OPEL VIVARO B 2014.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014.5, Model line: VIVARO B, Model: OPEL VIVARO B 2014.5Pages: 209, PDF Size: 4.27 MB
Page 181 of 209

Нега на возилото179Внимание
Возете полека. Не возете сонагли движeња. Преголеми
влечни сили може да го оштетат возилото.
Кога моторот не работи, потребнае значително поголема сила за сопирање и за управување.
За да спречи влегувањето на
издувните гасови од влечното
возило, вклучете го системот за
кружење на воздухот и затворете
ги прозорците.
Побарајте помош од
автомеханичар.
По влечењето, одвртете ја алката за влечење и вратете го капачето.
Влечење друго возило
Фиксната алка за влечење се наоѓа под задниот браник.
Закачете сајла за влечење - или,
уште подобро, шипка за влечење -
за задната алка за влечење, а
никогаш не за задната оска или за
полуоските.
Задната алка за влечење смее да
се користи само за влечење, а не
за ослобудвање на возилото.
Внимание
Возете полека. Не возете со нагли движeња. Преголеми
влечни сили може да го оштетат возилото.
Кука за приколки 3 141.
Page 182 of 209

180Нега на возилотоНега за изгледотНега на надворешноста Брави
Бравите се подмачкуваат во
фабриката со употребата на
високо квалитетно мазиво за
цилиндрите на бравите. Средство
за одмрзнување употребувајте
само каде што е апсолутно
неопходно, бидејќи тоа го вади
мазивото и го влошува
функционирањето на бравите. По
употребата на средство за
одмрзнување, нека Ви ги подмачка бравите повторно со мазиво
автомеханичар.
Миење Бојата на Вашето возило е
изложена на влијанија од
околината. Мијте го и полирајте го
Вашето возило редовно. Кога
користите автоматски перални за
возила, одберете таква програма
којашто содржи полирање.Изметот од птиците, мртвите
инсекти, смолата, поленот и
сличното треба веднаш да се
исчистат, бидејќи содржат
агресивни состојки што може да ја оштетат бојата.
Ако користите перална за возила,
спроведете ги соодветните
напатствија на производителот на
пералната. Бришачите на
шофершајбната и бришачот на
задното стакло мора да бидат
исклучени. Извадете ги антената и
надворешните додатоци, како на
пример багажниците за на покрив,
итн.
Ако го миете возилото рачно,
погрижете се темелно да ја
исплакнете и внатрешната страна
на крилата.
Исчистете ги рабовите и
преклопите на отворените врати и
хаубата, како и пределите што ги
покриваат.Внимание
Секогаш користете средство за
чистење со pH вреднсот 4 до 9.
Не користете средства за
чистење на жешки површини.
Нека Ви ги подмачкува шарките на
вратите со мазиво автомеханичар.
Не го чистете моторниот простор
со компресорска млазница или
млазни чистачи со голем притисок.
Целосно исушете го и избришете
го возилото. Често плакнете ја
еленската кожа. Употребувајте
посебни кожи за бојата и за
прозорците:остатоците од полир-
пастата на прозорците ќе ја
намалат видливоста.
Не користете тврди предмети за
вадење на флеки од катран.
Користете спреј за вадење на
катран на обоените површини.
Page 183 of 209

Нега на возилото181
Надворешни светлаКапаците на предните фарови и на
другите светла се направени од
пластика. Не користете
нагризувачки средства или
киселини, не користете гребач за
мраз и не сушете ги.
Полирање и нанесувањевосок
Редовно полирајте го возилото со
полир паста (најдоцна кога веќе не
се формираат капки од водата).
Инаку бојата ќе се исуши.
Полирањето со средство за
полирање е неопходно само ако
бојата го изгубила сјајот или ако на неа се нафатиле цврсти наслојки.
Полирањето на бојата со силикон
обликува заштитен слој, правејќи
го полирањето со восок
непотребно.
Пластичните делови на
каросеријата не смеат да се
намачкаат со восок или средства
за полирање.Прозорци и четкички на
бришачите на шофершајбната
Употребувајте мека крпа без
влакненца или еленска кожа
заедно со средство за чистење
прозорци и средство за вадење
инсекти.
Кога го чистите задниот прозорец
однатре, секогаш бришете
паралелно со грејачот за да
спречите оштетување.
За механичко вадење на мраз,
употребувајте гребло на мраз со
остар раб. Притиснете го гребачот
цврсто на стаклото за да не
влегуваат нечистотии под него и
гребете го стаклото.
Чистете ги четкичките на
бришачите што замачкуваат со
мека крпа и средство за чистење на прозорци.
Тркала и гуми
Не користете компресорски
млазници за чистење.Чистете ги бандажите со pH
неутрално средство за чистење на
тркалата.
Бандажите се бојосани и може да
се чистат со истите средства како и шасијата.
Оштетување на бојата
Поправете ги помалите оштети на
бојата со апликатор пред да се
формира ‘рѓа. Поголемите оштети
или предели со ’рѓа нека Ви ги
поправи автомеханичар.
Подвозје Некои предели на подвозјето на
возилото имаат премаз од PVC
додека другите критични предели
имаат траен слој од заштитен
восок.
Откако подвозјето ќе се измие,
проверете го истото и нанесете
повеќе заштитен восок ако е
потребно.
Битуменски/гумени материјали
може да го оштетат слојот од PVC.
Нека Ви ја изведе работата на
подвозјето автомеханичар.
Page 184 of 209

182Нега на возилото
Пред и после зимата, измијте го
подвозјето и нека Ви го проверат
слојот на заштитниот восок.
Опрема за влечење
Не ја чистете влечната кука со
компресорска млазница или
млазни чистачи со голем притисок.
Нега на внатрешноста Внатрешност и тапацир
Чистете ја внатрешноста на
возилото, вклучувајќи ја и маската
и облогите на таблата со
инструменти, само со сува крпа или средство за чистење на
внатрешноста.
Чистете го кожениот тапацир со
чиста вода и мека крпа. Во случај
на голема извалканост, користете
средства за чистење кожа.
Групата инструменти и екраните
треба да се чистат само со мека,
влажна крпа. Ако е потребно,
користете слаб раствор на
сапуница.Текстилниот тапацир чистете го со
правосмукалка и четка. Флеките
вадете ги со средство за чистење на тапацирот.
Ткаенината на преслеките може да
не е со трајни бои. Тоа може да
предизвика видливо
избледнување на бојата, особено
на тапацир со светли бои. Дамки и
избледена боја треба да се
исчистат што е можно поскоро.
Чистете ги безбедносните ремени
со млака вода или средство за
чистење на внатрешноста.Внимание
Затворајте ги Велкро патентите
бидејќи отворените Велкро
патенти на облеката може да го
оштетат тапацирот на
седиштата.
Истото се однесува и до облеки
со предмети со остри рабови,
како патенти или каишеви или
фармерки со нитни.
Пластични и гумени делови
Пластичните и гумените делови
може да се исчистат со истото
средство за чистење кое се
користи за чистење на
каросеријата. Употребете
средство за чистење на
внатрешноста ако е потребно. Не
користете други средства.
Избегнувајте ги растворувачите и
особено бензинот. Не користете
компресорски млазници за
чистење.
Page 185 of 209

Сервисирање и одржување183Сервисирање и
одржувањеОпшти информации .................183
Препорачани течности,
средства за подмачкување и
делови ....................................... 185Општи информации
Сервисни информации За да се гарантира економичното ибезбедното работење на возилото
и да се одржи вредноста на Вашето
возило, мошне битно е сето
одржување да се изведува во
соодветните периоди, како што е определено.
Деталниот, актуелен сервисен
распоред за возилото е достапен
кај автомеханичарот.
Екран за сервисирање 3 85.
Идентификација на моторот
3 188.
Европски сервисни периоди
Постои потреба од одржување на
вашето возило на секои 40000 км
или по 2 години, што и да е прво, освен ако не е поинаку означено на екранот за сервисирање.
Европските сервисни периоди
важат за следниве држави:Андора, Австрија, Белгија,
Хрватска, Чешка, Данска, Естонија,
Финска, Франција, Германија,
Грција, Унгарија, Исланд, Ирска,
Италија, Летонија, Лихтенштајн,
Литванија, Луксембург, Холандија,
Норвешка, Полска, Португалија,
Словачка, Словенија, Шпанија,
Шведска, Швајцарија,
Обединетото Кралство.
Меѓународни сервисни периоди
Израел:
Постои потреба од одржување на вашето возило на 40 000 км или по
1 година, кое и да настапи прво,
освен ако не е поинаку означено на
екранот за сервисирање.
Романија, Бугарија:
Постои потреба од одржување на
вашето возило на 30 000 км или по
1 година, кое и да настапи прво,
освен ако не е поинаку означено на екранот за сервисирање.
Page 186 of 209

184Сервисирање и одржување
Турција:
Постои потреба од одржување на вашето возило на 20 000 км или по
1 година, кое и да настапи прво,
освен ако не е поинаку означено на екранот за сервисирање.
Меѓународен:
Постои потреба од одржување на вашето возило на 15 000 км или по
1 година, кое и да настапи прво, освен ако не е поинаку означено на екранот за сервисирање.
Меѓународен+:
Постои потреба од одржување на
вашето возило на 10 000 км или по
1 година, кое и да настапи прво,
освен ако не е поинаку означено на екранот за сервисирање.
Меѓународните периоди за
сервисирање се важечки за:
Австралија, Белорусија, Кипар,
Молдавија, Мароко, Нов Зеланд,
Русија, Јужна Африка, ОАЕ,
Украина.
Меѓународните+ периоди за
сервисирање се важечки за:
Албанија, Алжир, Босна иХерцеговина, Косово, Македонија,
Малта, Црна Гора, Србија,
Сингапур, Тунис.
Потврдувања Потврдите на сервисирањето се
евидентира во Сервисната и
гаранцијската книшка. Датумот и
километражата се дополнува со
печат и подпис на работилницата
на сервисирањето.
Проверете дека Сервисната и
гаранцијската книшка е дополнета
исправно пошто постојаното
заверување на сервисирањето е
суштинско ако било каква
рекламација или добронамерно
барање треба да се исполни, и исто
така е корисно при продавање на
возилото.
Екран за сервисирање
Сервисниот период е заснован врз
повеќе параметри зависно од
употребата.
Екранот за сервисирање, сместен
во Информативниот центар за
возачот, означува кога треба да сенаправи следниот сервис.
Побарајте помош од
автомеханичар.
Екран за сервисирање 3 85.
Page 187 of 209

Сервисирање и одржување185Препорачани
течности, средства за
подмачкување и
делови
Препорачаните течности
и средства за
подмачкување
Користете само производи кои ги
задоволуваат препорачаните
спецификации. Штетата што ќе
настане како резултат на
употребата на производи кои не се во склад со овие спецификации
нема да биде покриена со
гаранцијата.9 Предупредување
Работните материјали се
опасни и можат да бидат
отровни. Ракувајте со нив
внимателно. Обрнете внимание
на информациите дадени на
упаковката.
Моторно масло
Моторното масло се познава по
својот квалитет и вискозитет.
Квалитетот е поважен од
вискозитетот кога избирате кое
моторно масло ќе користите.
Квалитетот на маслото ја
обезбедува на пр. чистотата на моторот, заштитата од абење и
контролата на стареење на
маслото, додека класата по
вискозност дава информација за густината на маслото над некој
опсег на температурите.
Dexos е најновиот квалитет на
моторните масла што овозможува
оптимална заштита за бензинските
и дизел моторите. Ако не е
достапно, мора да се користат
моторни масла од другите
наброени квалитети.
Изберете соодветно моторно
масло според неговиот квалитет и
минималната надворешна
температура 3 190.Дотурање моторно масло
Моторните масла од други
производители и марки можат да
се мешаат доколку тие го
исполнуваат бараниот квалитет и
вискозитет за моторни масла.
Употребата на моторни масла
само со квалитетот ACEA A1/B1
или A5/B5 е забранета, бидејќи тие
може да предизвикаат долгорочни
оштетувања на моторот при
одредени работни услови.
Изберете соодветно моторно
масло според неговиот квалитет и
минималната надворешна
температура 3 190.
Дополнителни адитиви за
моторното масло
Употребата на дополнителни
адитиви за моторното масло може
да предизвика оштетувања и да ја
поништи гаранцијата.
Класи по вискозитет на моторното
масло
SAE класата по вискозитет дава
информација за густината на
маслото.
Page 188 of 209

186Сервисирање и одржување
Повеќекласното масло се означувасо две бројки, на пр., SAE 5W-30.
Првата бројка, по којашто следи W, ја означува вискозноста при ниски
температури, а втората бројка ја
означува вискозноста при високи
температури.
Изберете ја соодветната класа по
вискозитет зависно од
минималната надворешна
температура 3 190.
Сите препорачани класи
вискозност се погодни за високи
температури на околината.
Течност за ладење и
антифриз Користете само долготраен
антифриз (LLC) без силикати
одобрен за возилото.
Посоветувајте се со
автомеханичар.
Системот e фабрички наполнет со
течност за ладење предвидена за
одлична заштита од корозија и
заштита од замрзнување до околу
-28 °C. Оваа концентрација треба
да се одржува во текот на целатагодина. Употребата на
дополнителни адитиви за течноста
за ладење кои се предвидени да
дадат дополнителна заштита од
корозија или изолација против помали протекувања може да
предизвикаат функциски
проблеми. Одговорноста за
последиците кои произлегуваат од употребата на дополнителни
адитиви за течноста за ладење ќе
биде одбиена.
Течност за сопирачките
Користете течност за сопирачките
само со високи перформанси
одобрена за возилото.
Посоветувајте се со
автомеханичар.
Со времето течноста за
сопирачките ќе апсорбира влага и
ќе се намали нејзината
ефективност. Затоа течноста за
сопирање треба д асе замени во
предвидените временски периоди.
Секогаш чувајте ја течноста за
сопирачките во затворен сад за да
се избегне впивањето на водата.Внимавајте течноста за сопирање
да се загади.
Page 189 of 209

Технички податоци187Технички податоциИдентификација на возилото..187
Податоци за возилото .............190Идентификација на
возилото
Идентификациски број
на возилото
Идентификацискиот број на
возилото се гледа преку
шофершајбната.
VIN е прикажан и зад пластичниот
капак што се вади на прагот од
десната врата.
Page 190 of 209

188Технички податоциИдентификациска
табличка
Идентификациската табличка се
наоѓа на столбот на десната врата.
Информации на
идентификациската табличка 1)
:
1=Производител, број за
одобрување на моделот2=Идентификациски број на
возилото3=Спецификација за
дозволената бруто тежина на
возилото4=Дозволена бруто
комбинирана тежина5=Најголема дозволена
оптовареност на предната
оска6=Најголема дозволена
оптовареност на задната оска7=Податоци спесифични за
возилото или за земјата
Вкупниот износ на оптовареноста
на предната и задната оска не смее да ја надмине дозволената бруто
тежина на возилото. На пример,
ако предната оска ја носи
максимално дозволената
оптовареност, задната оска смее
да носи само товар што е еднаков
на бруто тежината на возилото
минус оптовареноста на предната
оска.
Техничките податоци се одредени
во согласност со стандардите на
Европската Заедница. Го
задржуваме правото да вршиме
измени. Спецификациите во
документите на возилото секогаш
се поважечки од оние дадени во
овој прирачник.
1) Табличката со VIN на Вашето возило може да биде поинаква од покажаната илустрација.