brake OPEL VIVARO 2014 Сопственички прирачник
[x] Cancel search | Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014, Model line: VIVARO, Model: OPEL VIVARO 2014Pages: 195, PDF Size: 4.3 MB
Page 116 of 195
114Возење и ракувањеДефект
Во случај на дефект, W се
покажува на екранот на менувачот. Може да се продолжи со возењето
под услов возилото да се вози
внимателно и со предвидување.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Прекин на напојувањето Куплунгот не се ослободува ако
има прекин на напојувањето кога
се става во брзина. Возилото не
може да се помрдне.
Ако акумулаторот е испразнет,
запалете го возилото користејќи
кабли за палење 3 157.
Ако причината за прекинот на
напојувањето не е испразнет
акумулатор, побарајте помош од
автомеханичар.
Ако не може да се стави во лер, возилото смее да се влече само така што погонските тркала да
бидат кренати од земјата.
Влечење на возилото 3 160.Сопирачки
Системот на сопирачки се состои
од две независни кола за
сопирање.
Ако откаже едно коло за сопирање, возилото се уште може да се сопре
со употреба на другото коло за
сопирање. Меѓутоа, дејството на
сопирањето се постигнува само
кога ќе го притиснете педалот за
сопирачките цврсто. Значително
повеќе сила треба да користите за
тоа. Растојанието за сопирање се
зголемува. Побарајте помош од
автомеханичар пред да
продолжите со патувањето.
Кога моторот не работи,
поддршката на серво уредот за
сопирачките ја снемува штом
педалот за сопирачките ќе се
притисне еднаш или двапати.
Дејството на сопирањето не е
намалено, но за сопирање е
потребна значајно поголема сила.
Тоа е особено важно да се има на
ум кога се влече.Ако контролната сијаличка R се
пали во групата инструменти за време на возењето и пораката
BRAKING FAULT (ДЕФЕКТ НА
СОПИРАЧКИТЕ) се појавува на
Информативниот центар за
возачот, има дефект во системот
на сопирачки. Побарајте помош од
автомеханичар веднаш.
Контролна сијаличка R 3 81.
Пораки за возилото 3 84.
Систем за деблокирање
на сопирачките Antilock Brake System -от (ABS)
(Систем за деблокирање на
сопирачките) не дозволу тркалата
да се блокираат.
ABS почнува да го регулира притисокот на сопирачките штом
некое тркало покажува тенденција
да се блокира. Возилото останува
управливо, дури при јако
сопирање.