OPEL VIVARO B 2015.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015.5, Model line: VIVARO B, Model: OPEL VIVARO B 2015.5Pages: 227, PDF Size: 4.46 MB
Page 91 of 227

Инструменти и контроли89Внимание
Ако стрелката е во жолтата
предупредувачка зона,
надмината е максималната
дозволена брзина на моторот.
Моторот е во опасност.
Мерач за гориво
Го прикажува нивото на горивото
во резервоарот.
Контролната сијаличка Y свети и во
групата инструменти 3 90 кога
нивото на горивото е ниско (опсег
прибл. 50 км); дополнете гориво
веднаш 3 151.
Никогаш не дозволувајте
резервоарот да се испразни докрај.
Систем за дизел гориво, цедење
3 165.
Забелешка
За посигурно прикажување на
нивото на горивото, палењето
мора да е исклучено пред
полнење со гориво. Избегнувајте
мали дополнувања гориво (на пр.
помалку од 5 литри) за поточно
прикажување на нивото.
Поради останатото гориво во
резервоарот, количината н
аполнењето може да биде помалку од назначената зафатнина.Мерач за економичноста
на потрошувачката
Мерачот за економичноста на
потрошувачката дава моментална
пресметка на ефикасноста на
трошењето гориво врз основа на
моменталниот стил на возење.
Page 92 of 227

90Инструменти и контроли
Мерачот користи бои за да укаже
на моменталната ефикасност на
потрошувачката:Зелена=достигната е
најдобра
економичност на
потрошувачкатаЖолта=стилот на возење е преагресивенПортокалова=најнеефикасна
потрошувачка на
горивото
Мерачот за економичноста на
потрошувачката е вклучен
автоматски. Може да се исклучи
преку Инфозабавниот систем.
Видете во прирачникот на
инфозабавниот систем за повеќе
информации.
Екран за сервисирање Кога палењето се вклучува,
преостанатото растојание пред
следното сервисирање да стане
актуелно може да се покаже
накратко на Информативниот
центар за возачот. Врз основа на
условите за возење, периодот при
којшто ќе се укаже на сервисирање
може да варира во голема мера.
Приказот на растојанието пред
сервис може да се прикаже и со
притискање на копчето на крајот на рачката за бришачите околу
5 секунди.
Кога преостанатото растојание
пред следниот сервис е помало од
1500 км или 1 месец, се појавува
порака на Информативниот центар за возачот.
Кога растојанието ќе достигне
0 км или наближил датумот за
сервисирањето, контролната
сијаличка F свети во групата
инструменти и на Информативниот
центар за возачот соодветно, а на
Информативниот центар за
возачот се прикажува и порака.
На возилото му треба
сервисирање. Побарајте помош од автомеханичар.Препоставување на екранот
за сервисирање
По сервисирање, екранот за
сервисирање треба да се
ресетира:
Изберете го приказот за растојение пред сервисирање на
Информативниот центар за
возачот, па притиснете го и држете го копчето на крајот на рачката на
бришачите околу 10 секунди.
Патен компјутер 3 101.
Информативен центар за возачот
3 99.
Информации за сервисирањето
3 197.
Контролни сијалички
Контролните сијалички што се
опишани ги нема во сите возила.
Описот важи за сите верзии на
инструментите.
Зависно од опременоста
положбата на контролните
сијалички може да варира.
Page 93 of 227

Инструменти и контроли91
Кога палењето се вклучува,
повеќето контролни индикатори ќе
се запалат за кратко време како тест за функционирањето.
Боите на контролната сијаличка
значат:црвено=опасност, важен
потсетникжолто=предупредување,
информација,
дефектзелено=потврдување на
активирањетосино=потврдување на
активирањетобело=потврдување на
активирањето
Page 94 of 227

92Инструменти и контроли
Контролни сијалички во групата инструменти
Page 95 of 227

Инструменти и контроли93
Контролни сијалички во
плафонската конзола
Трепкач
O трепка зелено.
Трепка ако е активиран некој
трепкач за вртење или
предупредувачките трепкачи.
Брзо трепкање: прегорување на
некој трепкач за вртење или на
поврзаниот осигурувач.
Може да се слушне чујно
предупредување кога трепкачите
за вртење се вклучени.
Замена на сијалиците 3 166.
Осигурувачи 3 172.
Трепкачи 3 108.
Потсетник за
безбедносниот ремен
X свети во црвено.
Ако не е врзан безбедносен ремен,
контролната сијаличка X ќе почне
да трепка кога брзината на
возилото ќе надмине околу 16 км/ч .
Се огласува и предупредувачка мелодија до 2 минути.9 Предупредување
Пред секое патување врзете ги
безбедносните ремени.
Во случај на сообраќајка, луѓето кои не се врзани со ремени ги
загрозуваат своите сопатници и
себеси.
Забелешка
Тешки предмети на предните седишта може да предизвикаат да
свети контролната сијаличка X.
Тргнете го предметот од
седиштето или врзете го со
безбедносниот ремен.
Воздушно перниче и
затегнувачи на ремените
v свети жолто.
Кога е вклучено палењето,
контролната сијаличка свети
накратко. Ако таа не се пали или
свети за време на возењето, има
дефект во системот на
затегнувачите на ремените или на
воздушните перничиња.
Воздушните перничиња и
затегнувачите на ремените може
да не се активираат во случај на
сообраќајка.
Активирањето на затегнувачите на ремените или на воздушните
перничиња се означува со
непрекинато светење на v.
Page 96 of 227

94Инструменти и контроли9Предупредување
Нека Ви ја отстрани причината
на дефектот автомеханичар
веднаш.
Затегнувачи на ремените, систем на воздушни перничиња 3 56,
3 60.
Деактивирање на
воздушното перниче
Ó ВКЛ. свети жолто.
Воздушното перниче за совазочот
е активирано.
* ИСКЛ. свети жолто.
Воздушното перниче за совазочот
е деактивирано 3 65.
Ако двете контролни сијалички Ó ВКЛ. и *ИСКЛ. светат
истовремено, дошло до дефект на
системот. Состојбата на системот
не може да се одреди, па никој не
смее да го седи на совозачкото
седиште. Контактирајте со
автомеханичар веднаш.
Ако свети заедно со v или F,
побарајте помош од сервисер.9 Опасност
Ризик од смртоносна повреда за
дете кое користи систем за
врзување на деца заедно со
активирано воздушно перниче
за совозачот.
Ризик од смртоносна повреда за
возрасно лице со деактивирано
воздушно перниче за совозачот.
Систем на воздушните перничиња
3 60, затегнувачи на ремените
3 56 , деактивирање на воздушните
перничиња 3 65.
Систем за полнење
p свети црвено.
Свети накусо кога ќе се вклучи
палењето.
Свети додека работи моторот
Ако контролната сијаличка p
свети додека работи моторот
(заедно со контролна сијаличка C
и предупредувачка мелодија): Сопрете, изгаснете го моторот.
Акумулаторот не се полни. Може
да биде прекинато ладењето на
моторот. Напојувањето кон серво
уредот на сопирачките може да
биде прекинато. Побарајте помош
од автомеханичар.
Индикаторско свтело за
дефект Z Симболот свети или трепка
жолто.
Свети накусо кога ќе се вклучи
палењето.
Свети додека работи моторот Дефект на системот за контрола на
издувните гасови. Дозволените
ограничувања за издувните гасови
може да бидат пречекорени.
Побарајте помош од
автомеханичар веднаш.
Page 97 of 227

Инструменти и контроли95
Ако трепка додека работи
моторот Грешка која може да доведе до
оштетување на катализаторот.
Смалувајте го давањето на гас
додека не престане трепкањето.
Побарајте помош веднаш од
автомеханичар.
Наскоро сервисирајте го
возилото
F свети во жолто.
Светнува кога ќе се вклучи
палењето, и се гасне наскоро по
палењето на моторот.
Може да свети заедно со други
контролни сијалички и со
соодветна порака на
Информативниот центар за
возачот. Побарајте помош од
автомеханичар веднаш.
Гаснење на моторот C свети во црвено.Светнува кога ќе се вклучи
палењето, и се гасне наскоро по
палењето на моторот.
Свети заедно со други контролни сијалички (на пр. p, I и R ),
придружено со предупредувачка
мелодија и соодветна порака на
Информативниот центар за
возачот: сопрете го моторот
веднаш и побарајте помош од
сервисер.
Систем на сопирачки
R свети црвено.
Се пали кога се отпушта рачната
сопирачка ако нивото на течноста
за сопирачките е прениско 3 162.9 Предупредување
Застанете. Не го продолжете
патувањето. Посоветувајте се со автомеханичар.
Свети откако ќе се вклучи
палењето ако е затегната
паркирната сопирачка 3 138 и се
гаси кога ќе се отпушти.
Доколку R свети заедно со
контролната сијаличка C и
предупредувачка мелодија, постои
дефект во системот на сопирачки.
Се појавува и соодветна порака на Информативниот центар за
возачот 3 99. Побарајте помош
од автомеханичар веднаш.
Систем на сопирачките 3 137.
Систем за деблокирање
на сопирачките (ABS)
u свети жолто.
Свети накратко по вклучувањето
на палењето. Системот е готов за
работа кога ќе се изгасне u.
Ако контролната сијаличка u не се
изгасне за неколку секунди или ако
се запали за време на возењето,
има дефект на ABS. Контролната
сијаличка F може да се запали и во
групата инструменти заедно со
соодветна порака на
Информативниот центар за
возачот. Системот на сопирачки
останува функционален, но без
регулирање од ABS.
Page 98 of 227

96Инструменти и контроли
Ако контролните сијалички u, F ,
R и C светат, постои дефект во
системот на сопирачки. На
Информативниот центар за
возачот се појавува соодветна
порака 3 99. Побарајте помош од
автомеханичар веднаш.
Систем за деблокирање на
сопирачките 3 137.
Менување во поголема
брзина
k или j свети.
Се препорачува да се смени
брзина кога свети за да се подобри економичноста на потрошувачката
на горивото.
Електронска програма за стабилност
v трепка или свети жолто.
Свети накусо кога ќе се вклучи
палењето.Трепкање за време на
возењето
Системот е активно вклучен.
Моќноста на моторот може да се
намали и возилото може да се
сопира автоматски до мал степен.
Свети додека се вози
Системот не е достапен. Се
појавува и соодветна порака на
Информативниот центар за
возачот.
ESP® Plus
3 141, Систем за
контрола на пролизгувањето
3 140.
Електронската програма
за стабилност е
исклучена Ø свети жолто.
ESP® Plus
е деактивирана со
копчето Ø на таблата со
инструменти, контролната
сијаличка Ø свети и се појавувасоодветна порака во
Информативниот центар за
возачот 3 99.
ESP® Plus
3 141, Систем за
контрола на пролизгувањето
3 140.
Температура на течноста
за ладење W свети сино или црвено.
Свети црвено накусо кога ќе се
запали палењето, а потоа станува
сино.
Свети црвено додека работи
моторот
Застанете, изгаснете го моторот.Внимание
Температурата на течноста за
ладење е превисока.
Проверете го новито на течноста за ладење 3 160.
Page 99 of 227

Инструменти и контроли97
Ако има доволно течност за
ладење, посоветувајте се со
автомеханичар.
Контролната сијаличка треба да е
сина пред да продолжите да
возите.
Предзагревање
! свети жолто.
Предзагревањето е активирано.
Дури тогаш се активира кога
надворешната температура е
ниска.
Систем за контрола на
притисокот во гумите
w свети или трепка.
Свети
Губење на притисокот во гумата. Застанете веднаш и проверете го
притисокот во гумата.
Трепка
Дефект на системот или гума без монтиран сензор за притисок
(на пр. резервно тркало). Поизвесно време контролната
сијаличка свети непрекинато.
Посоветувајте се со
автомеханичар.
Систем за контрола на притисокот
во гумите 3 179.
Притисок на моторното масло I свети црвено.
Свети накусо кога ќе се вклучи
палењето.
Свети додека работи моторот Ако контролната сијаличка I
свети додека работи моторот
(заедно со контролна сијаличка C
и предупредувачка мелодија):
Сопрете, изгаснете го моторот.Внимание
Може да е прекинато
подмачкувањето на моторот.
Тоа може да резултира со
оштетување на моторот и/или
закочување на погонските
тркала.
1. Притиснете го куплунгот.
2. Ставете во лер (или ставете ја рачката на менувачот на N).
3. Иставете го возилото од сообраќајниот тек колку е
можно побрзо без попречување
на другите возила.
4. Исклучете го палењето.
9 Предупредување
Кога моторот е изгаснат,
потребна е значително
поголема сила за сопирање и за управување.
Не вадете го клучот додека
возилото не е во мирување,
инаку бравата на воланот може да се заглави неочекувано.
Проверете го нивото на маслото
пред да побарате помош од
автомеханичар 3 158.
Page 100 of 227

98Инструменти и контролиРежим за економичност
на горивото
ECO свети зелено кога е вклучен
ЕКО-режимот за да се намали
потрошувачката на гориво.
ЕКО-режим, возење економично
3 126.
Ниско ниво на гориво Y свети жолто.
Кога е вклучено палењето,
контролната сијаличка свети
накратко.
Свети кога нивото во резервоарот
за гориво е ниско (опсег прибл.
50 км), веднаш наполнете гориво
3 151.
Катализатор 3 135.
Цедење на системот за дизел
гориво 3 165.
Autostop
D свети кога моторот е во Autostop.Систем за сопирање-поаѓање
3 132.
Надворешно светло 9 свети зелено.
Свети кога се запалени предните
фарови.
8 свети зелено.
Свети кога се запалени
страничните светла.
Светла 3 105.
Долго светло
P свети сино.
Свети кога долгото светло се
запалено и за време на
аблендирањето 3 106.
Светло за магла > Свети зелено.
Свети кога се запалени предните
фарови за магла 3 108.Заден фар за магла
r свети зелено.
Свети кога е запален задниот фар
за магла 3 108.
Контрола на патувањето m , U свети зелено или жолто.
m свети зелено кога се снима
извесна брзина.
U свети зелено кога системот е
вклучен.
Ограничувач на брзината
U свети жолто.
U свети жолто кога системот е
вклучен.
Контрола на патувањето и
ограничувач на брзината 3 143.
Отворена врата
y cвети црвено.
Свети кога некоја врата не е целосно затворена.