OPEL VIVARO B 2014.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014.5, Model line: VIVARO B, Model: OPEL VIVARO B 2014.5Pages: 209, PDF Size: 4.27 MB
Page 161 of 209

Нега на возилото159Електричен систем
Осигурувачи
Податоците на сијалицата за
замена треба да се согласуваат со
оние од прегорениот осигурувач.
Пред да замените осигурувач,
исклучете ги соодветниот
прекинувач и палењето.
Прегорениот осигурувач се
познава по стопената жичка. Не го
заменете осигурувачот додека не
се отстрани причината на
дефектот.
Препорачливо е да се носи цел комплет осигурувачи. Во кутијата
со осигурувачи е оставено место за складирање резервни
осигурувачи.
Некои функции се заштитени со
повеќе осигурувачи.
Осигурувачите можат да се
ставаат без постоење на некоја
функција.
Забелешка
Сите описи на кутиите со
осигурувачи во овој сопственички
прирачник може да не важат за
Вашето возило. Видете на
етикетата на кутијата со
осигурувачи, каде што ја има.
Алат за вадење осигурувачи
Page 162 of 209

160Нега на возилото
За помагање во заменувањето на
осигурувачи, во кутијата со
осигурувачи се наоѓа алат за
вадење на осигурувачи.
Наместете го алатот за ваѓање на
осигурувачите одозгора или
отсрана, врз разните видови на
осигурувачи и, повлечете го
осигурувачот.
Кутија со осигурувачи во
таблата со инструменти
Кутијата со осигурувачи се наоѓа
од левата страна на таблата со
инструменти, зад плочата на
облогата.
Повлечете го горниот дел на
плочата на облогата и извадете ја
за да дојдете до кутијата со
осигурувачи.
Не чувајте предмети зад оваа
облога.
Некои струјни кола може да бидат
заштитени со повеќе осигурувачи.
Page 163 of 209

Нега на возилото161
Page 164 of 209

162Нега на возилото
Бр.Струјно коло1Акумулатор (со систем на
електронски клуч)2Резервно напојување APC (со
систем на електронски клуч)3Греење на патничкиот
простор4Адаптации5Адаптации6Греење на патничкиот
простор7Дополнителна климатизација8Дополнително греење9Електрични странични
ретровизори, дополнителни
прилагодувања10Странични ретровизори со
греењеБр.Струјно коло11Радио, мултимедија,
електрични странични
ретровизори, приклучок за
дијагностика12Мултимедија, кука за
приколки13Систем за инјектирање
гориво, светла за
внатрешноста14Систем за инјектирање
гориво, систем за следење на притисокот на гумите, систем
на електронски клуч15Предупредувачки трепкачи,
трепкачи за вртење и
менување лента16Централна брава17Лево долго светло, десно
средно светло, задни светла,
лево светло за дневно возењеБр.Струјно коло18Предни фарови за магла,
задни фарови за магла,
светло за регистарската
табличка19Аларм, сирена, автоматска
контрола на светлата, бришач20Група инструменти21Прекинувач за светлата22Бришач на задното стакло,
пумпа за миење на
шофершајбната, сирена23Општ акумулатор APC24Светло за рикверц25Копче за палење/гасење на
моторот26Инјектирање гориво, стартер27Воздушно перниче,
блокирање на воланот28Патнички електричен
прозорец
Page 165 of 209

Нега на возилото163
Бр.Струјно коло29Серво управување30Стоп-светла31Резервно напојување APC (со
систем на електронски клуч)32Екран за сервисирање33Запалка, штекер за напој34Десно долго светло, лево
средно светло, предни
фарови, десно светло за
дневно возење35Стоп-светла, ABS,
имобилизатор36Внатрешно светло,
климатизација37Стартување со системот на
електронски клуч38Бришач на задното стакло39Предупредувачки сигнал40Штекер за напој во товарниот
просторБр.Струјно коло41Мотор на електричниот
прозорец42Заден штекер за напој43Стартување, модул за
контрола на каросеријата44Греење на седиштата45Греење, климатизација46Бришач на шофершајбната47ТахиграфПрирачен алат
Алати
Дигалката, клучот за тркалата,
клучот за завртките на тркалата,
имбус клучот, адаптерите, куката
за раткапните и алката за влечење се наоѓаат во комплет под
возачкото седиште.
Слизнете го седиштето нанапред и
склопете го потпирачот за грб
нанапред 3 46 за да дојдете до
кутијата со алати. Кутијата со алати може да е приврстена со
пеперужна завртка.
Page 166 of 209

164Нега на возилото
Менување тркала 3 173, Резервно
тркало 3 174.
Возила со комплет за поправање
гуми: Куката за раткапните и имбус клучот се наоѓаат во кутијата на
комплетот за поправање гуми,
складирана под возачкото
седиште.
Комплет за поправање гуми 3 170.Тркала и гуми
Состојба на гумите, состојбана тркалата
Преку рабови возете полека и под
прав агол ако е возможно.
Возењето преку остри рабови
може да предизвика оштетувања
на гумите и на тркалата. Не ги
заглавете гумите на работ од
тротоарот кога паркирате.
Редовно проверувајте ги тркалата
да не се оштетени. Побарајте
помош од автомеханичар во случај на оштетување или необично
абење.
Гуми Фабрички монтираните гуми се
приспособени кон шасијата и
пружаат оптимална удобност и
безбедност при возењето.Зимски гуми
Зимските гуми ја подобруваат
безбедноста на возењето при
температури под 7 °C и затоа треба да се ставаат на сите тркала.
Во согласност со прописите што се
специфични за земјата, во видното поле на возачот треба да се залепи
белешка што ја означува
најголемата дозволена брзина за
гумите.
Ознаки на гумите
На пр. 195/65 R 16 C 88 Q195=Широчина на гумата во мм65=Профил (однос на
височината со широчината
на гумата) во %R=Вид на ременот: РадијаленRF=Вид: RunFlat (функционира
и издишана)16=Пречник на тркалото во инчC=Товарна или трговска
употреба
Page 167 of 209

Нега на возилото165
88=Индекс на натовареноста,
на пр. 88 одговара на
567 кгQ=Буква на шифрата за
брзината
Буква на шифрата за брзината:
Q=до 160 км/чS=до 180 км/чT=до 190 км/чH=до 210 км/чV=до 240 км/чW=до 270 км/ч
Притисок на гумите
Проверувајте го притисокот во
гумите кога се студени, најмалку на
14 дена и пред секое подолго
патување. Не заборавајте го
резервното тркало. Тоа важи и за
возилата со систем за контрола на
притисокот во гумите.
Притисоци во гумите 3 197.
Секогаш пумпајте ги гумите до
притисокот прикажан на етикетата
на рамката на возачката врата.
Податоците за притисокот во
гумите се однесуваат на ладни
гуми. Тоа важи за летни и зимски
гуми.
Резервната гума секогаш пумпајте ја до притисокот определен зацелосна оптовареност.
Неправилниот притисок во гумите
ќе ја влоши безбедноста,
управувањето на возилото,
удобноста и економичноста на
потрошувачката на гориво, и ќе го
зголеми абењето на гумите.
Табелите за притисок на гумите ги покажуваат сите можни
комбинации на гуми 3 197.
За гумите одобрени за Вашето возило, видете го Сертификатот за сообразност на ЕК доставен со
Вашето возило или другите
национални документи за
регистрација.
Возачот е одговорен за правилно
прилагодување на притисокот во
гумите.9 Предупредување
Ако притисокот е пренизок,
гумите може премногу да се
загреат и да се оштетат
однатре, што може да
предизвика цепење на шарите,
па дури и експлозија на гумите
при големи брзини.
Page 168 of 209

166Нега на возилотоСистем за следење на
притисокот на гумите
Системот за контрола на
притисокот во гумите го проверува
притисокот во сите четири тркала
еднаш по минута кога брзината на
возилото ќе надмине определена
граница.Внимание
Системот за следење на
притисокот во гумите само
предупредува за послаб
притисок и не е замена за
редовното одржување на
гумите од страна на возачот.
Сите четири тркала треба да бидат опремени со сензори за притисокот
во гумите и гумите треба да го
имаат пропишаниот притисок.
Забелешка
Во земјите каде што системот за
следење на притисокот на гумите
е законска обврска, користењето
тркала без сензори за притисокот
ќе го обезважи одобрението за
типот на возилото.
Притисоци на гумите на екранот
Моменталните притисоци во
гумите може да се покажани на
Информативниот центар за
возачот 3 93.
Со возилото во мирување,
притискајте го копчето на крајот на
рачката на бришачите повеќепати
додека не се прикаже изборникот
за притисокот во гумите.
Состојба на низок притисок на
гумите
Откриена состојба на низок
притисок на гумите се прикажува со
светење на контролната сијаличка
w 3 91 и соодветна порака се
појавува на Информативниот
центар за возачот.
Ако се запали w, сопрете штом
можете и напумпајте ги гумите
според препораките 3 197.
Откако ќе се напумпаат, може да биде потребно возење за да се
ажурираат вредностите на
притисокот во гумите во
Page 169 of 209

Нега на возилото167
Информативниот центар за
возачот. За тоа време може да
свети w.
Ако свети w при пониски
температури и се изгасне по
одредено време возење, може да
се работи за низок притисок.
Проверете го притисокот во
гумите.
Ако притисокот во гумите мора да
се намали или зголеми, исклучете
го палењето.
Монтирајте само тркала со сензори
за притисоко, инаку притисокот во
гумите нема да се прикажува и w
трепка неколку секунди, а потоа
свети постојано заедно со
соодветна порака во
Информативниот центар за
возачот.
Резервното тркало или
привременото резервно тркало не
е опремено со сензори за притисок. Системот за контрола на
притисокот во гумите не
функционира за тие тркала. За
другите три тркала системот
останува функционален.Контролната сијаличка w и
соодветна порака се појавуваат
при секој циклус на палење додека гумите не се напумпаат до
правилниот притисок.
Информативен центар за возачот
3 93.
Пораки за возилото 3 93.
Продупченост
На дупната или многу издишана
гума се укажува со светење на
контролната сијаличка w заедно со
F 3 89 и соодветна порака се
појавува на Информативниот
центар за возачот.
Притисок на гумите 3 197 , Комплет
за поправање гуми 3 170,
Резервно тркало 3 174, Менување
тркала 3 173.
Зависност од температурата Притисокот во гумата зависи од
нејзината температура. За време
на возењето, температурата и
притисокот на гумите се
зголемуваат.Вредноста на притисокот во гумите
прикажана во Информативниот
систем за возачот го покажува
фактичкиот притисок во гумите.
Затоа е важно да се проверува
притисокот во гумите со ладни
гуми.
Функција за повторно учење
Откако ќе ги смените тркалата,
системот треба повторно да
пресмета.
Со возилото во мирување,
изберете го изборникот за
притисок на гумите на
Информативниот центар за
Page 170 of 209

168Нега на возилото
возачот притискајќи го копчето на
крајот на рачката за бришачите.
Притиснете го и држете го копчето
околу 3 секунди за да ја иницирате повторната пресметка. На
Информативниот центар за
возачот се појавува соодветна
порака.
Може да бидат потребни неколку
минути возење за да се заврши
повторното учење.
Ако дојде до проблеми за време на процесот на повторно учење, во
Информативниот центар за
возачот се прикажува
предупредувачка порака.
Информативен центар за возачот
3 93.
Пораки за возилото 3 93.
Општи информации Употребата на течните комплети запоправање на гуми што се
достапни во трговијата може да го
влоши функционирањето на
системот. Може да се користат
фабрички одобрени комплети за
поправање гуми.Комплет за поправање гуми 3 170.
Надворешни радио опреми со
голема моќност може да му пречат на системот за контрола на
притисокот во гумите.
Секогаш кога се заменуваат гумите
сензорите на системот за следење на притисокот во гумите треба да
се демонтираат и сервисираат во
сервис.
Длабочина на шарата Редовно проверувајте ја
длабочината на шарите.
Гумите треба да се заменат од
безбедносни причини при
длабочина на шарите од 2-3 мм
(4 мм за зимски гуми).
Од безбедносни причини, се
препорачува длабочината на
шарите на гумите на една оска да
не се разликува повеќе од 2 мм.
Законски дозволената минимална
длабочина на шарата (1,6 мм) е
достигната кога шарата е изабена
до една од ознаките за изабеност
( TWI). Нивната положба е означена
со обележувања од страните на
гумата.
Ако има поголемо абење напред
отколку назад, сменете ги
предните тркала со задните
тркала. Уверете се дека насоката
на вртењето на тркалата е иста
како порано.
Гумите стареат, дури ако не се употребуваат. Препорачуваме
замена на гумите на 6 години.