат
системи на багажници одобрени за возилото.
Следете ги упатствата за
монтирање и кога не е во употреба извадете го багажникот за на
покрив.
Page 78 of 239

76СкладирањеИнформации за
товарење
■ Тешките предмети во товарниот простор треба да се распоредат
рамномерно и да се наместат колку е можно понапред. Ако
предметите можат да се стават
еден врз друг, потешките
предмети треба да се стават
долу.
■ Прицврстувајте предмети со еластичните каишеви закачениза алките за врзување 3 72.
■ Прицврстувајте ги слободните предмети во товарниот простор
за да не се лизгаат.
■ Товарот не смее да пречи при ракување со педалите, рачната
сопирачка и рачката на
менувачот, или да го спречи
слободното движење на возачот.
Не ставајте неприцврстени
предмети во внатрешноста.
■ Не возете со отворен товарен простор. Освен тоа,
регистарската табличка сераспознава и е правилно
осветлена само кога вратите се
затворени.9 Предупредување
Секогаш проверувајте дали
товарот во возилото е безбедно складиран. Инаку предметите
може да се расфрлат по
возилото и да предизвикаат
телесни повреди или
оштетувања на товарот или
возилото.
■ Дозволената оптовареност е разликата помеѓу дозволената
бруто тежина на возилото
(видете на идентификациската
табличка 3 204) и максималната
тежина според ЕС.
За да ја пресметате дозволената оптовареност, внесете ги
податоците за Вашето возило во
табелата за тежини на почетокот од овој прирачник.
Максималната тежина според ЕС ги вклучува тежините за возачот
(68 кг), багажот (7 кг) и сите
течности (со 90 % полн
резервоар).
Опционалните опреми и апарати
ја зголемуваат својата тежина.
■ Возењето со товар на покривот ја
зголемува чувствителноста на
возилото на странични ветрови и има неповолно влијание врз
управувањето на возилото
поради повишувањето на
тежиштето на возилото.
Распределете го товарот
рамномерно и прицврстете го
правилно со каишеви за држење. Приспособете го притисокот во
гумите според оптовареноста.
Често проверувајте ги и
презатегнувајте ги каишите.
Не возете побрзо од 120 км/ч.
■ Дозволената оптовареност на покривот (вклучително и
тежината на багажникот за на
покрив) е 200 кг за стандардните
варијанти на покривот.
Оптовареноста на покривот е
комбинираната тежина на
багажникот за на покрив и на
товарот.
Page 79 of 239

Инструменти и контроли77Инструменти и
контролиКонтроли ..................................... 77
Предупредувачки светла,
мерачи и индикатори .................82
Информативни екрани ............... 94
Пораки за возилото .................... 95
Патен компјутер .........................97
Тахиграф .................................... 98Контроли
Местење на воланот
Отклучете ја рачката, наместете го
воланот, па заглавете ја рачката и
уверете се дека истата е целосно
закочена.
Не го местете воланот освен ако
возилото е во мирување и бравата на воланот била ослободена.
Контроли на воланот
Со контролата на патувањето и
ограничувачот на брзината може
да се управува преку контролите на
воланот.
Контрола на патувањето и
ограничувач на брзината 3 141.
Page 80 of 239

78Инструменти и контролиСирена
Притиснете го j.
Сирената ќе се огласи без оглед на
положбата на прекинувачот за
палење.
Контроли на
управувачкиот столб Со Инфозабавниот систем може да
се ракува и преку контролите на
управувачкиот столб.
Повеќе информации се достапни
во прирачникот на Инфозабавниот
систем.
Бришач на
шофершајбната/перач
Бришач на шофершајбната0=исклучувањеP=тепмирано периодично
бришење или автоматско
бришење со сензор за дожд1=бавно2=брзо
Не го употребувајте ако
шофершајбната е замрзната.
Исклучете ги во перални за
автомобили.
Автоматско бришење со сензор за
дождP=Автоматско бришење со
сензор за дожд
Сензорот за дожд го приметува
количеството на водата на
шофершајбната и автоматски ги
регулира бришачите на
шофершајбната.
Автоматското бришење мора
повторно да се избере секогаш
откако ќе се исклучи палењето.