OPEL VIVARO B 2014.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014.5, Model line: VIVARO B, Model: OPEL VIVARO B 2014.5Pages: 209, PDF Size: 4.27 MB
Page 141 of 209

Возење и ракување139
■ мраз, снег, кал или нешто другого прекрива објективот на
камерата. Исчистете го
објективот, исплакнете го со
вода и избришете го со мека
крпа,
■ задните врати/задната врата не се затворени правилно,
■ возилото се судрило од задната страна,
■ има екстремни промени на температурата.Гориво
Гориво за мотори на
дизел
Користете само дизел гориво што е
во согласност со EN 590.
Во земјите надвор од Европската
Унија, користете евро-дизел
гориво со концентрација на сулфур под 50 ppm.Внимание
Користењето гориво што не е во
согласност со EN 590 или
слично може да доведе до
губење на моќноста на
возилото, зголемено абење или
оштетување на моторот и
загуба на гаранцијата.
Не користете бродски дизел
горива, горива за греење, Аквазол
и слични мешавини на дизел и
вода. Дизел горивата не смеат да
се разредат со горива за бензински мотори.
Полнење гориво9 Опасност
Пред да полните гориво,
исклучете ги моторот и сите
надворешни грејачи со комори за согорување. Исклучете ги
сите мобилни телефони.
Следете ги упатствата за
ракување и безбедноста на
бензинската пумпа кога полните
гориво.
9 Опасност
Горивото е запаливо и
експлозивно. Пушењето е
забрането! Забранети се гол
пламен и искри.
Ако намирисате гориво во Вашето возило, нека Ви ја
отстрани причината на тоа
автомеханичар веднаш.
Page 142 of 209

140Возење и ракувањеВнимание
Во случај на погрешно ставено
гориво, не вклучувајте го
палењето.
Забелешка
За посигурно прикажување на
нивото на горивото, палењето
мора да е исклучено пред
полнење со гориво. Избегнувајте
мали дополнувања гориво (на пр.
помалку од 5 литри) за поточно
прикажување на нивото.
Вратичката на резервоарот за
гориво се наоѓа од левата страна на возилото.
Вратичката на резервоарот за
гориво може да се отвори само ако возилото е отклучено и е отворена
левата врата.
Повлечете ја вратичката за да ја
отворите.
За да го отворите капачето на
резервоарот за гориво, свртете го
налево.
Капачето за полнење гориво може да се задржи во рамката на
вратичката на резервоарот.
За полнење гориво, целосно
вметнете ја цевката на пумпата и
вклучете ја.
По автоматското исклучување,
може да се дополни со најмногу
две дози гориво.
Внимание
Веднаш избришете го горивото
што претекло.
Кога полнењето гориво е
завршено, вратете го капачето на
резервоарот и свртете го надесно
колку што може.
Затворете ја вратичката на
резервоарот.
Капаче за полнење гориво
Користете само оригинални
капачиња за полнење гориво.
Возилата со мотори на дизел
имаат специјални капачиња за
полнење гориво.
Потрошувачка на
гориво - CO 2-испуштање
Вредностите за потрошувачката на гориво (комбинирана) на моделот
Opel Vivaro е во опсегот од 9,13 до
7,54 л/100 км.
Page 143 of 209

Возење и ракување141
Испуштањето CO
2 (комбинирано) е
во опсег од 179 до 155 г/км.
За вредностите за вашето возило,
видете го Сертификатот за
сообразност на ЕК доставен со
вашето возило или другите
национални документи за
регистрација.
Општи информации
Наведените бројки за
официјалната потрошувачка на
гориво и испуштањето CO 2 се
однесуваат на основниот модел за ЕУ со стандардна опрема.
Податоците за потрошувачката на
гориво и испуштањето CO 2 се
одредуваат според прописот
R (EC) бр. 715/2007 (во најновата
важечка верзија), со земање
предвид на тежината на возилото
кога работи, како што е одредено
со прописот.
Бројките се дадени само за
споредба меѓу различните
варијанти на возилото и не требада се земаат како гаранција за
фактичката потрошувачка на
гориво на одредено возило.
Дополнителната опрема може да
предизвика малку повисоки
вредности на наведената
потрошувачка на гориво и
испуштање CO 2. Понатаму
потрошувачката на гориво зависи од личниот стил на возењето, како
и од условите на коловозот и
сообраќајот.Кука за приколки
Општи информации Доверете му го отпослежното
монтирање на опремата за
влечење на автомеханичар. Може
да биде потребно да се извршат измени кои делуваат врз системот
за ладење, топлоотпорните
обвивки или друга опрема.
Употребувајте само опрема за
влечење одобрена за Вашето
возило.
Возни карактеристики,
совети за влечење Во случај на приколки со
сопирачки, закачете го кабелот за
приврзување.
Пред да закачите приколка,
подмачкајте ја влечната топка со
мазиво. Меѓутоа, не подмачкајте ја ако за намалување на кривулести
движења се употребува
стабилизатор, којшто дејствува врз влечната топка. Кај приколки со
Page 144 of 209

142Возење и ракување
слаба стабилност при возење
употребата на стабилизатор се
препорачува.
Максималната брзина од 80 км/ч не
смее да се надмине, дури и во
држави каде што се дозволени
поголеми брзини.
Ако приколката почне да се извива,
возете пополека, не обидувајте се
да го исправите управувањето и
сопирајте нагло, ако е потребно.
Кога возите по удолнина, возете во иста брзина како да возевте по
угорница и возете со слична
брзина на возилото.
Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста определена за полна
натовареност 3 197.
Влечење на приколка Товарење на приколката Дозволената оптовареност на
приколките се максималните
вредности кои зависат од возилото
и од моторот и не смеат да се
пречекоруваат. Фактичната
оптовареност на приколката еразликата помеѓу бруто тежината
на приколката и актуелната
оптовареност на влечната спојка кога е приклучена приколката.
Дозволената оптовареност за
товарот на приколките е
определена во документите на
возилото. Воопшто, тие важат за
стрмнини до најмногу 12 %.
Дозволената оптовареност на
приколката важи до определената
стрмнина и до надморска височина
од 1000 метри. Бидејќи моќноста на моторот се намалува со
зголемување на надморската
височина поради разретчување на
воздухот, со што се намалува и
способноста за искачување,
дозволената тежина за влечење
исто така се намалува за 10 % на
секои 1000 метри дополнителна
надморска височина. Бруто
влечната тежина не мора да се
намалува кога се вози по патишта
со мали стрмнини (помали од 8 %,
на пр. автопатишта).Не смее да се пречекори
дозволената бруто тежина на
оските. Оваа тежина е забележана
на идентификациската табличка
3 188.
Вертикална оптовареност на
влечната спојка
Вертикалната оптовареност на
влечната спојка е оптовареноста
со којашто приколката ја
оптоварува влечната кука. Може да
се менува со менување на
распоредот на тежината кога се
товари приколката.
Максималната дозволена
вертикална оптовареност на
влечната спојка е забележана на
идентификациската табличка на
влечната опрема и во документите
на возилото. Секогаш одете на
максимална оптовареност,
особено ако се работи за тешка
приколка. Вертикалната
оптовареност на влечната спојка
никогаш не смее да падне под 25 кг.
Page 145 of 209

Возење и ракување143
Во случај на оптовареност на
приколката од 1200 кг или повеќе,
вертикалната оптовареност на
влечната спојка не смее да биде
помала од 50 кг.
Натоварување на задната
оска Кога е прикачена приколка, а
влечното возило е целосно
натоварено (вклучувајќи ги и сите
патници), дозволената
оптовареност на задната оска
(видете ја идентификациската
табличка или документите на
возилото) не смее да се надмине.
Помош за стабилностана приколката Ако системот открие кривулести
движења, моќноста на моторот се
намалува и комбинацијата возила/
приколка селективно се сопира
додека не престане кривулестото
движење. Додека системот работи, држете го воланот колку што може
постабилно.Помошта за стабилноста на
приколката (TSA) е функција на
Електронската програма за
стабилност 3 131.
Page 146 of 209

144Нега на возилотоНега на возилотоОпшти информации.................144
Прверки на возилото ...............145
Замена на сијалиците ..............153
Електричен систем ..................159
Прирачен алат ......................... 163
Тркала и гуми ........................... 164
Палење со кабли ......................176
Влечење ................................... 178
Нега за изгледот ......................180Општи информации
Додатоци и
модификации на
возилото
Ја препорачуваме употребата на
оригинални делови и опрема, и
делови одобрени од фабриката
специфично за Вашиот вид на
возило. Не можеме да оцениме или гарантираме сигурност за други
производи - дури и да имаат
регулативно или поинаку дадено
одобрение.
Не вршете преиначувања на
електричниот систем, на пр.
измени на електронските
контролни уреди (чип тјунинг).Чување на возилото
Складирање за долго време Ако возилото има да се складира за повеќе месеци:
■ Измијте го и полирајте го возилото.
■ Нека Ви ја проверат заштитата со
восок во моторниот простор и
подвозје.
■ Исчистете ги и намачкајте ги гумените кедери.
■ Наполнете го резервоарот за гориво целосно.
■ Сменете го моторното масло.
■ Исцедете го садот за течноста за
миење.
■ Проверете ги течноста за ладење, антифризот и
заштитата од корозија.
■ Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста определеназа полна натовареност.
Page 147 of 209

Нега на возилото145
■ Паркирајте го возилото на суво,добро проветрено место.
Ставете во прва брзина или во
рикверц. Спречете го возилото
од тркалење.
■ Не затегнувајте ја рачната сопирачка.
■ Отворете ја хаубата, затворете ги сите врати и заклучете го
возилото.
■ Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Внимавајте сите системи да
бидат исклучени, на пр. системот
за тревожење при кражба.
Враќање во работна состојба
Кога возилото има да се врати в
работа:
■ Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Активирајте ја електрониката на електричните прозорци.
■ Проверете го притисокот во гумите.
■ Наполнете го садот за течноста за миење.■ Проверете го нивото намоторното масло.
■ Проверете го новито на течноста
за ладење.
■ Ставете ја регистарската табличка ако е потребно.
Демонтирање на
возилото на крајот на
работниот век
Информациите за центрите за
демонтирање и рециклирање на
возилата што се на крајот од својот
работен век се наоѓаат на нашата
веб страна. Доверете му ја
работава само на овластен центар за рециклирање.Прверки на возилото
Вршење работа9 Предупредување
Вршете проверки на моторниот
простор само кога е исклучено палењето.
Вентилаторот за ладење може
да проработи дури и ако е
исклучено палењето.
9 Опасност
Системот за палење генерира
крајно високи волтажи. Не
допирајте ги.
За полесно препознавање,
капачињата за дотурање на
моторното масло, течноста за
ладење, течноста за миење и
рачката од прачката за мерење на
нивото на маслото се жолти.
Page 148 of 209

146Нега на возилотоХаубаОтворање
Повлечете ја рачката за
ослободување и вратете ја во
првобитната положба.
Поместете го безбедносното резе
(што се наоѓа малку десно)
настрана влево и отворете ја
хаубата.
Хаубата автоматтски се држи
отворена.
Ако багажникот е отворен за време
на Autostop, моторот автоматски ќе
се запали повторно поради
безбедноста.
Систем за сопирање-поаѓање
3 123.
Затворање
Спуштете ја хаубата и оставете да
падне на резето од мала висина
(20-25 см). Проверете дали
хаубата е заглавена.
Моторно масло Проверувајте го нивото на
моторното масло рачно за да нема
оштетувања на моторот.
Уверувајте се дека се користи
масло со правилната
спецификација. Препорачаните
течности и средства за
подмачкување 3 185.
Проверувајте го со возилото на рамна површина. Моторот треба
да биде со работна температура и
изгаснат за најмалку 10 минути.
Извлечете ја прачката, исчистете
ја со бришење, вметнете ја до
запирот на рачката, извлечете ја и
отчитајте го нивото на моторното
масло.
Page 149 of 209

Нега на возилото147Внимание
Одговорност на сопственикот е
да го одржува соодветното ниво на квалитет на соодветното
масло во моторот.
Кога нивото на моторното масло
паднало до ознаката „add oil“ A,
дотурете моторно масло.
Внимание
Не дозволувајте нивото на
масло во моторот да се спушти
под минималното ниво!
Препорачуваме употреба на
моторно масло од ист вид како она
што било употребено при
последното менување.
Нивото на моторното масло не
смее да ја надмине ознаката за максимум B на прачката.
Внимание
Вишокот на моторното масло
треба да се исиса или да се
отстрани.
За да спречите истурање кога го
обновувате моторното масло,
препорачуваме користење инка.
Внимавајте инката да е добро
наместена на цевката за полнење.
Потрошувачката на моторното
масло нема да се стабилизира
додека возилото не поминало
повеќе илјади километри. Дури
тогаш може да се утврди
фактичката мера на
потрошувачката.
Ако потрошувачката надминува
повеќе од 0,5 литри на 1000 км по
периодов на разработувањето,
посоветувајте се со
автомеханичар.
Зафатнини 3 196.
Наместете го капачето право и
затегнете го.
Page 150 of 209

148Нега на возилотоФилтер за воздух
Сијаличка за протокот на
воздух во моторот
Кај одредени модели сијаличката
се наоѓа во системот за индукција на моторот и покажува дали е
ограничен доводот на воздух во
моторот.
Слободен=Нема
ограничувањеЦрвен
симбол=ОграниченАко е прикажан црвениот симбол
кога моторот работи,
посоветувајте се со
автомеханичар.
Ладилник Течноста за ладење дава заштита
од замрзнување до околу -28 °C.Внимание
Употребувајте само одобрен
антифриз.
Ниво на течноста за ладење
Внимание
Прениското ниво на течноста за ладење може да предизвика
оштетување на моторот.
Ако системот за ладење е студен,
нивото на течноста за ладење
треба да биде токму над ознаката
MIN . Дотурете ако нивото е ниско.
9Предупредување
Оставете моторот да се олади
пред да го отворите капачето. Внимателно отворајте го
капакот, ослободуваќи го вишок
притисокот полека.
Дотурете антифриз. Ако нема
антифриз на располагање,
користете чиста вода од чешма или дестилирана вода. Ставете го